Текстот е крајно тендециозен,суптилен,кој користи одедени факти кои погрешно ги поврзува со точно определена намера,што би се рекло вистински образец за пропаганда или манипулација користејќи одредени факти.Ова мислам дека е одличен текст со кој целосно се согласувам и делам мислење и сметам дека е наајреалниот приказ на Русија во 21 век за разлика од двете екстреми кои гласат Русија е суперсила или Русија ќе се распадне за 7 минути.
TL/DR : Русија е во повлекување на светската сцена насекаде, вклучително и во нејзиниот двор. Држави од екс-СССР одамна имаат избрано друг пат како Балтикот, Украина, Узбекистан, Грузија и други партнери како Европа/САД, Турција, неутралност; останатите сојузници и пријатели како Белорусија, Киргистан, Ерменија се воглавно сојузници само на збор и си тераат нивни политики неретко спротиставени на Москва. ЦСТО и Евроазиската Унија се сојузи само на хартија поради тоа што сојузниците одбиваат поголема интеграција а Русија одбива да ја купува нивната лојалност со свои пари.
Како резултат на тоа Русите ги сметаат сите земји од поранешната Империја како независни странски земји и ќе се однесува со нив како што тие ќе се однесуваат со РФ, доколку тие водат "мултивекторска" политика кон РФ, РФ ќе води иста таква политика кон нив. Новите принципи/правила во Москва се Русија прва, најважно е инвестирањето и развојот во Русија и нејзините региони додека во соседството најважно е стабилност, соработка и по потреба блокирање на вмешувањето од трети страни каде што е можно.
*Делови се скратени поради лимитација.
Поентата на целиот текст е читателот сам да заклучи дека Русија е всушност сила во опаѓање,дека изборот на Русија како партнер за во иднина,е сосема погрешен чекор.Со оглед на тоа кој го напишал текстот многу е јесна таа тенденција,имајќи го во предвид предтекстот на Русија како нивни главен стратешки противник.
Русија е суперсила,и само така може да се гледа на сегашна Путинова Русија која е многу различна од нејзините претходници СССР и Царска Русија.
Русија и во нејзините најтешки денови не го изгуби статусот на суперсила па морам да се присетам на израелскиот премиер кога некаде кон средината на 90-тите еден нивинар од СНН во Вашингтон го праша што бара Русија како член во блискоисточниот квартет.Одговорот негов беше прво невидено чудење и затеченост од тоа прашање,за на крај да одговори Русија е суперсила,тоа е суперсила која има проблеми но да повторам уште еднаш за сите кои имаат дилеми Русија е суперсила и затоа е членка на блискоисточниот квартет.
Карнеги си ја работи работата и сигурен сум дека и после 10 години ќе има сличен ваков текст со тогашните случувања.