Руски јазик и руска книжевност

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Дали ви се допаѓа рускиот јазик и руската книжевност?
Кое руско дело ви остаило најголем впечаток?
Има ли некој од форумџииве којшто го знае рускиот јазик?
Кој руски писател ви е омилен?
Што знаете да кажете на руски?
Еве една тема за еден од најшмекерските јазици во светот :)
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
3
Не харесвам рускиот jазик,не сум го учила и не сакам да го уча. Много лигав звучи,много меко говораат.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Denica а и вие имате бајаги преземено од рускиот :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Не зборувам руски, но панимаем се. :)
Рускиот ми е некоја мешавина од полскиот и нашиот, а ги разбирам и зборувам двата така што не ми е тешко да ги разберам русиве:)
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
3
Па имаме руски думи,никоj не отрича,исто како и вие имате српски зборови,но наjмногу се англицизмите в денешно време,те треба да ни плашат.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Најубавиот јазик го учев во средно ама за жал ни замина в пензија професорот и одевме кај една русинка да полагаме класен испит многу фина беше професорка на факултетот за туризам ,јас се имам заборавено освен некои зборови здравје ке му седнам некој ден ...
Достоевски ми е омилен писател многу интересна книга ми беше Неточка незванова.. ке морам да запишам уште еден факултет..
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Супер jазик, го учев во основно 4 години. Од писатели би ги одвоил Пушкин и Достоевски, омилено дело ми е „Евгениj Онегин“ и за краj што да кажам на руски...
Здраствуите, что вăи делаете? Что нового у вас? Поздравлениа! :) (Здраво, што правите? Што има ново каj вас? Поздрав!)
 

Sebastian

Too weird to live, too rare to die
Член од
26 јануари 2007
Мислења
606
Поени од реакции
9
Покрај Достоевски, Гогољ, Есенин, Пушкин, Чехов, Лермонтов, Булгаков, Солженицин, Горки, Замјатин, Пастернак, Мајаковски... мора да се споменат и Данил Хармс, Григориј Горин, Ана Ахматова, Марина Цветаева, Гончаров и уште неколку кои не се толку познати кај нас, а се многу добри писатели, односно поети.

Рускиот ми е омилен јазик, веднаш зад македонскиот.

Пока :helou:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Не го знам јазикот, но Достоевски ми е омилен писател.
Начинот на кој пишувал, начинот на кој ја пренесува метафората до читателот, сето тоа е прекрасно, воодушевувачко.

Неговите дела не само што се двосмислени, туку се и тросмислени. Ова најмногу важи за Бедни Луѓе.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Не харесвам рускиот jазик,не сум го учила и не сакам да го уча. Много лигав звучи,много меко говораат.
Мене поубаво ми звучи од Бугарскиот јазик, дупло.
Малце брзо ми зборат некако :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Песнја македонца

Не знају ја, как делајут ракеты
И экономика мне к чёрту не нужна
Зато ја говорју по-македонски
И Македонија – роднаја мне страна!

Не знају ја англијскиј разговорныј
Не нужно мне буржујского говна!
На македонском говорју ја гордо
Ведь Македонија – роднаја мне страна!

Мне западној политики не надо
В славјанских взглјадах твёрдо ја стоју
И заштиштать готов от западного смрада
Роднују Македонију моју.

Помадој, тенјами и тушьју румјанјами
Хоть разукрась лицо, не будешь всё равно
Красивој македонкој без из'јана
Которых в Македонии полно!

И от всего буржујского разврата
За Македонију ја постоју сполна
Мне западных бабёнок здесь не надо
Мне македонка милаја нужна.

А если даже по ночам вам снитсја
Смазливаја красотка из кино
С простоју девушкој она и не сравнитсја,
Которых в Македонии полно!

Не нужен мне китајскиј и јапонскиј
Америка с Канадој не нужна
С лјудьми ја говорју по-македонски
Ведь Македонија – роднаја мне страна!

А если что со мној случитсја
И если попаду ја вдруг в беду
Друзьја, домој менја возьмите
ја в Македонии покој себе најду.

Мне дороги леса, полја и реки
Земли моеј единственној родној
ја с Македониеј соединён навеки
А Македонија, она всегда со мној!
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Учев руски 8 години (4 во основно и 4 средно). Можам да кажам дека оваа држава нема испечатено нови учебници за учениците на руската паралелка од времето на Југославија. Додека моите соученици во средно учеа од учебници од 2008, јас по руски јазик учев од учебник од 1988, каде што се спомнуваа: СССР, Ленинград, итн.
Јас бев претпоследна генерација која учеше руски јазик како прв јазик (во Прилеп). Поради недостиг на литература и учебници, англискиот и францускиот го истиснаа рускиот јазик.
Кога појдов на час по англиски на факултет, зборував со руски акцент. Ја збунив професорката.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Учев руски 8 години (4 во основно и 4 средно). Можам да кажам дека оваа држава нема испечатено нови учебници за учениците на руската паралелка од времето на Југославија. Додека моите соученици во средно учеа од учебници од 2008, јас по руски јазик учев од учебник од 1988, каде што се спомнуваа: СССР, Ленинград, итн.
Јас бев претпоследна генерација која учеше руски јазик како прв јазик (во Прилеп). Поради недостиг на литература и учебници, англискиот и францускиот го истиснаа рускиот јазик.
Кога појдов на час по англиски на факултет, зборував со руски акцент. Ја збунив професорката.
Кога учеше руски(мислам која година) и во кое училиште?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom