Не е срамота од надал да изгубиш на земја, нити па ако е ваков резултатот, мислам дека и федерер слично има поминато, али срамно е нивото на тенис што новак денес го манифестираше и од тоа нема бегање.
Да изиграш на ниво еднакво за еден играч што настапува само на челенџери е недопустливо за играч со такво реноме макар е и прво коло, а за финале да не правиме муабет.
7 дропа по ред на крајов завршија на конто кај рафа, тој што го советувал тоа да го игра да не беше вајда, ќе речев уште вечерва дека треба да го отпушти, срамно и бедно па колку сака нека е добар рафа. Таман почнува да диктира поен, и ете дроп, еј ... против рафа кој е еден од најбрзите играчи на турот општо, и плус земја. Океј.
unbeateable е рафа на подлогава кога е здрав ама имаше простор бар за освојување на третиов сет, али а дојде таква прилика или прави дроп, или смешна неизнудена, ја не памтам денес новак еден лесен поен да освои, мислам само у втор сет имаше една грешка на рафа од пенал ситуација на форхенд кога удри у мрежа, од друга страна новак на рафа му допушташе у просек по 2-3 лесни поени у секој гејм, и на свој сервис и на сервис на рафа. Пресрамно за вакво име у тенис и финале на слем, изговорот дека рафа е на другата страна не пали, еден синер и шварцман бољње се покажаа. Да не навлагаме и у тоа од какво историско значење општо беше овој меч, а какво ниво на тенис манифестираше новак.
Честитки до навивачите на Рафа, рафа во моментов е нов goat во тенисот и уживајте у овој момент, плус убеден сум дека ако ништо друго има барем 2 загарантирани слема на земја ако све е во ред со него на здравствен план, а можеби и повеќе со оглед дека РГ и со пола сили може да го освои, толку е ебано добар на оваа подлога. Тоа е реалноста за сите останати на турот кога е у прашање РГ, за жал само повреда на рафа значи нов шампион на овој турнир ко што и беше случај кога освоија Федерер, Вавринка и Новак.
Така да мислам дека Новак у иднина ќе го помине федерер ама Рафа не после све што се деси сезонава, годинава пропушти на најглупавиот начин 18та титула во Америка, и сеа со оваа на рафа, размак од 3 слема, на загарантирани титули на РГ за рафа тешко дека овој ќе догура еден ден до 23-24. Нови млади играчи, повреди, ете и на АО се изнамачи со тием, така да све потешко и потешко него ќе му е да доаѓа до слем титули, што за рафа никад нема да биде случај конкретно на РГ а да не заборавиме дека секогаш е конкурентен и на другите подлоги.