СП во Атлетика - Пекинг 2015

Ќе ги мине ли Ристе Пандев квалификациите?


  • Вкупно гласачи
    20
  • Гласањето е завршено на .

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695


Кралицата на спортовите се враќа на голема врата и врши генерална проба за Олимпијадата следната година, токму онаму каде што пред седум години гореше олимпискиот факел на мирот.

Пекинг ќе нагости огромен број атлетичари од вкупно 141 земја, меѓу кои е и Македонија. Ова ќе биде јубилејно 15-то светско првенство во атлетика и ќе се одржи од 22 до 30 август. Традиционално првенството ќе започне со маратонот.



Популарното „Птичјо Гнездо“, националниот стадион во Пекинг во 2008 година беше гнездото во кое се испили Усеин Болт, најбрзиот човек во светот. Токму тој и сега во 2015 година е првата ѕвезда на атлетиката и очите на фановите се вперени кон него. После фуриозниот почеток на неговата кариера каде го рушеше светскиот рекорд како од шала, „молњата од Јамајка“ долго време вози со дозволена брзина. Публикумот е желен да види дали повторно може да ја помести границата на човековите можности, а токму Пекинг годинава и Рио догодина се чини дека се последните шанси Болт да го стори тоа. За да го стори тоа, ќе треба Џастин Гетлин и Асафа Пауел добро да го збркаат, ако за тоа се способни.

Јамајканско-америчка битка ќе се води и кај женскиот дел од спринтерите, но овојпат шмек можат да дадат и неколку атлетичарки од Африка кои во 2015 имаат одлични резултати.

Американките треба да доминираат и на „целокружната“ дисциплина од 400 метри, додека во машка конкуренција фаворитите се релативно нови дечки и голема е шансата да очекуваме нов светски шампион.



Како одиме на подолгите дистанци, така почнуваат да доминираат африканските атлетичари. Релативно тазе светскиот рекордер од ОИ 2012 во 800м, Дејвид Рудиша ќе настапи и на ова СП по подолгото отсуство, но прашање е дали ќе има шанси за подиумот. Интересно е тоа што во оваа дисциплина, најдоброто време за 2015 го има босанецот Амел Тука. Кај жените е сосема различно, па актуелната шампионка од Кенија - Сум треба да се прошета до ново злато.

На 1500 метри или „Хишам ел Геруш“ дисциплината, слична слика, актуелниот шампион од Кенија, Кикроп е главен фаворит за одбрана на златото.



На двете најдолги дисциплини (без маратонот секако), доминантна е една фигура, Мо Фарах. Веќе 11 години стојат рекордите на легендарниот Кенениса Бекеле, а љубителите на атлетиката го пикираа токму Фарах, како кандидат кој ќе ги сруши. Тешко дека ќе го стори тоа сега, особено на помалата дисциплина од 5000м, но неговото име влева страв кај противниците како она на Болт кај спринтерите.

Маратон не пратам :D

Во дисциплините кои се одвиваат „во внатрешниот круг“ односно на теренот (track & field), можеби не треба да очекуваме рекорди но не очекуваат возбудувања заради тоа што конкуренцијата треба да е поизедначена.



Никој не дели кредити и не фрла ѓуле како Германците во последно време, па така и во машка и во женска конкуренција главните фаворити се шваби - Дејвид Штрол и Кристина Швабц.



Освен Бланка Влашиќ (за која ќе стане збор подолу секако), Хрватите ќе навиват за медал и во фрлање диск каде ја имаат актуелната шампионка, Светлана Перковиќ. Во машка конкуренција ќе добиеме нов шампион заради тоа што актуелниот Роберт Хартинг нема да настапи. Најголеми фаворити се неговиот брат Криштоф и пољакот Маилковски.

Она што се германците за ѓуле, се нивните „пријатели“ Пољаците, за флрање кладиво. Најтазе светскиот рекорд е токму во оваа дисциплина, постигант годинава од Анита Влодарчук. Павел Фајдек е најголем фаворит за одбрана на титулата кај мажите.

Бланка Влашиќ ќе биде дел од оние што ќе се борат за пиедесталот во скок во височина, но русинките Чичерова и Кучина се главни фаворитки за златото. Кај мажите Бондаренко ќе го брани златото. Барашим од Катар треба да му биде главен конкурент.



Дисциплината која навикнавме последниве години да биде во центарот на вниманието, скок со стап кај жени, веќе две годин е без Исинбаева и добива очекуван „пад“. Во израмнетата конкуренција, сепак Јарисеј Силва од Куба се издвојува како прв фаворит. Така она што беше кај женскиот дел од дисциплината сега е кај мажите. Се роди нова ѕвезда, французинот Лаваље, кој е актуелен светски рекордер и прв фаворит за злато. Тоа злато ко чува Холтзепе од Германија, кој ќе му биде главна конкуренција на одличниот Лаваље.

Во скок во далечина и троскок, доминираат американските и кубанските атлетичари и меѓу нив треба да ги бараме фаворитите за медали.

Македонија, ќе учествува симболично на ова првенство, со еден единствен натпреварувач. Тоа е Ристе Пандев, кој ќе настапи на најбрзата дисциплина, 100 метри. Aко сакате да го гледате ќе треба да станете во 6,30 сабајле на 25ти.

Capture.PNG

Пропушти ли отварачов на темава некои дисциплини?
Нормално дека пропуштив, некои случајно ваљда сум ги заборавил а од другите врска неам, па не ни ги пишав.

Ја нема Исинбаева, чие газе да го гледам сега? :(
Без грижи, атлетичарките (заедно со тенисерките) важат за едни од најзгодните спортистки. Има многу „кандидатки“ за тоа. Но мој личен фаворит е нашата северна соседка, Ивана Спановиќ, која се натпреварува во дисциплината скок во далечина и е бронзена од минатото СП.

https://instagram.com/ivanaspanovic/?hl=en :ljubove:



:цицки:

Каде ќе гледам?
- Нормално, атлетика се гледа на МТВ, со коментар на кој друг ако не великанот Златко Калински, кој ќе има можност пак да го коментира неговиот омилен спорт.

Бујрум. :)
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.270
Еден oд нaјинтересните спoртoви зa прaтење ми е aтлетикaвa.

Шлaгoт нoрмaлнo е тркaтa нa 100м.
Сo нетрпение јa чекaш, a тaa сaмo 10 секунди трaе.
Еми не зa џaбе рекле "се штo е убaвo крaткo трaе" :D


Кoи ќе трчaaт штaфетa зa Јaмaјкa ?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ивана Шпановиќ бе јебем ти С.


И тој со стап што рипа се вика Рено Лавилени а не Лаваље, ако мислиме hа истиот.
Да бе, не знам зашо пишав со С, да ја ебам! :D

Ќе видиме како го изговара Калински овој, на Еуроспорт го цепаат Реноа Лаваљењиа. :coffee:

Ивана ќе дое у Ск :д
Сања и Ивана на едно место, хм... :zloo:

п.с. @Ilumious, стај ја ко важна темава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тадаааам и би важна. :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Сандра, не Светлана Перковиќ. Не треба да грешиш за една од најконстантните спортисти на денешницата. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Сандра, не Светлана Перковиќ. Не треба да грешиш за една од најконстантните спортисти на денешницата. :)
:eek::eek::eek:

Живеев у заблуда дека се вика Светлана, увек сум мислел дека се вика така. :pos::tapp:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да бе, не знам зашо пишав со С, да ја ебам! :D

Ќе видиме како го изговара Калински овој, на Еуроспорт го цепаат Реноа Лаваљењиа. :coffee:



Сања и Ивана на едно место, хм... :zloo:

п.с. @Ilumious, стај ја ко важна темава.
Па мислам дека од Калински ми е останато тоа Лавилени. Како и да е, нема врска тоа и така небитна дисциплина е тоа, исто и Врлање копје, ѓуле кур се тресе. Трчањето е најинтересно.

Кај жениве на 100 ќе биде убер интересно, Фрејзер-Прајс прв фаворит нормално ама ќе има опасна конкуренција од Вероника Кембел Браун и Кармелита Џетер како најискусни, Блесинг Окагбаре (оваа и во скок во далечина мислам дека се натпреварува) и Мјуриел Ахуре со црвениот кармин да и го начукам у тоа провоцирачкото курвиче.

Алисон Феликс не знам дали ќе трча на 200, повредена беше нешто знам.

И горе кај штафетата кај мажи, Неста Картер си го забораил, мислам дека он ќе трча пред Пауел. Овој е стар веќе му ебам наркоманското.

Абе а со Тајсон Геј што се дешава, суспендиран е или ќе трча?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Исинбаева ако не е пратена во Украина на тоа фронтовите ја еве, нели имаше и војнички чин, еве ја со униформа



Немам читано ништо ама овие спортисти што се воглавно во 30 плус години, ги скокаат СП пред Олимпијада за да имаат доволно време да се подготват, да не ги нарушат подготовките. Не им е телото еластично како на времето.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Исинбаева е пензионирана мислам.
Исинбаева ако не е пратена во Украина на тоа фронтовите ја еве, нели имаше и војнички чин, еве ја со униформа



Немам читано ништо ама овие спортисти што се воглавно во 30 плус години, ги скокаат СП пред Олимпијада за да имаат доволно време да се подготват, да не ги нарушат подготовките. Не им е телото еластично како на времето.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И горе кај штафетата кај мажи, Неста Картер си го забораил, мислам дека он ќе трча пред Пауел. Овој е стар веќе му ебам наркоманското.

Абе а со Тајсон Геј што се дешава, суспендиран е или ќе трча?
Неста „ниско тежиште“ Картер е замена, најверојатно ќе улета место оној Кол ако малиот ја обнови повредата.

Ќе трча Гејот.

@Ilumious Се пензионираше Јеленчето бе, на домашен терен пред две години, лани стана мајка. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Исинбаева е пензионирана мислам.
Неее бее, не била пензионирана туку трудна била лани а годинава се омажила за некој колега, роден 1990, колку нас и се спремала за на ЛОИ. Ја следам на Инстаграм ама изгледа приватен го држи животот зошто немав видено такви слики.

She is formally an officer in the Russian army, and on 4 August 2005 she was given military rank of senior lieutenant, before being promoted to captain in August 2008

Кариерава и животот како да и се искочени од In a Soviet Russia мемињана.


Неста „ниско тежиште“ Картер е замена, најверојатно ќе улета место оној Кол ако малиот ја обнови повредата.

Ќе трча Гејот.

@Ilumious Се пензионираше Јеленчето бе, на домашен терен пред две години, лани стана мајка. :D
Ја чу да прашам руски контингент у државава пошо налетав на инфо дека се премислувала, ама све мислам и таа и Фелпс ќе ги видиме пишман аџии во Рио :D
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Калински во Пекинг, којзнае кое по број светско му е во живо шо го следи :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom