Русите го потврдија македонското потекло на Александар Македонски

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Александар Македонски e културен елемент во руската црковна архитектура.

На керамичката плоча е претставен Александар Македонски со неговата армија во црквата „Свето Тројство“ во Кострома.

http://cebu-market.com/clone2002-obraztsovye-izraztsy/
— with Vlado Stojev, Aleksandar Boskovski, Bosko Petrov, Vesna Rohr, Vladimir Alexander Dojcinoski and Vlado Jovanovski.


 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Александар Македонски и Цар Самуил зборувале ист јазик – доказ е стара книга – МИА сторија


Книга за Грците и Македонците, објавена во Венеција во1532-та година. Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски”, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.Примерок од книгата на Винко Прибојевич, објавена во Венеција во 1532 година била пронајдена дури во 1922-та година од страна на академик Новак Грга, кој во 1951 година бил член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.

Како исклучително учен човек за тоа време, одличен познавач на античката, класична историја е Винко Пробојевич. Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевич во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири.

И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.

Самиот Тукидид, ели Прибојевич во 1525-та година, кој ја пишува книгата, тврди дека „Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија”, а „разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ”.

Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!?Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга.

Ваквото тврдење на Прибојевич секако не и лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевич уште во 1525-та година, а не денес.
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 10:52 ---
Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале ‘истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува’. Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: „Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики”.

Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: ‘Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик’, а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат.

Ако Македонците и Грците биле ист народ, смета Прибојевич, тогаш немало потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците туку само крал на Грците. Значи, вели тој во својата книга стара пет века, бидејќи Македонците имаат свој јазик, а тој јазик не паднал од небо, јасно е дека тие отсекогаш па и денес, како што сведочи и големиот Филип од Бергамо, го имале истиот јазик што го говорат и сега.

Ако е така во 1525-та година, кога е кажано и напишано од Прибојевич, тогаш сосема е веројатно дека Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик, оној што го зборувале Македонците отсекогаш. Според Прибојевич, Александар, Самуил и свети Климент, на пример, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик!

Според Прибојевич, „немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците”, па „голем дел од нивната најстара историја по Александар Македонски останала непозната”. Но, сепак, и оние податоци, кои, макар и против своја волја, како што вели, ги пружале другите автори, доволно јасно укажуваат на тоа дека ниту во воената слава, ниту во поседувањето на многу земји, подоцнежните таканаречени Словени не заостануваат зад ниту еден народ, туку, напротив, со своето славно потекло им заповедале на други народи.

Римјаните измислуваа провинции само да го снема името Македонија

Во својата книга за Македонскиот полуостров и неговата историја, но онаа историја што не ја прекроиле или искривиле противниците на балканските народи, почнувајќи од антиката па сèдо таа 1525-та година, кога ја пишувал книгата, Прибојевич изнесува стотици цитати и имиња на автори кои ги користи како извори за да ја поткрепи својата теза за прекинатата историја на народот кој на Балканскиот полуостров се доселил наводно дури во шестиот век.

Според него, таканаречените Словени, се разбира под други имиња, отсекогаш биле тука, а преселбата е измислена само за да се поништи континиутетот на опстојувањето на древниот народ низ вековите. За Прибојевич, кој е роден на островот Хвар, сите поделби на овој дел од Европа биле правени само за да се поништи автохтоноста на народот што живеел на своите вековни огништа со илјадници години.

Затоа тој тврди дека треба да се напушти старата поделба на покраини, која непријателите успеале да им ја врежат на таканаречените Словени, и повторно да се користи единствено точната и природна граница на народите што живеат, како што вели, на Македонскиот полуостров. Зборувајќи како Далматинец за Далмација, ја опишува и нејзината граница која на „запад оди до Истра, на исток граничи со Епир и Македонија, на север се простира до Босна и Хрватска, а на југ е Јадранското Море”.

Тоа се границите кои отсекогаш биле природни граници на полуостровот и кои обичните луѓе на Хвар ги знаеле и во почетокот на 16-от век, како што вели Прибојевич. Иако Македонија како држава во тоа време не постоела, границите останале да се помнат како граници на Македонија. Интересно е тоа што Прибојевич никаде во својата книга не ја спомнува Бугарија и Бугарите како дел од таканаречените Словени на Македонскиот полуостров.

Всушност, само на едно место има некаква асоцијација дека „целата земја до Црното Море е македонска земја која подоцна е прекрстувана со разни имиња за да се покрие трагот на вистината за Македонија”.


http://mkd-news.com/aleksandar-makedonski-i-car-samuil-zboruvale-ist-jazik-dokaz-e-stara-kniga-mia-storija/
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Исечок од книгата "Појава на името, славата и распространувањето на народот славјански" oд 1722 година.

"Германецот Јеремија Русјанин, добар историчар, во московските летописи, пишува јавно, дека Русите и древните Македонците биле едно исто според јазикот. Македонците под водство на својот цар Филип, ги принудиле грчките градови кон послушништво на своите закони, ставајќи ја под јарем цела Грција."



https://scontent-a.xx.fbcdn.net/hphotos-ash3/561518_427764910668051_647786213_n.jpg
.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Александар е најраспространетото име во Русија.историјата ми е најслаба страна од сите науки,но како што можам да сватам,просто кажано по воинствениот карактер,војската на Алексанадар најмногу ми наликува на руска `распаљотка`,истепаш и пое..... све што ќе ти излези на патот
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!? Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга.
Исечок од книга од 1722 година:

"Германецот Јеремија Русјанин, добар историчар, во московските летописи, пишува јавно, дека Русите и древните Македонците биле едно исто според јазикот. Македонците под водство на својот цар Филип, ги принудиле грчките градови кон послушништво на своите закони, ставајќи ја под јарем цела Грција."

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Рускиoт историчар и писател во 1913 година ја објавил книгата "Древна историја на козаците" во која што тврди дека Пелазгите се словени кои ја населувале Македонија во најраните времиња, но дел од Македонците се преселиле крај Балтичкото море по падот на Македонското кралство.


"Древна Мизија и Македонија, како што увидовме биле населени со словени. Пелазго-Тракијските племиња биле словени (спрема истражувањето на Черткова).

- По падот на македонското кралство, дел од Македонците околу 320год. п.н.е, се преселиле крај Балтичкото море,народот таму бил познат под името Бодричи, зачувувајќи го грбот на Александар Македонски, Букефал и грифонот до самиот пад. Бодричи говореле на словенски јазик, и од притисокот на германите се преселиле во Илмен и Ловат, каде го основале Новгород и П'сков околу 216год п.н.е. (Птоломеј)''

Древнјаја историја казачества" - Евграф Савельев

"По падении Македонского царства часть македонцев около 320 г. до Р.Х. переселилась к Балтијскому морју; народ этот там стал известен под именем Бодричеј, сохранившиј до самого паденија своего герб Александра Македонского, изображавшиј буцефала и грифа. Бодричи говорили на славјанском јазыке и от натиска германцев переселились на Ильмень и Ловать, где и основали Новгород и Псков около 216 г. до Р.Х. (Птолемеј)

 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
интересна е руската наука...
до пред 3 векови немаа ниедна книга, и потоа станаа експерти, посебно за антиката...
тоа биле екстра надарени историци, да знаеш што јадел Аце, не е мала работа...

коклу знаеме, Птоломеј е миленик и на шќиптарите...
интересно, во книгата,мапата од средновековниот Птоломеј, нема ниту албанополис, ниту некакви руски градови, замислете во 216 гпне, кога цела ЕУ, освен Рим-Балкан живееле во колиби од кал, пештери, .....

п.с...темата , би требало да гласи
руски фалсификати врз историјата, тука за Аце делот и МКД...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom