САБА - Средношколска академија за бизнис и администрација

Член од
27 јули 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
Би сакала да чујам мислење за ова приватно средно училиште.А најмногу би ми помогнало ако има некој кој учел/учи тука и ми раскаже како е.Доделуваат стипендии и јас како сосема одлична ученичка би сакала да знам како е во САБА.Некни имавме кратко предавање на школо и некако ми привлече внимание училиштето,доколку навистина е така како што зборуваа.Една од ученичките која беше со нив,стипендистка,се спремала за одење во Америка.Најмногу ми се допадна тоа што имале пракси по банки,фирми и сл.....Накратко,сакам да знам дали вреди да се запиши овде некој кој сака да стекне знаење и да се труди,или училиштето е само за да си платиш и добиеш оценка?

Инаку од Битола сум,за таму мислам да се запишувам,ако нормално чујам добри искуства.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.256
Средношколска АКАДЕМИЈА? :eek: WTF?


Што е тоа АКАДЕМИЈА?
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
Името им било такво :P Инаку и јас првпат слушам за средношколска академија :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Најмногу ми се допадна тоа што имале пракси по банки,фирми и сл.....
Нека не те лажат со ова, неспособни сме како луѓе со 15-16 години да работиме, да не ти кажувам колку е тешко и за студенти да изработат вистинска практична работа, не па за средношколец. Можда ќе научиш да правиш подобро кафе, и да копираш и скенираш, и локацијата на архивата на банката ќе ја научиш сигурно, друго нема...
Ме интересира колку пари е? При солидни средни училишта, каде што ако се сака навистина може да се научи, да даваш илјадници евра е малце глупо.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.256
Академија е секоја специјализирана образовна институција.
Академија е високо образовна институција, која покрај учење се занимава и со истражување!
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Неодамна во воз правев муабет со професорка во саба во скопје, безвеза е бе, богати детишта се фрцкаат со скапи коли и ништо друго не ги интересира
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
Види, саба ти е обично кич приватно средно училиште каде се запишуваат деца што немаат доволен интелектуален капацитет за регуларно да го поминат државното средно образование :D ова ти го кажувам бидејќи кога бев средно, неколку тутурутки од генерација што редовно беа на полагање се запишаа во саба и поминаа со одличен успех :facepalm: може некој од нив и ученик на генерација стана...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Јас ќе кажам дека само супер си е тоа за разлика од другиве средношколи;).
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Еј те молам не оди таму и пари да ти даваат јас учев средно битола и патував а во исти автобус идеа и тие од саба .Ти се пулат во фаца ко некој ненормални цел пат не го тргаат погледот од тебе.Страшни се .И да си учиш државно средно оти ако учиш во саба нема да ги доживееш тие средношколски денови.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
:oops: Мислев дека можда е поинаку од другиве тупаџиски приватни школи,ама изгледа исто е сегде :icon_lol: Инаку не ни знам колку е школарината,мислев за со стипендија да се обидам ако вреди,пари за фрлање немам кога и онака имам капацитет да завршам со сите петки и во државна гимназија.То је......горната ќе одам сепак :свиркам:
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Учев една година во Саба(во Скопје, ти веројатно си од битола?) , и цел живот ке се каам. Пропадната година , не идевме на часови , и коа идевме дремевме и јадевме гомна и пак поминавме одлични.
Немаат ни свое училиште , настава се држи во изнајмени простории , нема сала за физичко , компјутери има само во една училница , наставничкиот кадар за никаде ...
Ако веќе сакаш приватно , единствено Нова , другово се ти е превара :)
 

zki

Член од
30 март 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Имам, другари кои учат во САБА, знам дека се учи во мали групи, професорот може да ти посвети онолку внимание колку што ќе ти биде потребно да ја разбереш лекцијата. Знам дека деца од таму се запишале на сите факултети во МК а некои продолжиле и во америка и на факултети во европа, значи ако сакаш да учиш ќе научиш многу.

А инаку во другиве државни школи, треба да го молиш професорот да ти објасни нешто ако не ти е јасно или да го молиш да одговараш за повисока оценка, и прашање е дали ќе ти дозволи (а може и да ти се изнавика за тоа дека си требал да учиш на време, .....).

И, САБА е стручно училиште, значи учиш одредена струка, знам дека одат по разни институции, банки, компании, за практично да ја видат нивната работа, и мислам дека вреди.
--- надополнето: 30 март 2012 во 18:39 ---
И уште нешто најдов за САБА, еве што напишал весникот нова македонија:

"Покрај ова, обезбедена е уште една стипендија за еден ученик од Средношколската академија за бизнис-администрација (САБА). "

Цел линк од веста е : http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122310922201&id=19&prilog=0&setIzdanie=22165

Гледам дека има соработка со академијата Brook House College од Лондон, а да ти даде некој стипендија за Лондон, е богами голема и ценета работа.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Изглеа им тргна работава малце по малце, се подобрија за разлика од лани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom