Русија - смена во надворешната политика?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.860
Еј, дај зборете си за тоа како Путин и Трамп ќе го дигнат Заев на клоци, како Кина ќе ја ставела флотата под руска команда и како Русија само што не не примила у централно-азиска иницијатива, али ние не сме сакале.
Овие мубети не ви лежат.


(P.S, идиоте, сликата e сарказам)
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
...само жив сведок, или негова фамилија и негови наследници можат да посведочат за вистината, која и таа е дискутабилна зависи од изворот и тенденцијата на кажаното, цитирање постирање на линкови од Нет како поле без цензура, да може да пишува кој сака и што сака, не значи дека е таа вистината за историја на некој народ конкретно во Русија, мислам ејјј, некој Хителер може да го предложи за Нобелова награда за мир пост фестум, тоа не значи дека е вистина т.е. може да направиме нешто да НЕ му ја дадат наградата, па ќе испадне ејј вистина, херој?



...еве извор од Нет, како „Карл Маркс“ марксист, комунист како изгледа!? некој ќе го чита ова (вчера роден) и покрај тоа што ќе се соживее со текстот, ќе го препознае на слика, Карл Маркс со нуларица, а тој „вриштел“ од бујна коса, мислам ејјј америве не да шират пропаганда бело црно го прават, ама колку се паметни би рекла оти се богати, толку се глупави и веднаш се гледа нивното присуство (па и во Украина) изобличувајќи ја историјата на тој народ каде ќе стапне нивната нога, ма што идеш подалеку ете ти го дома истото, имаш граЏани кои се малцинство кои имаат повеќе права од тебе, а околу лаат како се обезправени демек граЏани од втор ред и ништо не им можеш! :facepalm:
Бјонс срце си стварно, ама кога те читам добивам шизофренија оти едната половина ми вика земи тролај оти има материјал што не се пропушта, а другата ми вика смири се има и такви луѓе кои размислуваат вака конфузно, заради хормоналната структура произлезена од биохемиските процеси во нејзините жлезди, и не е таа крива ...
 
B

Bafra

Гостин
Те молам дај барем малку детали за вината и одговорноста на Србија за сегашните настани во Македонија, баш ме интересира.

И кои допирни точки имаат Русите во источна Украина со денешните нео-нацисти и бандеристи во централна Украина и во западна Украина ?

Русите им рекоа на Украинците или ги натераа/присилија да регрутираат деца и да ги воспитуваат во нео-нацистичка доктрина ?



Бидејќи спомнуваш збогатување, дај примери за тоа, како денес Србија се збогатува на македонска сметка или како денес Русија се збогатува на украинска сметка, но без политички примери, туку со финансиски примери - следејќи ги парите, а не политичката состојба.

Единствено за црквата ќе ти реплицирам дека никогаш не била повеќе не-релевантна како што е` денес, а ако тоа е по заслуга на Србите, тогаш им должиме благодарност бидејќи ги научиле македонските свештеници и владици на луксузен живот со џипови, спортски автомобили, луксузни вили и останати материјалистички вредности кои се изопачени во споредба со христијанските вредности, а со тоа и самата црква станува изопачена, нехристијанска и не-релевантна. Ете ти го религискиот фактор летнат низ прозор, а со тоа и секуларноста е позацврстена.
Еве уште еден доказ дека не успеваш информациите со кои располагаш да ги обработиш правилно.

Ако ти црквата гледаш дали е релевантна или не преку религиозни пракси, тогаш овие работите како ти изгледаат, како да имаат влијание или не:
https://www.24.mk/details/mpc-kje-dobie-stanovi-i-deloven-prostor-na-lokacijata-sproti-gtc

Анѓушев (да @Klin и Анѓушев некаде се извалкал :D ) Гуштеров, Чифлиганец, итн итн сите имаат дадено пари во МПЦ и никој не ги чепка. МПЦ располага со неброен имот, а ако некој имот им се допадне, како тој "планинарскиот" дом на Матка, со неколку потези си добиваат имотен лист на нивно име. Со Вранишковски видовме какви се не игри играат. Па го имаш владиката ПЕтар, кој според еден документ од буревесник :D (не знам дали е вистински или фалсификат некаков) е расчинет од владика, а и во Австралија видовме какви криминали прават со имот. Инаку викаат е внук на Јован Бабунски, колонист и убиец.
Михаил Гогов, Киро Глигоров и Ванчо Михајлов по зборовите на дедо Гаврил се први братучеди. Михаил Македонската Црква ја вовел во Унијатство со Ватикан и ја однесе Охридската кај Папата во Рим. Прстенот што го носи сегашниот Стефан викаат е Римски, а и повеќето се школувале во Рим.


А за Србија, ако не си увидел досега, до пред 2-3 години не сметаа за сателит на Србија. Тоа треба да ти се образложи зашто и како ... треба ли да ти се објаснува дека КОС УДБА (тоа Клин повеќе знае) сеуште си функционираат, но за економски придобивки, а не безбедносни. Сите поголеми бизнисмени се поврзани со Србија. Во појаките фирми директорите презимињата им се на ИЌ. Ѕинго, Михајло Михајловски и уште еден куп бизнисмени од каде/кого ги добија почетните фирми, со чиј амин, жито и млеко од каде увезуваме, ... ене ти кумановецот АнтИЌ со МПЦ за 300 еур/квадрат си добија земјиште, а ВЕРО ЏАМБО мислам беше повеќе од 500 еур. Ова би требало да е уште поскапо, ама оти немаат влијание го добија поевтино.

И кои допирни точки имаат Русите во источна Украина со денешните нео-нацисти и бандеристи во централна Украина и во западна Украина ?

Русите им рекоа на Украинците или ги натераа/присилија да регрутираат деца и да ги воспитуваат во нео-нацистичка доктрина ?
Историски а и од сегашен аспект, Русија од секогаш ја цицала Украина (најголемата житница) Тоа дека живее население кое збори Руски никој не го негира, а и нормално е тие делови каде повеќето зборат Руски и се осеќаат поблиску до Русија, да се отцепат. Но истото треба да го прифатите и за Западна Македонија тогаш :P . Плус тоа население не живеело одсекогаш таму.

Украина како и Македонија најверојатно нешто многу им имаат згрешено на светската елита (ние можно е ради Богомилите) па затоа се осудени цел живот да бидат експлоатирани, а домашното население на секаков начин да биде малтретирано од своите јаничари. На пример во Македонија не сум слушнал Влав или Шќиптар да се уапсени за финансиски малверзации.
Украина пред да пукне, олигарсите си ги наполнија авионите со богатствата и заминаа. А претседателот си замина за Русија.
Тоа што ние сме за Србија / Грција, тоа е Ирска за УК, тоа е Украина за Русија, тоа е Грција за УК и Германија,Тунис за Франција итн итн.

Не се прави на Тошо. Тенеке убав пост сподели, а ти, поради не знам која причина се излета :unsure:

П.С. Русите заробиле Украински бродови, иако уредно се пријавиле. Лоши ова Украинците :P
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Руски медиум со колумна со наслов Држава како Македонија не треба да постои, пишано во контекст дека ако сме во Нато не треба ни да не има.
Аман нека престане таа братска љубов и добрина што ни ја прават русите последниве 150 години, не можеме да издржиме веќе

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.860
...
Украина како и Македонија најверојатно нешто многу им имаат згрешено на светската елита (ние можно е ради Богомилите) па затоа се осудени цел живот да бидат ...
Богомилите значи....
А ја цел живот мислев Бранко е крив.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Во моментов Русија е ИСИС и хунта елиминатор, работи во Сирија, Либија, Украина, утре може и кај нас. ;)Конкретно пучот во Украина и ставање на хунтата на власт во 2014г. е класична западна разработка, не беше толку брутален како бомбардирањето на Југославија, Либија, војната во Македонија 2001, но си беше класичен пример на по брутална шарена револуција, не како нашата само со боја.
После тоа нема повеќе украинска држава а класична колонијална држава, исполнува се што каже им каже господарот. Сакат прават војна во Донбас или провоцираат во Крим, ако им наредат утре ќе војуваат и со Русија.
Границите на повеќето држави за последните 100 години не се баш праведно направени, и на блискиот исток и кај словените. Земаш делови од два три народа или религии и го создаваш Ирак, Иран, Сирија или делиш една држава на 4 -Македонија, сето тоа е не случаен план на тогашните големи западни сили. Слично е и со СССР, носиш еден сифилистичар на власт, го качуваш на возот, му даваш пари и една библија на Карл Маркс, има шарена симболика /жолта или црвена тупаница/ тогаш било црвена петокрака, срп и чекан и гради комунизам, но границите меѓу републиките и таму не се направени правилно. Земаш од Србија, правиш две покраини, даваш на Хрватска, или таму земаш од Русија и даваш на Лвоска област и правиш нова Украина.
Денешните проблеми во Украина се заложени тогаш, еден сифилистичар Ленин, евреин Троцки, грузинец Сталин решиле да има украинска република и колку да е голема, а можело уопште и да не прават Украина.
Денеска имаме проблем со тоа, 50% руски народ, живее во Украина, не зборуваат украински, им ставија западна католичка хунта на власт, ги одделија од Русија, кој е крив кој е прав преценете сами.
Случајот со Крим е друга историја, сличен со прохор Пчински или свети Наум, но по несправедлив, внатрешна размена на територии во рамките на СССР, но не размена а подарок, од илјада години Крим е Руски но во шеесетите години троцкистот Хрушчов го подарува на Украина. Од сегашен правен аспект е незаконски, немал такво право по устав, но го направил.
Како ќе се одвиваат работите со киевската хунта, ќе мењат ли име, ќе прават војна со Русија, не зависи ниту од Заев ниту од Прошченко, а од нивните господари што ги ставија на власт. Но Путин си има аргументи и право, 20 милина руски народ, или Украина ќе е пријателска и во руската сфера или ќе се дели, Украина е некаков аналог на Југославија.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Во моментов Русија е ИСИС и хунта елиминатор, работи во Сирија, Либија, Украина, утре може и кај нас.
Кај вас во ЕУ? Тешко, многу SF ми изгледа таквото сценарио...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Еве уште еден доказ дека не успеваш информациите со кои располагаш да ги обработиш правилно.

Ако ти црквата гледаш дали е релевантна или не преку религиозни пракси, тогаш овие работите како ти изгледаат, како да имаат влијание или не:
https://www.24.mk/details/mpc-kje-dobie-stanovi-i-deloven-prostor-na-lokacijata-sproti-gtc
Црквата од поодамна се оддели од христијанските вредности и од христијанските верници, а токму содржината на статијата објавена на Интернет страницата кон која води твојот линк е еден од најновите примери за тоа.

Ако не ти се допаѓа како функционира црквата и како свештениците и владиците си ги полнат џебовите и луксузните вили, тоа е една работа.

А ако ја сметаш црквата за релевантен фактор во македонското општество, тогаш на дебело грешиш, бидејќи македонските христијани од поодамна велат дека веруваат во Бога, но не и` веруваат на црквата.

Украина како и Македонија најверојатно нешто многу им имаат згрешено на светската елита (ние можно е ради Богомилите) па затоа се осудени цел живот да бидат експлоатирани, а домашното население на секаков начин да биде малтретирано од своите јаничари. На пример во Македонија не сум слушнал Влав или Шќиптар да се уапсени за финансиски малверзации.
Украина пред да пукне, олигарсите си ги наполнија авионите со богатствата и заминаа. А претседателот си замина за Русија.
Тоа што ние сме за Србија / Грција, тоа е Ирска за УК, тоа е Украина за Русија, тоа е Грција за УК и Германија,Тунис за Франција итн итн.

Не се прави на Тошо. Тенеке убав пост сподели, а ти, поради не знам која причина се излета :unsure:

П.С. Русите заробиле Украински бродови, иако уредно се пријавиле. Лоши ова Украинците :P
Кои допирни точки ги имаат Гладоморот кој се случил пред повеќе од 80 (ОСУМДЕСЕТ) години, со сегашните односи помеѓу Русија и Украина ?
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Кај вас во ЕУ? Тешко, многу SF ми изгледа таквото сценарио...
Имав предвид, мојата родна држава Македонија.
Но Русија си има приоритети на дејство и нема печатница на Евро и Долари, така да си ги пази ресурсите, а и не е нивен стил западнит фашистички метод на дејствија, тоа е и главната разлика меѓу рускиот и англисансонскиот свет, русија работи по совест.
А за "мојот" ЕУ, тоа е држава во распад, за година две ќе се распаднат, слично како Југославија. Со Бргзит веќе е држава во распад, дваесетина процента помалку пари во општиот буџет е крах, а со 14 илјади милијарди евро долг /14 000 000 000 000 Е/ ситуацијата уопште не е розова. Грција банкрот, Шпанија, банкрот, Италија банкрот, Португалија банкрот...
 
B

Bafra

Гостин
русија работи по совест.
Абе штом едниот дел ти е јасен, а за другиов верглаш некаква совест, јасно е дека :drk: на Русија.
Русија и совест :facepalm: Па има ли пострашно од тоа да си ги убиваш своите ... Англосаксонците убиваат туѓи, ама за тоа награда добиваат, а ти своите што ќе добиеш :tapp: . Плус ти ем ги величиш Русите, а работиш кај Англосаксонците.
Значи придонесуваш за нивниот развој и си провокатор. Сакаш народ меѓусебе да се тепа, божем патриоти против Сорос предавници, додека ти во ЕУ си уживаш. Баш ако тебе ти смета СОрос, ете поблиску си, иди фрли бомби низ ЕУ.

Црквата од поодамна се оддели од христијанските вредности и од христијанските верници, а токму содржината на статијата објавена на Интернет страницата кон која води твојот линк е еден од најновите примери за тоа.

Ако не ти се допаѓа како функционира црквата и како свештениците и владиците си ги полнат џебовите и луксузните вили, тоа е една работа.

А ако ја сметаш црквата за релевантен фактор во македонското општество, тогаш на дебело грешиш, бидејќи македонските христијани од поодамна велат дека веруваат во Бога, но не и` веруваат на црквата.



Кои допирни точки ги имаат Гладоморот кој се случил пред повеќе од 80 (ОСУМДЕСЕТ) години, со сегашните односи помеѓу Русија и Украина ?
Дај бе барем ти стави кармин кога сакаш да ме :sekcza: .
Ти му кажуваш црквата е тата мата, тој ти вика нема влијание. Никој не ја контролира црквата, сите кај неа си плаќаат и не одговараат, тој ти вика нема влијание. И уште многу други работи има, ама за џабе кога некои работи не ги обработуваш.


А за Украина - Русија, причинско последични работи. Историјата се повторува, ама со други слики, настани итн итн, не може исто ко пред 80г.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.060
Поени од реакции
4.707
Си читаш рандом коментари на темава и океј, различни луѓе различни познавања, секој со некаков став колку и да е точен, погрешен итн. Добро си викаш ќе го цитирам ќе му одговорам на некој, со друг се сложуваш со мислењето...

И наеднаш налетуваш на богомилите. Ни се налутил светот заради богомилите. :sick:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Дај бе барем ти стави кармин кога сакаш да ме :sekcza: .
Ти му кажуваш црквата е тата мата, тој ти вика нема влијание. Никој не ја контролира црквата, сите кај неа си плаќаат и не одговараат, тој ти вика нема влијание. И уште многу други работи има, ама за џабе кога некои работи не ги обработуваш.

А за Украина - Русија, причинско последични работи. Историјата се повторува, ама со други слики, настани итн итн, не може исто ко пред 80г.
Ако не ти се допаѓа тоа што црквата и понатаму успева да измолзи пари од верниците, тоа не мора да биде твој проблем, исто како што не е ниту мој проблем, бидејќи верниците се тие кои своеволно одлучуваат да одат во црква и да и` оставаат пари на црквата.

Црквата не е ниту државна институција/установа, ниту јавна институција/установа, туку е приватен ентитет во кој никој не е обврзан да членува/припаѓа, бидејќи членството/припадништвото е` право на избор, а не законска обврска.

Венчавката во црква, крштевката во црква и црковниот погреб се право на верниците, а не нивна обврска, никој не ги тера со сила да се венчаат во црква, или да ги крштеваат своите деца во црква, или да ги погребуваат своите блиски преку црковен погреб. Ма да не сум прочитал досега да го критикуваш А.Д. Бутел бидејќи има монопол врз безживотното тело на покојникот/покојничката, кое секогаш завршува во нивна мртовечница - доколку покојникот починал/покојничката починала во Скопје, се разбира.

Убаво што си ја прифатил реалноста дека историјата се повторува, но верувај ми, денешното повторување на историјата нема никакви допирни точки со Гладоморот кој - чисто за потсетување - не ги опфатил само Украинците, туку и Казахстанците, кавкаските народи и - верувал или не - Русите кои живеат долж течението на Волга, бидејќи доколку не си знаел, Советскиот Сојуз - не Русија, туку Советскиот Сојуз - беше еднопартиска диктатура, а за време на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин беше и лична диктатура на еден човек кој - исто така, верувал или не - не бил ниту Русин, ниту Украинец, ниту по потекло, ниту по националност.

И не, статија за Гладоморот воопшто не припаѓа во тема за надворешните политики на Русија, бидејќи Русија не се занимава со изгладнување на невино цивилно население - барем не после 1991 година.

Тоа денес е една од главните дејности на САД, кои со својата воена и логистичка поддршка кон Саудиска Арабија, директно учествуваат во еден нов Гладомор кој се случува во моментов, но не во источна Европа, туку на блискиот исток, поконкретно во Јемен.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom