Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Гледав баш на Инстаграм во студиото Дадар, I mean, имаше пресадување на коса. Ефикасно е?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Гледав баш на Инстаграм во студиото Дадар, I mean, имаше пресадување на коса. Ефикасно е?
Не сум запознаен со тоа што ново имаат во Мое студио Дадар, но 99% верувам дека они не прават трансплантација на коса, од проста причина што се фризери и шминкери, а не трихолози и хирурзи:D Но знам дека од пред некоја пола година имаат воведено Микропигментација. Тоа вметнување на краткотраен пигмент со микро игла во скалпот со цел на келавата глава да и се даде изглед на избричена глава. А кои се предностите, мааните и дали вреди тоа да се прави кај нас, имам напишано во еден пост во една друга тема.


Мој совет ти е да си откажеш што побрзо, затоа што еден ден ќе се каеш за стореното. Еве и поопширно ќе ти објаснам во неколку точки, затоа што и јас еден период мислев да го направам тоа за да ја прекријам келавоста.

1. Обичната тетоважа премногу се разликува од микропигментацијата, па одтаму и се разликува и начинот на правење на трајната тетоважа од начинот на правење на микропигментацијата, како и обученоста на мајсторот за тетовирање и обученоста на оној кој ја работи микропигментацијата.

2. Ни најмалата игла од машинката за тетовирање не одговара на иглата од машинката за микропигментација. Меѓу другото, длабочината на навлегување на иглата за обична тетоважа и длабочината на навлегување на иглата за микропигментација е различна.

Машинката за тетовирање личи вака.......


А машинката за микропигментација личи вака.........


3. Пигментот за трајна/обична тетоважа и пигментот за микропигментација не е ист вид на пигмент, како по трајност, така и по функција. Пигментот за трајна тетоважа трае цел живот, а пигментот за микропигментација ќе се изгуби во рок од некои 3 години (може и помалку, може и повеќе, се зависи од изложеноста на сонце и од активноста на лимфниот систем врз пигментот). Тоа што ти рекол мајсторот за тетоважа дека со тек на времето ќе избели е точно, но избели и исчезне не е исто. Се надевам дека не сакаш после одреден број години да имаш избелени зелени точки во главата, туку нешто што визуелно ќе наликува на тоа дека имаш коса. Кога пигментот од микропигментацијата ќе исчезне ти ќе можеш повторно да направиш микропигментација, но и тешко дека сите избелени точки од тетоважата ќе ги повториш идентично и истото ќе изгледа природно. А ако се решиш на ласерско отстранување на трајните точки/тетоважа, најпрво ќе минеш низ еден болен и подолг процес кој не ти гарантира дека целосно нема да се познава избришаната трајна тетоважа.

4. Потоа гледано и од медицинска страна, за која најверојатно голем број од љубителите на тетоважа ќе ја промрчат. Трајниот пигмент поретко, но сепак знае и да направи проблем при правење на магнетна резонанца, за разлика од пигментот за микропигментација кој најчесто e на растителна база и најважното од се е антиалергисики.

5. Дебелината на обичната игла за тетовирање, нејзината длабочина на навлегување во кожата, како и бојата и квалитетот на пигментот се поразлични од оние за микропигментација. Оние кои се наменети за тетовирање служат за создавање уметност, да не речам цртање, за разлика од оние на микропигментацијата кои се наменети во естетски, па и во медицински цели. Сега можеби некои мајстори за тетоважа ќе речат дека и они знаат да ја работат микропигментацијата, но верувај дека не е тоа тоа. Се надевам дека со овој потег сакаш да ја подобриш естетиката, а не да ја нарушиш.

Веројатно сакаш да добиеш со микропигментација ваков ефект........


..., а не ваков.....................



Тоа ти е истиот пример за кој ти рече дека тетовираните веѓи ти изгледаат одвратно. Има разлика помеѓу тетовирани веѓи кои изгледаат вака.......



........ и веѓи изработени со микропигментација, кои изгледаат вака..........


6. Исто така сите луѓе немаат ист праг на болка. Некои од мајсторите за тетоважа користат анестетици во вид на креми, но некои и не користат. За разлика од обичното тетовирање при микропигментацијата се користат и ефикасни анестетици во вид на креми, но може да се користи и блага локална анестезија.

7. Точка за кој мислам дека е и најбитна. Микропигментацијата е нешто кое се прави исклучително кај професионалци. Веѓите ги работат многу козметички студија, но само од неколку козметички студија можеш да видиш веѓи за кои неможеш да препознаеш дали е нешто правено на нив или не. А конкретно за микропигментацијата кај нас тоа е нешто невидено и несигурно. Мое студио Дадар почнале да го работат, но јас лично незнам колку е добро да направиш микропигментација на скалпот кај фризер. Колку и професионално они да работат сепак е тоа нешто ново, па донекаде и неиспробано и невлезено во секојдневна пракса, за разлика од некои земји во соседството. А и цената е доста голема кај него. Мој совет ти е да се распрашаш и консултираш со Micro Hair Clinic од Србија. Јас веќе еднаш дојдов во контакт со нив и добив повратен одговор дека цената за микропигментација за тип на келавост како мојата изнесува околу 600 - 700 евра.



Се надевам дека колку толку ти помогнав и дека ќе го направиш вистинскиот избор и ќе не известиш што си направил:)
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Некој пресадувал коса? Да сподели искуство..
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Ја не,али сериозно размислувам за тоа. Сега има и друга техника,погледнете го видеово ве молам,и кажете мислење.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Трагично е све ова го имам применето , крвната слика е супер,тероидната ја испитав кај Костурски све е у реду , јаткасти јадења јадам секој ден ... Пиев и таблети од пивски квасец , го имам и коктелот од шампон од лук и ампули , алпецинот . ..... Ке си бидам келава. :(
Кога ти е правена последна крвна листа, и дали ги провери сите хоромони на тироида?

Како и да е порачај ги продуктите ќе ти помогнат. Шампоните не се решение, од внатре треба да се третира.

Ако ја имаш крвната слика, дај ги резултатите преку пп - сликај.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.931
Ја не,али сериозно размислувам за тоа. Сега има и друга техника,погледнете го видеово ве молам,и кажете мислење.
Опасна техника :pos:перика му залепи на глава :D и го ишиша :jeeee:
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Опасна техника :pos:перика му залепи на глава :D и го ишиша :jeeee:
па со оглед на цената на пресадувањето,и веројатноста да ти се фати посаденото,на кратки патеки ова е решението.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
па со оглед на цената на пресадувањето,и веројатноста да ти се фати посаденото,на кратки патеки ова е решението.
Решението е шишање кратко и ич не се замарај со тоа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.931
па со оглед на цената на пресадувањето,и веројатноста да ти се фати посаденото,на кратки патеки ова е решението.
Јас не разбирам зошто мора и да се пресадува, еве мене ми опаѓа, а уште немам 25год и доколку ми попадне цела ќе ја бричам цела глава и не се замарам воопшто, доколку успеам да спречам со нешто во моментов супер :)
Келави милионери и познати личности имаш еден куп и не се замараат да пресадуваат, ние обичните смртници ќе се заебаваме.
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Кога ти е правена последна крвна листа, и дали ги провери сите хоромони на тироида?

Како и да е порачај ги продуктите ќе ти помогнат. Шампоните не се решение, од внатре треба да се третира.

Ако ја имаш крвната слика, дај ги резултатите преку пп - сликај.
Во декември месец ги правев тие испитувања , и хормони и све , а пред тоа мојот матичен лекар мислеше дека имам проблем со тероидната, бидејки нон стоп ми пага косата но сепак све е во ред :( инаку резз не можам да ги најдам :/[DOUBLEPOST=1492461431][/DOUBLEPOST]
Јас не разбирам зошто мора и да се пресадува, еве мене ми опаѓа, а уште немам 25год и доколку ми попадне цела ќе ја бричам цела глава и не се замарам воопшто, доколку успеам да спречам со нешто во моментов супер :)
Келави милионери и познати личности имаш еден куп и не се замараат да пресадуваат, ние обичните смртници ќе се заебаваме.
Да бев машко ова ке го применев , ама ја немам таа срека па ке бидам сега со три влакна...
Лепотани ако имате проблем со косата едноставно избричете се , и така ке бидете и посекси и плус девојките повекее сакаат избричени глави :vozbud:
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Решението е шишање кратко и ич не се замарај со тоа.
Јас не разбирам зошто мора и да се пресадува, еве мене ми опаѓа, а уште немам 25год и доколку ми попадне цела ќе ја бричам цела глава и не се замарам воопшто, доколку успеам да спречам со нешто во моментов супер :)
Келави милионери и познати личности имаш еден куп и не се замараат да пресадуваат, ние обичните смртници ќе се заебаваме.
Имам 30 и 10 години се шишав нула,а во последните 2 се бричам по два пати неделно,комплексот е голем!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Во декември месец ги правев тие испитувања , и хормони и све , а пред тоа мојот матичен лекар мислеше дека имам проблем со тероидната, бидејки нон стоп ми пага косата но сепак све е во ред :( инаку резз не можам да ги најдам :/[DOUBLEPOST=1492461431][/DOUBLEPOST]
Да бев машко ова ке го применев , ама ја немам таа срека па ке бидам сега со три влакна...
Лепотани ако имате проблем со косата едноставно избричете се , и така ке бидете и посекси и плус девојките повекее сакаат избричени глави :vozbud:
Железото да не ти беше на граница?

Порачај ги продуктите, ако они не ти го средат проблемот они (се сомневам) останува уште само фолна.
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Железото да не ти беше на граница?

Порачај ги продуктите, ако они не ти го средат проблемот они (се сомневам) останува уште само фолна.
Све на нормала , сементацијата беше покачена но сепак во нормала ... Може за фолна да ми објасниш што е?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom