РОДИНА е народна партија издигнатa врз културните и традиционални вредности на македонскиот народ, водена од природните принципи и праведни закони, каде сите сме еднакви и сите сме дел од една целина, дел од нашиот РОД и како такви сите треба да му служиме заедно, а најдобрите да бидат први на тој ред. Тоа е должност и обврска на секој Македонец.
Милениумски слоеви од култура, традиција и цивилизација преточени се во нас Македонците како дел од нашето битие, знаење и начин на живот. Тоа е мудроста, разумот и силата кои ни овозможиле да опстоиме низ илјадалетијата како еден од ретките народи. Тие вредности ја прават и денес Република Македонија место каде сите имаат право на достоинствен живот и сопствен развој. Тоа е основа за праведна, стабилна и просперитетна Македонија.
Децениското немање национална стратегија за зачувување и јакнење на македонизмот во секој еден од нас, не доведува во ситуација да одродените идеологии и стратешки добро припремени системи од надвор ја нагризуваат суштината на нашето општество и начин на живот. Тие идеологии ги негираат природните закони и човековиот создател. Нападите на традиционалните вредности и семејството, манипулацијата со децата, жените, девалвирање на чесниот труд, чесниот човек, се спротивни на македонските идеали.
Сето тоа доведува до духовна и морална деградација, изнемоштеност и беда на нашиот народ, која беда се користи за обезличување на македонското име, народ и неговата суштина.
Денес сме донесени пред судот на историјата во кој сме исправени пред неправдата и перфидното насилство, за да докажеме пред себе си дека сме на страната на доброто, традицијата, народното и изворното во нас, за да постоиме како Македонци. Доброто е нашиот сојузник и вечен заштитник и тоа ни дава сила да опстоиме како народ кој ја носи светлината во своите гени и во својата свест.
Време е да им се вратиме на нашите изворни вредности: семејството, породот, родот, народот,природата. Да им се вратиме на традицијата, духовноста и моралот.
РОДИНА верува во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ. Родина значи да се сака својот народ како прв и единствен услов за зачувување на Македонија и македонските идеали. Затоа РОДИНА се залага и верува во принципот на меритократија, служење на народот и служба на најдобрите во име на народот.
ОСНОВНИ И ТЕМЕЛНИ ПРИНЦИПИ
Македонија Пред Се!
Заштита и промоција на Македонија и Македонскиот идентитет, економија, култура, историја и традиција!
Македонија ќе ја штити својата територија и народ од секаква внатрешна и надворешна опасност!
Македонија ќе прави стратешки економски и безбедносни сојузи само во свој интерес!
Меѓународна соработка базирана на взаемно почитување на слободната воља и суверенитетот на нациите!
Економска, национална и индивидуална слобода за секој човек!
Градење на глобално конкурентна пазарна економија со јавни и приватни инвестиции и со социјална одговорност!
Социјална и здравствена заштита достапна за секој!
Модерно и современо образование во Македонски дух и традиција!
Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво!
Дом за секој Македонец во својата РОДИНА.
Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси.
Праведен систем на вредности, каде најдобрите Македонци се први во редот.
Македонија е обврска на сите Македонци, јакнење на националното чувство!
ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ
- Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
- Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
- Поништување на сите закони и меѓународни договори кои се донесени под закана на сила, спротивни на Уставот, меѓународното право и вољата на македонскиот народ.
- Воведување на непосредна демократија Референдум за прашања од посебен интерес за државата и локалните заедници.
- Поднесување барање за учество во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
- Соработка за помирен и побезбеден свет со нашите истомисленици, патриотите од Америка, Европските нации, преку братските Словенски народи и Русија, новите регионални и светски сили од Турција, преку Индија и Кина.
- Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.
- Не во НАТО, Не во ЕУ. Соработка со меѓународни организации само врз принципите на рамноправност и почитување. Повлекување од воените мисии на НАТО и политика на мирољубивост.
- Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
- Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
- Национализација на сите стратешко важни субјекти и фирми.
- Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
- Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
- Конфискација на нелегално стекнат имот од осамостојувањето до сега.
- Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност. Вработување на бранители, деца на бранители во тие структури.
- Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства доделени од политички причини.
- Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија.
- Издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
- Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут. Поволности за враќање на Македонците во Македонија.
- Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
- Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки. Домот не може да е предмет на хипотека.
- Социјална, пензиска заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе.
- Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секој и право на избор при секоја медицинска интервенција.
- Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.
- Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво.
- Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.
- Природните ресурси припаѓаат на сите граѓани на Р.Македонија, односно државата. Неотуѓивост на водите.
- Ослободување на сите политички затвореници судени за Македонија.
- Подршка на традиционалното семејство, жената и децата
- Заштита на приватноста на граѓанинот.
Родина официјален сајт
Attachments
-
62,3 KB Прегледи: 3