Русија се враќа во Авганистан како сојузник на НАТО

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Русија се согласила да се вклучи во војната во Авганистан на страната на западните земји, кои пред 21 година ги помагаа тамошните муџахедини за да ја поразат армијата на тогашнот Советски сојуз, кој претходно изврши инвазија и окупација на оваа средноазиска држава.
Според лондонскиот весник „Индепендент“, Москва ќе се ангажира во обуката на новата авганистанска војска, Русите ќе се вклучат во единиците за борба со опиумските господари на војната и во принцип, прифатила да го снабдува НАТО и неговите авганистански сили со руски хеликоптери.
Весникот, како што јави дописникот на МИА од Лондон, тврди дека определен број летала веќе и се продадени на Полска која е вклучена во меѓународните сили на Алијансата, но сега се преговарало со Русија таа директно да го обезбедува НАТО со повеќе хеликоптери, да ги обучува пилотите, како и да прифати префрлање на оружје, муниција и воена опрема за сојузничките сили во Авганистан преку руската територија.
Тој коридор би требало да го замени сегашниот што минува преку Пакистан кој во последно време често е напаѓан од тамошните талибанци. Ваквиот договор би требало да се обелодени за време на претстојниот самит на Северноатлантската алијанса, што во ноември ќе се одржи во Лисабон, а на кој ќе присуствува и рускиот претседател Дмитриј Медведев.
Русија од своја страна, како што пишува „Индепендент“, побарала поголема кооперативност на НАТО со Москва околу ширењето на ракетниот штит и прашањето на Грузија.

Извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Заедничка операција на Русија и САД во Авганистан


Специјалните служби на Русија и САД за прв пат во историјата спровеле заедничка операција против производството на дрога во Авганистан на границата со Пакистан, објави РИА Новости.
Виктор Иванов шеф на Сојузната служба за контрола на наркотиците на Русија информирал дека во операцијата биле откриени четири нелегални лаборатории за дрога. Три биле за производство на хероин и една за морфиум.
На дилерите на наркотични средства им била направена штета над една милијарда долари.
Во операцијата учествуваа претставници на руската Федерална служба за контрола на наркотиците, на Министерството за внатрешни работи на Авганистан и на специјалните единици на САД. Исто така, биле вклучени и хеликоптери на коалициските сили.

Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom