Роботот Софија

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Што би рекол Анон...одвратен си:facepalm:
Сеа да не се вреѓаме. Несум одвратен, само сум ужасен.
Иначе не се секирај и за тебе имало надеж кој да те клецка. Хан, брат и на Софиа. :D
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.785
Поени од реакции
29.213

Футурама / Наука
Терминално болен научник ќе се трансформира во првиот „целосен киборг“

Др. Питер Боуман Скот-Морган е англиско-американски роботичар кој боледува од АЛС (амиотрофна латерална склероза), дегенеративна состојба која го натерала да пристапи кон претворање во според неговите зборови, „првиот целосен киборг“ во светот.​

Тој во октомври објавил дека ќе направи 4 медицински процедури за да го подобри квалитетот и должината на неговиот живот, а сега ( во месецот кога статистички му било предвидено дека може да умре) за себе тврди дека е Питер 2.0 – докторите во него вметнале туба за хранење директно во неговиот стомак, катетер директно во мочниот меур и колостомична кеса во неговото дебело црево.

Врз него била направена и ларингектомија, процедура каде докторите хируршки го отстрануваат ларинксот, делот од телото кој ја поврзува устата со носот и белите дробови. Без него, тој веќе не може да зборува со неговиот природен глас, но исто така веќе го нема ризикот плунката случајно да му се акумулира во белите дробови. Сега, Питер дише со помош на респиратор.

АЛС, позната и како Лу Герингова болест, е болест каде мозочните клетки кои ги контролираат мускулите кои доброволни ги движиме изумираат, сè додека личноста не е способна повеќе да се движи, а за неа не постои лек.

Скот-Морган бил дијагностициран со АЛС во 2017-та и е посветен на тоа својата стручност да ја искористи за да ги намали симптомите на болеста. Тој планира да направи подобрувања на неговата инвалидска количка што ќе му овозможат полесно да се движи низ домот, а планира да направи и ласерска операција на очите за подобро да гледа и чита. Со тек на времето, неговите очи ќе бидат единствените мускули кои ќе биде способен да ги контролира.

Др. Скот-Морган живее со неговиот маж Френсис во англиското село Девон, а документарецот во кој ќе биде прикажан неговиот пат кон станување „киборг“ ќе биде објавен идната година​
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931

Ајдее конечно во иднина ќе има кој да не наследи :D
Hoooray.

Убава работа, роботиве секој ден се понапредни и понапредни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom