Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.012
- Поени од реакции
- 4.670
Со последното лансирање на шатлот Дискавери, Американците остануваат без свој транспорт на луѓе до вселената.
Откако Барак Обама одлучи дека премногу чини испраќањето на астронаути во вселената преку НАСА, и дека приватните компании ќе треба да му ја мислат за поефтини начини на кој ќе го направат истотo, повеќедецениската вселенска трка меѓу двете светски супер сили - САД и Русија - барем привремено, доби победник.
“Тие знаат дека треба да превземат голем чекор доколку сакаат да испратат луѓе во вселената... Имаат уште многу работа“, рекол астронаутот на НАСА, Сунита Вилијамс, коментирајќи го префрлањето на таа одговорност врз приватните компании, пренесува RT.com.
Но, никој со сигурност не знае дали приватните компании ќе успеат да направат адекватно вселенско летало. Поради тоа по се изгледа дека во идните години руското Soyuz летало ќе биде единствениот начин преку кои луѓето ќе патуваат до Меѓународната вселенска станица. Ваквиот руски “примат“ не им се допаѓа на многу Американци, меѓу кои и на истакнати граѓани на оваа земја.
„За нацијата која се покажа најуспешна во вселената, ова е тешко да се прифати“, рекол Џон Глен, првиот Американец кој бил испратен во Земјината орбита.
„Ќе бидеме на големо зависни од Русите, а тоа е ужасна позиција за Соединетите држави“, изјавил за Washington Post Мајкл Грифин, екс-директор на НАСА.
„Како можеше ова да се случи? Успеавме да стигнеме до Месечината, имавме прекрасна опрема, а сега сме сведени на патници во Руски брод. Ова е работа на повредена гордост“, смета Маријана Дисон, бивш контролор на летови во НАСА.
Но, според претседателот Барак Обама, ова се времиња на соработка, а не на натпреварување: „Повеќе не сме во вселенска трка. Она што некогаш беше глобален натпревар, сега стана глобална соработка“.
Со него се согласуваат и астронаутите кои работат со руски колеги, како Сунита Вилијамс: „Дојде време за соработка и учење едни од други. Тоа е еднакво добро како и трката која ја водевме во минатото“, смета Вилијамс.
Тоа е така, заради фактот што веќе не вложуваат доволно за изработка на ново вселенско летало. Проектот Орион (кој требаше да ги врати САД на Месечината и да обезбеди ефтин превоз на астронаути до МВС) беше откажан како многу скап. Замена на тој проект со друг - нема.
САД ја губат битката во Вселената
Иако, на прв поглед сé чини дека е недоволно интересна вест дека НАСА пратила до американскиот Конгрес известување, во кое се наведува дека со одобрените пресметани средства, не се во можност да изработат нова класа на ракета носач, сепак тоа носи доста неповолни импликации за натамошната вселенска програма.
Работите идат толку далеку, со што некои програми се гасат, а истовремено нема други кои би ги замениле.
НАСА не е во можност да изгради нова ракета носач
Сé чини дека НАСА, а со тоа и САД, влегуваат во декада на стагнација, препуштени на своевидна инерција на вселенска програма, од типот “до каде иде – иде”. Набљудувајќи ја работата глобално, ова стопирање (без наводници) на американската вселенска програма, би можело , набљудувано низ призмата на нова трка во вселената, да влијае на забавувањето на вселенските програми на Русија, Кина, Кина и Европа.
НАСА добила задача најдоцна до 2016 год. да проектира, изработи и тестира нов тип на ракета носач, кој би бил способен за лансирање на тешки товари, како во орбитата на Земјата, така и за летови на пилотирани вселенски бродови кон астероидите (Месечината) и на Марс. Иако, во планот било да се користат постојните сегменти од програмата “space shuttle”, како и редизајнираните елементи од легендарната ракета Saturn – V од Аполо ерата, НАСА, сепак заклучила дека не може ја одработи таа работа.
Текстот од 22 страни бил упатен до Конгресот, каде се презентирани техничките проблеми кои не можеле да ги решат со моментно одобрените финансиски средства. НАСА побарувала дополнителни 30 – 35 милијарди американски долари, доколку САД сакаат да имаат нова ракета и да ги следат новите технологии, односно опреми. Во Конгресот, некои се надеваат дека приватниот сектор со десеткратното намалување на вложувањата, сепак САД ќе имаат добри резултати, како и тоа дека нема да ја извисат новата трка во Вселената. На таквите приговори, од НАСА порачуваат дека доколку приватниците не успеат, САД ќе остане надвор од играта, најмалку до 2025 год. Иако, новата ракета ќе ги чини тамошните даночни обврзници износ во големина колку четири македонски годишни пресметки, тоа се всушност (за нивни околности) и не така големи средства, споредени со трошоците на градење и одржување на една ескадрила на невидливи бомбардери од типот В – 2.
Критиките на новонастанатата ситуација доаѓаат од секаде.Јавна тајна е дека обичен чекан или клешта, чинат исто како оние во продавница и можат да се најдат за 4 -5 американски долари, додека во НАСА чинат 40 – 50.000 американски долари. Затоа, не треба да чудат кинеските, руските, па дури ни индиските планови (дека со средства помали дури за десетина пати, за разлика од НАСА), во наредните десет – дваесет години, ќе ги одработат своите слетувања на Месечината. Од трета страна, ерата на малите вселенски програми, буквално во “гаражни” услови, незапирливо се движат кон новото време во освојувањето на Вселената. Дали на прв поглед, втора класа на медиумски информации ќе се покаже за круцијална, во губењето на американската улога како предводник во вселенската ера, ќе покажат наредните месеци и години. Впрочем, да причекаме две до три години, успеат ли некои од проектите од Google Lunar X prize програмата, НАСА повеќе нема да може да продава магла за облаци.
Место на изработка на свое летало, НАСА дава пари на приватници да изградат и да им ги транспортираат астронаутите до МВС.
Досега ниедена приватна компанија не лансирала човек во вселената, а Спејс икс, се пола деценија далеку од тоа.
Американската приватна корпорација - Space X, упатила кон НАСА службена информација поврзанa за нивното учество во натпревар, вредно 200 милиони американски долари, во кој ќе учествуваат приватни компании, со цел изработка на пилотиран вселенски брод. Сé чини дека Space X, во овој момент е барем чекор пред другите. Нивниот вселенски брод Dragon (Змеј), веќе ја има одработено испитната вселенска мисија, а започнале со работа на проект, вреден милијарда американски долари, каде ќе се вршат сложени модификации на Dragon, од беспилотна да премине во оперативна пилотирана верзија. Таквото летало ќе им овозможи на седум члената екипа, лет до ISS и назад.
Шематски приказ на деловите на Драгон
Според информациите од Space X, се работи на изработка на систем за евакуација, кој треба да биде револуционерен во однос на денешните, кои се користат уште од првите денови од вселенската ера, т.н. “ракети – трактори”.
Драгон во Вселена. уметничка визија.
Нивниот систем за евакуација нема да се отфрла, туку ќе биде основен дел од бродот. Целиот систем, односно неговите компоненти, ќе се користат и за маневрирање во Вселената, но и при можната опција на слетување на копно, каде би послужил како ракетен систем за меко спуштање. Освен намалување на тежината, ваквиот пристап овозможува и подобрување на интеграцијата на системот на леталото, а бидејќи, Змејот е наменет за повеќекратна употреба, тоа ќе овозможи и значително намалување на трошоците, со зголемување на ефикасноста.
Различни верзии за вселемскиот брод Драгон
Доколку, победи Space X на ова натпреварување, 200 милиони американски долари ќе бидат почетна инјекција на капитал, пред финализацијата на производот, вклучувајќи го и експерименталниот лет, за што би им било потребно 3 – 4 години. Денес, во Space X, вработени сé околу 1.000 луѓе, во различни погони на компанијата.
Местото во пилотираниот Змеј, би се плаќало со околу 20 милиони американски долари, што е далеку поевтино, од цената која НАСА денес ја плаќа на Русија, за место во Сојуз. Со новото ракетно срце, од каде, буквално излегува оган од ракетните мотори, Dragon станува вистински Змеј во новата ера на вселенски истражувања, со помош на приватна компанија.
Додека од другата страна, Русите вложуваат се повеќе и повеќе во нивната вселенска програма.
Путин порачува: Доаѓаме!
Русите во 2011 год. за вселенските прашања ќе дадат 115 милијарди рубљи, но дали тоа ќе биде доволно да се намали разликата во однос на водечките земји во таа област. Како што Американците повеќе не се во состојба да го престигнат “Apollo”, можат ли Русите да го престигнат Гагарин?
Оваа година во целиот научен свет ќе биде одбележан како јубилеј, бидејќи ќе се прославува 50 години од славниот лет на Јуриј Гагарин во Вселената. После тоа априлско утро, 1961 год., светот не бил повеќе ист, бидејќи започнала трка за Вселената, чии одеци директно или индиректно влијаеја на целиот свет, гледајќи глобално.Нормално и логично е дека прославата ќе биде најголема во Русија. Тие целата година ќе ја посветат на Гагарин, а истражувањето на Вселената, ќе добие посебно место во нивното сеопфатно ангажирање.
Пред десет дена, премиерот Путин во подмосковскиот Контролен вселенски центар (ЦУП), присуствувал на заседанието на Организацискиот комитет, по повод славењето 50 – годишнина од летот на Гагарин. Во центарот на вниманието, не бил само планот за обележување на јубилејниот настан, туку и имплементацијата на програмата на вселенското истражување, усвоен за првиот квартал од овој век, кој по мислење на сите, треба да ја обнови позицијата на Русите во Вселената. Во меѓувреме, руската космонаутика, по многу заостанувања, денес и не претставува достојна конкуренција на САД и Европа.
Веќе се закажани лансирањата во орбитата околу Земјата за околу 50 вселенски летала. Исто така, оваа година ќе биде усвоена новата сојузна програма за развој на сателитски навигациски систем - ГЛОНАСС (Глобален Навигациски Сателитски Систем), испланиран до 2020 год. За националниот вселенски програм, според зборовите на Путин, спремни сé во 2011 год. да издвојат 115 милијарди рубљи (околу 4 милијарди американски долари). Во врска со 50 – годишнина од летот на Гагарин, со декрет на претседателот Димитри Медведев, 2011 год. ќе биде прогласена за Година на Вселенета, во Русија.
Првиот значаен настан, во низа празничните прослави, на 16 март, треба да биде лансирањето со човечки екипаж “Сојуз ТМА – 21” од Бајконур, кој ќе ја пренесе целата нова посада кон ISS. Екипажот ќе го сочинуваат двајца Руси и еден Американец, додека на трупот на леталото ќе биде испишано името - “Гагарин”.
Меѓутоа, космодромот “Бајконур” станал тесен за руската космонаутика. Во Француска Гвинеја, на космодромот “Куру”, каде се гради лансирен комплекс за лансирање на ракета – носач, од типот “Сојуз – ЦТ”, кон крајот на првиот квартал, руската страна е должна да го доврши лансирниот комплекс ELS (фр. I’Ensemble de Lancement Soyouz), заедно со подвижна сервисна кула. Првото лансирање на руската ракета од Гијане, ќе биде помеѓу 15 август и 15 септември 2011 год.
Лансирајќи од космодромот “Бајконур”, руските ракети можат во геостационарната трансферна орбита (GTO), да подигнат 1.7 тони товар, додека од Гијана, тој товар потенцијално ќе порасне на 2.8 тона.
Русија планира во јубилејната година да продолжи со истражувањата во длабоката Вселена. Во октомври, планираат (конечно) да лансираат интерпланетарна вселенска станица “Фобос – Грунт”, кој има за задача на Земјата да донесе примерок од површината од сателитот на Марс – Phobos. На овој проект, ќе се развиваат основните технологии, неопходни за следните мисии на црвената планета. Покрај ова, во следните месеци, ќе се обнови групата од сателити, поврзани за системот ГЛОНАСС. Важен настан ќе биде јануарското лансирање на новиот сателит од третата генерација “ГЛОНАСС – К1” (некаде нарекуван и “Ураган – К”), кој за прв пат ќе биде лансиран од космодромот “Pleseck, a не од Бајкунур. При тоа, наместо “Протона”, за прв пат ќе биде користена евтина ракета – носач Сојуз-2.1б (Сојуз – 2.1б). Новиот сателит ќе има работен век од 10 – 12 години и тежина од само 750 кг.