Русија би можела да се распадне и да има четири Европи

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
STRATFOR: ЗА 10 ГОДИНИ РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА СЕ РАСПАДНЕ И ДА ИМА ЧЕТИРИ ЕВРОПИ

10 декември 2015

Меѓународната разузнавачка компанија Stratfor објави интересни предвидувања за тоа како светот би можело да изгледа за 10 години. Русија ќе се распадне на цела низа помали региони, додека САД ќе бидат одговорни за осигурување на руските нуклеарни бомби, велат овие предвидувања. Полска ќе порасне и ќе стане еден од европските лидери зашто Германија ќе трпи поради европската криза. Ќе постојат четири европи: скандинавска (на која ќе ѝ се придружат Велика Британија и Ирска); средоземна (Шпанија, Португалија, Италија и Грција); западна Европа (Германија, Австрија, Чешка); и источна (Унгарија, Словенија, Романија, Бугарија, Полска, Украина, Белорусија, Литванија, Латвија и Естонија). Турција и САД ќе бидат блиски сојузници, зашто Турците без помош на САД нема да можат да ги држат Русите на безбедна дистанца. Stratfor предвидува и дека од Кина ќе настанат 16 мини-кини, а растот на овие варијанти на најнаселената држава ќе се забави. Производството ќе се пресели во држави како Мексико и Етиопија. Јапонија ќе стане водечка сила на море во Азија, а САД сѐ помалку ќе се мешаат во работите на овој, друг крај на светот.

http://www.time.mk/c/68ef3ef829/stratfor-za-10-godini-rusija-bi-mozela-da-se-raspadne-i-da-ima-cetiri-evropi.html
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Овие не се мои предвидувања.
Види за Полска се согласувам, и јас мислам дека во некоја догледна иднина Полска ќе стане економска велесила. А за Кина и Русија многу е sci fi сценарио и тешко остварливо. Едната е најголема по територија, а другата е најголема по население. Не се тоа држави што така лесно може да се расцепкаат.

А за Грција што викаат? Тоа се знае бре во идните 10 години ќе ја обнови византиската империја и грчката економија ќе ги надмине американската и германската економија! А по население и Кина ќе ја стигне. Ципрас е жив доказ за тоа. :D
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Види за Полска се согласувам, и јас мислам дека во некоја догледна иднина Полска ќе стане економска велесила. А за Кина и Русија многу е sci fi сценарио и тешко остварливо. Едната е најголема по територија, а другата е најголема по население. Не се тоа држави што така лесно може да се расцепкаат.

А за Грција што викаат? Тоа се знае бре во идните 10 години ќе ја обнови византиската империја и грчката економија ќе ги надмине американската и германската економија! А по население и Кина ќе ја стигне. Ципрас е жив доказ за тоа. :D
Најголем економски стандарт во Балканот е Грција. Највисоки плати највисоки пензии. Туризмот им е супер, некои работи мора да се признаваат без разлика дали некој тоа го сака или не реалноста мора да се признае.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Русите во времето на СССР кога беа многу посилни се распаднеа. А што остана за сегашна Русија.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Џабе потрошена 1 минута на текстот кој искрено не е реално во наредни 50тина година и повеќе.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Русија со водство како на Путин моментално, никогаш нема да се распадне.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Русите во времето на СССР кога беа многу посилни се распаднеа. А што остана за сегашна Русија.
СССР се распадни, освен Чешка,донекаде Словачка и Унгарија нема напреднати нормални држави,си останаа за грев упропастени кутричките со голем криминал и корупција,олеснување им се пасошите со кои можат да најдат работа во ЕУ,за разлика од нив Русија која максимално се развива последните 10тина години,годинава дејствува официјално во Сирија,а неофицијално којзнае каде не делува андерковер да придобива партии и влади кои се незадоволни од америчкото присуство и “демократијата“ која цица крв,човечки и материјални ресурси
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Русите во времето на СССР кога беа многу посилни се распаднеа. А што остана за сегашна Русија.
Како се распаднале бе мрднат еден :) ! Мислиш СССР се распадна ? Исто како да кажаш Србите се распаднаа 92 ра :pos:!
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
989
Поени од реакции
645
Сеуште со менталитетот дека Русија е како бивша СССР. Не може ни да се спореди моментална Русија со СССР, се е почнато да се модернизира и од некаде 1991ва година Русија се трансформира во држава што многу личи на западните. Само треба да се погледне како напредуваат со техниката во последните 25 години. А тоа дека Русија ќе се распадне и дека Кина не е релевантна на светската сцена е само една западна заблуда и нивен влажен сон.

Strategic Forecasting, Inc. — known as Stratfor — is an American publisher and global intelligence company founded in 1996 in Austin, Texas
Еве ти го изворот, чиста Американска пропаганда. Јас живеам во Америка, знам што кажуваат за Путин на американските вести, имаат страв од него и од порастот на Русија.

Русија нема да се распадне. Европска Унија ќе се распадне, и тоа за брзо. Европска унија е градена на вештачки начин како што беше бивша СССР. Види ги само несогласувањата што ги имаат државите членки на унијата. Пола од државите отидоа до банкрот, Грција, Португалија, Шпанија, Ирска, Италија, етц а држави како Германија, Франција ги вадат од долг. Уште колку ќе врие пред да пукне. Стај прст на глава, не читај само страња и пропаганди на западот.

Ако сакаш да бидеш реален, следи ги пропагандите на двете страни па читај меѓу редови од тоа што е напишано.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
За 25 години и ние добиваме покана за преговори во Европа (east side) али грците се бунат зошо не идеме у нивната европа и поканата се повлекува до надминување на неспоразуми. Името уште не сме го дале бтв и Катица е при крај со одлуката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom