СДСМ - Политичка партија

Дали ви се допаѓаат пратеничките листи со кои ќе настапува партијата на следниве избори?

  • Да.

    Гласови: 7 11,1%
  • Не.

    Гласови: 42 66,7%
  • Можеле да стават и многу подобри кандидати.

    Гласови: 14 22,2%

  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.478
Каква турлитава направија Зоки, Бујар и Димитров... ај што попија вето од татариве, туку денес и грчкото МНР кажа дека додека не се имплементира преспанскиот договор, нема ЕУ за нас.

Школски пример за тоа како НЕ треба да се води една држава
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.838
Каква турлитава направија Зоки, Бујар и Димитров... ај што попија вето од татариве, туку денес и грчкото МНР кажа дека додека не се имплементира преспанскиот договор, нема ЕУ за нас.

Школски пример за тоа како НЕ треба да се води една држава
Нека не плачат грците, и нив ќе им биде испушен пак, по којзнае кој пат веќе, капка нема да падни, само нека фатат ред, има други пред нив моментално.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798

и тогаш и сега ист проблем :toe: ама циркусот е различен, мноооогу слаб кадар имаат овие новиве, разочарувачки!

 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Каква турлитава направија Зоки, Бујар и Димитров... ај што попија вето од татариве, туку денес и грчкото МНР кажа дека додека не се имплементира преспанскиот договор, нема ЕУ за нас.

Школски пример за тоа како НЕ треба да се води една држава
Уште кога се потпишуваше преспанскиот на овие работи беше предупредувано, верглавме и на темата за случувањата во Македонија тогаш, која што сега патем е заклучена, имаше и правници кои што предупредуваа дека договорот не го затвора прашањето околу името туку отвора дополнителни прашања и спорови за кои што во иднина ќе си ја чешаме главата, дека на Грција и дава правна основа постојано да не гони и да го опструира нашиот пат кон ЕУ. Во суштина договорот за нив претставува инструмент преку кој што директно би се мешале во нашите внатрешни работи. Ама во тие времиња јавниот дискурс беше насочуван кон други води, од типот НАТО фестови и забетониран идентитет. На слични работи беше исто така предупредувано и за договорот со Бугарија, па еве сега на дело ги гледаме како се остваруваат.
Еве до каде не донесе "шармерската" дипломатија на Заев и Димитров.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.360
Поени од реакции
19.913
Јавно Обраќање на Бранко Црвенковски до СДСМ
Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, упати јавно обраќање до раководството и до членовите на СДСМ. Го објавуваме во целост:

Почитувани сопартијци,

Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија.

За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.

Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавноста, за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.

Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина, ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија, Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Се обраќам до вас, почитувани сопартијци, за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.

Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни.

Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.

Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ.

Почитувани сопартијци,

До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со другарски поздрав,
Бранко Црвенковски
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Таква моронштина од членство нема да се најде у цела галаксија....задоено со такви глупи идеи и принципи. А и овие што седеа пасивни исти qr уште се бунат :LOL:
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Не би рекол, Бранко е папа во СДС помини на Бихаќка ќе се увериш..:)
Да беше папа, СДС немаше да ја имаат цела пратеничка група денеска во Собрание и на судни маки со 61 пратеник да буткаат закони. Два пратеника ќе повлечеа денес од гласање за да се покаже каква е ситуацијата и во следните неколку дена ќе се правеа позадински договори после кој официјално не го пуштат Заев низ вода тивко. Но упорно и упорно се потценува Зоран Заев и се дава на значење на некаков "интегритет" кај СДС или некаков раздор на градско-селско крило. Да имаше такво нешто како градско крило на СДС немаше во Центар и Карпош да добие СДС толку гласови на претходните избори, при што скоро целата градска гарда беше комплетно отстранета освен кланот на Шеќеринска.

Заев ја држи СДС под комплетна контрола и никој не смее да писне, да не се ни почне околу тоа до кој степен ја интегрираше партијата и со најситните криминалци во Македонија и со радикални екстремисти. А и сеуште има подршка од странскиот фактор зошто он е подготвен да потпише СЕ, зошто воопшто некој би пуштил таков човек низ вода?

Јас не верувам дека овој човек ќе биде сменет од власт пред полицијата доста крв не пролее на демонстранти по улици. Ако преку демонстрации не се фрли цела држава во хаос и странскиот фактор ( Шеќеринска) не се принудени на го пуштат низ вода, овој не се трга.
 
Член од
5 ноември 2020
Мислења
109
Поени од реакции
298
Абе и основачот нивни се срами и оградува од то муртинското копиле....и ако после се повторно сдс како партија добијат мандат, ако ни е се шо се дешава.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.267
Поени од реакции
27.694
Уште кога се потпишуваше преспанскиот на овие работи беше предупредувано, верглавме и на темата за случувањата во Македонија тогаш, која што сега патем е заклучена, имаше и правници кои што предупредуваа дека договорот не го затвора прашањето околу името туку отвора дополнителни прашања и спорови за кои што во иднина ќе си ја чешаме главата, дека на Грција и дава правна основа постојано да не гони и да го опструира нашиот пат кон ЕУ. Во суштина договорот за нив претставува инструмент преку кој што директно би се мешале во нашите внатрешни работи. Ама во тие времиња јавниот дискурс беше насочуван кон други води, од типот НАТО фестови и забетониран идентитет. На слични работи беше исто така предупредувано и за договорот со Бугарија, па еве сега на дело ги гледаме како се остваруваат.
Еве до каде не донесе "шармерската" дипломатија на Заев и Димитров.
Ama gledaj na svetlata strana, barem Grujo ne e na vlast! Menuvanje ime, i pobugarcuvanje bese edinstveniot nacin!
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
923
Поени од реакции
3.624
Да беше папа, СДС немаше да ја имаат цела пратеничка група денеска во Собрание и на судни маки со 61 пратеник да буткаат закони. Два пратеника ќе повлечеа денес од гласање за да се покаже каква е ситуацијата и во следните неколку дена ќе се правеа позадински договори после кој официјално не го пуштат Заев низ вода тивко. Но упорно и упорно се потценува Зоран Заев и се дава на значење на некаков "интегритет" кај СДС или некаков раздор на градско-селско крило. Да имаше такво нешто како градско крило на СДС немаше во Центар и Карпош да добие СДС толку гласови на претходните избори, при што скоро целата градска гарда беше комплетно отстранета освен кланот на Шеќеринска.

Заев ја држи СДС под комплетна контрола и никој не смее да писне, да не се ни почне околу тоа до кој степен ја интегрираше партијата и со најситните криминалци во Македонија и со радикални екстремисти. А и сеуште има подршка од странскиот фактор зошто он е подготвен да потпише СЕ, зошто воопшто некој би пуштил таков човек низ вода?

Јас не верувам дека овој човек ќе биде сменет од власт пред полицијата доста крв не пролее на демонстранти по улици. Ако преку демонстрации не се фрли цела држава во хаос и странскиот фактор ( Шеќеринска) не се принудени на го пуштат низ вода, овој не се трга.
Се согласувам дека Заев моментално има потполна контрола во СДС меѓутоа тоа е поради тоа што некој му го допуштил тоа, он е само временски концесионер во партијата но не значи дека неможе да биде сменет ако направи некоја беља, сепак да не заборавиме кој го донесе таму...

Јавниве обраќања и негодувања на Бранко и 'скопското' крило во СДС е токму да се даде до знак кој е всушност шефот таму.

А за тоа дека партијата е поделена на Слатино/Муртино т.е. Скопско/провинциско крило нема дискусија но не е толку видлива како што беше во ДПМНЕ со Љупчо и Грујо, како и да е мала веројатноста да се случи тоа но не смее да се потценува акалот на Заев и можноста да се сврти против Дон Бранко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom