Руските екстремни десничари го нарекуваат Андерс Брејвик 'херој'

  • Креатор на темата Werther
  • Време на започнување
M

Muranyi

Гостин
Баш заради тоа што се борат против тоа што тој претставува требаше да се борат за максимална затворска казна, а не за мизерни 21 години...
Мислам дека тоа и е максималната затворска казна во Норвешка,но постои опција да го задржат во затвор доколку сеуште претставува закана.Се прашувам како ќе оценат дали ќе претставува закана или не после 21 година?
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Мислам дека тоа и е максималната затворска казна во Норвешка,но постои опција да го задржат во затвор доколку сеуште претставува закана.Се прашувам како ќе оценат дали ќе претставува закана или не после 21 година?
па ако се земи во предвид изјавата што ја даде на суд дека ко ќе излези од затвор повторно би го направил истото (пак ќе изврши масакар) би требало да го задржат...
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Брејвик е креација на западно-европското цинично општество,и нема да ме чуди ако има маса на следбеници кои ке ги повторуваат неговите дела...ваквите форсирани системи на мултиетнички демократии не успеваат во земји каде што имаат во својата историја некогаш формирано држава врз основа на расен и национален принцип,а тука спаѓа скоро цела Европа ,вклучително и Македонија...креацијата САД,Канада,Бразил и сл. се држави кои во својата историја никогаш немале држава формирано на национален принцип,туку од старт имаат федерален,а така и морале оти немале на "природен" начин формирано народ и нација(со спојување на неколку племиња),туку со вештачки начин(со финансирање од други колонијални сили,заради економски причини и сл...Брејвици ке има се додека системот си го гуши домородното население на сметка туѓото население,под изговор за права и еднаквост,а позади тоа сето се крие евтина работна сила и можни нови гласови на политичарите...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ама системот очигледно дека не е во ред. Како може да му се даде 21 година на човек кој убил 77 луѓе? Излага дека за секој човек ќе лежи по неколку месеци само... Наместо да му се даде максимална казна, за да му се објасни на општеството дека вакви испади и вакви суштества нема да се толерираат, му даваат никаква казна, дури и му ја оставаат опцијата да може да излезе за 10 години. Мислам WTF?
После ќе се појави друга будала (условно речено будала, според мене тој е сосема свесен за тоа што го направил и е сосема пресметлив) која не дај Боже истото ќе го направи и него шо, 15 години ќе му дадат?
Баш заради тоа што се борат против тоа што тој претставува требаше да се борат за максимална затворска казна, а не за мизерни 21 години...
Воопшто не беше тема висината на казната. Висината на казна нема никогаш да спречи некого да изврши некое дело, ако е воден од идеја. Брејвик ќе го направеше истото што го направи, дури и ако знаеше дека ќе биде осуден на смрт. Целото судење беше околу тоа дали тој ќе биде прогласен за пресметлив или непресметлив. На обинителството му беше поважно тој да биде непресметлив, дури ако тоа значи да биде осуден на многу поблага казна. Неговата непресметливост ќе значеше дека во Норвешка цветаат ружи, дека соживот со дивјаци е можен, и дека Брејвик е изолиран случај на лудак.

Ова е многу поголем удар за системот, бидејќи значи дека идеите на Брејви не се лудачки, и дека постојат луѓе кои наоѓаат дека вреди да се промисли за нив. Брејвик извојува огромна победа на судењето, и мене најискрено ми е драго заради тоа.
 
S

Sagan

Гостин
Зошто пародија?

Брејвик Е пресметлив. Тој имаше аргументи за она што го направи, иако на многумина не им се допаѓаа неговите аргументи, но тоа е веќе прашање на перцепцијата.

Пародија ќе беше ако го прогласеа непресметлив, што тој лично би го сметал за најголем пораз.
Коментарот беше за висината на казната, не за пресметливоста.
Да убиеш 77 луѓе, скоро ладнокрвно, со опсежни подготовки, со УМИСЛА... и да добиеш 21 година (од кои мора да одлежиш најмалку 10 пред да бараш помилување), е врвна глупост.
Да, 21 година за убиство. Но помножено со сите 77. Кривично-правниот институт Стек на кривични дела е апсурд за вакво злосторство.

http://travonfree.wordpress.com/2011/07/29/why-you-want-to-go-to-prison-in-norway-yes-want-photos/




Ова е многу поголем удар за системот, бидејќи значи дека идеите на Брејви не се лудачки, и дека постојат луѓе кои наоѓаат дека вреди да се промисли за нив. Брејвик извојува огромна победа на судењето, и мене најискрено ми е драго заради тоа.
Па ако не да го пуштат да убива уште бели Норвежани, да помогне уште малку во борбата со дивјаците...
Глупости.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
a ovie zrtvi od muslimanite sto ne gi osudite Ha Brejvik sto ste zapnale za nego tolku , da ve prasam kolku treba da im se presudi na onie vo makedonija koi gi ubia nasite vojnici , policajci a kolku treba da im se presudi na onie sto gi ubija decata od smilkovsko ezero , kolku treba da im se presudi na onie radikalni teroristicki grupi koi ubija nedolzni zrtvi na bliznackite vo Njujork , kolku treba da im se sudi na onie koga ubivaa deca vo teatarot Dubrovka vo Russia i red red drugi napadi slicni kako na ovoj , koi gi pravat sekojdnevno muslimanite i koi se zakana po cela Evropa .............
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Па ако не да го пуштат да убива уште бели Норвежани, да помогне уште малку во борбата со дивјаците...
Глупости.

Никој не кажа дека неговиот метод беше исправен, така? Но ако веќе е сторено тоа што е сторено, тогаш подобро е луѓето да разберат зошто го направи тоа, отколку да го прогласат за луд и се да пикнат под тепих.
 
S

Sagan

Гостин
Никој не кажа дека неговиот метод беше исправен, така? Но ако веќе е сторено тоа што е сторено, тогаш подобро е луѓето да разберат зошто го направи тоа, отколку да го прогласат за луд и се да пикнат под тепих.
Ја не ни сакам да спорам за неговата пресметливост. Ама да убиеш 77 лица затоа што верувале во некое општество каде е можна толеранција меѓу нации, религии и култури, а заради тоа што си против мултикултурализмот, конкретно смртен непријател на мухамеданците, е огромна услуга за овие последните. Контраефектот ја сече од корен неговата замисла за спречување на исламизацијата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ја не ни сакам да спорам за неговата пресметливост. Ама да убиеш 77 лица затоа што верувале во некое општество каде е можна толеранција меѓу нации, религии и култури, а заради тоа што си против мултикултурализмот, конкретно смртен непријател на мухамеданците, е огромна услуга за овие последните. Контраефектот ја сече од корен неговата замисла за спречување на исламизацијата.
Не сум сигурен дека ова е логично. Мултикултурализмот со својата попустливост и базична погрешност ни ги донесе џихадистите во Европа.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хммм... кога сме кај Норвешка...
Не беа норвежани оние будалите натовски кои возеа по автопатот Скопје - Велес во обратна насока, предизвикаа сообраќајка во која загина министер ли беше, заменик министер ли беше, па ги осудија на три (или шест) месеци општокорисна работа?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Отиде бомба постави бомба па се качи на брод и ги тепаше ко зајци на островот. Случајно истиот ден норвешките полициски специјалци имаа вежба со слична содржина и го згрешија островот.
И има луѓе овде што веруваат во тоа?
Прво и основно мора да има тимска логистичка поддршка за да се исведе тоа, него феноменот на сам лудак познат ви е? Го имаше сега на Бетменовата премиера, потоа кај храмот на Сиките претходно пред некоја година на конвенција на Демократската партија. Па од атентатите сам лудак: Џ.Ф. Кенеди, Мартин Лутер Кинг, Џон Ленон, Боби Кенеди итн.
Феноменот на сам лудак најлесно се продава во јавност и тоа им е проверено низ годините, иако човек само малку да биде критичен кон официјалната верзија сам ќе увиди дека не е така како што се представува.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Брејвик ја оствари својата цел. Доби максимум казна по Норвешкото законодавство 21- на година која може да се продолжи доколку се покаже дека е опасен за општеството. Тој одеше смислено кон тоа да биде прогласен за пресметлив, се со цел неговите постапки да се окфаливикуваат како некое најдобро "решение" кон неистомислениците. Искрено правниов систем на Норвешка ми е малку конфузен.
Проблемот кој се појавува е следниов.
Многу млади екстремни десничари веќе за жал градат култ кон личноста и делото на Брејвик. Додека тој ја отслужува казната од 21-на год, можно е да се појави некој друг Брејвик кој проблемот со мултикултурализмот ќе го преземе во сопствени раце и ќе проба да го "реши" на ваков брутален начин како него, независно дали е тоа Норвешка или некоја друга држава. Факт е дека ниту една казна никогаш нема да ги одмазди животите на оние кои настрадаа каква и таа да била. Но овде е факт дека ваквите постапки никој не гарантира односно нема механизам на заштита дека нема да се повторат во иднина. Екстремната десничарска идеологија е дефинитивно брутална за Европа која зацртала некои поинакви вредности.
 
W

Werther

Гостин
А не ми е јасно како ја спасувал Норвешка од исламизација кога многу од луѓето што ги уби и од повредените беа норвежани или убивал што ќе му дојде на нишан...?
 
O

Orion.

Гостин
Норвешкиот кривичен закон е апсурден. Потребно е да постои доживотна казна за вакви свирепи случаи. Каква цел сака да постигне норвешкиот законодавец со оваа казна за овој случај и за слични на него стварно не ми е јасно.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.113
Поени од реакции
23.579
Норвешкиот кривичен закон е апсурден. Потребно е да постои доживотна казна за вакви свирепи случаи. Каква цел сака да постигне норвешкиот законодавец со оваа казна за овој случај и за слични на него стварно не ми е јасно.
За вакви случаи треба смртна казна по кратка постапка. Па и на друг да му падне на ум идеја или веќе ако се решил ( а ако некој наумил нема шанси да го спречиш)на ваков начин да докажува нешто да знае што го чека, па нека повели нека докажува.
Башка и државата нема да го рани или апсурдот да биди поголем би го ранеле оние на кој им ги отепа децата преку даноци што им зема државата. Муабетот е да си пукниш од мака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom