Родосквернавење... и спас на жртвите од истото.

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Темава ја отворам поттикнат од денешните вести, на кои повторно еден од ударните наслови во најавата беше родосквернавење и насилен инцест помеѓу 37 годишниот татко и 16 годишната ќерка. Случај, досега последен од низата слични кои во последно време ни ги „декорираат“ информативните програми.

Поентата на темава не ми е да кажуваме колку сме сите згрозени од тоа, како го осудуваме и како таткото би го пратиле на бесилка. Сакам да подразмислиме, да ја оцениме ситуација од сите аспекти... Од една страна, психичките состојби на насилникот, потеклото на неговите пориви, негирањето на својата крв поради некое моментално телесно задоволство; и од друга страна, жртвата, нејзините трауми во текот и после непријатните ситуации, нејзиниот страв од прекинување и јавно покажување со прст на насилникот, нејзината подредена состојба...

Која е причината поради која ваквите случаи се ненавремено пријавени?
Дали во Македонија постојат доволно добро организирани институции за заштита на жртвите од понатамони последици? (ова не го поставувам за да критикувате власт, туку за објективни гледишта)
Кои потребни мерки треба да се превземат за намалувањето или искоренувањето на ваквите случаи? И што треба да се превземе за психичко преродување на жртвите, и нивно правилно функционирање во понатамошниот живот?

Многу прашања, голема, и болна тема. Се надевам на некои издржани размислувања.

Благодарам.

едит: И најтешкото прашање... што со последиците од инцестот? Која е судбината на тоа дете, зачнато помеѓу родител и дете?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Сексуалната злоупотреба од член на фамилијата е форма на инцест и резултира со сериозна и долготрајна психолошка траума и е со најголем потенцијал за наштетување на самото дете.

Бројни се примерите каде што разведените жени во очај да најдат вистински маж можеби несвесно ги втурнуваат нивните деца во рацете на таканаречените “паметни педофили“ кои стапуваат во брак со разведени жени се со цел да бидат поблиску до нивните деца,НО уште поболни случаи се оние каде што родениот татко ја злоупотребува сопствената ќерка па дури и сопствениот син :(
Скоро 100% од извршителите на инцестот се мажи што самото по себе го прикажува инцестот како табу тема затоа што главен носител на општеството е всушност мажот.

Последиците од ваквата злоупотреба се многубројни:неспособност за доверба,страв од интимност,депресија,самоубиствени напади,ниска самодоверба,вина,лутина,изолација,зависност од дрога и алкохол,проблеми во исхраната...

Трагично е сега кога ќе се помисли дека на времето се сметало дека децата се виновни и дека тие ги предизвикувале своите родители на таквиот чин.Единствениот виновник е самиот родител-децата се жртвата кои понатаму страдаат од последиците на траумата.
Лицето кое што злоупотребува најчесто е со фамилијарно минато на конфликти,безредие,напуштеност и секако злоупотреба од негов член на фамилијата.

Социјалните служби кои се посветени на човечкото достоинство,автономија,самореализација и самоодлучување се во моментот најпогодните за решавање и помагање на ваквите случаи.Тие треба да имаат големо знаење во врска со психолошката природа на напаѓачот и жртвата како и од последиците кои следуваат како траума.Бидејќи е комплексна тема тука исто така се вклучуваат и медицинските служби и адвокатските услуги се со цел најдобро да се помогне на децата кои се жртви на сексуална злоупотреба од своите родители.

Најважното од се кое што се истакнува е тоа дека не е доволно да се каже “НЕ“ .Кога ќе се случи тоа не смее да остане во тајност,мора да се каже,да се побара помош затоа што само така ќе се одземе моќта на напаѓачот и ќе се прекине кругот кој постојано се повторува нанесувајќи болка одново и одново...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom