Романтични вечери и изненадувања

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А што подразбирате вие под романтична вечера? Како треба да изгледа една романтична вечера според вас?

Ние на пример сме имале милион вечери и ниедна романтична зашто нас ни се смешни класични вечери и затоа прашувам, зошто ја и да сакам незнам како треба да изгледа една таква вечер :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
А што подразбирате вие под романтична вечера? Како треба да изгледа една романтична вечера според вас?

Ние на пример сме имале милион вечери и ниедна романтична зашто нас ни се смешни класични вечери и затоа прашувам, зошто ја и да сакам незнам како треба да изгледа една таква вечер :D
За да вечерта биде романтична, пред се` треба да знае дната страна што сака другата. За некого тоа е долгометражна маса, на двата најдалечни краја седат парот еден спроти друг и се буљаат со дурбин.
Друго е некаде на кафе, ја викаш цурата и се зезате, праиш нешо шо она го посакува во дадениот моменат, и двајцата се заебаате цело време ко малшаана.
Трето е коа фукаш еден тон восочен пат до кревет посипано со ружи и нека гори на секој даден сантим. А у креветац, изненаџење.
4то е идење после класична вечера у некој класичен ресторан по улица и се гушкате и тинтириминтири ко ментиши се бркате по сокаци.
Све според желбите.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
B

BrunoFresh

Гостин
За ова друже му треба една огромна пара. А за тоа последното ( додатокот ) може да го направи, али не верувам дека за 1 месец ќе се препушти таа на ова :D
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
За ова друже му треба една огромна пара. А за тоа последното ( додатокот ) може да го направи, али не верувам дека за 1 месец ќе се препушти таа на ова :D
Прочитав голем број на негодувања за тоа дека 1 месец не треба да се слави не е нешто посебно,но јас мислам дека за неа секој момент е посебен,сакам да го нагласам тој ден бидејки таа е таков тип на девојка која сака да им се посветува внимание на таквите денови :)
Во меѓувреме бидејки другар ми е со другарка и тие се веќе неколку месеци во врска а разлика сме 2 дена па така ке правиме едно заедничко изненадување да видиме што ке излезе од сето ова :) Ке искомбинираме нешто..само помош некои други чоколатца кои имаат кутија во облик на срце освен Ti Amo ??? :)
P.S да не дојде до забуна кога кажав разлика од 2 дена мислев на тоа дека ние сме на 18ти а тие на 16ти :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Прочитав голем број на негодувања за тоа дека 1 месец не треба да се слави не е нешто посебно,но јас мислам дека за неа секој момент е посебен,сакам да го нагласам тој ден бидејки таа е таков тип на девојка која сака да им се посветува внимание на таквите денови :)
Во меѓувреме бидејки другар ми е со другарка и тие се веќе неколку месеци во врска а разлика сме 2 дена па така ке правиме едно заедничко изненадување да видиме што ке излезе од сето ова :) Ке искомбинираме нешто..само помош некои други чоколатца кои имаат кутија во облик на срце освен Ti Amo ??? :)
Има и милка мислам, ама помало е кутивчето, за други не ми текнува моментално.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Прочитав голем број на негодувања за тоа дека 1 месец не треба да се слави не е нешто посебно,но јас мислам дека за неа секој момент е посебен,сакам да го нагласам тој ден бидејки таа е таков тип на девојка која сака да им се посветува внимание на таквите денови :)
Во меѓувреме бидејки другар ми е со другарка и тие се веќе неколку месеци во врска а разлика сме 2 дена па така ке правиме едно заедничко изненадување да видиме што ке излезе од сето ова :) Ке искомбинираме нешто..само помош некои други чоколатца кои имаат кутија во облик на срце освен Ti Amo ??? :)
P.S да не дојде до забуна кога кажав разлика од 2 дена мислев на тоа дека ние сме на 18ти а тие на 16ти :)
Милка има, во форма на срце. Кажи му само во продавница милка бумбунера, и ќе ти покажат. Земи го тоа и свиткај го во некоја украсна фолија, ко на пример, да речиме во бојата во која ќе биди претставена вечерата. Ме сваќаш што сакам да кажам. Значи јас ти реков претходно, не го негирам целосно твојата идеја пошо и јас такви идеа имам мн за кои се потребни малце повеќе буџет. Но неможи да се најди толку перфектна прилика за толку долга вечер. Мило ми е што девојка ти има таков дечко кој обожава романтики и сака да и приреди големи изненадувања на неа (ист сум и јас), но таквите како нас се во помал број. Едноставно негативно е што сеуште гледам не си ја научил доволно женската психологија. Ако таа толку многу го сака тоа, значи дека треба да го направиш толку перфектно што ќе и се бендиса. Затоа што мал детал да не е во ред, таа ќе се разочара. И прв месец не е сепак најдобро тоа затоа што , ќе очекува таа следниот пат уште повеќе повеќе повеќе, и така натаму. Значи има некои работи кај женските што се заеднични. Односно во женската психологија. Треба да одиш постепено и да ги најдиш негативните и позитивните работи кај твојата девојка. Има многу различни од другите но имаат и заеднички. Едноставно да ти кажам само да пазиш на тоа како приредуваш ако веќе ужива во тоа. Затоа што и најмал детал можи да и го сруши она вистинското и да речи, не е тоа што очекував. Сепак ќе кажам, сеуште е рано за такви работи да и пригодуваш. Има и други денови не само на месец или година. Али ако си решил и сакаш тоа, приготвиго. Но не очекувај да биди секогаш перфектно. Во човек, врска па ни во природата, не е се перфектно. Се си има негативни и позитивни страни :) Едноставно внимавај и уште едо големо СО СРЕЌА!
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ваши искуства со романтични вечери и какви се изненадувања сте приредиле за вашиот партнер/вашата партнерка ?
Немате идеи побарајте тука ..
Еве јас на девојка ми и спремам изненадување во недела за 1 месец во врска,во понеделник ке ставам слики и "извештај"..

Повелете :)
Како помина вечерата?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Како помина вечерата?
Ех да..вечерата помина прекрасно,не сакав да претерувам нешто многу па како еден мал поклон и подарив милка чоколатца со кутија во облик на срце и една роза,беше воодушевена од сето тоа,свеќи,рози и еден скромен поклон..сепак беше еден месец не сакав да претерувам :) Вечерта ја поминавме нормално во домашна атмосфера home made pizza :) филм муабет и сето тоа..изгледаше одлично..
Да се пофалам поклон што добив е ПЛАВО БЕЛИ маица,бидејки сум член на кумани запад..навивачите ке сватат дека значи таков поклон кога ке добиеш..барем мене ми е многу драг,можеби не е романтичен ама сепак ми е драг поклонот..друго не знам што да ви кажам :D
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
7
Поени од реакции
3
Zdravo!! Jas sum nova na forumov... I Sum Golem raomanticar pa sakam da go iznenadam mojot partner..... Nesto sveki. vino....... Ama i planiram da mu kupam ekoj poklon ama za zal neznam sto kako nogu idei mi se vrtat vo glava pa bi ve zamolila ako sakate da mi predlozite nesto.. Planiram jas da u poracam torta vo vid na srce nekoja malecka no slataka ... no sakam i uste nesto /???? POMOSH ... :) Blagodaram odnapred.. !!!
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Читајќи ги горните коментари еве ти го мојот совет:
- Прво, идеш со девојката 1 месец. Верувај, не сакаш претерани романтики и лигавења уште сега. Од искуство, немој. :) А и кога веќе си се одлучил за романтични вечери и изненадувања, 1 месец ти е прерано. Викни ја на вечера, не мора да биде тоа да биде со свеќи и со подароци, до душа не мора ни дома да и спремаш нешто посебно, едноставно поминете го тој ден заедно правејќи ги работите што сакате заедно да ги правите. Со зборови кажи и дека изминатиот месец ти бил убав и дека сакаш уште повеќе такви месеци да имаш со неа итн. итн. Зборот и искрено ако и покажеш и кажеш што чувстуваш е подобро.

- За изненадувањата и романтиките и поклоните што читав во претходните коментари ...
Дечко една работа за тебе. Ти си во тотална заблуда. Ништо повеќе нема пријатно да ја изненади девојката отколку спонтано изненадување без некоја посебна причина. Најизненадена и најсреќна ќе биде кога најмалку го очекува тоа. Не зборам дека не треба да се посвети внимание на одреден датум, напротив такви датуми не треба да се забораваат, но сепак обидувај се да ја изненадуваш и да бидеш романтичен спонтано ... Верувај ако одиш подолго со неа, желбата за такво нешто сама ќе ти се јави, доколку си романтичен тип.

-За искуства, ако ти помогне нешто гледам си напишал може и некој идеа ќе добие ... Па јас да споделам некој момент :) Обожавам кога е нешто спонтано и тотално неочекувано ... Пример пред некое време седев во кафана со девојката, и нормално у последно време секогаш се појавува некоја теткица со ружи што продава и видов како ги гледа и дека сепак се надева дека ќе станам и дека ќе и купам ... Намерно се понашав ладно како да не ја приметив, и кажав дека идам на цигара, ја остаив сама внатре намерно малце да ја изнервирам, а и се вратив со ружа внатре :) 2 месеци после тоа иако исушена уште и стои до кревет ружата ... Исто така пред некој месец дена, ја викнав една вечер кај мене дома, нормално она мислејќи дека ќе биде најнормална вечер филм едно друго. Наместо тоа доби 100 запалени свеќи, расфрлани лифчиња од ружи по цел стан, вечера што ја чека на маса и црвено вино. И ружа до нејзината порција. Само што влезе стоеше и гледаше 15 минути и се смееше и плачеше во исто време, немаше ништо подобро за мене од тоа да ја видам толку среќна :) Последново нешто се случи сега брзо, се шетав без везе низ град, и видов плишано мече ... добро мечка до душа, поголема е од неа :) И одма знаев дека ќе и се свиѓа баш таа, не знам како и зашто. И ја купив и почекав некој ден да и ја дадам сакав да ја копка малце што сум и купил, за малце ќе ја најдеше кај е скриена така се мачеше некој ден ... И еден ден, намерно ја изнервирав со намера да дојде кај мене дома така малце напната за пак шок да ја снајде :) И ја искористив омилената финта од омилениот филм ... Вратата од собата и беше затворена, а внатре ја чекаше мечката удавена во омилениот нејзин парфем, и 9 ружи секоја со посебна посвета за посебен момент од врската :)

Сеа после ова само Господ знае колку "фраери" ќе речат види овој педерче, папучар, али денот кога ја испраќав дома со букетот и мечката, знам само дека цел пат не тргна насмевка од неа, а и покрај сите што поминавме барем измамивме насмевка ... Не се двоуми, девојка никогаш нема да ти одбие романтика или некое убаво изненадување. Само напред, се дури неа ја правиш среќна и тоа тебе те прави среќен, на прав пат си. ;)
Decko sekoja cest, osobeno za boldiranoto....e ova e fraer so stil ;)
 

P.Eskobar

Лева рака на Десницата!
Член од
2 септември 2011
Мислења
95
Поени од реакции
37
Снимање клипче на youtube е најголемо изненадување!
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Во право е членот што кажа погоре дека различни луѓе имаат различен поим за романтика. Се си зависи од индивидуата и битно е добро да го познаваш партнерот.
Единствен факт што е заеднички за сите цури е тоа што сакаат изненадувања.

Јас на 8. март правам 3 години со цурава, ја водам на пица у едно пријатно ресторанче, ќе дрмнеме и винце и ќе и купам ружа. После тоа ја водам кај мене дома. :свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom