Рускиот Фактор (Од Берлинскиот Конгрес до Балканските Војни)

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Da se nadovrzam na diskusijata so uhte eden moment: makedonskata drzavnost bila prisutna kako ideja i ne samo vo 19 vek. I mnogu e jasno zosto - sme imale drzava i imperija cii sto institucii podocna gi kopira Rimskata Imperija vo dvete varijanti, a so pocit sprema taa istoriska realnost se odnesuvale recisi site ostanati carstva i kralstva sto ja okupirale Makedonija.

No malku e poznato deka nekoi Makedonci barale vozobnovuvanje na makedosnka drzava ushte vo 17 vek! Taka na primer, Ohridskiot arhiepiskop Atanasij, koga prestojuval vo Avstrija, no i vo Italija i Spanija, baral sozdavanje na "KRALSTVO MAKEDONIJA".

(Nikola Milev: "Ohridskiot arhiepiskop Atanasij i skitanijata mu v cuzbina 1597-1615" citirano vo vo "Izvestija na Istoriceskoto druzestvo v Sofija", 1922, kn. 5).

Znaci, tuka nema nikakvi dilemi deka se raboti za drzavotvoren narod koj ima koreni vo antikata, za razlika od nasite sosedi koi stvaraat drzavi mnogu podocna i cija sto istoriski dijapazon dosega do serdnovekovito.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Откако решил да игра на карта квази-Бугариjа, "големиот славјански брат" потоа никако не го подржувал автономното движење на Македонците, затоа што Македониjа можела да потпадне под привремено влијание на Австро-Унгарија!

Го виде ли претходниот пост од грофот Шувалов? Запрашаj се зошто мислеле така Русите? Дали уште тогаш била договорена поделбата на Македонија, па Русиjа сакала статус-кво ситуација за да може да пригарби уште малку повеќе од договореното?!

A колку Неговото Величество се грижело за судбината на Македонците и колку ке им била дадена таква иста слобода на Македонците како на Бугарите, сега веќе ослободени - се знае нашето искуство од Балканските војни.

Тоа во неколку реченици е "словенската" идеологија коjа jа протежира Русиjа. Мерела, мерела, а потоа исекла на наша голема штета.
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Еве едно интересно признание на руксиот амбасадор во Конснтантинопол, И.А. Зиновjев, во кое тоj пак ги опишува намерите на Бугариjа да jа вовлече Русиjа во грабнувањето на Македониjа (истовремено диференцира мегу Мaкедонци, Срби и Бyгари):

"Ме сметаат за бугарофил -- ми говореше И.А. Зиновjев. -- Но тоа воопшто не е така. Jас се однесувам совршено еднакво спрема сите Словени и -- доколку се луѓето пристоjни и симпатични, мене ми е безразлично: дали е тоа Бугарин, Србин ли е, Македонец ли е? Но jас сум руски претставник и пратен сум овде да ги чувам пред се руските интереси. Со руските интереси неразделно е поврзано вечното покровителство на балканското словенство, природен старател над нив. Но покровителството не значи одење на Русиjа по словенските поглавици, старателството не е слабокарактерно попуштање.

Мегутоа, што се однесува до македоското прашање, Бугарите, како наjразгалени наши деца во сиот словенски свет, сакаат токму да jа поведат Русиjа по себе, таму каде што самите тие тргнале слепо затвараjќи ги очите, бараат старателството да се претвори во попуштање. Деjствиjата на македнските комитети, долго време под покровителство или трпение на бугарската влада, нема директна сметка .......

За достигнување на големата цел, не е важно дали ќе загинат педесет луѓе или пет илjади -- главно е: треба да се предизвика колење, кое посебе ќе предизвика неопходност од европско вмешување, а бидеjќи заштитата на Словените е вековно дело на Русиjа и таа нема да му го препушти македонското прашање на Австриjа -- следствено, voleus noleus, Русиjа ќе треба одново да прати стотици илjади свои воjници на Балканскит Полуостров и на своите баjонети да добие слобода за Македониjа, т.е. да им jа стават земjата в уста на Бугарите. ....."


(А.B. Амфитеатаров, "Белешки за ослободителното движење во Македониjа, вo "Како jа видоа Македониjа. Руски публикации за Македониjа 1828-1913", Македонска книга, Скопjе, 1978 година, стр. 193-194)
 
Член од
2 август 2006
Мислења
22
Поени од реакции
0
Руски историци какви глупости пишат понјакога...

