се сложувам но не во целост
ико е пред се како татко и пријател со ракометарите, страшно го почитуваат и тоа е очигледно пресудно, одколку квалитетите негови како тренер
а уствари што ја знам.. мене само така ми изгледа. очигледно резултатите говорат нешто друго и ќе признаам дека бев скептик околу неговото назначување за селектор. ракометарите најдобро знаат
најсмешн ми е за време тајмаут.. колку стручно ги советува хахаха.. се газам од смеење
вака нешто: кире .... (пауза 5 секудни)... отварајте се... (пак пауза).. ти... (пауза) ..мораме цврсто...
ама баш ми е симпатичен. па ваљда не очекуваме да биде ко фил џексон да седне во една минута да им нацрта три напади и три одбрани на табла
само една работа навистина ми смета, кај македонските спортисти воопшто ... ретко бе кој знае да збори! како неписмени да се.. поготово нашиве најголеми звезди од типот на пепи манасков (се газам од смеење кога го слушам), петар наумовски, пандев, панчев... и ред други. патем зошто пепи не е со ракометарите таму?
мојсовски давање изјава вчера. јас мислам дека сам не се разбра што кажа ама закон е! јак е како бик