Романтични лаги, што со нив?

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.022
Инспириран од текстов, морам да ја отворам темава. Дали некогаш вие би режирале нешто слично? Или дали некогаш сте побарале помош од другар/ка или некој друг за некој романтичен гест, приготвување на доручек/ручек/вечера или па комплетно друг да го направи тоа, а вие пред партнерот да излажете дека вие сте го приготвиле тоа?

Или пак дали некогаш сте го фатиле партнерот дека тоа не е негово дело? Што понатака, тоа ќе биде во ред или следи карање, лутење и слично?

Сепак ве излажал, ама па знае дека тоа вас ви се допаѓа и вака или така го приредил тоа за вас..
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не, не сум тип кој прави којзнае какви романтични гестови, а и не сум имала време, сите врски ми се кратки. :D Може и до тоа е.

Уште помалку некој мене ми направил голем романтичен гест. Обично, романтиката во моите врски се сведува на симнување ѕвезди и неискрени муабети од типот: Ѕвездите се горе, мравките се доле, јас и ти се сакаме, ајде да се лапаме. :unsure:

Доколку се најдам во таква ситуација, не би се налутила за таква лага. Сепак човекот се потрудил, ангажирал и уште некој друг за да му помогне. Важно е што му текнало да ме изненади, сега дали сам го направил тоа или со армија луѓе не ми е битно. А и не би се потрудила да дознаам. Не гледам зошто би се замарала со такви тотално небитни ситници. Би уживала во подготвеното изненадување и би била благодарна што сепак му текнало.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Го делам ставот со Маца погоре, иако таа не се смета за романтичар а јас да:)
Како и да е, би направила и сум направила според мене доста романтични работи за партнерот, па макар и за ситници да се работи.До сега сум слушала само совети по некој пат, меѓутоа нема ништо лошо во тоа некој да ти помогне за да направиш да се чуствува некој убаво :).Следствено на ова, ни јас не би се лутела доколку партнерот би направил нешто за мене а притоа да добие помош од некој друг.Нема зошто, битно го направил тоа и се чуствувам убаво, посебно.Друго ништо не е важно =]
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Романтични лаги - тоа е исто како и романтичноста сама по себе.
Што повеќе стареам, станувам се повеќе имун, а со тоа и давам - создавам помалку романтични гестови. Повеќе се осврнувам на духовното отколку на матерјалното. Повеќе на индивидуалното отколку на mainstream-от. Дури и одвратно почнува да ми станува лигавењето со некоја позајмица од некаков романтичен филм. Трудење да. Ама со сопствен стил.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.022
Значи не за помош, помош сите бараме од некој друг без разлика за што се работи дали за ова или за нешто друго.

Прост пример:
Го вика другарот вака и вака напрај го ова... Го прај тоа и ве пречекува со нешто романтично што ви се свиѓа и ве лаже дека он го направил тоа. Сепак ве лаже, причината што до некаде ја отворив темава е тоа што не сакате ни вие ни ние лаги, а во случајов би било оправдано.. Лага ко лага сама по себе не е океј. Секој што малце подобро ве знае тоа што ве радува може да ви го приреди т.е. да побара помош од друг да го направи тоа за вас. Која е целта, друг го прави тоа, а вие среќни што на партнерот му текнало тоа... :) Како што кажа членот над мене, подобро свој труд и да не е романтично ама барем ќе знам дека е оргинална идеја на партнерот кој се потрудил да го направи тоа, а не нешто друг што го приготвил.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo,iako go pratam forumov veke izvesno vreme duri sega se registrirav i bi upadnal so mojt prv komentar,bas na ovaa tema:)

Vaka...ova e moe mislenje! Jas licno nemozam da gi razberam ni Saladin ni Komita Ultras...Devojkive si se izjasnija deka ne bi im precelo dokolku Romanticniot Gest bil podpomognat od nekogo...i imaat mnogu ubavo opisano sto cenat vo samiot Gest...e sega vas ne ve razbiram,zasto velite podobro svoj trud pa makar i da ne e romanticen?Ajde sega ke ja iznenadam devojkami ke i kupam fudbal?i ona mora da dojde da igra so mene?I toa ozbilen fudbal?!?!? Mislam deka sekoj romanticen gest ili nastan treba da bide uskladen prema licnosta sto go organizirame.Treba da bide originalen da! ama nesto videno budi idea...ideata ja prilagoduvas i dobivas originalnost...filmovi,kopirani sceni,daj Saladin ne zezaj,nemame ni more,nemame ni kamini po stanovive,taka da suvisen e komentarot.Temata e jasna,odgovorot na devojkite e jasen,a samo bi napomenal deka dokolku nekoj nesto organizira, se so cel vie da bidete zadovolni a pritoa angaziral i nekoj da mu pomogne?E togas navistina i deloto i licnosta se navistina za Cenenje...bidejki toa sto go pravi za VAS i SAMO ZA VAS duri go spodelil so uste nekoj,pa i toj nekoj znae deka mnogu mu znacite...Toa moment samo za Pocituvanje.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Zdravo,iako go pratam forumov veke izvesno vreme duri sega se registrirav i bi upadnal so mojt prv komentar,bas na ovaa tema:)

Vaka...ova e moe mislenje! Jas licno nemozam da gi razberam ni Saladin ni Komita Ultras...Devojkive si se izjasnija deka ne bi im precelo dokolku Romanticniot Gest bil podpomognat od nekogo...i imaat mnogu ubavo opisano sto cenat vo samiot Gest...e sega vas ne ve razbiram,zasto velite podobro svoj trud pa makar i da ne e romanticen?Ajde sega ke ja iznenadam devojkami ke i kupam fudbal?i ona mora da dojde da igra so mene?I toa ozbilen fudbal?!?!? Mislam deka sekoj romanticen gest ili nastan treba da bide uskladen prema licnosta sto go organizirame.Treba da bide originalen da! ama nesto videno budi idea...ideata ja prilagoduvas i dobivas originalnost...filmovi,kopirani sceni,daj Saladin ne zezaj,nemame ni more,nemame ni kamini po stanovive,taka da suvisen e komentarot.Temata e jasna,odgovorot na devojkite e jasen,a samo bi napomenal deka dokolku nekoj nesto organizira, se so cel vie da bidete zadovolni a pritoa angaziral i nekoj da mu pomogne?E togas navistina i deloto i licnosta se navistina za Cenenje...bidejki toa sto go pravi za VAS i SAMO ZA VAS duri go spodelil so uste nekoj,pa i toj nekoj znae deka mnogu mu znacite...Toa moment samo za Pocituvanje.
Не си ја сфатил изглеа поентата во мојот пост. Да упростам, оригиналноста повеќе од клишето. Единката повеќе од масата. За да и` приредиш нешто стварно што ќе ја седне на теме треба само нејзе да ја познаваш. Оние клише фрази се само за кратки релации. Нешто видено буди идеа? знаеш колку видени ствари всушност го затупуват човекот со тоа што мисли дека палат? Девојките најчесто ги погодува во срж вистинските зборови кажани во вистинското време. За тоа брате треба да ја познаваш. И тоа ептен добро. И да го приредиш она тоа да го забележи дека ТИ си го приредил а не некој филм позади тебе.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Не е важно кој го направил важна е идејата и вниманието :)
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Вечен проблем на жените.
Па зарем за се да им укажеме на мажите, што, зошто, кога и како да направат за нас.:pos: (шала)

Прв аспект-текстов: И лош публицитет, сепак е публицитет. Немам што друго да додадам.

Втор аспект-романтични лаги: Не, немам ништо против позајмена идеја за романтика. Напротив, сметам дека подобра е некогаш консултација за да се реаллизира како што треба. Не сите мажи се пуни со креативитет и прскаат од идеи да направат сторат нешто навидум романтично. Доволна е желбата, секако дека и некој друг да му помогнал, тој е тој што ќе остане со мене на крај.
Не треба ни да знам за тоа, како успеал да го изведе.
А од друга страна, фала Богу, дека јас не сакам да им укажам на тоа како треба да го изведе целиот тој романтичен гест.

Конкретно за романтика, не сакам да се претерува, се што е умерено е доволно.
Не ми требаат мене екстремно романтични ствари. Женско сум,али тие за мене се too much.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Celosno se soglasuvam ;) Sepak na kraj e bidno vnimanieto i deka covek saka da napravi da se osetis posebno...
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ретко во денешно време кој е романтичен. Можеби бил некогаш но кога една ќе го повреди се пропаѓа во вода. Не треба да се верува на романтични "типчиња" особено ако знаеш дека е женкар. Тогаш тоа тој го прави на секоја.

Имав таков случај се заљубив во женкар, мислев дека ми е возвратено според неговите постапки се додека не ми рече дека со сите е фин, а не може да се заљуби затоа што не ја преболил бившата. :(

Neverending cycle:
BITCH > fucks over > Nice guy > turns into > Asshole > fucks over > nice girl > turns into> BITCH
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
sakam romanticni gestovi nazalost jas sum taa sto gi pravam
posledniot pat napraviv takva finta demek kavga koga se zgolemi tenzijata se izgasija lambite a seksi prodavackata mu ja ispea sreken rodenden po nekoja sekunda dojde drustvoto taka bese super mnogu sakam iznenaduvanja osobeno koga jas im gi prireduvam
 

Kajgana Shop

На врв Bottom