Русија - смена во надворешната политика?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
А каде јас тоа сум го оправдал и не мешај Волстрит со Банкарите ... Јас и ти напишав погоре дека Голдман Сакс и слични банкари така направија трилиони (не милијарди), благодарејќи на моќта на политичарите. Ниту еден банкар не е осуден од судот во Њујорк, ниту еден олигарх кој игра по правилата на Путин исто не е осуден.
Ниту една држава каде што државниот систем бил алфа и омега не успеала да се развие, напротив пропаднала. УК ти спомнав како прераснала и издржала толку време. Им ја одзеле моќта на службениците и цел свет станал нивен.
Примери од Римска империја па навака колку сакаш. Затоа доколку покажеш факти, причинско последични, немам причина да ти контрирам, немам миленици дал биле словени, дал биле латини или марсовци.
Или за сите ќе биде добро или сите заедно ќе живеење во лајна.
Абе треба да ги поставиме прво постулатите.

Значи ако пари дадени со закон од државата се социјализам, тогаш дали биле за сиромашни, дали за средна класа или за богати тоа е истото.

Така ?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Абе треба да ги поставиме прво постулатите.

Значи ако пари дадени со закон од државата се социјализам, тогаш дали биле за сиромашни, дали за средна класа или за богати тоа е истото.

Така ?
Да истото е, ефектот е неефикасен. Постулатите се знае, сме имале примери, нема што топла вода да измислуваш. Како што државата ја исклучивме од религијата, така треба и од економијата. Треба само за општа безбедност да се грижи, судство, некој хибрид на јавно приватно здравство.
Се друго е докажано дека е бунар без дно и неефикасно.
Кажи еден успешен проект од министерствата кој има позитивни ефекти....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Да истото е, ефектот е неефикасен. Постулатите се знае, сме имале примери, нема што топла вода да измислуваш. Како што државата ја исклучивме од религијата, така треба и од економијата. Треба само за општа безбедност да се грижи, судство, некој хибрид на јавно приватно здравство.
Се друго е докажано дека е бунар без дно и неефикасно.
Кажи еден успешен проект од министерствата кој има позитивни ефекти....
Абе во ред е сето тоа само да дефинираме постулати.

Број 2, прогресивниот данок нечини така ?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Да, не чини, неефикасен е
Е па тоа се проблемите, кои ги има САД во моментов, имаат социјализам за богатите и даночна стапка од 2-3%. Најсиромашните плаќаат 40% данок. Во САД имаат обратно пропрционален прогресивен данок.

Значи џабе ги браниш богаташиве, посебно тие во САД, затоа што нема фер конкуренција и системот е фингиран. Тоа значи само едно олигархија, која е поврзана со политиката. Исто како и во Русија.

Затоа џабе зборуваш против Берни, тој само сака да стави ред и САД повторно да биде земја на можности.

САД станале земја каква што се затоа што имале голем данок на наследство, сторги закони за монопол и големи даноци на пари заработени без работа.

Така секој имал приближно исти стартни позиции, еднакви правила и ако си многу вреден и плус имаш мозок лесно се успева.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Едно е јасно,со либералниов капитализам има се повеќе сиромаштија,и екстремно богати капиталисти кои се тргнати по светов по лов на евтина работна рака.Веќе е време за нов систем,ама тоа малку потешко пошто на гореспоменативе ваква состојба им одговара.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Едно е јасно,со либералниов капитализам има се повеќе сиромаштија,и екстремно богати капиталист кои се тргнати по светов по лов на евтина работна рака.Веќе е време за нов систем,ама тоа малку потешко пошто на гореспоменативе ваква состојба им одговара.
Да, ќе треба, многу работи треба да се менуваат.

Па сега во моментов, најбитниот фактор за една економија ГДП/БДП е тотално нерелевантен.

Ќе ни требаат нови правила за тоа во каква состојба е економијата, ќе треба да се земат параметри каква е благостојбата на населението, животната средина и плус природните ресурси.

Само ова е во домен на екологија и зачувување на планетава, таа економија @Bafra не ја разбира или не сака да ја разбере.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Е па тоа се проблемите, кои ги има САД во моментов, имаат социјализам за богатите и даночна стапка од 2-3%. Најсиромашните плаќаат 40% данок. Во САД имаат обратно пропрционален прогресивен данок.

Значи џабе ги браниш богаташиве, посебно тие во САД, затоа што нема фер конкуренција и системот е фингиран. Тоа значи само едно олигархија, која е поврзана со политиката. Исто како и во Русија.

Затоа џабе зборуваш против Берни, тој само сака да стави ред и САД повторно да биде земја на можности.

САД станале земја каква што се затоа што имале голем данок на наследство, сторги закони за монопол и големи даноци на пари заработени без работа.

Така секој имал приближно исти стартни позиции, еднакви правила и ако си многу вреден и плус имаш мозок лесно се успева.
Леле, жити се ќути не пишувај глупости те молам. САД станале бр.1 ради данок на наследство и строги закони за монопол :facepalm: . Тој данок на наследство ги уништува, поради продуктивноста, акумулираното богатсво и тоа што се најмоќен пазар, сеуште ги одржува во живот, инаку како Венецуела ќе беа. А ќе бидат, ама од 2032, до тогаш алфа и омега за жал. Ја би Хилари или Берни да беа место Трамп, тогаш побрзо ќе се радувавте на нивниот распад. :D . Пак ќе повторам, гајле ми е дал е Берни или Трамп, нит сум левичар нит десничар.Тоа е направено за народ да се подели, а батките на раат да си товарат магарињата.
Русија зашто ги немале ли, затоа ли се послаби од нив..... а и како би имале, кога државата се им земала, па децата немале што да наследат, туку некој близок на ФСБ си ги присвоил. Како нашите Алкалоид, Европа и остали.

@stratUs каде виде либерален капитализам ... или тоа што ти сервираат мејнстрим медиумите ти е релевантен извор. Врз основа на што заклучи дека имаш либерален капитализам ?
Имаш милион регулации, тоа ти е спротивно од либерален.
Имаш централни банки, контролирани од политичарите, чии активности се спротивни од законите на капитализмот. Имаш фирми/банки кои се спасуваат со државни пари, тоа не е закон на капитализмот. Итн итн.
Америка, Шведска, Финска, УК, Германија (краток период) сите тие се развиле со либерален капитализам, затоа станале моќни и сега можат да не ебаваат како сакаат.
Автоматски споено мислење:

Само ова е во домен на екологија и зачуваување на планетава, таа економија @Bafra не ја разбира или не сака да ја разбере.
Слободно верувај им пак на тие од сегашниот систем дека се грижат за доброто на планетата, докажани се милион пати дека тоа им главен итнерес :ROFLMAO: . Еве со СО2 данокот што го собираат, вистина и помагаат на планетата, не на себе си :D.
Екологија за тебе сигурно е производство на електрични возила, на ветерници и нуклеарни централи (y) .
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Леле, жити се ќути не пишувај глупости те молам. САД станале бр.1 ради данок на наследство и строги закони за монопол :facepalm: . Тој данок на наследство ги уништува, поради продуктивноста, акумулираното богатсво и тоа што се најмоќен пазар, сеуште ги одржува во живот, инаку како Венецуела ќе беа.
Ах бе.

Економијата ти е како религија, се зависи колку верници имаш ;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Едно е јасно,со либералниов капитализам има се повеќе сиромаштија,и екстремно богати капиталисти кои се тргнати по светов по лов на евтина работна рака.Веќе е време за нов систем,ама тоа малку потешко пошто на гореспоменативе ваква состојба им одговара.
Колку сакам да се воведен поцврст социјализам насекаде па после да колабираат економиите...мислам дека е потребен уште еден обид како за време на студената војна само на стероиди.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Колку сакам да се воведен поцврст социјализам насекаде па после да колабираат економиите...мислам дека е потребен уште еден обид како за време на студената војна само на стероиди.
Нема да колабираат, туку слободниот пазар ќе настрада, а со тоа и можноста за напредок. Едноставно народ ќе си прифати дека така треба, нема што да бара подобро, трај - прај.

Ах бе.

Економијата ти е како религија, се зависи колку верници имаш ;)
Економијата се базира на бројки и претходно искуство, а твојата верба во системот е новата религија. Како што порано преминале од многубогови на еден бог, така сега е период од еден бог, да се верува на системот/власта. Притоа не е битно што е тоа "систем/власт".

И пак со ништо не покажа дека твоето тврдење ќе има позитивен ефект .... со уништување на богатите, како ќе им помогнеш на средната и ниска класа ... работата е да им создадеш на сите еднакви услови/можности за напредок.
Данокот на наследство ги доуништило американците во 20/30те. Не можејќи да го платат тој ретардиран данок, имотот идел кај државата/ банките, па после друг го добивал или со врски или по многу пониска цена. Ама ти битно го спомна и толку, објаснувања НИКАКВИ. Ама познат мајтапџија си ти (y) .
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Седи кец.

1. У книгата е објаснето дека самите Руси пцујат ко Руси (ама не си ја читал), така да не ми продавај лажен путинистички морал. Тој систем е крајно неморален и лицемерен, околу шо веќе причавме на форумов. А ти си самиот си една тешка лицемерчина.

2. Од 500 стр. книга, тебе те узнемирил зборот „ду*е“, а тебе ич не те узнемираваат ужасите шо таму се раскажани: репресии, покољи, корупција, нуклеарни катастрофи итд. Пропаганда тука си ти, шо да се преправаме.

3. Human e толку нехуман, шo нема грам разбирање за гневот на авторот, после све шо тргал од руската бирократија, која факат е до гуша у измет и корупција.

4. Human не кажува ни збор за историскиот дел од книгата за тоа како Русите небратски и подло се однесувале кон другите браќа Словени, а и општо кон сите други народи.

5. Human не приметуе дека книгата е пуна со извори, од кои многу се руски, и ствара лажна слика дека авторот „пишуел напамет“. Негде има поише/помалце линкови, некои се појаки/послаби, али ипак ги има.

6. Иако предговорот вика главите да се читаат една по друга за да се добие фул слика, Human се бавел со најнебитните ствари, со спејс шатли и глупости (повеќето од кои стварно биле плагијати, може не до шраф, али биле, како минимум по дизајнот, да не одиме подалеку тоа е веќе висока технологија, што и не е тема на книгата).

7. Главен проблем за Human у книгата е фактот дека космонаутот Гагарин немал со што да си го брише г**от, пошто првите машини за тоалет хартија стигнале во „суперсилата“ Русија дури во 1969, кога он више бил загинат, а до тогаш Русите се бришеле со новини. И уместо Human да се замисли зошто тоа било така и зошто таа земја е така недоделкана, он као мало дерле се фатил за спејс шатли и ситни безобразлуци, кои се само успутни.

Браво Human. Стварно ја раскринка оваа „пропаганда“. Нати Нобелова награда. А сеа ќути.
Види, нема да се расправам со аргументи од типот чиј е подолг.
Сега да седнам да барам по интернет ќе напишам книга не од 500, од 5000 страни за несреќите, репресиите, геноцидите, неуспесите на дадена светска сила (САД, Британија, итн.) Плукање, серење по одредена земја нема да го смени погледот на некој што барем малку е објективен. Ако авторот на текстот се изнервирал што не добил виза или државјанство за 6 недели и решил да плука по тоа, негов проблем.
Читањето на еден дел може да те привлечи да го дочиташ остатокот или од веднаш да знаеш за што се работи. Со самиот наратив веќе ми беше јасна целта на авторот.
Уште повеќе со тоа што во текстот има лаги. Еве како таа со спејс шатлот, што не само што не е копија, туку е комплетно различен дизајн од Американскиот, и не само што е различен, туку е и далеку подобар во секоја смисла. Тоа може да го дознаеш од 3 минути читање, но авторот не се потрудил, туку решил да исплука што е можно повеќе. Ова со шатлот е само една лага, ги има десетици само во делот што го прочитав.

Доколку си објективен (спротивно на авторот) може да дискутираме, во спротивно ќе набројуваме неуспеси на едните и другите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Нема да колабираат, туку слободниот пазар ќе настрада, а со тоа и можноста за напредок. Едноставно народ ќе си прифати дека така треба, нема што да бара подобро, трај - прај.

Економијата се базира на бројки и претходно искуство, а твојата верба во системот е новата религија. Како што порано преминале од многубогови на еден бог, така сега е период од еден бог, да се верува на системот/власта. Притоа не е битно што е тоа "систем/власт".

И пак со ништо не покажа дека твоето тврдење ќе има позитивен ефект .... со уништување на богатите, како ќе им помогнеш на средната и ниска класа ... работата е да им создадеш на сите еднакви услови/можности за напредок.
Данокот на наследство ги доуништило американците во 20/30те. Не можејќи да го платат тој ретардиран данок, имотот идел кај државата/ банките, па после друг го добивал или со врски или по многу пониска цена. Ама ти битно го спомна и толку, објаснувања НИКАКВИ. Ама познат мајтапџија си ти (y) .
Море не разбираш, значи јас не сум против богатите, треба да има повеќе богати, само системот мора да биди фер, каков што беше едно време во САД.

Само способноста на единката треба да и овозможи да стани богата, а не нејзиниот наследен статус или статус стекнат со манипулација на системот.
 
Јас сум за Грчко сценарио...воведувај глупи социјални програми и задолжувај се. Па банкрот и протести. Нормално ќе ги криваат доверителите и други ментални егзибиции. Воведувај минимални плати, помош за садење гоџи бобинки итн. Едвај чекам се да им пукне во лице.
 
Човече па секој твој пост е контрадикторен од тоа во што веруваш :confused: . Се исмејуваш,очекуваш Берни да среди, никогаш не ги критикуваш политичарите и не бараш намалување на нивна моќ, или не дај боже нивно потекло на имот. Не ми е јасно врз основа на кои факти имаш таква надеж ... погледни го видеото погоре, убаво те има опишано и во што ти веруваш. Поопасен си од другите религии :P
Автоматски споено мислење:

Јас сум за Грчко сценарио...воведувај глупи социјални програми и задолжувај се. Па банкрот и протести. Нормално ќе ги криваат доверителите и други ментални егзибиции. Воведувај минимални плати, помош за садење гоџи бобинки итн. Едвај чекам се да им пукне во лице.
Па нема да им пукне за првпат, неколку пати им пука и пак ги одржуваат во живот, ради нивната местоположба. Ама овој пат може ќе ја отворат како пупка :D .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom