Русија - смена во надворешната политика?

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Да не се секирате, го нашле докторот (y)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
САД ја контролираат светската петровалута и валутата на девизните резерви на повеќето држави во светот. Од таму им се ресурсите. Гледате инфлација окулу вас? Чекајте и хиперинфлација, мора да се финансираат агендите на елитата на САД.
А како ја контролираат, како успеале да ја контролираат и како баш САД ја контролираат, а не е Русија ?
Колку долари во светски рамки се користат за нафта, а колку долари се користат за се друго низ светот ?

Да ја разбираш улогата и намената на доларот немаше да кажеш дека Русија има најмногу ресурси.
Работата не е кој има најмногу рудници, туку кој има најмногу пари. Никој не може да има ресурси (читај пари) колку што има принтачот на светската резервна и петро - валута.
Која е улогата и намената на доларот, а и како баш доларот ја стекнал таа улога ? Зашто после фунтата, доларот станал светска резерва, а не рубљата или јен, или јуан ?
Колку пати досега (во последни 150г) САД имаат укинато доларот, како што тоа го направиле УК, Франција, Германија. Во смисла, номинациите што важеле во 30тите, да не важат во 1970...

Во исто време САД ја прави класичната грешка на империите низ историјата - преоптимистички и преагресивено се шири насекаде и за тоа троши пари примарно создадени со обезвреднување на сопствената валута и тонење во долгови...
Ова за долговите што си го напишал е соодветен со реалноста. Тоа ширењето, напротив е корисно за секој владетел.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Што да му кажеш на некој што во ист пост меша работи како туризам, наводни диктатури и половично или никакво познавање на фактите?
Да се напрви IQ (и писменост) да бидат услови за пишување на поозбилни дискусии, пола пишувачи (и ~90% постови) нема да ги има овде. :)

Да ја разбираш улогата и намената на доларот немаше да кажеш дека Русија има најмногу ресурси.
Работата не е кој има најмногу рудници, туку кој има најмногу пари. Никој не може да има ресурси (читај пари) колку што има принтачот на светската резервна и петро - валута.

Што се тиче наводниот „диктаторски режим“ и демократијата општо - те поздравија претседателските избори на САД со кои тие невидено досега се посрамија со целосно местење посебно преку гласањето по пошта.

Поентата на постот погоре не беше да те научи елементарни работи кои треба да ги знаеш ако сакаш да учествуваш во ваква дискусија. Поентата беше дека некој како Русија/Кина, кои дефакто имаат помалку ресурси од САД, дека тие мораат да одговараат асиметрично... Е сега пошто веројатно не разбираш што е „асиметрично“ во контекстов на муабетот - тоа значи дека противниците на САД не може имаат толкава армија, морнарица, бродови, авиони и носачи на авиони, воени бази, и секаква воена техника... Епа затоа, пошто противниците не можат да одговорат симетрично, тие мораат да одговорат асиметрично.

Тоа значи развој на нови работи кои САД ги немаат, ете како хиперсонични интерконтинентални балистички ракети (кои не ги коментираш, веројатно пошто те збунува името и немаш поим што е тоа), или работи како вселенската програма на Кина а најмногу изградбата на нова вселенска станица, вклучително и антисателитските средства кои очигледно ги развиваат сите велесили ама САД каска позади Русија и Кина.

Гледај, не е поената да покажам колку појма немаш (тоа е очигледно).
Поентата е ако те интересираат вакви работи, да видиш дека треба повеќе да прочиташ и да научиш. Но пошто веројатно само ќе продолжиш игнорантски да се понашаш, редно е да објаснам зошто веројатно ќе те игнорирам одсега па понатаму.
Доколку си толку интелегентен господине петрол кажи ми ти што добро направи Русија за човештвото... си прочитал две статии како нафтата е контролирана од дооларот и готово ти си интелегентниот
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Добро и да рмбаат за плата од 1000 евра просек демек е нешто јако за една светска сила... Словенија едно предградие на Москва зема 900 евра просек
Автоматски споено мислење:

Де бе само ти свати шо објаснуваш петро валута дрн мрн тоа сите го знаеме... Никад Русија неможе да се споредуе со Америка тоа е факт .... тука збориме за Русија зашо еве како светска сила со најголема површина на светот и највеке ресурси не извади нешто ново Wooooow за да во иднина почне да се качува погоре на пиедесталот ,ако едно Дубаи педа место го направија светска дестинација и сила зашо Русија не се отвори кон светот и цел свет не иде на одмор во Сибир на 100 катница...зашто и во Русија владеее диктаторски режим
Во Москва и Петербург да. Селата са мизериjа. Просечната плата на русите е около 500 евра.
Eve neka bide 500 evra vo vnatreshnosta. Mozhebi vo Rusija i so 500 evra vo selata se zhivee pristojno. Kupovnata mokj na Rusite ne e onaa od vrameto na Elcin, mnogu raboti se smenija i vo najskapite turistichki destinacii rusite se ceneti gosti a gi ima poprilichno.
Golem skok napravija vo proizvodstvoto na hrana pa stanaa duri izvoznici.
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336

Зборувам зашто имам живеено во Русиjа. Во Москва можи платата да е дури 1500 или 2000 евра. Во малите градови и селата 300 е максимум. Во наjскапите туристички дестинации одат москвичите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
А како ја контролираат, како успеале да ја контролираат и како баш САД ја контролираат, а не е Русија ?
Колку долари во светски рамки се користат за нафта, а колку долари се користат за се друго низ светот ?

Која е улогата и намената на доларот, а и како баш доларот ја стекнал таа улога ? Зашто после фунтата, доларот станал светска резерва, а не рубљата или јен, или јуан ?
Колку пати досега (во последни 150г) САД имаат укинато доларот, како што тоа го направиле УК, Франција, Германија. Во смисла, номинациите што важеле во 30тите, да не важат во 1970...
Што точно ти е тезата/мислењето/прашањето? :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Пример ти е Северна Кореа, уназадена држава во секој поглед, но истите имаат нуклеарни глави мислам нее повеќе од 10 и никој не пробува воено да ја порази, бидејќи е јасно као дан, воениот успех врз тааква држава ке имааа преголема цена.
Не само тоа, него и им даваат храна, ете така. оти имаат нуклеарни глави
Автоматски споено мислење:

Зборувам зашто имам живеено во Русиjа. Во Москва можи платата да е дури 1500 или 2000 евра. Во малите градови и селата 300 е максимум. Во наjскапите туристички дестинации одат москвичите.
московити не москвичи
москвич е кола
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Што точно ти е тезата/мислењето/прашањето? :)
Одбери де некое, не мора на сите да одговориш.
Еве ти напиша:
САД ја контролираат светската петровалута и валутата на девизните резерви на повеќето држави во светот. Од таму им се ресурсите. Гледате инфлација окулу вас? Чекајте и хиперинфлација, мора да се финансираат агендите на елитата на САД.
Па одговори:
Како (на кој начин) ја контролираат, како успеале да ја контролираат (како дошле до таа позиција) и како баш САД ја контролираат, а не е Русија ?
Колку долари во светски рамки се користат за нафта, а колку долари се користат за се друго низ светот ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Како (на кој начин) ја контролираат, како успеале да ја контролираат (како дошле до таа позиција) и како баш САД ја контролираат, а не е Русија ?
Колку долари во светски рамки се користат за нафта, а колку долари се користат за се друго низ светот ?
За ова може елаборат од 100+ страни, или цела книга да се напише... И такви книги веќе постојат.
Кажи едноставно, што точно ти е поентата?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
За ова може елаборат од 100+ страни, или цела книга да се напише.
Кажи едноставно, што точно ти е поентата?
Па овде викаш:
Елементарни непознавања на состојбите, веројатно не вреди ни да се реплицира. Се констатираат само најочигледните работи а суштината не се разбира ни малку.
Членовите кажуваат реални фактички состојби врска колку е утепана Русија, иако лесно можела да биде бр.1.
Ти кажуваш дека немаат елементарни непознавања, после тоа, сам се негираш, односно со напишаното само потврдуваш тоа што членовите го напишале, а не си ни свесен за тоа.
Па мислев доколку најдеш одговори на прашањата, може ќе увидеше дека членовите имаат познавања, а ти навијачки настапуваш и мешаш разни информации, без да ги размислиш зашто, како.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Членовите кажуваат реални фактички состојби врска колку е утепана Русија, иако лесно можела да биде бр.1.
Ти кажуваш дека немаат елементарни непознавања, после тоа, сам се негираш, односно со напишаното само потврдуваш тоа што членовите го напишале, а не си ни свесен за тоа.
Па мислев доколку најдеш одговори на прашањата, може ќе увидеше дека членовите имаат познавања, а ти навијачки настапуваш и мешаш разни информации, без да ги размислиш зашто, како.
Ова веќе е чиста демагогија.
Да, повеќето од тие поназад немаат три чисти и објаснив повеќе од доволно детално зошто е тоа така. Нема потреба да се повторувам, најмалку на некој што одбива да каже јасна теза и мислење.

Уште еднаш, не врти окулу одокулу и кажи точно што сакаш да кажеш - што е твојот став, и тогаш се разбира дека ќе го коментирам. Но вакви нафрлени провокации се провидна мамка која не ми изгледа доволно вкусно.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Ова веќе е чиста демагогија.
Да, повеќето од тие поназад немаат три чисти и објаснив повеќе од доволно детално зошто е тоа така. Нема потреба да се повторувам, најмалку на некој што одбива да каже јасна теза и мислење.

Уште еднаш, не врти окулу одокулу и кажи точно што сакаш да кажеш - што е твојот став, и тогаш се разбира дека ќе го коментирам. Но вакви нафрлени провокации се провидна мамка која не ми изгледа доволно вкусно.
Па ти кажав, толку многу информации нафрлуваш, што твојот став излегува дека е ист со тие што ги нарекуваш дека немаат елементарни познавања.

Мојот став врска Русија е познат, земја со сите возможни ресурси на планетава, со потенцијал да била и да биде број 1 во светот, таа не е ни во топ 3.
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
московити не москвичи
москвич е кола
Тие сами се нарекуваат така. И мештаните во Хамбург се нарекуваат хамбургер. Не затоа што са сендвичи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom