Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.653
- Поени од реакции
- 35.247
Испаднал Луан Старова и неговата „Баба“. Останал Моџо
Интересна книга, станува збор на неговата баба по татко, Хазбије. Му била прва братучетка на Али-беј Фети Окјар, прв премиер на Република Турција и другар на Кемал Ататурк. Како млада 16 годишна девојка се омажила и е распната помеѓу животот од семејството каде што доаѓа и семејството каде се мажи. Нејзините се Турци, а неговите се Албанци, разликите во јазикот, традицијата, музиката. Сите тие разлики се обвиткани со заедничкиот духовен превез - превезот на исламот. Хазбие целиот свој живот го поминува паралелно, колку во јавето на светот во кој се омажила, толку и во сонот да се соеднини со светот на семејството од кое потекнува.
Книгава ја доживеав како да гледам еден филм, толку мајсторски прикажан еден живот, преку лични авторски сеќавања, драматично менување на улогите на секој член од семејството и мајсторски приказ на писателската “камера“ на Луан Старова.