Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „историјата одржала лекција дека кога Русите влегуваат во нечија куќа, тешко излегуваат од неа“.
makfax.com.mk
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „историјата одржала лекција дека кога Русите влегуваат во нечија куќа, тешко излегуваат од неа“. Со тие зборови Блинкен го коментираше влезот на мировниците на ОДКБ во Казахстан, кој го сочинуваат претставници на вооружените сили на Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан.
Според официјална Москва, со оваа изјава Блинкен на многу подмолен начин го коментирал „апсолутно легитимниот одговор на ОДКБ на повикот на раководството на Казахстан со цел да се даде поддршка во обезбедувањето на безбедноста на државата“.
„Ако Ентони Блинкен толку многу ја сака историјата, тогаш имајте го на ум следново – кога Американците влегуваат во вашата куќа, ретко кој останува жив без да биде ограбен и силуван“, се вели во соопштението.
Одделот за надворешна политика на Русија посочува дека 300 години американска државност го поддржува ова тврдење.
„Тоа може да го потврдат сите Индијанци од северноамериканскиот континент, Корејците, Виетнамците, Ирачаните, Панамците, Југословените, Либијците, Сиријците и сите други кои немале среќа да ги имаат овие непоканети гости во својата куќа“, заклучува руското Министерство.
Прилично реално.