СЛОБОДЕН ИНДЕКС! Доста беше МОЛК!

Член од
19 ноември 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0

Видеото за најавата на протестот во октомври (со слики од настанот во мај 2009)
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ги има не викам дека не. Но ако се сплотат заедно независните студенти тогаш нивната полтронска влијателност нема да биде голема!
Ништо не е џабе!
Нема да се сплотат, веќе се сплотени со својата матична заедница овај де партија, а кога еднаш влегуваш таму никогаш не излегуваш.

Е за овој песимистички дух зборувам. Се додека го има ова меѓу нас студентите само ќе им помогнеме на горенаведените да не стрижат. А искрено јас а верувам и ти длабоко во себе не сакаш никој да те стриже и прави луд а си академски граѓанин веќе зрел човек.
Немам песимистички дух, барем јас лично но не верувам дека студентите ја имаат моќта да сменат нешто сега... можеби подоцна кога ќе дипломираат и ќе имаат успешни кариери и нема да заборават како е да си студент па ќе помогнат на генерациите после нив.

Моменталната младина ја нема таа бунтовност кај себе, сега има некои други норми.

Мене тешко да некој ќе ме стриже, тотално сум дистанциран од сите институции и сум независен човек на кој не му требаат организации или парти, си работам соло така да тешко дека некој ќе маневрира со уценувања и ќе влијае врз моите ставови и убедувања.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
сомнителни се одамна Слободен индекс ..
а ако им ги разгледаш профилите на админите на ФБ уште посомнителни стануваат :toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Со среќа во реформата што да речам :icon_lol:. Колкумина со завршен факултет се спремни да го работат тоа што го учеле? Цел концепт на образование е погрешно поставен, наместо да се учи за оценка треба да се учи вистински да се научи и примени. Згора на тоа кога ќе се додадат и ситни манипулаторски партиски интереси замина се по вода....
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не е точно. Една од работите за кои протестиравме минатиот пат беа токму студентските домови и условите во нив. Бевме до студентскиот дом Кузман и извикувавме да се симнат од зградата студентите. ССУПМК им се заканувале на студентите дека доколку излезат на протестот дека ќе ги изгубат своите легла. И покрај тоа...излегоа студенти надвор од студентскиот дом. Повеќето останаа внатре од страв да не ги изгубат леглата. Се додека не заплашуваат они се јаки. Откако ќе се спротивстави секој студент нивната јачина ќе се намали. И стануваме ние јаки...студентите!
Гледаш?

Ако студентите беа јаки немаше да имаат страв од губење на леглата туку ќе излезеа на протест.

Тешко е кога нема избор и неможе да се спротиставиме соодветно на оние кои се помоќни.

А системот го РУШЕЛЕ и го ГРАДЕЛЕ студентите....движечката сила.
Да би требало да се ама не е така овде на Балканот.

Протестите во 1968 во Београд се пример за како треба да се направи еден протест, кој за жал не заврши славно.

Јас не верувам дека ќе се повтори такво нешто, барем не во Македонија.

И јас го делев ова мислење неодамна. Изгубив верба у се. Особено у политички партии. Откако ги видов групата од студенти Слободен Индекс коишто се собрале малубројни но сепак гласни во своите барања...ми се врати вербата и надежта дека ете сепак има некои што не се како другите. И си реков. Да кукам само и да се жалам за образовниот систем...нема ефект. Реков ќе дејстувам.
Јас не верувам во никој веќе, ќе очекувам спонтана реакција од студентите, а кога нешто е планирано знам дека има некоја политичка позадина и никој неможе да ме убеди дека не е така.

Ќе видиш времето ќе изнесе се на виделина.

Не обвинувам никој, организација или поединци но ќе бидете потистанти и принудени да одстапите од студентската борба.
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Нема да се сплотат, веќе се сплотени со својата матична заедница овај де партија, а кога еднаш влегуваш таму никогаш не излегуваш.
Де бре...да не се колнат дека до гроб ќе им служат на партијата. Партија у Македонија е. Не е Коза Ностра у Сицилија!
Немам песимистички дух, барем јас лично но не верувам дека студентите ја имаат моќта да сменат нешто сега... можеби подоцна кога ќе дипломираат и ќе имаат успешни кариери и нема да заборават како е да си студент па ќе помогнат на генерациите после нив.
Моменталната младина ја нема таа бунтовност кај себе, сега има некои други норми.
Мене тешко да некој ќе ме стриже, тотално сум дистанциран од сите институции и сум независен човек на кој не му требаат организации или парти, си работам соло така да тешко дека некој ќе маневрира со уценувања и ќе влијае врз моите ставови и убедувања.
Студентите СЕКОГАШ ја имаат моќта да сменат било што доколку се сплотени и солидарни. И отпосле како дипломирани со работа секогаш ќе треба да им помагаме на студентите на идните генерации. Бунтовноста ја има кај младите но е потисната. Малку свест треба само...и бунтовноста ќе биде над сите норми. И јас сум дистанциран исто како ти што си пријателе.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Де бре...да не се колнат дека до гроб ќе им служат на партијата. Партија у Македонија е. Не е Коза Ностра у Сицилија!
Да бе штабот му подарил место во Гоце и после од него очекуваш да излезе на протест?

Студентите СЕКОГАШ ја имаат моќта да сменат било што доколку се сплотени и солидарни. И отпосле како дипломирани со работа секогаш ќе треба да им помагаме на студентите на идните генерации. Бунтовноста ја има кај младите но е потисната. Малку свест треба само...и бунтовноста ќе биде над сите норми. И јас сум дистанциран исто како ти што си пријателе.
Сегогаш ја имаат моќта но сега за сега немаат една многу битна работа а тоа е единството.

Па треба да се помага и по дипломирањето на било кој начин, дури и професорите треба (ги има но во мал број се но сепак се влијателни).

Бунтовност речиси нема, веќе сите се истомисленици а оние кои мислат исто не мислат ништо уствари.

Треба вистински лидер на студентите а не марионета.
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
сомнителни се одамна Слободен индекс ..
а ако им ги разгледаш профилите на админите на ФБ уште посомнителни стануваат :toe:
Лично се познавам со админите. Не гледам во што се сомнителни :toe:
Гледаш? Ако студентите беа јаки немаше да имаат страв од губење на леглата туку ќе излезеа на протест. Тешко е кога нема избор и неможе да се спротиставиме соодветно на оние кои се помоќни.
Јас ги разбирам студентите од внатрешноста. Разбирам и зошто се уплашиле и нормално е. Но кое е тоа демократско право да ти се заканува некој за да не излезеш на протест?? За фактов се сведоци многу студенти и причина плус зошто треба да се бориме.
Да би требало да се ама не е така овде на Балканот. Протестите во 1968 во Београд се пример за како треба да се направи еден протест, кој за жал не заврши славно. Јас не верувам дека ќе се повтори такво нешто, барем не во Македонија.
Другар...не мора да се случи Сараево. Доволно е само студентите во Македонија да не зачмаат. Да се види дека нема студентска заспаност у Македонија. Да се види дека сме умни а не послушни марионети. Тоа е целта!
Јас не верувам во никој веќе, ќе очекувам спонтана реакција од студентите, а кога нешто е планирано знам дека има некоја политичка позадина и никој неможе да ме убеди дека не е така.Ќе видиш времето ќе изнесе се на виделина. Не обвинувам никој, организација или поединци но ќе бидете потистанти и принудени да одстапите од студентската борба.
Здравје...ќе видиме! Останува да покаже времето.
Да бе штабот му подарил место во Гоце и после од него очекуваш да излезе на протест?
Има студенти од штаб...ама не се сите партиски у таа зграда!
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Шмеки се слагам дека студентите ја имаат моќта и се движечка сила, тие се иноваторите, интелегентната маса во секоја држава, оние кои се залагаат за подобри услови, бунтовници по душа. Е сега, прва работа на која што вие заборавате е дека, на чело на каква и било да е организација (организација на студентите во случајов) мора да има претседател, а до него советници. Некој мора да ја превземе одговорноста ако се случи нешто што не треба, или да биде награден ако успее во нешто. Вие ова во вашата организација го немате. Немате ниту седиште, каде што ќе може да се доставуваат предлози, ќе се одржуваат состаноци, ќе се одредуваат кои се целите и во кој правец треба да се одвива таа политика. И како очекувате јас како студент да дојдам на протест во Скопје, со покана испратена на приватна порака на FB? Каде да ги доставам јас моите предлози?

И да, заборавате дека за да бидете невладина, самостојна организација потребни ви се пари. Се е до парите нели?
 
Bounty...за група од студенти станува збор. Нема официјален претседател. Сите студенти на состаноци донесуваат одлуки. Има место за состаноци. Кафичот ЦК во зградата близу Владата. Го има тоа во организацијата. Можеш на состаноците да дадеш свој предлог. Еве ти линк од фејсбук од групата на слободен индекс. http://www.facebook.com/home.php?#/group.php?gid=80762088365&ref=ts
Вклучи се у групата и информирај се што те интересира. Таму има извештај за идни планови на групата, состаноци, трибини и слично!...
И не се сложувам...не мора да бидеме некоја нашминкана невладина организација. Не е се до проклетите пари. Поздрав!
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
bounty_hunter;3095518? напиша:
Е сега, прва работа на која што вие заборавате е дека, на чело на каква и било да е организација (организација на студентите во случајов) мора да има претседател, а до него советници. Некој мора да ја превземе одговорноста ако се случи нешто што не треба, или да биде награден ако успее во нешто. Вие ова во вашата организација го немате. Немате ниту седиште, каде што ќе може да се доставуваат предлози, ќе се одржуваат состаноци, ќе се одредуваат кои се целите и во кој правец треба да се одвива таа политика. И како очекувате јас како студент да дојдам на протест во Скопје, со покана испратена на приватна порака на FB? Каде да ги доставам јас моите предлози?

И да, заборавате дека за да бидете невладина, самостојна организација потребни ви се пари. Се е до парите нели?
СИ не е официјална организација, туку неофицијално движење. Тоа значи дека не се заверени како здружение, па според тоа не мора да има претседател или советници. Политиката им е таква што застапуваат хоризонтална организираност, што значи дека нема лидер, водич, претседател исл, туку секој „член“ искажува мислење, дава предлози и гласа за одлуките. Ова е интересен концепт во теорија, иако во пракса доведува до хаос и полоша организираност. Ама да речеме дека од двете зла (организација со и орг. без лидер), ова е помалото.
Неофицијално седиште кај што се одржуваат состаноците и кај што се доставуваат предлози е ЦК, бивша Точка, карши Влада. Состаноците се од отворен тип и нема посебна процедура за зачленување.
Пари се потребни, но тоа се многу мали пари кои се покриваат од џебот на членовите. Тоа се ситни трошоци од типот на принтање флаери и постери, купување хамери, спрејеви и слично, што можат да се покријат со по 50-100 денари од секој член. ЦК не наплаќа за просториите.

Од неодамна поактивно се приклучив на движењето зошто ми прекурчи да трескам глава од ѕид поради системов што упорно не ебава, и да не правам ништо околу тоа.
Ако некаква заслуга дефинитивно треба да им се препише на Слободен Индекс, тоа е дека ги поставија темелите. Движењето е сеуште слабо поради малата бројност, која се должи на пасивноста на студентите, ама најважното -првиот чекор- е направено, а тоа дека на некој му текнало да се собере и да рече: ај да напраиме нешто у врска со ова. Во ова наводно демократско општество многу е важно да го искористиш правото на глас (што барем по закон го имаш) и да се бунтуваш против лошиот систем. СО ДРЖАВА ВО КОЈА СИТЕ МУДРО МОЛЧАТ И НИКОЈ НЕ СЕ КРЕВА НА БУНТ, НЕШТО МОРА СЕРИОЗНО ДА НЕ Е ВО РЕД.

А сите знаеме дека во нашава млада независна земјичка многу нешта смрдат. И не само во образовниот систем, ама од некаде мора да се почне, нели. Владава ја третира студентаријата како товар на државата, а не како младина во која треба да се инвестира, затоа што од неа зависи иднината на земјата.
А проблеми има мал миљон.
-Партиципацијата е превисока. Владата има доволно буџетски средства за да ги финансира војниците во Авганистан, а нема пари да ги покрие трошоците барем на студентите во државна квота? Па побогу, во Франција плаќаат 200 евра годишно на тој стандард, а ја у Македонија плаќам 550.
-Работава со Сојузот на студенти смрди big time. Јавна тајна е дека тоа е полигон за тренинг на идни државни службеничиња. Кој ти е тој т.н. Студентски парламент (за кој 80% студенти не знаат дека постои), составен од 2-3 партиски контиња? Која е правната основа секој студент да мора да плаќа ЗАДОЛЖИТЕЛНА (втф?) партиципација за членство у Сојузот? Пари се перат на велико. Никој не се буни, сиромаштија цути, а на никој не му смета да плаќа секој семестар за Малчевски и Медо да можат да си праат студентски журки у Б2.
-Ова со студентскиве домови е више срамно. Интелектуалната младина мора да живее накрцана у распад-домови, па побогу, затворот у Шутка нуди подобри услови за живот. Но за да ја заслужиш оваа чест и да добиеш легло во некој од ексклузивните домови, мора да си потпишеш членство у партија и да не зуцнеш за тоа!
-Да не зборам за срамните услови на државните универзитети. Гордо изјавувам дека ја плаќам по 300 евра семестар за да слушам предавања НАДВОР НА ТРЕВНИК! „Епа дечки, нема простории, јебига.“ Па кој пенис примате тродупло студенти од капацитетот на факултетот ебаве?! Плаќам членство за библиотека, а книгите од таму не смееле да се изнесуваат од просторијата. Ни на другиве факултети не е поарно. ПМФ кутрите слушнав без парно се три дена.

И да не набројувам понатаму зошто списокот е бесконечен... Ама нешто мора да се превземе. Срамота е да те камшикуваат, а ти да си седиш мадро. За жал, нашиов менталитет не вклучува бунтовна природа. Барем не кога се работи за сериозните ствари. Студентите се пасивни, незаинтересирани, а оние кои најтешко ги претрпуваат ударите, се плашат да не изгубат легло во домовите. Стравот им е оправдан, ама таква репресија не е дозволива!

Дур се освестат студентите, движењето ќе остане немоќно. Ама за се си треба време. Мора да се започне со мали залчиња. Оние кои се сега активни се свесни дека во нивниот студентски век веројатно многу малку работи ќе се сменат. Ама треба да се размислува на подолги стази.
Пусто Македонче, до кога ќе те газат...
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
УА ПОЛТРОНИ - НАПРЕД СТУДЕНТИ!

Форумџии студенти. Ова е еден текст којшто препорачувам да издвоите време и да го прочитате онака лагано. Ќе препознаете некои во текстов а можеби и себеси. Текст за тоа што значи да се биде СТУДЕНТ (гордост и светла иднина на државата) а што значи да се биде ПОЛТРОН. (катастрофа на државата).
Се надевам тесктов подолу ќе влијае на вас и ќе ве разбуди од апатичноста.
И да се запрашате. Дали сакате движечката сила да бидат Студентите или Полтроните?

Здраво. Се викам Пол. Се презивам Трон.
Имам и неколку алтернативни имиња. Можете да ме најдете и како број на индекс, висок просек, статистички податок, партиски член, како и во учебниците ставен под точката: На пример.
Мора да ме познавате.
Јас сум алфа и омега, основната клетка на секоја високообразовна институција, одликуван миленик на општеството...
Не ви звучи познато?
Тоа е зашто од неодамна го променив името. Пред тоа се викав Сту. Се презивав Дент.
Бев многу проблематичен. Воден од фикс идеи за револуција. Пријавував корумпирани професори. Организирав демонстрации. Менував влади.
Еднаш, лето господово 1968мо во Прага, под псевдонимот Јан Палах се самозапалив во знак на протест. Бев дел од сите политички случувања на 20тиот век. Присутен на сите протести од САД до Кина. Имав досие со големина на 4 континенти.
Низ сеќавањата најдлабоко ми се врежани бесконечни полициски кордони, штитови и пендреци.
Најмногу ќотек.
Пробуваа да ме сотрат. Ме апсеа и убиваа.
И пак како клетва и како пиреј се враќав за да ги исправам неправдите во системот, бев Калимеро во прекалените политички општества и пак јуришав на УРА!
Размислував. Читав за да се образувам. Анархистичка литература, философија, француски реализам и стрипови. Имав свои херои и анти-херои.
Знаев да го најдам дефектот во секое управување, затоа што ја имав формулата за Утопија и гинев за да ја добијам. Злите јазици ме нарекуваа трн во око, црна овца, ЏЕЛАТ НА ВЛАСТА.
Сега ме препознавате ли?
Станав оној кој сум денес постепено. Мојата трансформација започна кога се откажав од самообразувањето и почнав да учам исклучиво од авторитетите. Сепак се авторитети, нели?
И чудесно, од Студент-џелат на власта, се претворив во полу-писмениот студент.
Ме убедија дека најдобро за мене ќе биде егзекутирање на мојата автономна волја. Се согласив. Оставив старата искусна фела да мисли за мене, затоа што искрено од мислење ме болеше глава, а богами и коски, ребра и бубрези.
И како крај на мојата промена, како ослободување од бремето на моето минато, добив целосно нов идентитет.
Ми го избришаа досието и ми дадоа ново име.
Сега сум ПОЛТРОН, општествено милениче.
И убаво ми е.
Пред тоа бев проблематичниот, вечно беден и гладен, бунтовен СТУДЕНТ.
Само една работа ме мачи:
Ќе ми го познае ли некој гробот за да фрли рака земја и да пушти некоја солза, кога после 100 години живот како Студент, Ќе умрам како Полтрон???

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
УА ПОЛТРОНИ - НАПРЕД СТУДЕНТИ!

Форумџии студенти. Ова е еден текст којшто препорачувам да издвоите време и да го прочитате онака лагано. Ќе препознаете некои во текстов а можеби и себеси. Текст за тоа што значи да се биде СТУДЕНТ(Ако ова подоле е шо значи да се биде студент, не фала) (гордост и светла иднина на државата) а што значи да се биде ПОЛТРОН. (катастрофа на државата).
Се надевам тесктов подолу ќе влијае на вас и ќе ве разбуди од апатичноста.
И да се запрашате. Дали сакате движечката сила да бидат Студентите или Полтроните?

Здраво. Се викам Пол. Се презивам Трон.
Имам и неколку алтернативни имиња. Можете да ме најдете и како број на индекс, висок просек, статистички податок, партиски член, како и во учебниците ставен под точката: На пример.
Мора да ме познавате.
Јас сум алфа и омега, основната клетка на секоја високообразовна институција, одликуван миленик на општеството...
Не ви звучи познато?
Тоа е зашто од неодамна го променив името. Пред тоа се викав Сту. Се презивав Дент.
Бев многу проблематичен. Воден од фикс идеи за револуција. Пријавував корумпирани професори. Организирав демонстрации. Менував влади. :tapp: А бе Бранко Бранко :pos2:
Еднаш, лето господово 1968мо во Прага, под псевдонимот Јан Палах се самозапалив(па ова е бетер од писмото на Грујо бе :pos2: :toe:) во знак на протест. Бев дел од сите политички случувања на 20тиот век(ова за Сту-дент или за Пол-Трон?!? која иронија). Присутен на сите протести од САД до Кина. Имав досие со големина на 4 континенти.
Низ сеќавањата најдлабоко ми се врежани бесконечни полициски кордони, штитови и пендреци.
Најмногу ќотек.
Пробуваа да ме сотрат. Ме апсеа и убиваа.
И пак како клетва и како пиреј се враќав за да ги исправам неправдите во системот, бев Калимеро во прекалените политички општества и пак јуришав на УРА! (како да гледам акционен филм од типот на Сејвинг прајват Рајан :) )
Размислував. Читав за да се образувам. Анархистичка литература:vozbud:, философија, француски реализам и стрипови. Имав свои херои и анти-херои.
Знаев да го најдам дефектот во секое управување, затоа што ја имав формулата за Утопија и гинев за да ја добијам. Злите јазици ме нарекуваа трн во око, црна овца, ЏЕЛАТ НА ВЛАСТА.
Сега ме препознавате ли?
Станав оној кој сум денес постепено. Мојата трансформација започна кога се откажав од самообразувањето и почнав да учам исклучиво од авторитетите. Сепак се авторитети, нели?
И чудесно, од Студент-џелат на власта, се претворив во полу-писмениот студент.
Ме убедија дека најдобро за мене ќе биде егзекутирање на мојата автономна волја. Се согласив. Оставив старата искусна фела да мисли за мене, затоа што искрено од мислење ме болеше глава, а богами и коски, ребра и бубрези.
И како крај на мојата промена, како ослободување од бремето на моето минато, добив целосно нов идентитет.
Ми го избришаа досието и ми дадоа ново име.
Сега сум ПОЛТРОН, општествено милениче.
И убаво ми е.
Пред тоа бев проблематичниот, вечно беден и гладен, бунтовен СТУДЕНТ.
Само една работа ме мачи:
Ќе ми го познае ли некој гробот за да фрли рака земја и да пушти некоја солза, кога после 100 години живот како Студент, Ќе умрам како Полтрон???

Која бош работа еј ...
Дали Сту-дент значи Анархизам, уривање на власт, мешање во политика, самозапалување во знак на протест кон некоја власт? уривање на влади ... :pos2: па ова како терористичка келија звучи ... колку само некои забегуваат ...

каде се вредностите на Студентот како СТУДЕНТ како интелегенција во општеството, која со Разум се наметнува а не со некои вредности од времето на Чегевара .... и после некој ќе ми рече ова било без позадина .. можеби така мислите но некој ги влече конците ... ќе ве искористи и ќе ве шутне ... Свестете се море ... Студенти едни ...:tapp:

Црвеното погоре во Цитатот е уфрлено од мене *
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Апсолутно поддржувам секакво движење против власта. Воопшто, против оние кои сметаат дека имаат право да даваат наредби кон друг а за своја корист.
Веројатно, покрај мојата незаинтересираност за струката која ја студирав, придонес да бидам сеуште официјален студент даде и сфаќањето дека по бришењето на овој статус и добивањето диплома, се што ќе ми остане од тој факултет е... па само диплома, и ништо повеќе.

Факултетското образование е само формалност кај нас, никој од студентите всушност не се образува таму, само чека да поминат 4-5 години да добие статус “дипломиран“. Вистинската ука ја стекнува на работа. (ако има среќа да се вработи)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Која бош работа еј ...
Дали Сту-дент значи Анархизам, уривање на власт, мешање во политика, самозапалување во знак на протест кон некоја власт? уривање на влади ... :pos2: па ова како терористичка келија звучи ... колку само некои забегуваат ...

каде се вредностите на Студентот како СТУДЕНТ како интелегенција во општеството, која со Разум се наметнува а не со некои вредности од времето на Чегевара .... и после некој ќе ми рече ова било без позадина .. можеби така мислите но некој ги влече конците ... ќе ве искористи и ќе ве шутне ... Свестете се море ... Студенти едни ...:tapp:
Анархистичка литература не заговара за башибузук и фрлање камиња, не знам што толку ти се запна за око тоа прочитај малку за него барем основните постулати ќе видиш дека е идејата е сосема поинаква од ти тоа што го перцепираш. Јан Палах се користи како метафора за една борба против едноумието и не знам зошто ги исмеваш како да си некој Тексашки индустријалец со мешина во придружба со 20 годишната жена со силикони, студентскиот протест во 68 бил глобалистички дури и во Македонија се почуствувал сосема малку не заради тоа што режимот бил таков туку поради нашиот менталитет (Во Хрватска,Словенија и Србија бил далеку помасовен).

Има малку романтизам во памфлетов што е и нормално ама воопшто не е за исмевање, напротив студентите треба да бидат тие кој ќе бидат иницијална каписла во една држава од причини што не се вработени, со самиот факт дека се студенти се доволно интелектуално развиени да изнесат став и како таков да го бранат со аргументи со еден збор никој не им може со ништо да ги уценува барем повеќето од нив.

Јас би бил пресреќен кога би се појавило едно независно студентско движење кое навистина би се заинтересирало за проблемите на студентите и констатно би вршело притисок на секоја влада.

Поздрав до СИ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom