СЛОБОДЕН ИНДЕКС! Доста беше МОЛК!

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
383
ПЛАТФОРМА

1) Цели и мисија

· Создавање и одржување на сеопфатно и автономно студентско движење.

· Создавање на достапен до сите, бесплатен и фер образовен систем.

· Промовирање на социјалните стандарди на студентите.

· Подигање на академскиот квалитет на виоко-образовните институции во Република Македонија.

· Промовирање на правата и слободата на студентите, борба против корупцијата, дискриминацијата и злоупотребата на авторитетот во високо-образовните институции.

· Промовирање на автономијата на универзитетот и на високо-образовните институции во Република Македонија.

2) Земање учество во работата на Слободен Индекс


· Слободен Индекс е сеопфатно, хоризонтално-организирано и неформално студентско движење. Во Слободен Индекс се добредојдени сите студенти, но и граѓани на Република Македонија кои ги делат целите и ја прифаќаат мисијата на движењето.

· Слободен Индекс е отворено движење кое ги прифаќа сите кои сакаат да учествуваат, не дискриминирајќи по никаква основа.

· Слободен Индекс се организира исклучиво на индивидуална основа и во него не може да учествува никој како претставник на друг субјект (трговска фирма, здружение на граѓани, политичка партија итн...)

3) Однос спрема други организации и правни лица

· Слободен Индекс е политички и финансиски автономно движење кое не прифаќа финансиска и/или материјална помош од правни лица.

· Сите заеднички акции мораат да се во согласност со целите и мисијата на Слободен Индекс.

Студенти форумџии! Доста беше МОЛК! Не дозволувајте политичарите да ви ги перат мозоците. Ширите ја слободната студентска независна мисла. СТУДЕНТИТЕ СЕ СИЛА!



Кој е вашиот став форумџии за образовниот систем на УКИМ? Што сакате да се подобри и што сакате да се смени? Што мислите за оваа тема? Ајде....ве има на форумов многу студенти. Повелете искажете ја својата жалба, пофалба, критика....се што ве тангира као студент!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.810
Поени од реакции
25.404
Образовниот систем во Македонија е очаен за реформи. И кога велам очаен, мислам во буквална смисла на зборот. Ми се допаѓа тоа што полека некако ми изгледа како работите да се мрднуваат од мртва точка во однос на активноста и свеста кај студентите, макар што треба да се има на ум, дека подигањето на свеста, посебно кај толку пасивна младина е тежок и долготраен процес и во никој случај не смее да има никакво откажување. Силна и независна младина е она што и е потребно на Македонија за да просперира и да почне самата држава да се реформира, затоа што младите ќе го водат општеството еден ден, така што каква младина - таква иднина.

Квалитетот на образованието во Македонија, посебно во некои факултети е паднато во минус, што е страшно. Имаме корумпирано високо образование, кое по дифолт мора да биде чисто, за да може да излагаат квалитетни кадри.
Образованието и наставниот кадар, т.е професорите треба да бидат строги, но правични, во смисла да не делат оцени од ракав, да произведуваат и продуциираат квалитет, да ги мотивираат студентите да бидат подобри и уште подобри. Но, ова го нема во Македонија. Односно да не лажам, го има... и гледам надеж во помладите асистенти кои ќе ги наследат професорите, како луѓе од кои може да се црпи неизмерно знаење. Барем кај мене на факултет. :)
Се разбира вината е и кај студентите. Слушам толку многу поплаки, а сепак, сите од нив само се жалат и кога ќе се спомене некаква акција велат Не се замарам бе, шо има веза, тоа нема ништо да смени. Е па драги мои, се додека мнозинството студенти тргнува од таа точка, образовниот систем ќе тоне, сите само ќе се жалат и нема да има ама апсолутно никакви промени. Едноставно време е пасивноста да запре, време е да се тргне од глава изреката “Наведната глава сабје не ја сече“, да се излезе од конформизмот и летаргичноста. Како инаку промени? Тие не паѓаат од небо. Или пак вечината се мазохисти, па им одговара кога се кршат нивните основни студентски права.
Се разбира тука едноставно морам да го споменам Студентскиот Парламент. Наместо тоа да претставува институација од која професорите од сите факултети ќе имаат страв во коски, бидејќи ќе се борат на било каков начин да оневозможат малтретирање во било кој смисол, оваа “надежна и младинска“ институција, претставува појдовна точка за започнување на политичка кариера и пред се сите лидери до сега биле политички активисти, кои оваа функција ја имале за да извршуваат партиски и политички наредби, а не да ги застапуваат студентските интереси кои често се судираат со политичките интереси. Имаме лидер кој беше избран на избори за кои 95 посто од студентите не ни знаеја дека се одржуваат и дека воопшто има избори, ниту пак беа запознаети со програмата и кандидатите, а замислете, тоа се луѓе кои нас треба да не репрезентираат и да се борат за нашите права. Ароганцијата која ја има ова раководство и сите претходни е незамисливо висока и не дава никаква продуктивност. И од демократија и парламент, во таа организација нема ништо. Значи според мене ова можеби е и основната критична точка, затоа што СП, треба да обединува, треба да слуша поплаки и да се заземе за студентите, а тоа го нема. Политиката е премногу навлезена кај студентите. Треба да размислуваат со своја глава, а не да се делат по партии, треба да бидат обединети а не да се плукаат затоа што едните биле за оние, другите за овие. Студентите треба да се држат настрана од политичките игри и да го следат студентскиот интерес!
Да не спомнувам колку само самата репутација на државните факултети секој ден се повеќе и повеќе опаѓа. Квалитетот паѓа, се купуваат дипломи, се плаќаат испити. Какви академски граѓани имаме, кои не се ни трудат да седнат да научат, туку си плаќаат? Зошто да не се пријавува кога некој зема мито? Зошто да се плати?
Каде исчезна мотивацијата? Студентите како млади луѓе треба да бидат полни со енергија и ентузијазам, а во моментов, пензионерите се поенергични и поборбени од мнозинството студенти.
Да не зборам дека укинаа радио, весник... До каде ќе се оди? Се создава масовна лоботомијан на младината и тоа е жалосно.
Да не зборам дека на прсти се бројат библиотеките на факултетите кои навистина и имаат книги, со соодветна литература која би им олеснила на студентите.
Да не почнам да зборам за тоа што има скрипти, наместо книги. Според мене секој факултет треба да има книги, од самите професори кои ќе бидат дадени или бесплатно или ќе бидат достапни по нормална цена која би можеле сите да си ја приуштат. На крај краева затоа е и партиципацијата тука. Жалосно е што требаше да учам Историја на Македонија од скрипта, жал ми е што треба уште милион книги да учам од скрипти.
Условите во студентските домови се ужасни. Макар што и да се реновираат, повторно ќе бидат упропастени, за што друг е крив...
Да не почнам за неуслужливоста на Студентски прашања или бирократизираноста на факултетите....

Премногу има да се пишува на темава... премногу, но јас вината ја наоѓам во неосвестеноста. Во пасивноста. Во незаинтересираноста за сопствените права. Во способноста постојано да се кука, а да не се превземе ништо околу тоа. Зошто додека гледаат дека никој не се жали и дека никој не се бунтува и не прави скандали, проблемите никој воопшто нема ни да се зафати да ги реши. Додека некој не покаже заби, ќе се наталожуваат проблеми, факултетите ќе се зафркаваат со студентите (благо кажано) и од се тоа.... ќе ни остане само да кукаме и да го колнеме образовниот систем и да се молиме што побрзо да завршиме.

Жално е, жално е, зошто се убива и мотивацијата за учење и напредување. Жалосно е што се паѓа.

Но, сметам дека ништо не е загубено. Сметам дека младината ќе го откопа ентузијазмот кој го има некаде длабоко закопано и дека ќе си ги пронајде одамна изгубените идеали и дека навистина ќе се бори да го добие она што го заслужува, а тоа е квалитетно образование кое ќе помогне за поуспешна и поздрава иднина.

П.С. Лично јас не сум имала поголеми проблеми да бидам искрена, но ја гледам општата ситуација кај младината и кај образованието и факултетите и ме револтира сетоа тоа. :)
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
8
уфффф ... има многу за пишување, многу за менување. Студентите - како прво се политички роботи кои немислат со своја глава, но не се тие криви, туку исполитизираноста на целиот образовен систем и професорите кои не ги поттикнуваат студентите на критичко размислување. Тука е и моментот што сите гледаат да завршат работа ан полесен начин, продавајќи го свето достоинство и душа и тоа слепо за партијата која во иднина може ќе им среди вработувањеили ако си поблизок со некој од партиите (без разлика која партија е..срања правеле и прават сите), може успееш и да направиш криминал за кој ќе поминеш неказнет. Студентите се пасивни, бидејќи рачунаат на тоа-продаваме достоинство, се андеваме на работа. Единствена работа е што делат флаери, лепат плакати и слични партиски активистички испрани срања, а во меѓувреме седат на кафиња и се однесуваат, за жал како идиоти со испрани мозоци! За жал, да прошетаа малку надвор од нашата држава (ама не како туристи бидејќи како туристи одат и во Грција, дури и сите тие силни патриоти), и да анализираа малку каква е состојбата таму, ќе сфатеа што е суштината на студентскиот живот. Грижа за иднината на својата држава, на своето општество! Во Македонија тоа за жал тоа допрва се случува да стидентите стануваат свесни и храбри, а порано да се случеше, немаше да дозволат нашето општество да тапка во место и да дозволиме да нашиот народ (сите граѓани на Р.М.) се дели на партиска основа!
За среќа, иако подоцна од очекуваното, се појави студентско движење кое по се' изгледа е искрено и чисто. Да ги поддржиме!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
5.722
Да студентите се сила најака!

Кога на некој од провинција кој едвај има пари за да преживее месец ќе дојде некој од партија и му клади во тоа џебот некое иљадарче или ќе му вети место во некој студентски дом или сигурно зимање на диплома ќе се види колку се јаки.

А многу се, многу.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
383
Да студентите се сила најака!

Кога на некој од провинција кој едвај има пари за да преживее месец ќе дојде некој од партија и му клади во тоа џебот некое иљадарче или ќе му вети место во некој студентски дом или сигурно зимање на диплома ќе се види колку се јаки.

А многу се, многу.
Тоа ќе биде само еден поединец. Еден поединец не можеш да земеш у глобала! И ако му кладат иљадарче...нека му служи. Он ќе биде партиски полтрон и дудлач. Нека му е на чест. А ние секогаш ќе бидеме тука да се бориме против такви!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
5.722
Тоа ќе биде само еден поединец. Еден поединец не можеш да земеш у глобала! И ако му кладат иљадарче...нека му служи. Он ќе биде партиски полтрон и дудлач. Нека му е на чест. А ние секогаш ќе бидеме тука да се бориме против такви!
Не е еден, многу се, голем влијателен број.

И за кои права да се борам кога џабе е се, џабе.
Најголемите богаташки деца им зедоа места на сиромашните студенти за во домови кои пак се катастрофа а никој не се буни. Зошто?Зошто таму се сместени нивни војници и нормално они нема да се бунат освен малиот број на "сречковци"

За просториите каде се следи наставата, критериумите, професорите, квалитетот никој не помага, тоа е мафија се мени само од корен, тргнувајќи од системот.

И нигокаш не би подржувал никакви организации бидејќи не се верува на никому денес...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Образовниот систем во Македонија е очаен за реформи.
Само на кратко:

Откако се почна со „реформите’’ тотално го расформираа образовниот систем.
Се изгуби целиот систем на вредности, образовните институции ги претворија во „Трговски друштва’’.:toe:
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
67
Преовладува мислењето „што можам јас да сменам„. Нажалост!
Во секоја ера, во секоја промена, секоја револуција, започнува со студентите.
Кај нас тоа се нема случено 15 години (ако некој сака тоа да го нарече полтички исценирано, нека, барем го имаше).
Студентите се маса која секогаш, секаде е најјака. Кај нас таа маса се води според искривени вредности, лични интереси, финансиски придобивки, идна партиска функција (што ако не заборави од каде дошол на таа функција и не е толку лошо) и сл.
Некој, во некоја точка од нашата историја, почнал да работи на случајот да секогаш кога ќе се подигне било какво студентско движење, му се закачи етикета дека е партиски, дека се бранат нечии интереси, дека крајната цел не е поголеми права за студентите, туку отпор против „правилните правци на правите реформери„.
Лично го познавам Малчевски, и верувам дека повеќето од вас знаат дека дечкото си е од партија и никогаш не застанал на страната на студентите, ама никогаш.
Имав лично искуство. Работам во компанија како организатор на забавен живот на студентите. Имав одобрено буџет од 5000 евра да направам забава во Гоце (студентскиот). Се беше испланирано перфектно. Пукна работата кога требаше да се доделат шанковите за забавата. Мојата идеја беше, да има шанк за секој студентски дом (значи сите домови да си имаат по еден шанк бесплатно), нажалост на Малчевски не му се свиѓаше идејата, сакаше да ги земе он сите, и после да им ги продава шанковите на студентските домови. И работата пукна. Глава давам дека за безброј проекти, кои се за (ако не подобрување) олеснување на студентскиот живот, се имаат прекинато заради тоа што на многу луѓе им има дојдено преку к*р од тоа некој да се богати на штета на студентите.
Се надевам дека новата генерација, порано ќе ги препознае сите вирози на дневно политичко-новинарски шундови, и ќе направи нешто со своја глава, сопствена организација, со задња намера- да си го направат студирањето полесно, поправедно и да докажат дека МОРА ДА БИДАТ ЧУЕНИ!
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Кога некој ќе ти каже `Ведната глава сабја не ја сече` - одма буцни му прст у око!
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
383
До ЛордДрагон:
Не е еден, многу се, голем влијателен број.
Ги има не викам дека не. Но ако се сплотат заедно независните студенти тогаш нивната полтронска влијателност нема да биде голема!
И за кои права да се борам кога џабе е се, џабе.
Ништо не е џабе! Е за овој песимистички дух зборувам. Се додека го има ова меѓу нас студентите само ќе им помогнеме на горенаведените да не стрижат. А искрено јас а верувам и ти длабоко во себе не сакаш никој да те стриже и прави луд а си академски граѓанин веќе зрел човек.
Најголемите богаташки деца им зедоа места на сиромашните студенти за во домови кои пак се катастрофа а никој не се буни. Зошто?Зошто таму се сместени нивни војници и нормално они нема да се бунат освен малиот број на "сречковци"
Не е точно. Една од работите за кои протестиравме минатиот пат беа токму студентските домови и условите во нив. Бевме до студентскиот дом Кузман и извикувавме да се симнат од зградата студентите. ССУПМК им се заканувале на студентите дека доколку излезат на протестот дека ќе ги изгубат своите легла. И покрај тоа...излегоа студенти надвор од студентскиот дом. Повеќето останаа внатре од страв да не ги изгубат леглата. Се додека не заплашуваат они се јаки. Откако ќе се спротивстави секој студент нивната јачина ќе се намали. И стануваме ние јаки...студентите!
За просториите каде се следи наставата, критериумите, професорите, квалитетот никој не помага, тоа е мафија се мени само од корен, тргнувајќи од системот.
А системот го РУШЕЛЕ и го ГРАДЕЛЕ студентите....движечката сила.
И никогаш не би подржувал никакви организации бидејќи не се верува на никому денес
И јас го делев ова мислење неодамна. Изгубив верба у се. Особено у политички партии. Откако ги видов групата од студенти Слободен Индекс коишто се собрале малубројни но сепак гласни во своите барања...ми се врати вербата и надежта дека ете сепак има некои што не се како другите. И си реков. Да кукам само и да се жалам за образовниот систем...нема ефект. Реков ќе дејстувам.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
768
Откако ги видов групата од студенти Слободен Индекс коишто се собрале малубројни но сепак гласни во своите барања...ми се врати вербата и надежта дека ете сепак има некои што не се како другите. И си реков. Да кукам само и да се жалам за образовниот систем...нема ефект. Реков ќе дејстувам.
А кој се тие ...
дајте некоја информација кои се основачи на органозацијава?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
768
Тоа е интересното :) Нема основачи и водачи. Сите во Слободен Индекс се водачи.
Инетересно можеби е ..
но кој ги влече конците ...
кој дава Амин за некоја идеја ...
претпоставка утре членството е пример 3000души ... сите ли на состанок одат и зборуваат, кој става точка на муабетот?
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
А кој се тие ...
дајте некоја информација кои се основачи на органозацијава?
Како дел од движењето уште од почетокот мислам дека почетоците беа некаде кон крајот на 2008 кога на протестот против затворањето на студентското радио се најдовме група истомисленици - студенти на идеа да се почне ново и независко активистичко движење.

Самото движење е сеопфатно и хоризонтално организирано што значи дека сите кои сакаат се добредојдени да учествуваат како еднакви и дека никој нема да биде одбиен и дискриминиран се додека ги почитува целите на движењето.

Тоа што може да се промени со растењето на бројот на учесници/активисти е да се де-централизира движењето по факултети и по работни групи кајшто секоја група ќе работи на некој конкретен проблем.

Колку што знам секој состанок е јавно објавен на ФБ страната (барајте `слободен индекс`) и секој може слободно да присуствува и да учествува. Целта на движењето не е да се создате хегемона маса и гласачка машина (за тоа имаме нели партии) туку студенти кои критички размислуваат, активно делуваат и ги знаат своите права (и не се плашат да ги побараат.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom