Русите ја пумпаат својата армија

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сепак далеку поголема закана се земја-земја ракетите. Зошто не постават такви мамки?
А и Шрајк не е толку опасен за ПВО. (барем не за руската ПВО).
Неверојатно... сред Њујорк американците пренесувале огромен проектил од една во друга база... сигурно ќе се Дигне... огромна галама после ова.
 

JerryMK

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
5 мај 2009
Мислења
259
Поени од реакции
12
dali na raketata pisuva viagra?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
dali na raketata pisuva viagra?
Very Intelligent Aggressive Ground Response Article. <- Од ова е скратеница. Земја - земја ракета е. Затоа го цитирав членот со претходниот пост. Ама признај какви “мирољубиви“ имиња даваат американциве на оружјата...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Не мислев на тоа дека им се упропасти војската, туку економски неможеа да ја издржат војната.
Па војската што ја имаа СССР во Авганистан не беше причина да се распадни, со толку војска СССР можеше да окупира 10 земји колку Авганистан и пак да има пола армија дома за одбрана.
СССР ја имаше најголемата армија во цел свет!
 
S

smart ass

Гостин
Заради ракети како Шрајк или Харм (антирадарски) кои се самонасочуваат кон изворот на емитување радарски бранови.
Иако и во тој случај би требало да има извор на бранови кој ќе ја привлече ракетата кон лажната цел а не кон правата (некој активен ПВО систем)...ако е само балон од ПВО систем нема поента...
Ова се игри на надмудрување кои можат да значат многу во даден момент и да спасат многу техника и луѓе.
Да но паралелно со пумпањето и имтацијата,и ракетите се програмираат да распознаат имитација на радарски сигнал и вистински,но во секој случај барем преку сателит напумпаниве системи ќе бидат приоритетни мети...а уствари се самомаска...за глувчето да се фати вокапанче.

Ај малце доста со пумпање...ако некој сака инфо за вистинското...она реалното руско оружје,од ПВО,тенкови,пиштоли....СЕ,ја имам книгата Russian arms,па ако некој е заинтересиран ќе ја аплоадирам.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Несоодветна е темава..но сепак ....

Творецот на „калашњиков“ наполни 90 години


Ќе бев пресреќен доколку, на пример, ја измислил косачката за трева
Москва- Михаил Калашњиков, творец на познатите пушки АК-47 вчера наполни 90 години, јавија руските медиуми.

Калашњиков, поранешен војник на Црвената армија, инспирација за својот изум пронајде откако беше ранет во 1941 година. Иако привите обиди му биле безуспешни, тој добил работа во Одделението за развој на вооружувањето и до 1947 година го усовршил своето ремек-дело.

Оттогаш АК-47 или популарниот „калашњиков“ стана најраспространета и најпозната пушка во историјата. Оваа пушка што се наоѓа на знамето на Мозамбик, ја користат 50 армии на светот, како и голем број герилски движења.

Сепак, иако низ целиот свет се продадени околу 100 милиони „калашњикови“, неговиот творец, кој живее во градот Изевск на западниот Урал, тврди дека од тоа не профитирал и дека прима само државна пензија.

- Без сомневање, Михаил Калашњиков е светски татко на лесното вооружување, рече Игор Севастранов, заменик-директор на рускиот извозник на оружје на компанијата „Рособоронекспорт“.

Тој додаде дека придонесот на Калашњиков кон влијанието на Русија на странските пазари за оружје е немерливо и оти неговото име е еднакво познато, како и името на Јуриј Гагарин, првиот светски астронаут. Севаестјанов истакна дека Русија неодамна потпишала договор со една држава на северна Африка за продажба на 500.000 парчиња нови усовршени верзии на „калашњиков“АК-103-2 кој може да испука три рамки муниција.

Калашњиков и покрај светската слава што ја стекна, не е среќен поради разурнувачката моќ што ја предизвикал.

- „Горд сум на својот изум, но несреќен затоа што го користат терористи“, рече тој по посетата на Германија во 2002 година.

Тој додаде дека уште би сакал да измислил некоја машина за доброто на луѓето и која би им помогнала на фармерите, како што е, на пример, косачката за трева. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1088EEEFDBB12A42AA477F0F44F5D58C
 

Kajgana Shop

На врв Bottom