СПИРУЛИНА употреба и искуства

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Што е Спирулина?
Спирулината е плаво зелена алга во форма на спирала. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години, и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Спирулината е најкомплетна и најмоќна храна на светот, таа е богат извор на хранливи состојки со концетрација поголема од било која храна,зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човековиот организам . Го зајакнува имунитетот и штити од болести,храни, прочистува, обновува и подмалдува.

Спирулината е 100% природна, без козерванси и лесно сварлива, погодна за употреба за сите возрасти и е извонредна замена за вештачки произведените минерали и витамини.
Што содржи?
Спирулината со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутрициностите ширум светот. Мајката Природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човековиот организам.
Протеини и амино киселини .Спирулината содржи високо квалитетни растителни протеини (околу 63%) 3-4 пати повеќе од говедското месо, 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенциални и неесенцијални амино киселини.
Витамини. Спирулината содржи целосен спектар на витамини во перфектно балансиран размер. Во големи количини содржи Бета каротен (витамин А) моќен антиоксидант кои го има 25 пати повеќе од морковите. Ги содржи сите Б витамини, посебно е богат со витаминот Б-12 кои го има повеќе од било која храна, како и витамините Б-1, Б-2(Рибофлавин), Б-3(Ниацин),Б-5 Б-6, Б-7(Бионтин), Б-9(Фолна киселина), битамин Ц и К.
Минерали. Додека спирулината расте ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човековиот организам. Посебано е богата со железо кое го има 23 пати повеќе од спанаќот, калциум 300% повеќе од млекото,исто така содржи цинк, селен,магнезиум и фосфор.
Есенцијални масни киселини . Спирулинатa ги соджи најпотребните Омега 3 и 6 Есенцијални масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА( Гама линолеинска киселина) која ја има во таа форма единствено во мајчиното млеко и која помага за развојот на доенчињата, и ја подобрува работата на срцето.
Пигменти.Спирулината едноставно е виножито од прирофни пигменти кои помагаат за синтеза на ензими потребни за регулирање на метаболизмот. Најважен пигмент во спирулината е Фикоцианинот кои го стимулатор и зајакнува имуниот систем. Во изобилство го има Хлорофилот кои се нарекува “Зелена Крв “ поради сличниот состав со хемоглобинот од крват, тој исто така одличен прочистувач на организмот.
Катреноиди .Спирулина содржи комплекс од Алфа, Бета и Гама картеноиди природни антиоксиданти кои работејќи во синергија пружаат моќна заштита на организмот.
Ензими. Спирулина содржи голем број на ензими како реткиот ензим СОД( супероксид димутаза) кое важен за уништување на слободните радикали и успорување на стареењето.
Зошто се користи и како делува?
Спирулина има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговотo здравје:

Го зајакунува имуниот систем , ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот и помага во подобрувањето здравствената состојба.
Го прочистување организмот и ги унуштува слободните радикали
Помага при регулирање на телесната тежина
Ја подобрува работата на срцето, го регулира холстеролот и крвниот притисок
Го подобрува варењето и работата на дигестивниот систем, ја обновува цревната флора
Ја зголемува менталната енергија подобрува работата на мозокот
Го подмаладува организмот и го успорува стареењето
Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката и црниот дроб, тврда столица , артритис ...
Спирулината исто така се препорачува :
На спортисти на кои им потребна поголема физичка енергија и издржливост
На луѓе кои име потребно прочистување организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и од преголема употрба на лекови
На Бремени жени кои имаа зголемена потреба од протеини и железо
На лица со анемија за подобрување на крвната слика
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
7
Колку што ми имаат кажувано луѓе што ја пиеле,те заситува и помалку ти се јаде,а дури и имам читано дека можеш само со неа,вода,овошје и зеленчук со недели!
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Спирулината е супер како додаток на исхрана и посебно е ефикасна ако имате кандида.

Само мора да барате производ со живи ензими инаку ви е ко варена да ја јадете (нема ефект). Ензимите се главната корист од спирулината :). За да знаете која е со живи ензими треба да се распрашате за начинот на производство затоа што има од доста квалитетни спирулини до тотален чкарт :).
Многу добра информација! Фала, пошто кандида ме мучи!
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062
...И да не заборавам да кажам дека многу смрди спирулината! :D А за тие што се спортисти нека земат BioAstin. Проверено и докажано. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас долго време ја користев, ама не како храна за мене туку како храна за РИБИ:) Кога им давав на омниворите, светеа, едноставно зрачеа исто како од природна средина да се земени. Сеа брзо разбрав дека и во човечка исхрана се користи па сигурно е добра кога се покажува како добра за животни.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
...И да не заборавам да кажам дека многу смрди спирулината! :D А за тие што се спортисти нека земат BioAstin. Проверено и докажано. :)
Може ако била расипана :D.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Таков е мирисот на спирулината! :)
Не е, сум пробал повеќе различни и сите мирисале ок, твојата или не била ко шо треба или си осетлив баш на спирулина :).
 
V

Vollstandig

Гостин
Не е, сум пробал повеќе различни и сите мирисале ок, твојата или не била ко шо треба или си осетлив баш на спирулина :).
Второто, за некој рибата мириса феноменално на некој му смрди....се е до перцепција за мирис и вкус.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062
Тек морска алга да мириснете :D.

Пс. Супер е спирулината вие ептен осетливи сте биле :icon_lol:.
Кајзер па спирулината е од морска алга направена затоа и мириса, а штом на сите ни мириса гадно, а само на тебе не тогаш нешто друго си пиел ти. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom