Русија - смена во надворешната политика?

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.023
Поени од реакции
515
Рускиот и сеправославен цар Владимир Путин ги повика Кина САД ,Британија и Франција на нов состанок со оглед на изментетите светски околности а во врска со моменталната руска супериорност во хиперсоничните оружја,на нова Јалта.
Кина и Франција ја прифатија поканата,Британија сеуште размислува а САД молчат но послединве денови со малку несмасните изјави на Трамп за некакви супербрзи оружја,,па ставањето на нуклеарни глави во нивните стратешки подморници и изјавата за спремност да се разговара за нов СТАРТ,полека но сигурно се позиционира за новата Јалта.
До нова Јалта сигурно ќе дојде.
Четирите големи сили ќе ја имаат во предвид моменталната супремација на Русија и ќе ги земат во предвид најмногу нејзините интереси секако имајќи ги во предвид своите интереси и основните интереси на сите да не дојде до нивни судир.
Се сеќавате на оние изјави на високи званичници од Пентагон дека Македонија е на линијата на фронтот .Сега на оние "објективните"(кои се морам да го напишам ова најкомични фигури ,па дури покомични и од овој лик со "книгата")дали им е малку појасно?
Се сомневам,всушност знам дека ништо не им е јасно ама таква е политиката мнооооогу сложена скаламерија.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.038
Поени од реакции
3.136
Не се согласувам дека не треба да се чита. Текстот има мал милион фалинки и е субјективен. И јас како тебе најдов еден куп полувистинити или скроз промашени тврдења.

Суштината е следна. Не можам јас да кажам дека декларативни ги мразам Македонците само заради одвратно глупи примероци, како овие што пред тебе ми реплицираа во темава, што си киднале од овде и глумат патриоти или уште поглупите што слепо следат една политичка опција, една личност, фамилија. Всушност, и човеков пишува за таквите руски пацови. Таа навидум неконтролирана, но прецизно создадена, инжинирана, радикална сиромашна неинтелигенција. Тоа е општествен слој кој живее од фрустрација и поради сопствената неспособност гаи култ кон одредени личности. Се препознаваат во ликови од калибарот на Путин, Слобо, паторот....истите тие што ги оставаат да гнијат на дното, да живеат со минимална плата, само колку да се живи за да гласаат, да чекаат вести за да им се восхитуваат и од поново време да бљујат за нив на фејсбук, твитер, форум....
Затоа, погрешно е да се генерализира дека целиот руски народ е гнасен. Имам една пријателка со мешано потекло, татко Русин и мајка Естонка...многу рафинирана, едуцирана, културна, прав космополит. Нормално, оние што погоре ги опишав и на нејзе и предизвикуваат гадење и гнасење...
Искуствата на ликов со руската бирократија се искуства со таа багра. Еве кај нас, секој предизборен циклус, се гомила партиска багра од трите проминенции, во полиција, образование, здравство, државни институции....нешколовани скотови, со кои просечен странец што би дошол во Скопје, очекувано е со такви прво да има контакт. И недај боже тоа да е критериумот по кој ќе ја цени државава.
Од друга страна, ултра-масовната емиграција, веќе забележително остаи овде да живее само најобична фукара, па веќе е и реткост да налеташ на елоквентен, разумен, смирен човек.

Ти ја разбирам забелешката и во право си, ама нешто што допира до 300-500 луѓе, тешко дека може да се нарече пропаганда. Обрни внимание на историските релации меѓу нас и Русија, а посебно меѓу Русија и Грција. Тоа е целата поента.
Се согласувам. Можеби и ја доловува суштината, не знам, само имав забелешка дека не е објективен. Ме нервираат такви наративи, особено кога има невистини без разлика дали се работи за Русија, САД, космологија, социјализам, историја...

За односите Русија-Македонија само слепец можи да тврди дека ни се нешто како наклонети, или сојузници. Слично и со САД. Проблемот што многумина не можат да го разберат овде е дека големите имаат свои интереси, а не сочувство кон некакви си "братски" народи или не знам што.
Секој што мисли дека Кина, или Русија или не знам кој ќе бидат нешто подобри кон нас или воопшто во светот е тешка будала.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.023
Поени од реакции
515
Еве на пример за Албанците е сеедно дали Русија или Америка ќе бидат главни на Балканот.
Или на пример на Англија и е сеедно дали Русија или Америка ќе бидат главни во светот сеедни е за нив.Или на пример за Австријците сеедно е дали ќе биде Германија или Русија најсилна на светот,или на пример за Србија сеедно е дали ќе биде Русија или Америка најсилна на светот,илина пример....па кога ќе видиш цел свет е таков.Затоа некој се поврзале во цивилизации па се нарекле Западна цеивилизација .....
Абе сите се будали,цел свет само овие "објективниве"на форумов се паметни.Ај,ај,ај
Се потврди мојот претходен пост на оваа тема дека само "објективните" се покомични од овој комичаров со "книгата".
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.411
Поени од реакции
9.195
Не видов во 2008 да има револуција, во 2008 настрадаа луѓе кои беа лакоми, банки кои работеле надвор од рационална логика. Не може на стриптизета да и дадат три кредити за три куќи, а тоа да не биде балон. Проблемот беше што политичарите одбраа едни да ги спасат (со парите од даночниците) а другите ги оставија заслужено да затворат.
Па сега 2008 и не беше баш така како што кажуваш...генерално 2004 каматната стапка на кредитите беше падната на многу ниско ниво исто така хипотекарните услови станаа доста добри (NINJA mortgage), кредит можеше да се земе буквално онлајн... Големите банки, преку помали банки (кои играа посредничка улога) ги даваа кредитите и све беше во ред додека каматната стапка беше ниска, но 2006 почнува да расте,за во 2008 пробие плафон. Луѓето не се веќе способни да ги исплаќаат кредитите и се активираат хипотеките. Пошто хипотеките неможат да се реализираат, цената драстично паѓа, малите банки посреднички неможат да ги подмират обврските кон големите и им ги префрлаат хипотеките по уште побагателни цени и уште им остануваат должни и банкротирани... Тогаш интервенира државата да им помогне на големите банки за да им го подмири долгот... Што е ова ако не е планирана пљачка? Ем добиваат недвижнини вредни баснословни суми за џабе, платени со дебелите камати, ем добиваат одштета од државата..

Овој лоповлук има епски размери и позади него стои државната администрација на САД .. Kолку тежеше хипотекарната криза ? 6000 милијарди долари ?

Но такво однесување во САД е последни 30тина години , додека во Русија тоа го имаш од 45 та па досега, само одбрано друштво да се богати на сметка на остатокот.
Викаш последните 30 години? Не би рекол... Може да прочепкаш и да најдеш еден куп вакви работи, но не е тоа темата...

Русја велиш нагорна линија, баш ќе видиме околу 2030 како ќе се справат, а како Кинезите. Кинезите успеа да си создадат своја внатрешна економија, на која можат да се потпрат.
Да бе... еден вирус излезе, па почнуваат да се осеќаат последиците :)
Автоматски споено мислење:

Море @jamajka абе ништо немаш кажано за ова љубовниве проблеми меѓу Лукашенко и Путин :D
Нели Белорусија е одлична земја со 0% невработеност, дрн, дрн ...

Јас во Белорусија не сум бил, ама се запознав со луѓе од таму и многу ми ја фалат ситуацијата таму, незнам дали незапосленост е нула и све тие работи...

Ама едно знам ... сите тие проповедници на западот, сите гомна што 30 години ги сереле за Лукашенко, се спремни да ги изедат, само доколку Лукашенко му се спротивстави на Путин .... И одма ќе стане симбол на демократијата и борбата за човекови права :)

Иначе незнам што се дешава искрено, не пратам... мене ми личат работите на жута штампа, пошто се најавува анексија на Белорусија... Тоа некако не ми е верно мене.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.052
све беше во ред додека каматната стапка беше ниска, но 2006 почнува да расте,за во 2008 пробие плафон. Луѓето не се веќе способни да ги исплаќаат кредитите и се активираат хипотеките.
Значи според тебе, движењето на каматните стапки во периодот кој си го навел, е планирано, намерно, со цел да се опљачка народот!!!

Ех Јамајка, камо среќа така лесно да можеа да ги контролираат каматните стапки. Сите влади тоа го сакаат, ама е невозможно на подолг рок и без катастрофални последици (застој на сите полиња, немири, граѓански војни и поголеми војни).

Со постот го потврди моето напишано, дека настрадале тие што се задолжиле повеќе него што им е чергата. Банките кои без никаква економска логика дозволиле било кој да добие кредит, нормално капут. Проблемот беше што Голдман Сакс и осигурителната АИГ ги спасија без никаква основа. Тоа останатот си е чист бизнис ризик. Ти неосновано го гледаш како пљачка, а реално е, погрешна проценка на засегнатите.

На секоја влада и одговара ниски камати, за да може да се задолжува, евитини пари, за службениците да лапаат плата и да има и за крадење. Ама историски каматите идат горе доле, само што сега се на најниско ниво во последни 1000 години.

Сега моментално покрај пензиските фондови, има и репо криза, т.е. банките не си веруваат едни на други и одбиваат да си позајмуваат.
Тоа по автоматизам треба да ги крене каматните стапки, а не растат.
Не растат, зашто ФЕД, ЕЦБ, Б.нЈапан, секоја недела фрлаат милијарди долари/евра, за да одржат вештачко ниско ниво. Ама притисокот не можат да го намалат, па колку подолго и посилно притискаат (повеќе и повеќе внесуваат милијарди) толку поголема ќе е "експлозијата".
Каматните стапки пак ќе отидат во плафон, и ќе биде исто како во 30тите, исто како при распад на СФРЈ- неминовен хаос

Така да, кој има кредит со флексибилна каматна стапка за наредни 10-20 години, црно му се пишува. Или фиксирајте доколку можете, или ....

Ај доста за економија, и така повеќе верувате во политичарите. Поинтересно ви е чие оружје е помоќно, иако од него страдаат милиони. Кина нема моќно оружје а втора економија ;)

Кина врска вирусот, бидејќи знам како гледаш на работите, навијачки го напиша, за да потврдиш претходните постови за Русите. Знам дека не веруваш дека така ќе дозволат, ради вирус, кој е послаб од претходните, да страда цела светска економија :P.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.336
Поени од реакции
2.111
Анексија на Белорусија? Чуму?
Освен некој квадратен километар територија, за Русија таму нема ништо интересно!
Што се однесува до Кина главна придобивка им е отварање кон светот, технолошкиот развој и со самото тоа стварање на силен домашен пазар кој на моменти делува како да си е доволен сам на себе, а не е!
Вирусот, кој и да го дизајнирал, им заврши голема работа на САД. Со еден удар завршија работа на две три страни, што никакви санкции и фингирани протести не можеа да ги завршат.
Само стапот секогаш имал два краја, да почекаме да видиме како ќе се одрази тоа на креаторот на кризава. Бидејќи е изборна година, интересен ќе биде резултатот!
 
Абе чика куре, нели Кина немаше пазарна економија, како тогаш се отвориле кон светот, како светот дошол кај нив :D

Во денешниот свет, бесмислено е да се гледа на освојување територии, тоа порано важело.

Глејте кој ги контролира светските поморски патишта/ пристаништа. Сепак 70% вода е.

Стапот има два краја, ама и двата се за народот. Бидејќи народот секогаш се потчинува на друг да одлучува наместо него.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.411
Поени од реакции
9.195
Значи според тебе, движењето на каматните стапки во периодот кој си го навел, е планирано, намерно, со цел да се опљачка народот!!!

Ех Јамајка, камо среќа така лесно да можеа да ги контролираат каматните стапки. Сите влади тоа го сакаат, ама е невозможно на подолг рок и без катастрофални последици (застој на сите полиња, немири, граѓански војни и поголеми војни).

Со постот го потврди моето напишано, дека настрадале тие што се задолжиле повеќе него што им е чергата. Банките кои без никаква економска логика дозволиле било кој да добие кредит, нормално капут. Проблемот беше што Голдман Сакс и осигурителната АИГ ги спасија без никаква основа. Тоа останатот си е чист бизнис ризик. Ти неосновано го гледаш како пљачка, а реално е, погрешна проценка на засегнатите.

На секоја влада и одговара ниски камати, за да може да се задолжува, евитини пари, за службениците да лапаат плата и да има и за крадење. Ама историски каматите идат горе доле, само што сега се на најниско ниво во последни 1000 години.

Сега моментално покрај пензиските фондови, има и репо криза, т.е. банките не си веруваат едни на други и одбиваат да си позајмуваат.
Тоа по автоматизам треба да ги крене каматните стапки, а не растат.
Не растат, зашто ФЕД, ЕЦБ, Б.нЈапан, секоја недела фрлаат милијарди долари/евра, за да одржат вештачко ниско ниво. Ама притисокот не можат да го намалат, па колку подолго и посилно притискаат (повеќе и повеќе внесуваат милијарди) толку поголема ќе е "експлозијата".
Каматните стапки пак ќе отидат во плафон, и ќе биде исто како во 30тите, исто како при распад на СФРЈ- неминовен хаос

Така да, кој има кредит со флексибилна каматна стапка за наредни 10-20 години, црно му се пишува. Или фиксирајте доколку можете, или ....

Ај доста за економија, и така повеќе верувате во политичарите. Поинтересно ви е чие оружје е помоќно, иако од него страдаат милиони. Кина нема моќно оружје а втора економија ;)

Кина врска вирусот, бидејќи знам како гледаш на работите, навијачки го напиша, за да потврдиш претходните постови за Русите. Знам дека не веруваш дека така ќе дозволат, ради вирус, кој е послаб од претходните, да страда цела светска економија :P.
Добро е, не реков поинаку околу тоа кој пострадал. Но еве да те прашам едно прашање што логично се наметнува.... Како тоа ти можеш да предвидиш дека каматните стапки ќе отидат во плафон во наредниот период, а тие што имаат банки не би можеле... Или како на пример луѓе кои имаат инструменти во рацете (ФЕД, ЕЦБ, Б.нЈапан) , не би можеле лесно да ги скратат фрлените миљарди, за да можат да си овозможат заработка од баснословни суми... Значи сите затворени банки кои биле посредници на големите банки и давале кредити, уствари воопшто не се ни банки ... државата воопшто не реагирала на тоа иако требала, ниту пак реагирала за NINJA кредитите што се земаа онлајн, а гарантирала за нив, и тоа не на посредниците, туку директно на големите банки ...

Испаѓа дека со заштита на државата некој дебело си се нафатирал, како што кажавме 6000 милијарди долари или сума над 100 пати поголема од сумата на тогаш најбогатиот човек во светот... нели државата се оформува да даде еднакви можности на сите, да ги заштити неуките и да ги спречи неправдите.... Дали знаеш колку животи одзеде таа рецесија? Не е убаво вака да збориш, тоа што се случи во САД нема никаква врска со твоите сваќања и со тоа кон што ти се залагаш...

Државите во „демократијава“ се во заложништво на бизнис групи кои бескруполозно наоѓаат начини да ги молзат луѓето.... Ти реков, во ниеден сегмент не сме се извлекле од робовладетелското општество, само што луѓето имаат илузија дека се слободни... Тоа нема да се смени во наредните неколку векови.. Можда ќе има нови револуции кои ќе завршуваат со многу крв и нова илузија на слобода(демократијата, комунизам). Но воглавном све ќе се сведе на истото...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.336
Поени од реакции
2.111
1.Абе чика куре, нели Кина немаше пазарна економија, како тогаш се отвориле кон светот, како светот дошол кај нив :D

2.Во денешниот свет, бесмислено е да се гледа на освојување територии, тоа порано важело.

3.Глејте кој ги контролира светските поморски патишта/ пристаништа. Сепак 70% вода е.

4.Стапот има два краја, ама и двата се за народот. Бидејќи народот секогаш се потчинува на друг да одлучува наместо него.
1. Чичин, пазарната економија не е прадуслов за отварање кон светот! Светиот интерес на капиталот и без пазарна економија функционира! И отварањето кон светот е резултат на планската економија на Кина! Секој си има есап, и светот и Кина. Неизвесно е чиј есап на крај ќе испадне точен.
2. Тоа со териториите да им го кажеш на твоите фаворити! Иако они го пакуваат поинаку, испаѓа исти к*рац друго паковање! Само стилот им е Ок и јас се слагам со тоа. Да заземеш територија и да ја држиш со сите нишани е чиста загуба, пример Крим! Подобра варијанта е из*би и остави! Ирак, Авганистан, Либија .......
3. Тука вујко ти е дебело во предност, само факт е дека тоа е една коцка од сложувалката! Во воздух кој е 100%, борбата е троа понеизвесна.
4. Не мислев на тоа, тоа сигурно дека народот на крај ќе биде е*аната страна. Мислев како Трамп и САД ќе излезат на крај со Азиските тигрови! Засега лесно и безболно им оди!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
7.749
Поени од реакции
7.013
Државите во „демократијава“ се во заложништво на бизнис групи кои бескруполозно наоѓаат начини да ги молзат луѓето.... Ти реков, во ниеден сегмент не сме се извлекле од робовладетелското општество, само што луѓето имаат илузија дека се слободни... Тоа нема да се смени во наредните неколку векови.. Можда ќе има нови револуции кои ќе завршуваат со многу крв и нова илузија на слобода(демократијата, комунизам). Но воглавном све ќе се сведе на истото...
Се сложувам со се освен со последново, затоа што реално еден просечен човек денеска живее полуксузно од еден просечен средновековен крал. Така да не е баш дека револуциите не довеле до промени.

Тоа што некој мора да владее, тоа секогаш ќе биде така, дури несме спремни да станиме Стар Трек :D
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.052
Добро е, не реков поинаку околу тоа кој пострадал. Но еве да те прашам едно прашање што логично се наметнува.... Како тоа ти можеш да предвидиш дека каматните стапки ќе отидат во плафон во наредниот период, а тие што имаат банки не би можеле... Или како на пример луѓе кои имаат инструменти во рацете (ФЕД, ЕЦБ, Б.нЈапан) , не би можеле лесно да ги скратат фрлените миљарди, за да можат да си овозможат заработка од баснословни суми... Значи сите затворени банки кои биле посредници на големите банки и давале кредити, уствари воопшто не се ни банки ... државата воопшто не реагирала на тоа иако требала, ниту пак реагирала за NINJA кредитите што се земаа онлајн, а гарантирала за нив, и тоа не на посредниците, туку директно на големите банки ...

Испаѓа дека со заштита на државата некој дебело си се нафатирал, како што кажавме 6000 милијарди долари или сума над 100 пати поголема од сумата на тогаш најбогатиот човек во светот... нели државата се оформува да даде еднакви можности на сите, да ги заштити неуките и да ги спречи неправдите.... Дали знаеш колку животи одзеде таа рецесија? Не е убаво вака да збориш, тоа што се случи во САД нема никаква врска со твоите сваќања и со тоа кон што ти се залагаш...

Државите во „демократијава“ се во заложништво на бизнис групи кои бескруполозно наоѓаат начини да ги молзат луѓето.... Ти реков, во ниеден сегмент не сме се извлекле од робовладетелското општество, само што луѓето имаат илузија дека се слободни... Тоа нема да се смени во наредните неколку векови.. Можда ќе има нови револуции кои ќе завршуваат со многу крв и нова илузија на слобода(демократијата, комунизам). Но воглавном све ќе се сведе на истото...
:cautious:
Море човек, како нема никаква врска со работите што ги пишувам (не се сфаќања, факти се). Тоа е дека вработените во системот ја злоупотребуваат моќта која тој систем им ја дава. Затоа НЕ смее да се дозволи никому да ја има таа моќ. Освен ако не се докаже дека се морални и чесни како Исус или слични.

Како тоа ти можеш да предвидиш дека каматните стапки ќе отидат во плафон во наредниот период, а тие што имаат банки не би можеле... Или како на пример луѓе кои имаат инструменти во рацете (ФЕД, ЕЦБ, Б.нЈапан) , не би можеле лесно да ги скратат фрлените миљарди, за да можат да си овозможат заработка од баснословни суми
Па си постојат правила, кои се базираат на АКО и ТОГАШ. АКО каматните стапки подолг рок се испод 7% мислам беше, ТОГАШ пензиските фондови нема да остваруваат приходи, па нема да имаат пари да исплатат пензии на идните пензионери. Нормално има повеќе фактори кои треба да се земат во предвид, ама ова најпростиот ти го објаснив.
АКО државата постојано зголемува буџет и дефицит, ТОГАШ ќе имаш криза и во зависност колку долго била под "дрога", бидејќи државата е ПОТРОШУВАЧ не создава ништо. Има уште милион историски примери. Цезар затоа и го убиле, зашто решил да ги среди олигарсите во тоа време, нормално не успеал, па распад систем доживеале. Затоа е и изреката, империите самите одвнатре се уништуваат, а не од непријател.

Врска банките, зашто ги сметате дека тие воопшто знаат нешто ... Историски е докажано дека врска немаат, имањето диплома не значи дека нешто разбираш, туку дека те бива за меморија. Се се тоа политички подобни послушници. Во САД имаш 7 посебни институции кои се платени и одговорни да вршат контрола на финансиските инструменти. Пред 2008 ниту една од нив не крена аларм, ниту една од нив не извршиле некакви контроли и најбитното ниту една од нив не сносеше одговорност, туку богатите биле виновни. Имаш и филм со Бред Пит на оваа тема The Big Short , убаво е објаснето, не целосно ама доволно.

Испаѓа дека со заштита на државата некој дебело си се нафатирал, како што кажавме 6000 милијарди долари или сума над 100 пати поголема од сумата на тогаш најбогатиот човек во светот... нели државата се оформува да даде еднакви можности на сите, да ги заштити неуките и да ги спречи неправдите.... Дали знаеш колку животи одзеде таа рецесија? Не е убаво вака да збориш, тоа што се случи во САД нема никаква врска со твоите сваќања и со тоа кон што ти се залагаш...
Не било убаво така да зборам :pos:, ем се случило, ем пак ќе се случи, ама битно јас да бидам политички коректен и да изигравам дека душогрижник :facepalm: . Дел изгубиле, ама тие што имале добар бизнис план, со евтините каматни стапки успеале да започнат бизниси каде % профитот бил поголем од % на каматата. Тука е и моќта на САД, таму дошле луѓе кои биле спремни да ризикуваат, за разлика од сега кога барате државата за се да мисли и да заштити. Тоа ниту е природно ниту позитивно за развојот. Треба само еднакви услови, кој успее, успее, кој пропадне, живи здрави.

Инаку точно така излегува и јас цело време истото го трубам (според Тенеке) дека политичарите се највиновни и одговорни (а народ ги бира, значии). Затоа не смее да им се дава толкава моќ.
Разликата со САД е на почетокот баш е оформена за да ги спречи неправдите, им се дозволува слобода на поседување оружје за да спречи власта (кралот) да има моќ над народот преку сила, регулации минимални, имале и падови и подеми, ама тоа е нормално циклус, во кој на површина ќе излезат успешните, а не паразитите, како во Русија. Со тек на време успеале тоа да го изгубат и затоа Бајденци, Бушови, Клинтонци, Чејновци и сл млатат милијарди на сметка на народот.
Ама почетните децении, САД се развива баш бидејќи државниот систем имал многу мала моќ и не се дозволувале, да се промени тоа.

Државите во „демократијава“ се во заложништво на бизнис групи кои бескруполозно наоѓаат начини да ги молзат луѓето....
Повторно и повторно и најверојатно со тоа мислење и ќе остариш. Обратно е, бизнисот е во заложништво на политичарите, политичарите го имаат МВР,АРМ,ЈО и СУД во нивни раце. Што може Камчев/ Кочан да направат, без овие што се одговорни за правилата и државната благајна ?

Ако, надевајте се дека ќе се појават чесни политичари, така е и христијански, 2000 години се надеваат ќе се симне некој од облаците и ќе им ги реши сите проблеми, а они се тука на земјата само да јадат,пијат,спијат. :popce:

И отварањето кон светот е резултат на планската економија на Кина
:lolzz:
Абе ти знаеш ли што е планска економија ... јас па на кого најдов да му објаснувам.
Да во право си за што си напишал, а оправдување за последиците сигурно Ротшилд и компанија се одговорни.

Тоа со териториите да им го кажеш на твоите фаворити! Иако они го пакуваат поинаку, испаѓа исти к*рац друго паковање! Само стилот им е Ок и јас се слагам со тоа. Да заземеш територија и да ја држиш со сите нишани е чиста загуба, пример Крим! Подобра варијанта е из*би и остави! Ирак, Авганистан, Либија .......
Кои се мои фаворити ... ако мислеше на САД грешка си, ако мислеше на УК блиску си :D

Мислев како Трамп и САД ќе излезат на крај со Азиските тигрови!
А од каде тоа дека проблем им се Азиските земји тигри ... Повеќе од 50% од капиталот, технологија е во сопственост на западни фирми, они само ги им ги оплодуваат вложените средства. Единствено Кина успеала да и се спротивстави на УК, па сега ја третираат како подеднаков партнер, со 51%(ук) 49%(кина) :cool:.

Ај заборавете се погорното, дајте логичен одговор на претходно што ве прашав. А тоа беше:
Самите признавате (а и факт е) дека Источниот дел од планетата го допрал дното (поради комунизам/социјализам). Зашто во тие моменти, Западот не ги освоил,покорил или не поставил свои јаничари, или пак поделил на уште помали држави ? Нели целта им е доминација и контрола, а од друга страна излегува нешто многу фер испаднале или ?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.336
Поени од реакции
2.111
:lolzz:
Абе ти знаеш ли што е планска економија ... јас па на кого најдов да му објаснувам.
Море ти( да се изразам со твој речник), до толку е планска, што е поригидна дури и од културната револуција! Ти само од фактот што соработуваат со западот почна да влечеш аналогии дека им е пазарна економијата! Пазарна е во однос на УК и остали( макар што и таму е договорна), внатрешно каква била таква и си останала, ништо не се има сменето од дедо ти Мао! Пазарно пред 30 години имаат решено да купуваат и копираат технологија од запад? Не, план на КП на Кина по кој терк се работи и денес! Дури и на Алиекспрес што се виртуелните продавници се плански, подршката на поштите кон нив исто. Не можеш едноставно да регистрираш продавница и да продаваш, ѓердани да речеме, без одобрение одозгора!
Макар што никаде нема хендс оф или хендс он економии, секаде е хибрид.
Истокот не е пострадан само од социјализмот, поодамна он го има загубено чекорот со западот! тебе поблиску ти е виден социјализмот па најлесно ти е да го детектираш за виновник. Многу изми го имаат поебано него, му треба време да се врати колку толку во некои одржливи рамки!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.411
Поени од реакции
9.195
:cautious:
Море човек, како нема никаква врска со работите што ги пишувам (не се сфаќања, факти се). Тоа е дека вработените во системот ја злоупотребуваат моќта која тој систем им ја дава. Затоа НЕ смее да се дозволи никому да ја има таа моќ. Освен ако не се докаже дека се морални и чесни како Исус или слични.
Ако ти текнува, јас сум поборник на тезата дека не постои систем и идеологија која не е подложна на злоупотреба ... Дури и докажано чесни особи се стремат кон таква злоупотреба кога ќе дојдат на позиција... Во најмала рака човековото гледиште е субјективно...

Па си постојат правила, кои се базираат на АКО и ТОГАШ. АКО каматните стапки подолг рок се испод 7% мислам беше, ТОГАШ пензиските фондови нема да остваруваат приходи, па нема да имаат пари да исплатат пензии на идните пензионери. Нормално има повеќе фактори кои треба да се земат во предвид, ама ова најпростиот ти го објаснив.
АКО државата постојано зголемува буџет и дефицит, ТОГАШ ќе имаш криза и во зависност колку долго била под "дрога", бидејќи државата е ПОТРОШУВАЧ не создава ништо. Има уште милион историски примери. Цезар затоа и го убиле, зашто решил да ги среди олигарсите во тоа време, нормално не успеал, па распад систем доживеале. Затоа е и изреката, империите самите одвнатре се уништуваат, а не од непријател.

Врска банките, зашто ги сметате дека тие воопшто знаат нешто ... Историски е докажано дека врска немаат, имањето диплома не значи дека нешто разбираш, туку дека те бива за меморија. Се се тоа политички подобни послушници. Во САД имаш 7 посебни институции кои се платени и одговорни да вршат контрола на финансиските инструменти. Пред 2008 ниту една од нив не крена аларм, ниту една од нив не извршиле некакви контроли и најбитното ниту една од нив не сносеше одговорност, туку богатите биле виновни. Имаш и филм со Бред Пит на оваа тема The Big Short , убаво е објаснето, не целосно ама доволно.
Ок значи потврдуваш дека искуствено може да се претпостави какви чекори се потребни за да се доживее катастрофа. Исто така потврдуваш дека во игра се политички послушници на елитите (прочитај си го повторно последниот пасус). Потврдуваш дека ниедна институција не кренала аларм до 2008 година и ниту една не сносела одговорност, а како резултат на сето тоа некои луѓе се збогатиле, а огромен број се уништени....

Значи пак ќе ти кажам, јас не зборам за богатите кои својот бизнис го темелат на своите идеи и својата работа, туку зборам за луѓе кои го злоупотребиле системот за да се збогатат... Не реков дека направиле нешто незаконски, меѓутоа факт е дека направиле нешто непринципиелно и против сите цивилизациски правила и ги искористиле инструментите кои ги имаат преку корумпираните политичари во тие 7 посебни институции, кои најверојатно они и ги донеле на власт... Пошто на власт знаеме како се иде во САД (со платен политички маркетинг) и знаеме кои се во бројка бенефитите од таа власт во САД.

Не било убаво така да зборам :pos:, ем се случило, ем пак ќе се случи, ама битно јас да бидам политички коректен и да изигравам дека душогрижник :facepalm: . Дел изгубиле, ама тие што имале добар бизнис план, со евтините каматни стапки успеале да започнат бизниси каде % профитот бил поголем од % на каматата. Тука е и моќта на САД, таму дошле луѓе кои биле спремни да ризикуваат, за разлика од сега кога барате државата за се да мисли и да заштити. Тоа ниту е природно ниту позитивно за развојот. Треба само еднакви услови, кој успее, успее, кој пропадне, живи здрави.
Не е вистина, тука немаше проблем за бизнис кредитите, во ниту еден случај и нигде јас тоа не го реков. И за чудо хипотекарната криза беше кај real estate кредитите... Пошто генерално оние сомнителни NINJA кредити што ги делеа сомнителни „банки“ никнати преку ноќ како печурки, беа врзани со градежни компании (можеме да замислиме чиви, баш некој ден ќе го истражам и тоа)...

Во една држава не се сите банкари, не се сите адвокати и не се сите финансиски експерти... Затоа и сме оформиле држава, за да се покриваме таму кај што не се разбираме.... Па така државата треба да се грижи дали кредитот е фер или не е... Тоест не смее да дозволи на сомнителни банки да даваат сомнителни кредити и на крајот да испадне тоа што испадна, па државата место измамените да ги покрива измамниците...

Инаку точно така излегува и јас цело време истото го трубам (според Тенеке) дека политичарите се највиновни и одговорни (а народ ги бира, значии). Затоа не смее да им се дава толкава моќ.
Разликата со САД е на почетокот баш е оформена за да ги спречи неправдите, им се дозволува слобода на поседување оружје за да спречи власта (кралот) да има моќ над народот преку сила, регулации минимални, имале и падови и подеми, ама тоа е нормално циклус, во кој на површина ќе излезат успешните, а не паразитите, како во Русија. Со тек на време успеале тоа да го изгубат и затоа Бајденци, Бушови, Клинтонци, Чејновци и сл млатат милијарди на сметка на народот.
Ама почетните децении, САД се развива баш бидејќи државниот систем имал многу мала моќ и не се дозволувале, да се промени тоа.
Еве вака ќе пробаме... Да речеме дека ти си свесен на тоа што се случува во светот. Колку луѓе околу тебе се свесни за тоа, за коешто ти си свесен? Дали поседувањето на оружје спречило да дојдат „Бајденци, Бушови, Клинтонци, Чејновци и сл млатат милијарди на сметка на народот“... Што се случило? Им дале оружје, ама затоа научиле како да им го исперат мозокот на повеќето...

Политичарите доаѓаат на власт и ги носи народот... Но све е тоа маркетинг, тој со пари ги носи на власт да прави повеќе пари (не зборам за сите богати луѓе)... И да, тоа се бизнисмени, за нив политиката е бизнис...

И ајде ќе речам дека почетните децении биле како што викаш ти... Не сакам воопшто да се навраќам и да истражувам какви политичко/криминални игри се играле со железницата на пример ... или со злоупотреба на основните човекови права (ропството)...

Повторно и повторно и најверојатно со тоа мислење и ќе остариш. Обратно е, бизнисот е во заложништво на политичарите, политичарите го имаат МВР,АРМ,ЈО и СУД во нивни раце. Што може Камчев/ Кочан да направат, без овие што се одговорни за правилата и државната благајна ?

Ако, надевајте се дека ќе се појават чесни политичари, така е и христијански, 2000 години се надеваат ќе се симне некој од облаците и ќе им ги реши сите проблеми, а они се тука на земјата само да јадат,пијат,спијат. :popce:
Политичарите се извршители на одредена бизнис елита, тендер бизнис елита... Денеска политиката е бизнис, можеби „политичарите го имаат МВР,АРМ,ЈО и СУД во нивни раце“, но тендер бизнис заедницата ги има политичарите во џеб.

Правевме муабет на слична тема пред можда година и нешто, изгледа си заборавил дека јас не се надевам на чесни политичари. Ниедна идеологија не ја студира човековата психа, и секоја идеологија се базира на човековата чесност... Но такво нешто не постои, докажано е дека и најчесен човек лесно се инфицира од власта...

Јас можам ова само да го констатирам... И во еден таков систем или се бориш за еднаквост (што е однапред изгубена револуција) или се бориш да се позиционираш на подобрата позиција...
Автоматски споено мислење:

Се сложувам со се освен со последново, затоа што реално еден просечен човек денеска живее полуксузно од еден просечен средновековен крал. Така да не е баш дека револуциите не довеле до промени.
Ова што го кажуваш не е резултат на револуциите кои се правеле под превезот на еднаквост, туку на научно-техничкиот развој на човековата цивилизација ....
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
7.749
Поени од реакции
7.013
Ова што го кажуваш не е резултат на револуциите кои се правеле под превезот на еднаквост, туку на научно-техничкиот развој на човековата цивилизација ....
Северна Кореја :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.052
Ако ти текнува, јас сум поборник на тезата дека не постои систем и идеологија која не е подложна на злоупотреба ... Дури и докажано чесни особи се стремат кон таква злоупотреба кога ќе дојдат на позиција... Во најмала рака човековото гледиште е субјективно...

Ок значи потврдуваш дека искуствено може да се претпостави какви чекори се потребни за да се доживее катастрофа. Исто така потврдуваш дека во игра се политички послушници на елитите (прочитај си го повторно последниот пасус). Потврдуваш дека ниедна институција не кренала аларм до 2008 година и ниту една не сносела одговорност, а како резултат на сето тоа некои луѓе се збогатиле, а огромен број се уништени....

Значи пак ќе ти кажам, јас не зборам за богатите кои својот бизнис го темелат на своите идеи и својата работа, туку зборам за луѓе кои го злоупотребиле системот за да се збогатат... Не реков дека направиле нешто незаконски, меѓутоа факт е дека направиле нешто непринципиелно и против сите цивилизациски правила и ги искористиле инструментите кои ги имаат преку корумпираните политичари во тие 7 посебни институции, кои најверојатно они и ги донеле на власт... Пошто на власт знаеме како се иде во САД (со платен политички маркетинг) и знаеме кои се во бројка бенефитите од таа власт во САД.

Не е вистина, тука немаше проблем за бизнис кредитите, во ниту еден случај и нигде јас тоа не го реков. И за чудо хипотекарната криза беше кај real estate кредитите... Пошто генерално оние сомнителни NINJA кредити што ги делеа сомнителни „банки“ никнати преку ноќ како печурки, беа врзани со градежни компании (можеме да замислиме чиви, баш некој ден ќе го истражам и тоа)...

Во една држава не се сите банкари, не се сите адвокати и не се сите финансиски експерти... Затоа и сме оформиле држава, за да се покриваме таму кај што не се разбираме.... Па така државата треба да се грижи дали кредитот е фер или не е... Тоест не смее да дозволи на сомнителни банки да даваат сомнителни кредити и на крајот да испадне тоа што испадна, па државата место измамените да ги покрива измамниците...

Еве вака ќе пробаме... Да речеме дека ти си свесен на тоа што се случува во светот. Колку луѓе околу тебе се свесни за тоа, за коешто ти си свесен? Дали поседувањето на оружје спречило да дојдат „Бајденци, Бушови, Клинтонци, Чејновци и сл млатат милијарди на сметка на народот“... Што се случило? Им дале оружје, ама затоа научиле како да им го исперат мозокот на повеќето...

Политичарите доаѓаат на власт и ги носи народот... Но све е тоа маркетинг, тој со пари ги носи на власт да прави повеќе пари (не зборам за сите богати луѓе)... И да, тоа се бизнисмени, за нив политиката е бизнис...

И ајде ќе речам дека почетните децении биле како што викаш ти... Не сакам воопшто да се навраќам и да истражувам какви политичко/криминални игри се играле со железницата на пример ... или со злоупотреба на основните човекови права (ропството)...

Политичарите се извршители на одредена бизнис елита, тендер бизнис елита... Денеска политиката е бизнис, можеби „политичарите го имаат МВР,АРМ,ЈО и СУД во нивни раце“, но тендер бизнис заедницата ги има политичарите во џеб.

Правевме муабет на слична тема пред можда година и нешто, изгледа си заборавил дека јас не се надевам на чесни политичари. Ниедна идеологија не ја студира човековата психа, и секоја идеологија се базира на човековата чесност... Но такво нешто не постои, докажано е дека и најчесен човек лесно се инфицира од власта...

Јас можам ова само да го констатирам... И во еден таков систем или се бориш за еднаквост (што е однапред изгубена револуција) или се бориш да се позиционираш на подобрата позиција...
Автоматски споено мислење:

Ова што го кажуваш не е резултат на револуциите кои се правеле под превезот на еднаквост, туку на научно-техничкиот развој на човековата цивилизација ....
Знам како размислуваш, затоа и дискутирам со тебе, иначе ќе те игнорирав, само ме чуди што и покрај тоа што самиот знаеш колку не чини моќен систем, ти пак очекуваш дека Русија ќе се избори да биде во топ 3.
Во наредни 30год нема шанси.

Врска одговорите, твоето излегува дека децата (бизнис лобите) имаат моќ над родителите (политичарите) и тие се виновни, иако родителите се тие што не си завршиле своите обврски.
Тоа дека се народот не знае, дека е манипулиран, дека му е испран мозок, се согласуваме, ама па пак самите сме си виновни што и покрај слободен пристап на интернет, истиот тој народ само Кардашаин го интересира. Значи информации на дланка, ама другиве биле криви. Се некој друг ни е крив ММЕ. И ова ни е малку, кога толку сме прости, алчни и неморални.

За одговор на прашањето, ќе причекам не е проблем :P
Зашто во тие моменти, Западот не ги освоил,покорил или не поставил свои јаничари, или пак поделил на уште помали држави ? Нели целта им е доминација и контрола, а од друга страна излегува нешто многу фер испаднале или ?
Ова што го кажуваш не е резултат на револуциите кои се правеле под превезот на еднаквост, туку на научно-техничкиот развој на човековата цивилизација ...
А научно техничкиот развој дошол само во либерални системи. :D
 
На врв Bottom