Русија е искала разделјане на Македонија, за да пресече Австро-Унгарија, да подкрепи С'рбија, да прецака Б'лгарија и с'ответно самата Македонија. То е повече от јасно. Едно от малкото нешта на Мисирков прави. :) No offense to you, Misirkov.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Katunec напиша:
No malku e poznato deka nekoi Makedonci barale vozobnovuvanje na makedosnka drzava ushte vo 17 vek! Taka na primer, Ohridskiot arhiepiskop Atanasij, koga prestojuval vo Avstrija, no i vo Italija i Spanija, baral sozdavanje na "KRALSTVO MAKEDONIJA".

(Nikola Milev: "Ohridskiot arhiepiskop Atanasij i skitanijata mu v cuzbina 1597-1615" citirano vo vo "Izvestija na Istoriceskoto druzestvo v Sofija", 1922, kn. 5).

Еве два други документи од 1758 година кои зборуваат за сеопштата борба на балканските народи. Имено, Црногорскиот митрополит Василије Петровиќ, во своето писмо до грофот Михаил Воронцов од 6. март 1758 год., ја опишува ситуацијата во Црна Гора и во соседството и наведува дека на Балканските простори сем Црногорци живеат и "Албанези, Македонjaни, Срби, Бугари, Босанци" кои вели дека се под турско ропство.

Слично писмо и пишува на руската царица Jeлисавета на 23. март 1758 год. во кое бара да му се помогне на црногорскиот народ кој се бори протв турското ропство, но моли и да им се помогнена "христиjaнските народи кои го опкружуваат и живеат под турско ропство...Албанези, Македонjaни, Срби, Бугари, Босанци..."
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Од статијата на Владо Поповски - Судирот меѓу македонскиот и рускиот фактор по прашањето за формирање македонска држава од Берлинскиот конгрес до Балканските војни

...Односот на македонскиот и рускиот фактор кон создавањето на македонската држава од Берлинскиот конгрес (1878 год.) до Балканските војни бил дијаметрално спротивен. Македонскиот фактор, во лицето на сите негови институции и конспирации, од Источната криза па натаму, стремел и се жртвувал за формирање македонска држава, а почетокот на борбата за таква држава се совпаѓа со Разловечкото и Кресненското востание . Од тогаш па натаму државотворноста во македонскиот ослободителен процес е општа појава и општа карактеристика за сите негови етапи и за сите генерации Македонци без исклучок. Таа констатација се однесува како за Источната криза, така и за Илинден и НОБ, па и за денешната генерација и ситуацијата по распаѓањето на бившата СФРЈ. ...
[FONT=&quot]

[/FONT]
. Русија во својата балканска политика најпрво Македонија ја вклопуваше во нејзиниот проект за Голема Грција , потоа до 1870 год. во проектот на Голема Србија - од Дунав до Места - а по 1870 год. во Голема (Санстефанска) Бугарија за на крајот разочарана од неблагодарноста на сите тие народи и државички и соочена со противењето од другите европски сили да завземе радикално подруг курс - курс кон делење на Македонија на балканските државички под сенката и егидата на руската политика и моќ. До Илинденскиот период и до појавата на Македонската револуционерна организација Русија превзема неколку драматични и крути чекори со кои оневозможи било какви изгледи за успех на македонскиот фактор за негово обособување.
Соодветно на својата политика за делба на Македонија меѓу балканските држави преку нивен сојуз и со согласност на европските сили, а под руска контрола Русија 1896 год. ги обнови дипломатските односи со Бугарија и почна да ја подготвува за преговори и согласност со другите балкански држави.
Русија будно ја следеше динамиката на состојбата во Македонија и промените во силата и влијанието во македонскиот фактор (пред се на Револуционерната организација). По првото покрупно соочување со нејзините акции и со нејзиниот растеж во 1896 год. Русија одново се судри со Револуцинерната организација во 1902 и 1903 год. Во тој втор судар со македонскиот фактор Русија не само што не направи никаков компромис со македонското движење и македонските интереси туку спротивно ја допрецизира својата (а преку неа и европската) пресметка со речиси сите линии на можен развој на Македонското прашање како посебно балканско прашање.
Имено: осведочена и затечена од решеноста и од способноста на Организацијата да превземе востанички акции и изнервирана од упорствувањето на македонскиот фактор да оди по својот пат, Русија без било каков такт грубо и директно се закани на Револуционерната организација дека ќе биде ликвидирана и внатре во Македонија и надвор во Бугарија. Јуриј Бехметев рускиот дипломатски претставник во Софија по Џумајското востание 1902 год. истата година во декември месец побара од Сарафов повлекување и повинување на македонските комитети пред руската политика .
Русија при дележот на Македонија имала интерес, пресвртот на состојбата на Балканот да не се случи според произволот на малите балкански државички и не поинаку, освен според нејзин претходен план. Второ, оспособување на посебна македонска држава не било можно без неизвесно долго воено присуство на европските сили во неа заради одбрана и зајакнување на таа држава. И при такви околности тешко било да се претпостави дека е можна отпорна и силна македонска држава. Трето, предоминантен бил интересот на Русија пријателски да се поврзе со трите балкански држави, кои многу пошироко (регионално) го аплицирале нејзиното влијание, а би го отстранувале влијанието на Австрија и на Италија, со што таа го обебедувала својот поширок, регионален интерес особено поврзан со потребата од нејзина контрола на морските теснини, за што и биле неопходни пријателството и лојалноста од страна на Србија, Грција и Бугарија.
Русија со поделбата на Македонија на трите балкански држави, сметала дека конечно ќе се отстрани секоја можност за освојување на Балканот од страна на Австрија и на Италија. На тој начин со поделбата на европската Турција, освен појасот кај теснините, би се задоволиле трите балкански држави со што би се обезбедил мир и стабилен поредок на Балканот за достатно долго време. Доколку Русија успеала да го контролира тој дележ (што била нејзина главна грижа) тогаш таа сметала на таква рамнотежа на силите на балканските држави, која би ги парализирала нивните взаемни компетиции и капацитети, на кој начин тие не би можеле да ги загрозат натамошните планови на Русија за контрола над теснините. Затоа таа сметала: дека прашањето за теснините може да го покрене и да го наметне дури по контролираниот дележ на Македонија и на другите делови на Балканот меѓу Србија, Бугарија и Грција .
[FONT=&quot][/FONT]
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Реков јас и на друга тема, каде што се послужив исто со некои белешки од овде, Русите се можеби и најодговорни за тоа што се случило и за поделбата на Македонија, бидејќи не прифаќала ништо освен поделба на Македонија.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Русија отсекогаш сакала да и помогне на Македонија. Ама после неблагодарните Србија, Грција и Бугарија, кои биле ослободени со руски пари и војска, а потоа смениле страна и отрчале кај Франција, Британија и Германија, Русите сериозно размислиле, што ќе ја ослободуваме и Македонија, која најверојатно ќе постапи како своите соседи??? По ваква логика поубаво им доаѓало да ја ветуваат Македонија на некој од соседите, отколку да берат гајле дали и оваа ќе ги изневери!
 
Член од
22 мај 2006
Мислења
400
Поени од реакции
4
Царска Русија цело време сметала дека Македонскиот фактор во самата Македонија е премногу слаб (ШТО Е ПОЛНА ВИСТИНА!) и доколку него би го подржувала, а тој е спротиставен на сосдните би ги изгубила на Балканот Србија, Бугарија и Грција како свои сојузници, кои би станале австроунгарски, германски или англиски пулени и тогаш би го изгубаила секое влијание на Балканот, бидејќи македонскиот фактор не може никогаш да победи против овие три кои се спротиставени против него.
После октомвриската револуција се случува пресврт во руската политика, со тоа што комунистичката влада и комунистичките дејци во Советскиот Сојуз го издигаат правото и на малите народи за свои човекови права, па така тоа станува руска девиза во политиката, која што дури и ја практикуваат во сопствената држава, со делење на републики, автономии итн. на сите не руски народи кои живеат во Русија.

Комунистичкиот деец Лав Троцки во неговите дела в врска со македонското прашање во 30-тите години на 20 тиот век ќе констатира:

"... Истите принципи/империјалистичките, кои не се национално окарактеризирани, беа водени во целата бугарска политика спрема Македонија. Владата во Софија ги подржуваше Македонците само онолку, колку би можела со тоа да ги приврзе кон Софија, а во обратен случај ги предаваше и уништуваше брутално оние интереси, кои Македонија ја оддалечуваа од Бугарија. Балканскиот политичар и писател Др. Ц. Раковски, со кого се сретнував во Букурешт цели две години, ми пренесе помеѓу многу други информации следниов многу типичен факт: 1903 - 1904 побарала бугарската црква (Егзархија) од бугарската влада во Софија во Македонија да основа Земјоделска банка за финансирање на селаните таму. Тоа беше после Илинденското востание таму, кога во Македонија владееше хаос и турските големопоседници беа спремни, на селаните да им ја предадат назад земјата за ниски цени. Бугарската влада го одби остро тој проект и како објаснување наведе, дека кога македонските селани ќе достигнат одредена граница на подобар животен стандард, ќе бидат изгубени за бугарскат пропаганда. Истиот став го имаше и Македонската Револуционерна Организација, која особено после гушењето на Илинденското востание, дефинитивно од една македонска национална селска организација се претвори во алат на империалистичките цели на владата во Софија. Оваа необична борба, во која злочините и херојските дела едни покрај други постоеа, заврши со што? Со еден издајнички договор за поделба на Македонија. ..."


На 28 октомври 1902 година 19 македонски интелектуалци, од кои сите со чисти македонски идеали, за разлика од многу други кои биле во Македонија, на чело со Крсте Петков Мисирков и Димитар Димов - Чуповски и по иницијатива на штотуку дојдените од Македонскиот клуб во Белград издавачи на "Балкански гласник" Дијамандија Трпков - Мишајков и Стефан Јакимов - Дедов, во руската престолнина Санкт Петербург го потпишаа основачкиот акт на Македонското научно-литературно другарство - молбата до Советот на С. Петербуршкото словенско благотворно друштво. По тој повод, одбележана е првата роденденска стогодишнина од поставувањето на темелот не само на Другарството, туку и на предисторијата на сегашната Македонска академија на науките и уметностите, основана со закон на 23 февруари 1967 година.
 
Член од
22 мај 2006
Мислења
400
Поени од реакции
4
Глобално руската политика на Балканот водела и води една политика, а тоа е да ги спречи западните држави, да го претворат Балканот во зона контролирана од западот, а балканските држави во колонијални држави кои се потчинети на сите наредби на западните земји. Русија е свесна дека крајна дестинација во глобалната политика на западните држави од секогаш во историјата до денешен ден, Наполеон, Хитлер, УСА итн. била и ќе остане освојување на азискиот дел од Русија поточно Сибирот како и каспискиот дел, бидејќи Русија е земја со најголеми, може да се каже бекрајни ресурси на енергија, нафта, гас и сите можни минерали и руда, а со тоа и подлога секогаш да биде или пак да стане единствена светска сила на долг рок. Балканот како геополитички простор е од огромно значење, бидејќи е пред се крајно хетероген (разновиден во однос на народите кои живеат таму), а и се наоѓа на патот кон блискиот исток (Ирак, Иран, Турција) кој граничи директно со Русија.

Сите западни држави во нивната политика да го освојат Балканот за реализација на своите крајни цели на прво место ги подржувале и подржуваат Албанците, па така тие ја создаваат албанската држава, како чисто национална држава во која словенските малцинства (македонското и српското) треба да бидат асимилирани и бараат дури и при самото формирање на таа држава да биде што поголема и да опфаќа делови од денешна Р. Македонија и Косово. Тие пак сметале и сметаат дека Албанија како несловенска држава т.е. Албанците како несловенски народ никогаш не може да бидат под руско влијание, па затоа треба да се искористат во борба против словенското население на Балканот, кое е на повеќе начини поврзано со рускиот народ.
Ова е карта, од каде што се гледаат барањата на Лондонскиот конгрес 1912 година, кога Авструнгарија, Италија и Англија издејствуваат да се формира Албанија како држава. Таму се гледаат барањата на Албанците, барањата на Австроунгарија и Италија и барањата на „балканските сојузници“ ( се работи за тогашниот троен балкански сојуз против Турција помеѓу Грција, Србија и Бугарија).



Од истите причини западните држави ја подржуваат Грција во нејзиното етничко чистење на македонското (за нив просто словенското) население во Егејска Македонија во текот на Втората Балканска Војна како и за време на граѓанската војна во 1948 година.

Од истите причини западните држави ги подржаа Албанците 1998 на Косово и 2001 година во Македонија, па се до денешен ден.

Од истите причини ги подржуваат и турското малцинство во Бугарија, како и унгарското малцинство во Србија.
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
КРАТКО И ЈАСНО....

РУСИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА СОЈУЗНИК ИЛИ ПОКРОВИТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Неразбирам какво искате да кажете,че Русија е имала план за с'здаване на македонско кнјажество ли?Това е смешно!След освобождението на Б'лгарија се с'здава Санстефанска Б'лгарија,којато обхвашта регионите населени предимно с б'лгари.Но под натиска на Англија ,Франција,Австро-Унгарија и Турција разбира се свиква Берлинскија конгрес и се решава Б'лгарија дја б'де разделена на малки парченца.А зашто?Ами просто никој неиска силна и моштна д'ржава којато да се нарежда до великите сили в Европа.В Берлин Русија неможе да се с'противлјава заштото е изтоштена от војната с Турија и това е истината.Просто Б'лгарија става пот'рпевша на ненавист,страх и лобиране(от страна на С'рбија),на в'преки разделјането две големи части от Б'лгарија се с'единјават.П'рво е било поискано от Русија с'гласие за това дејствие.След като се обевјава с'единението С'рбија обевјава војна на Б'лгарија и в този момент Русија изтеглја своите генерали от Б'лгарија и б'лгарската армија нјама главнокомандвашти,но в'преки това победата е факт и Австро-Унгарија накара Б'лгарија дја спре.п'тја на б'лгарските војски беше чист до Белград.
Така,че Русија винаги е подкрепјала на балканите само една д'ржава и това е Б'лгарија.
Пот'рси информација за Цариградската конференција - 1876 - 1877 г.
 
A

anaveno

Гостин
Пан-славските идеи,ја претставувале и ја претставуваат Русија,како божемен поголем "словенски" брат.

Русија си имала задача, да го оствари таканаречениот тестамент на Петар Велики...или во модерна терминологија, слично на Меморандумот на САНУ, или оној на лажните илири.
______________________________________________________________________________________________________________


Всушност, "зелено светло" за склучување на Балканскиот сојуз и за напад на Турција, поточно на турска Македонија, балканските држави добиле најнапред со тајната спогодба на Русија со Србија и со Бугарија во 1911 година. Co оваа Спогодба Санкт Петербург се обврзал:

" На тоа да води сметка воените операции на Балканскиот сојуз против Турција да не бидат попречени или да не потпаднат под влијание на другите сили..."

Од ова следува дека судбината на Македонија,Тракија и Епир без руската спогодба, според човечкото расудување, ќе била сосема поинаква.

H.L. STEPAN
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Rezime Viktor Meier:

" Tito i Dimitrov 1947 avgust na Bled idejata za Balkanska federacija ke bide dosledno realizirana . Kako sostaven del od ovaa ideja bese i obedineta golema Makedonija "

"Bugarija na Dimitrov, bese ponesena od konceptot za obedineta Makedonija kako del od Balkanskata federacija i dozvoli soodvetni aktivnosti vo Pirinskiot del na Makedonija "

Vo 1946/47 so graganskata vojna, dovede do moznost Grcija da si go vrati anektiraniot del na Makedonija od nejzina strana vo 1913 i da i go pridade na Republika Makedonija (1944 vo ramkite na SFRJ ), se dodeka STALIN poradi dogovori vo % so Churchill ne kaza STOJ.

Mark Mazower:

"Graganskata vojna vo Grcija delumno bese vojna pomegu rezimot vo Atina i slavofonskoto malcinstvo na severot. Ovie se nadevaat deka ke dobijat eden vid avtonomija " ...

"Grckite komunisti (se misli na Makedoncite) bea porazeni duri po edna dolga graganska vojna" str. 199 i 207

Magarditsch Hatschikjan ja dava analizata na 4 godisnata jugoslovensko-bugarska epizoda, kako lazni popisi, izostavanje na Makedoncite i seto toa podrzano od DRUGAROT STALIN ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom