Ова само во Македонија може да се случи!
Здраво, здраво генијалци!!!
Таков ни е системот и власта! Пази ти на овај случај:
Навивачи на Олимпијакос ограбиле бензинска на Макпетрол и нападнале неготинец
Грчки навивачи на фудбалскиот клуб „Олимпијакос„ вчера вечер влегле во бензинската пумпа на Макпетрол во Демир Капија и без да платат зеле продукти, а потоа еден од навивачите со тегла удрил неготинец кој во тој момент точел гориво и го повредил.
Според МВР, инцидентот се случил во 21.50 часот кога автобус со грчки национални ознаки во кој се возеле околу 50 грчки навивачи застанал на бензинската пумпа. Групата влегла во објектот на бензинската пумпа и зела од продуктите без да платат. Вработениот побарал да платат, но грчките државјани му се спротиставувале.
Тогаш Панче И. (49) кој во тој момент точел гориво се обидел да му помогне на вработениот, но еден од навивачите со тегла крставици го удрил по главата. По инцидентот, повредениот Панче И. бил пренесен во болницата во Кавадарци. Автобусот со навивачите заминале кон граничниот премин Богородица, но набргу бил сопрен од полиција.
Инспектори од полициската станица во Неготино го рачистуваат инцидентот, а на навивачите им бил дозволен излез од Македонија.
Го расчистуваат случајот од кога му дозволија излез... е БРАВО!