Измеша све, каша и попара, инквизиција слично со комунисти, монголите биле нација, дај еден единствен историски документ кој зборува за монголите како за нација пред 19.век, еден, или некој историски текст каде поединец се кажува себеси како припадник на монголската нација. Дај да видиме историчари, хроничари, патеписци, писма од цареви и кралеви, кој себеси се декларирал како припадник на нација во 14.век. Ако нема ништо, значи нема ништо.
Или се прави муабет врз основа на факти кои ги потврдила науката или не се прави муабет со фантазерски постови, возарасни сме, нема место за детски работи.
Треба читање а не видеа од Дардан Венетски на јутјуб. Заговор на клетите западњаци да го уништат светлиот исток (заостанатите кнежевини кои вирееле во денешна Русија, изолирани во својата оддалеченост од светските збивања), Византија, кои самите си се рачунале како Римјани, интересно е што тоа истокот дал на човештвото во тие времиња.
Не постоела национална припадност, следствено никој не бил горд на неа, раја преминувала од една во друга власт и таа власт ги користела како робови или кметови, какви црни национални филинзи.
Што збориш глупости бе? Каков е тој аргумент „Треба читање, а не видеа од Дардан Венетски на јутјуб“. Ерменците скоро никогаш во средниот век, со исклучок на кратки периоди немале држава, а никогаш не изгубиле национално чувство.. Не еден документ, иљадници документи постојат кои за Монголите јасно кажуваат дека се посебна нација, со сопствен јазик посебна физичка антропологија и јасно одделени од Ојгурите и Казаците иако физички слични. Ако е така како што викаш зошто Индонезијците и Индијците денеска не се нарекуваат монголи, кога монголите владееле со нив. Или ајде еве сличните на нив, Ујгурите, факт е дека Ујгурите биле владеени од Монголите со векови, никад не си ја изгубиле посебноста.
Кои се тие факти на кои се повикуваш жити све? Апла се гледа дека си аналфабет во историјата, чим така реагираш на фактот што кажав дека во средниот век, во време кога на западот харала инквизицијата центарот на цивилизацијата била на исток, а правилата за забрана на наците не важела таму... И кога реков исток, за чудо не мислев на Русија, иако тебе така ти се слушна.... Но ако беше „начитан“, ќе знаеше на кој исток мислам.
Ајде, еве кажи ти како начитан,
Како настанале Ерменците, Евреите, Етиопјаните, Еритрејците, Персијците, Асирците, Грузијците, Курдите како нација... Некои од овие што ги набројав не ни имале држава во средниот век, не биле нарекувани според држава, тоест биле дел од друга држава, а сепак во историјата се спомнуваат како припадници на посебен народ..
Или ќе одгововориш да не гледам дардан венетски, пошто тоа е комуњарскиот принцип на работа, омаловажување на соговорникот за да си го зацврстиш ставот....
Ставот не ти е зацврстен, западната социологија кажува дека нациите се исмислени во 18 век, а не историјата. И никаде не измешав инквизиција и комунизам, само го споредив нивниот интернационалистички став, за да покушаш да сватиш што се дешавало во средниот век во Европа, ама како рекле, со сила можеш на некој да му земеш, а не да му дадеш... Уживај си во суетата...
А за тоа што дал истокот, поточно Византија, ти го дала начинот на живот и секуларизмот, кодексот на Јустинијан, претворен во правни закони за време на царевите од Македонската династија. Ја дале сржта на денешното општество, тоа што денес се нарекува Римско право, тоа што во средниот век се кажувало право на Македонските цареви.
Си слушнал како и од каде е пренесена научната мисла за време на ренесансата ? Западот пред 500 години, во време на инквизицијата палел луѓе кои кажувале дека земјата е округла, истокот, ја измерил плоштината на земјата пред повеќе од 2000 години.