СВЕДОШТВА 2001-ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
Prevzemeno od fb grupa tekstot i slikite

СВЕДОШТВА(2001)Генералот Панде Петровски .
пред 3 часа

Книгата Сведоштва на Генералот може да се набави само во Битола во книжарите на Киро Дандаро и е 400 денари(има доволно залихи)
Панде беше и единствениот ранет ГЕНЕРАЛ во ВОЈНАТА.
Ranet general Pande Petrovski4.6.2001Vo Voenata bolnica vo Skopje e hospitaliziran generalot Pande Petrovski, zamenik-na~alnik na G[. Toj e povreden vo desnata noga. Neoficijalnite informacii govorat deka general Petrovski bil pogoden od {rapnel od minofrla~ i se nao|a nadvor od `ivotna opasnost. Portparolot ARM, polkovnik Markovski, potvrdi deka vtoriot ~ovek na Armijata e polesno povreden, naglasuvj}i deka nogata ne ja povredil za vreme na borbenite dejstvija vo Kumanovsko.
Книгата е издадена во септември 2006 пред да ја објави одкако ја најави имаше сообракајка
Кај скопската населба Автокоманда во сообраќајка беше повреден генералот Панде Петровски.Најави продолжение на книгата СВЕДОШТВА кое мислам беше фатално за него пред да го објави Книгата била запленета а Панде НЕОФИЦИЈАЛНО беше отруен не случаен е и датумот но Официјално Началникот на ГШ на АРМ во 2001 година, генералот Панде Петровски е мртов. Умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...Истата година почина под сомнителни околности и
Началникот на униформираната полиција во 2001 година, генералот Ристо Галевски е мртов. И тој умре во 2007 година од срцев удар. Нека му е лесна земјата...
Панде Петровски (Живојно, Битолско, 26 декември 1943 - Битола , 31 декември 2006) бил македонски генерал, началник на генерал-штабот на АРМ и воен стратег кој ги изготвил решавачките воени акции на македонските безбедносни сили во воениот судир во 2001 година. Неговиот дедо Петре бил учесник во Илинденското востание и Првата светска војна, а татко му Алексо бил учесник во НОБ од 1943 година, при што два пати бил рануван
Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а во предвидениот период од 1962 до 1965 со висок процент на успех ги завшрил студиите на воената академија во Белград[3]. На доусовршување и остручување бил во Бања Лука и Белград. Бил на висока функција во ЈНА, подоцна вклучен во формирањето на АРМ. Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во Загреб, Прилеп, Велес и Приштина, а во 1990 бил назначен за помошник командант на третата армиска област во Скопје. По расформирањето на ЈНА, учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на АРМ во Битола[4]. Во 1996 бил назначен за началник за борбена готовност во Скопје, а од 1999 ја вршел должност заменик на началникот на ГШ на АРМ, на која повторно бил назначен во март 2001 после неговото предвремено пензионирање по Претседателските избори во 2000 година. Во периодот од јуни до септември 2001 бил началник на генерал-штабот на АРМ. Од септември истата година и по пензионирањето во 2002 бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата. Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, чин мајор и чин полковник]. Во генерал-мајор бил унапреден во 1993 како командант на корпус, во 1997 бил унапреен во чин генерал-потполковник, а во 2001 година бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Починал на 31 декември 2006 година во Битола, каде и почива.Панде Петровски бил предвремено пензиониран без да ги исполнува условите за тоа, а исто така бил началник на генерал-штабот на АРМ кој најкратко ја водел македонската војска, само 3 месеци. По избувнувањето на воениот судир во Македонија во 2001 година тој бил повикан да помогне во настаната ситуација. Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор[8]. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување наТетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај. На 12 април 2001 по успешната акција за ослободување на Тетовското Кале, лично и писмено му било честитано за големата победа на вооружените сили на Република Македонија од страна на генерал-мајор Ричард Грифитс, шеф на МПРИ од САД[9].
ДРАГОЦЕНИ СВЕДОШТВА НА ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ
- 2001-та –АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – „ХУМАНИТАРНИ" ВОЈНИ!
За целосно да се сфати американската улога во војната во 2001-та, мора да се прочита книгата „Сведоштва" на покојниот генерал Панде Петровски (Битола, „Киро Дандаро", 2006). Тој дава исклучително значајна димензија на американскиот однос кон Македонија, која не остава никакви дилеми. Петровски е учесник во војната од 2001 година. Цитатите од книгата разјаснуваат многу работи.
Тогашната влада на Македонија потпиша договор со САД, односно со МПРИ, тим на инструктори, пензионирани воени ветерани од САД...", пишува Петровски, на страница 7, и продолжува – „МПРИ предложи свој план за реорганизација на АРМ – кој од Генералштабот и Министерството за одбрана не беше прифатен. Според предлогот, Македонија требаше да има армија со една бригада – т.н. лесна пешадиска бригада – со два лесни баталјони и дел од специјалните единици (да нема артилерија, оклопни едници, воздухопловство итн.)".
И без да се биде воен експерт, меродавно може да се заклучи дека генералот Петровски ни порачува дека предлогот на МПРИ значел Македонија, всушност – да нема сопствена армија! Тоа открива суштински елементи на американската стратегија кон земјата бидејќи зад МПРИ стои американското Министерство за одбрана. Така се затвора кругот: земјата ја подготвуваат за пораз во 2001-та.
На истата страница Петровски констатира: „Набргу по тоа, односно во јануари 2000, беа пензионирани околку 500 старешини меѓу кои и сите генерали, т.н. ‘кочничари’ на реформите". ...„По нивното заминување во пензија, бил прифатен одбиениот план за реорганизација на АРМ, предложен од тимот на МПРИ, и во 2000 година отпочнала неговата реализација, под нивна контрола".

Како и зошто тоа се правеше, генералот го објаснува „На почетокот од 2001-та, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно ‘расформирање’ (3. АК, расформиран, 2. АК – битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилерските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање...". Со други зборови, МПРИ подготви сè за војната „успешно" да започне.
Во групата пензиниорани генерали бил и Панде Петровски. Меѓутоа, кога започна војната со наши несфатливи грешки и порази, претседателот Борис Трајковски побарал тој да се реактивира. Изненаден од гестот, во погодна пригода, Панде го прашал Борис – „Зошто ме пензиониравте, претседателе, кога немав услови за тоа?" Очигледно искрено, Трајковски му одговорил– „Генерале, кога станав претседател, не ве познавав вас генералите. Ричард Грифитс, генерал-мајор од САД (шеф на МПРИ, во Скопје) ми донесе список кој на која должност да биде, а кој да биден пензиониран. Јас го потпишав списокот".
И не само што Грифитс пензионирал 500 (нај)искусни старешни туку и погрешни луѓе поставил на челните позиции во Генералштабот – за началник бил поставен инженерец, а за негов заменик – интендант! Сите овие потези на МПРИ и на Грифитс немаат друга квалификација, освен, директна саботажа! Однатре.
Во целина, невиден американски безобразлук! Сепак, грешката и вината се наши. Сме дозволиле таков однос.
Книгата „Сведоштва", на генерал Петровски, дава драгоцени податоци околу војната во 2001 година и улогата на главните фактори. На стр. 160 пишува дека „на 21 јули 2001 год. хеликоптер на КФОР SH-47 во 16,45 до 17,05 часот во Шипковица слета и истовари опрема и луѓе, во исто време хеликоптер SH-47 слета и во с. Бродец..."; „на 25 јули 2001 во 13,53 до 14,30 ч. хеликоптери на КФОР SH-47 и SH-53 слетале во с. Бродец. Сите овие слетувања на КФОР не беа најавувани од нивна страна..."; „Во суштина тоа беа подготовки од КФОР за пребазирање на командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица..."; „Во разговорот, кога му посочив некои факти, дека сепак КФОР го префрла командното место на т. н. ОНА од Призрен во Шипковица (генерал Ланге од командата на НАТО во Македонија) само ми одговори: „Вие сте во право, но сфатeте ме дека јас сум професионалец и одвај чекам да заминам во пензија’"!
Интересно е кажувањето на генерал Петровски и за однесување на Американецот Питер Фејт, кој фигурираше како личен претставник на генсекот на НАТО. На стр. 122, тој ни обелоденува – „Фејт директно контактираше пред сè со претседателот на РМ и настапуваше доста арогантно, па дури и дрско и ултимативно, што ми беше многу чудно. Во една прилика, пред целиот државен врв го прашав – господине Фејт, Вие да не сте командант на т.н. ОНА, што со толкава сигурност тврдите?" – а се работело за прекин на огнот. Можеби и несвесно, генералот ја погодил улогата на Фејт и неговите пајташи. Токму таква била нивната улога.
Заслужува внимание и делот сврзан со операцијата во Арачиново. Откако безбедносните сили навлегле длабоко во селото и било само прашање на време кога ќе ги исчистат терористите, во близина на селото прво били пронајдени двајца ранети – Американци (стр. 107)!

Потоа, на 25 јуни, генералот бил кај претседателот Трајковски, кој го информирал дека НАТО ќе ги извлечел терористите од Арачиново. Генералот му одговорил – „Добро, но ние ќе продолжиме со нападот сè додека не се создадат услови за извлекување. Не, (реагирал претседателот) Робертсон (генсек на НАТО) ми кажа дека има нивни 30 лица таму во Арачиново!?! Го гледав претседателот (пишува Петровски) и не можев да го разберам. Кои се тие луѓе, го прашав? Од каде дошле во Арачиново? Не знам, му вратил Трајковски, но ми вети (Робертсон, нели) дека ќе ми даде список на тие луѓе!?!"
Каква непростива, катастрофална грешка! Во војна, врховниот командант на армијата на Македонија е информиран дека во место кое е опколено од неговите сили, меѓу агресорите има и „30 луѓе" на НАТО! Американци, се разбира. Тоа не му го соопштува никој друг, туку генсекот на алијансата!?! Тоа е доволно за претседателот на државата кој е, нели, и врховен командант, да преземе сè што е потребно за спасување на „заскитаните" наши „партнери"! Сигурно ја утнале страната!?! На сметка на фундаменталните интереси на сопствената земја, во воена операција која е клучна во војната која се води против агресорите, врховниот командант наредува нивна евакуација заедно со нивните американски сојузници! Според горното сведоштво, претседателот не прашал ни кои се тие, ни што бараат таму, туку само „обезбедува", се договара да му пратат список! Нормално, по операцијата за спасување.
За сè да биде појасно и неспорно, кога се подготвувало Арачиново, Трајковски го известил Петровски дека операцијата има ограничено време до два дена (стр. 101). Генералот не го сфатил претседателот – зошто само два дена, ние ќе одлучиме колку дена, му рекол. „Толку ни даде Робертсон", му вратил Трајковски!
Кога ќе се стават во контекст ова и претходното („30 нивни лица") – сè станува кристално јасно. Кој бил менаџерот и на Арачиново и на целата војна од 2001-та. Робертсон се вклучил во вториот дел, по петтото соопштение на ОНА, кога таа стана „хуманитарна" приказна (за деца). Претходно, тој беше надвор од супертајните операции.

Во книгата „Сведоштва", на стр. 77/78, има уште еден важен податок. Во средината на мај 2001, претседателот му наредил на генералот да прифати некојси Дејвид Фоли, кој бил со дипломатско возило со уште две лица, и да го пушти во село Слупчане, наводно да преговара за извлекување на цивилите. И, еве што вели Петровски: „Наредив Д. Фоли да се следи со мои луѓе тајно кога ќе влегува во Слупчане и таму кој ќе го пречека. Истиот ден го добив следниот извештај – на влезот во селото го дочекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и избакнал...".
– сигурно се знаеле од студии...
Генералот Петровски дава и други исклучително важни сведоштва. На пример, на стр. 195, тој опишува како, при крајот на војната, НАТО инсистирал за повлекување на тешкото вооружување од кризните региони, особено на тенковскиот баталјон Т-22 кој беше набавен од Украина. „Знаејќи ја борбената моќ на оваа единица", пишува тој, „НАТО бараше по секоја цена баталјонот да биде дислоциран во Струмица. Со секојдневни притисоци од НАТО претседателот на РМ одлучи и нареди Тенковскиот баталјон со комплет стратешински и војнички состав да се дислоцира таму. За секое напуштање и на еден тенк од Струмица мораше да се бара одобрение од НАТО"!?!
Иако било неспорно дека терористите воено релативно лесно можат да се уништат, претседателот Трајковски „уште на 14 јуни 2001 испратил писмо до генсекот на НАТО од кој побарал помош за разрешување на кризата" (стр. 98). Началникот на ГШ за тоа дознал на 5 јули 2001-та.
И само овој податок е доволен за да се заклучи што сè, и како се случувало во Македонија во 2001-та.
помош сме барале од егзекуторот!
Сеќавањата од 2001-та зборуваат дека тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, се залагаше за прогласување на воена состојба. Од книгата „Сведоштва" станува јасно дека една таква одлука бргу ќе ја завршела работата. Ако било така, а така било, се наметнува прашањето – зошто до тоа и не дојде? Поточно – кои беа противниците? Не е спорно дека САД и нејзините сателити биле жестоко против таква мерка бидејќи така, релативно лесно, би се елиминирала ОНА. А тоа, во никој случај, не смеело да се дозволи.
Горното залагање на Георгиевски го потврдува и генерал Панде Петровски, но изнесува факти кои говорат за суштински разлики меѓу неговите зборови и дела (стр. 136): „Откако ќе се отпочнеше со воената операција, премиерот, пред истата да биде прекината, ќе дојдеше на командно место, а после ќе се прекинеше операцијата – класичен пример воената операција во Кумановско и Арачиново. Премиерот и некои околу него јавно се залагаа кризата да се решава со воени средства, а откако ќе се прекинеа операциите, не реагираа зошто се прекинале"!
Инаку, тој нема дилеми за ставот на претседателот Трајковски кој, според него (стр. 136) – „секогаш се залагаше кризата да се решава со политички средства и со поддршка на НАТО, ЕУ и ОБСЕ...". Тоа, најверојатно, бил и нашиот најголем хендикеп во војната. Тој што треба да ја води, смета дека – не треба да се води!
Ова се драгоцени податоци за историчарите.
Не е спорно дека претседателот Борис Трајковски беше чесен човек и патриот за што постојат и лични сеќавања. Ама, за голема жал, тој беше жртва на махинациите кои на Балканот ги правеше единствената велесила. Генералот Грифитс преку МПРИ, Роберт Фровик преку ОБСЕ, Пердју, Фејт и другите „олеснувачи" и „експерти", најчесто од редовите на ЦИА и други слични служби, спроведуваа јасно дефинирана американска политика, која беше погубна за земјата. А нашите им веруваа и ги следеа. Посебно – претседателот.
Со добра намера, несвесен за големата игра во која е вовлечен, Трајковски очигледно беспоговорно ги следеше американските инструкции. А Вашингтон, бескрупулозно го искористи. Точно како што илустрира и генералот Петровски, со пензионирањето на плејада врвни воени старешини и поставувањето лица со неадекватни профили на главните функции во Генералштабот. Штетите кои следеа се огромни и непоправливи.

Трајковски премногу знаеше. Дали еден ден можеше да биде сведок за нечии недела и политички злоупотреби? Новинарката Лупевска, во ТВ емисијата КОД на Канал 5, на 26 февруари 2012 година, информираше дека – непосредно пред смртта, Трајковски рекол дека ќе ја кажел вистината за Косово! Дали самиот си пресудил?

На стр. 175, генерал Панде Петровски заклучува – „Не сум сигурен кој ја планираше воената криза во РМ. Меѓутоа, кој и зошто ја контролираше и кој и зошто не дозволуваше истата да се разреши со воени средства беше повеќе од очигледно. Армијата сигурно не е...". На стр. 204 тој вели – „Бевме попречувани во секоја воена операција"!

2014-09-12 16.37.17.jpg 2014-09-19 19.28.45.jpg 2016-02-23 04.37.08.jpg 2016-02-23 04.44.17.jpg 2016-02-23 05.06.12.jpg 2016-02-23 05.09.51.jpg 2016-02-23 05.10.25.jpg 2016-02-23 05.15.25.jpg 2016-02-23 05.16.10.jpg 2016-02-23 05.29.06.jpg 2016-02-23 05.39.40.jpg 2016-02-23 05.41.41.jpg 2016-02-23 05.57.21.jpg 2016-02-23 06.05.03.jpg 2016-02-23 06.05.56.jpg 2016-02-23 06.08.57.jpg 2016-02-23 06.13.50.jpg 2016-02-24 02.17.01.jpg 2016-02-24 02.31.59.jpg 2016-02-24 02.33.05.jpg
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ја прочитав книгава Pdf стварно вреди да се погледне многу работи објаснува и најголеми предавници Јово Андревски и Доста Димовска убедливо
 

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
727
Поени од реакции
609
Може и во Скопје да се најде мене еден другар од таму ми ја купи :)[DOUBLEPOST=1461104898][/DOUBLEPOST]
Ја прочитав книгава Pdf стварно вреди да се погледне многу работи објаснува и најголеми предавници Јово Андревски и Доста Димовска убедливо
И фрчко
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Може и во Скопје да се најде мене еден другар од таму ми ја купи :)[DOUBLEPOST=1461104898][/DOUBLEPOST]
И фрчко
Дада и Владо Бучковски дозволил да полетаат хеликоптерите без наоружување за Радуша пак покојниот Претседател Борис Трајковски дава наредна да се употребат Sukhoi за прват над 150 мртви со еден прелет,само да сме имале одврзани раце немаше да посакува цела држава да си оди[DOUBLEPOST=1461105157][/DOUBLEPOST]
Може и во Скопје да се најде мене еден другар од таму ми ја купи :)[DOUBLEPOST=1461104898][/DOUBLEPOST]
И фрчко
Дада и Владо Бучковски дозволил да полетаат хеликоптерите без наоружување за Радуша пак покојниот Претседател Борис Трајковски дава наредна да се употребат Sukhoi за прват над 150 мртви со еден прелет,само да сме имале одврзани раце немаше да посакува цела држава да си оди
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Ја прочитав книгава Pdf стварно вреди да се погледне многу работи објаснува и најголеми предавници Јово Андревски и Доста Димовска убедливо
Демек Борис Трајковски е патриотот?
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
866
Поени од реакции
3.411
SIte se predavnici od VRVOT i Ljupco i Dosta i Bucko Frcko i nivnite sovetnici so si Precedatlot PAUNKOSKI sakase da intervenira ama ne mu dozvolija i taka pocna IGRATA od tanusevci pa go viknaja Pande da im zavrsi rabota i go koceja site i MVR SO LJUBE I OM SO BUCKO I LJUPCO I TRAJKOSKI....
 

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
727
Поени од реакции
609
Од кога ја прочитав книгата многу работи ми се разјаснаа и ако е се вистина како што е напишано сите припадници на безбедносните сили што загинаа, загинале за џабе секој потег на Армијата и Полицијата терористите однапред го знаеле премногу вмешаност на странците и ебаниот НАТО кој што толку копнееме по него им браниме амбасади во вукојебините Пакистан и Авганистан се за ништо режисерот што го режирал конфликтот добро си ја завршил работата, јас многу се разочарав али и дознав работи кој што појма немав дека се случиле така да препорака од мене кој има желба за читање да ја прочита има доста интересни работи :)[DOUBLEPOST=1461105781][/DOUBLEPOST]Претседателот делувал премногу исплашено дали некој го притискал не успеав да заклучам што е работата некако како да чуствувал многу страв дека може да имаме многу жртви на наша страна, плус се спомнува дека британски служби им дојавиле на нашите дека бројот на терористи на територијата на Македонија бил многу повеќе одколку што сне мислеле а тоа нема врска
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ја имам прочитано книгата пред неколку години. Одлично дело за војната 2001, дури мислам дека и треба повеќе вакви книги да има.

Она што сите го знаат уште од тогаш е дека Борис Трајковски, како што вели Генералот Петровски во книгата, беше најголемиот хендикеп на Македонија и Македонските безбедносни сили во тој период.

Меѓутоа неможе да се обвинува Трајковски ако претходно не сте знаеле како тип на човек е и што карактер е. Човекот имаше особини кои ретко се среќаат. Им помагаше на луѓето секој ден колку што можеше. Погледнете неколку слики кога ќе дојдеше во Струмица каква почит и пријателства имаше со народот. Сите го сакаа и го почитуваа. На мои роднини лично ги има примено во кабинетот кај него во Скопје за да им помогне.

Освен што има добра душа, човекот религиски беше ориентиран кон протестанската црква и имаше исклучително силна верба. Многу пати за време на војната во 2001 неговиот карактер, вербата и здравиот разум се косеа со воените планови и должностите што ги имаше и мораше да ги извршува како врховен командант на една армија. Плус притисокот од надворешните фактори.

Човекот беше најдобриот претседател што Македонија некогаш го имала во мирни времиња, но за војна и воени времиња едноставно не беше скроен. Може да го обвинуваме, но не за сите грешки.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Дада и Владо Бучковски дозволил да полетаат хеликоптерите без наоружување за Радуша пак покојниот Претседател Борис Трајковски дава наредна да се употребат Sukhoi за прват над 150 мртви со еден прелет,само да сме имале одврзани раце немаше да посакува цела држава да си оди
Кокошки ли?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom