Ептен ми е мерак шо испаднаа Русите, позасллужено не можеше да биде. Одвратна репрезентација, неоправдано извикана, па уште и фаворитска улога и ставаа во групата. Немаат никаква игра, никаков фудбал, се влечат како црева по теренот, а и реално немаат ни квалитетни играчи, а пак тренерот им е капак на се.
Нивните репрезентативци играат сите во руското првенството не оти е многу јако или оти Путин ги натерал на тоа, туку немаат квалитет за друго место, ги видовме сите руски ѕвезди шо играа настрана, особено по Еуро 2008 кога почнаа да прават трансфери, како Аршавин, Жирков, Павличенко и др. како поминаа во другите лиги.
Не дека Алжир е којзнае каков тим, ама барем трчаат и прават некои акции, се трудат.