Родителско право на шамар?

U

UniqueGirl

Гостин
ја да ти бев мајка би те оставила еднаш у полициска станица или без џепарац а можеби и би те прошетала низ нашиве поправни домови да видиш што се случува да видиш како ќе седиш мирен :pipi:
не си свесен колку плашат сликите од можните иднини
Секоја индивидуа реагира различно на околината..
Психичко и физичко малтретирање може да резултира кај децата на мн. начини..
Кај некои во вид на депресивно растројство, кај некои едноставно предизвикува
револт и детето во афектна состојба е подготвено на се..( посегање по наркотични
средства, напуштање на домот)..
Доколку едно дете не го добие вниманието и воспитанието од дома, ќе го најде
на улиците.. За жал, државава ни дојде до тоа дереџе, па едно семејство
не може да егзистира од една плата, за разлика од порано,а
доколку едно дете не го добие вниманието и воспитанието од дома, ќе го најде
на улиците..Секој родител треба да има развиена самосвест,самоконтрола,
а доколку претставува страв и трепет за своето дете, ќе биде само омразен
ништо повеќе...:nesum:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Секоја индивидуа реагира различно на околината..
Психичко и физичко малтретирање може да резултира кај децата на мн. начини..
Кај некои во вид на депресивно растројство, кај некои едноставно предизвикува
револт и детето во афектна состојба е подготвено на се..( посегање по наркотични
средства, напуштање на домот)..
Доколку едно дете не го добие вниманието и воспитанието од дома, ќе го најде
на улиците.. За жал, државава ни дојде до тоа дереџе, па едно семејство
не може да егзистира од една плата, за разлика од порано,а
доколку едно дете не го добие вниманието и воспитанието од дома, ќе го најде
на улиците..Секој родител треба да има развиена самосвест,самоконтрола,
а доколку претставува страв и трепет за своето дете, ќе биде само омразен
ништо повеќе...:nesum:
Се фино лепо си кажа но сепак треба малку и "заплашувачки" мерки бидејќи и тие се дел од домашното воспитание. Ако тие мерки се во нормала детето ќе има страво почит кон родителите а подоцна и почит што е многу битно.
Не зборуваме за тепање на детето како на бокс меч, тоа е веќе семејно насилство и како што кажа погоре ќе заврши по лоши патишта.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Треба да гледаме на шамарот(како што рече лорд драгон не боксови и сл него со мерка) како на дел од воспитувањето кое треба да содржи и награда ама и казна.Ако гледаме на шамарот како на нешто брутално и дивјачко тогаш не треба никаква казна да применуваме.Можеби детето ќе се истрауматизира многу повеќе ако го затвориш под казна во соба или ако му забраниш излегување кога цело друштво е излезено итн....
Ниедна казна не му одговара на детето, затоа е казна.Релативно е тоа како ќе влијае шамарот на неговиот понатамошен развој.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.074
Поени од реакции
7.679
никако по лицето односно во главата единствено по телото
оти еднаш ако маниш и после самата рака ќе ти лета на нервата не осетно па затоа ако се можи најдобро ич
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Koa ke stanam roditel decata ke gi vospituvam so muabet znaci ke im kazam sto e pravilno sto ne kako treba da se odnesuvaat zasto na decata im treba ubavo da gi vospitas a ne so kotek.Kotekot ne resava nisto,zborot e najsilnoto oruzje so koe moze da se pobie se i da se razberi se :smir::back:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Kotekot ne resava nisto,zborot e najsilnoto oruzje so koe moze da se pobie se i da se razberi se
Јеп, ќотекот е последно решение, кое у ствари не е ни решение него излив на моќ над дете и можни проблеми од секојдневието, што е малку лошо.
Во прилог на ова (малку е подолго)
Децата сити од јадење ќотек
УНИЦЕФ објави дека секое второ дете во Македонија е жртва на физичко насилство, а само 7 отсто од родителите веруваат дека ќотекот е излезен од рајот и го поддржуваат ваквиот начин на казнување Не го тепам моето дете, понекогаш му удирам шлаканица кога е непослушно, но тоа не е ништо страшно бидејќи така сите сме растеле, вели скопјанка на прашањето дали крева рака на своето дете. Вакво е мислењето на стотици граѓани во Македонија, кои не знаат или не сакаат да прифатат дека тепањето деца е злосторство, а не казна.

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) вчера објави дека секое второ дете во Македонија е жртва на физичко насилство. Интересно е што само 7 отсто од родителите веруваат дека ќотекот е излезен од рајот и го поддржуваат ваквиот начин на казнување како дел од процесот на воспитување.

Поразителните податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека децата во Македонија, на возраст од 2 до 14 години, се поизложени на насилство отколку нивните врсници во Албанија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина.

Во извештајот се истакнува дека 54 отсто од децата во државата се изложени на физичко казнување, а 15 отсто само на психичка тортура, што значи дека вкупно 69 отсто трпат и физичко и психичко насилство.

- Невозможно е да се измери вистинскиот опсег на насилство врз децата затоа што многу нешта се случуваат во тајност, дома, на училиште, во заедницата и во институциите и тоа често од страна токму на оние возрасни кои би требало да ги штитат - вели Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

ЗБОРОТ ПОСИЛЕН ОД ЌОТЕКОТ

Побаравме одговор од педагозите дали тепањето деца е ефикасен начин на воспитување или станува збор за злосторство, кое мора да се искорени.

- Насилството врз децата раѓа насилство. Ги учи децата на агресија, раѓа отпор и придонесува за ослабување на врската меѓу родител/старател и детето, врската наставник и дете или дете и дете. Во почетокот тепањето може да се чини ефикасно, но набргу потоа се покажува дека родителите треба да удираат се посилно и посилно за да го постигнат истиот резултат - вели педагогот Гордана Пирковска-Змијанац од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Направивме мини-анкета за тоа колку македонски граѓани ги тепаат децата. Од анкетираните десет граѓани само осуммина сакаа да зборуваат. Од нив шестмина признаваат дека ги удираат децата кога сакаат да им укажат дека нешто погрешиле.

- Никогаш во животот не сум го тепал моето дете. Зборот е посилен од шлаканицата, па секогаш се обидувам со зборови да му укажам дека нешто погрешил - вели економист од Скопје.

Во светски рамки, УНИЦЕФ оценува дека, иако, е направен напредок во намалувањето на повредите на детските права, насилството и експлоатацијата се' уште се сурова реалност во животот на многу деца. Милиони деца во светот се жртви на трговија, немаат родителска грижа, ниту лични документи за да можат да посетуваат училиште и да имаат пристап до здравствена заштита. Уште неколку милиони се принудени да работат во штетни услови, се соочуваат со насилство и злоупотреба во сопствените домови, училишта, заедници, а во голем број случаи токму од луѓето што треба да се грижат за нив.

ЖРТВИТЕ ЖИВЕАТ ВО СТРАВ

Не само УНИЦЕФ, туку и анализите на „Меѓаши“ покажуваат постојан пораст на насилството врз децата во Македонија.

- Загрижени сме од тешката состојба во која се наоѓаат, за жал, голем број деца во Македонија. Амбасадата реагира, алармира, бара построги казни кон сторителите на насилство и силување деца. Кога регистрираме насилство или се прекршени правата на децата, се обраќаме до Народниот правобранител, Јавниот обвинител, Центрите за социјална работа, министерствата, полицијата и училиштата, а не ретко и до медиумите, во покарактеристични случаи. Податоците и од нашиот СОС-телефон за деца и млади 0800 1 2222 покажуваат рапиден раст на насилството врз децата. Регистрирани се повеќе од 17.600 повици за овие 16 години - велат во Меѓаши.

Народниот правобранител неодамна спровел истражување како центрите за социјална работа постапуваат со децата-жртви на семејно насилство, кои се директни или секундарни жртви. Истражувањето покажало дека освен што не се води посебна евиденција за децата-жртви на семејно насилство, центрите многу ретко бараат привремени мерки, судовите бавно реагираат и постапуваат и оти често судовите бараат повлекување на предлозите зашто немало законски услови за изрекување привремена мерка.

Педагогот Змијанац објаснува дека не само физичкото, туку и психичкото насилство е голем проблем.

- Викањето и постојаното критикување на децата може исто така да бидат штетни да доведат до продолжени емоционални тешкотии. Ваквото казнување не им помага на децата да развијат самоконтрола и почит кон другите - вели Змијанац.

Проблематично за овие случаи е фактот дека децата жртви на насилство ретко пријавуваат оти се малтретирани.

- Стравот е една од основните причини зошто децата се' уште не зборуваат отворено за овие појави и не веруваат дека некој ќе им помогне. Така, насилството долго останува незабележано и од околината и од институциите, а понекогаш се случува да се открие кога е предоцна и кога животот на детето е доведен во опасност - велат во „Меѓаши“.
Александар Манасиев
Проблемот не се решава преку ноќ
Насилството врз децата не може да се искорени преку ноќ, објаснуваат експертите. Потребно е континуирана едукација на населението за создавање здрава основа проблемот да се реши. Експертите објаснуваат дека е потребно да се спроведуваат превентивни програми во училиштата, за развивање вештини за ненасилна комуникација.

Некои од клучните решенија се: навремена интервенција, кампањи за позитивно родителство и информирање на јавноста, намалување на насилството во медиумите и зајакнување и подобрување на полициските и судските системи. Исто така е потребно реформирање на образовниот систем со преземање активности и политики за справување со насилството меѓу младите. Како последно се предлага забрана на видеоигри каде што има експлицитни сцени на убиства и насилство, бидејќи децата се идентификуваат со насилниците и запаѓаат во криминал.
 
M

M del Mar

Гостин
Koa ke stanam roditel decata ke gi vospituvam so muabet znaci ke im kazam sto e pravilno sto ne kako treba da se odnesuvaat zasto na decata im treba ubavo da gi vospitas a ne so kotek.Kotekot ne resava nisto,zborot e najsilnoto oruzje so koe moze da se pobie se i da se razberi se :smir::back:
се согласувам со тебе :pipi:

сеа да се надоврзам:
меѓутоа треба многу рано да се започне на тој начин да се воспитува детето да се разговара со него на цивилизиран начин, бидејќи ако малку се закасни родителот повеќе ќе нема други алтернативи за превземање на воспитни мерки и му преостанува само ќотекот, сепак до некој степен и родителите се винови за некои псотапки на децата...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Јас би рекол секој со свој памет. Немора да биде правило дека дете без ќутек станува бараба, непослушно, дрско...има контра ефекти каде што такви деца стануваат насилни. Има родители кои што се доста добри во со воспитувањето, со зборење издигнале красни деца. Исто и тука има негативни резултати, во случај кога тој родител очекува само по себе чинот на зборење со детето да даде резултат. Значи секој со свој памет, како размислува, како мисли дека е правилно, па ке видиме еден ден кој има најпаметни/воспитани деца :)
Браос Гижо за посто на пример мојте никогаш не се ме удриле...само ме назнуват муахахаха
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Ne mislam deka avtoritet se gradi preku nabivanje na strav od nanesuvanje na telesna bolka. Od iskustvo kazuvam deka na decata treba postojano da im se zboruva i nesto ke im ostane vo glavata sigurno. Ne velam deka ne treba da se sprovede po nekoja vospitna po gazot, no ne za da go zaboli, tuku za da mu sluzi kako znak za raspoznavanje na stepenot na lutinata na roditelot. Deca koi se cesto tepani so tek na vreme se naviknuvaat na toa, naogjaat nacin da go istrpat kjotekot, no za zal ne znaat koga i poradi sto se taka kazneti, ednostavno toa im stanuva del od zivotot dodeka se mali, pritoa ne znaat da razlikuvaat dobro od loso za na krajot, koga neli ke porasnat i e "sramota povekje da gi tepaat" se gubat vo spletot na okolnosti zatoa sto ne znaat sto e "pravo" sto e "krivo". Poznavam roditeli cii sto deca se "mirni" samo koga se uplaseni deka sledi kjotek. Mirno dete ne znaci vospitano dete kako sto i temperamentno dete ne e isto sto i nevospitano. Sum imala priliki da slusnam dete na ulica kako ja narekuva svojata majka "kokosko, kravo..." ...Uzas...kako voopsto doslo do toa??? Dali se decata vinovni? Ne bi rekla! Bese muabetot za samari, taka...Ne sum za samar, toa e omalovazuvanje, a da ne zboruvam deka ne bi trebalo da se udira dete po glava, no (povremeno ako e potrebno) ponekoja vospitna po gazot definitivno da, gazot neka trpi pa neka prakja signali na mozokot:)
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Родителите треба да разговараат со своите деца и јасно да им кажат што точно се очекува од нив. Децата треба да го знаат редот во куќата, но треба да знаат и каква казна следува ако го прекршат. Откако со децата ќе се разговара за казните и тие добро ќе ги разберат, куќниот ред треба да се спроведе во домот. Родителите не покажуваат љубов ако постојано ги опоменуваат децата дека ќе ги казнат, а никогаш не ја спроведуваат казната.Децата се чувствуваат посигурни и повеќе ги почитуваат и ги сакаат своите родители кога знаат дека родителот секогаш си стои на зборот, и дека неговото „Да“ значи „Да“ а неговото „Не“ значи „Не“ — дури и кога станува збор за казна
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Да, насилството физичко врз децата па макар и еден шамар не вродува со плод и јас сум против било какво физичко малтретирање. Може разумно да се разговара или подучи на друг начин со зборење, има и друг вид на казна ако веќе сака преку казна да го подучи а не физичка казна....Ништо не се решава со шамари, само ствара поголеми проблеми покасно врз развојот на детето.....
Тоа е ниско примитивно однесување на родители кои неможат да допрат другачие до нивните деца поради нивна ограниченост, зашто се неспособни во воспитување па најлесно им е удри го..ужас...
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не оправдувам,може тоа лошо да влијае,децата не треба да се плашат од родителите,се се решава со муабет,со зборење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom