Рики, Стивен и Карл [серии, подкасти, проекти]

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
По разговор со неколку членови на форумот увидовме дека и покрај темите за Офис и Екстрас, фали сеопфатна тема за овие легенди, посебно Рики кој за мене е најдобриот комичар (како сеопфатен поим, не стенд-ап) на сите времиња и би почнал со него бидејќи е клучната алка во ова дуо трио. :D

Бекграунд и работа во радио:
Рики Џервеиз се раѓа (непланирано) во нормално средно-буџетно семејство како најмало дете во семејството. Средно образование завршил во родниот Беркшир, се запишува на факултет за биологија во Лондон, за по 2 недели да се премисли и да се запиши на филозофија, која ја завршува со втор степен во 1983 година. Таму се запознава со Џејн Фалон, бест селер писател со кого е во врска до денешен ден. (Not a big believer in marriage). Во неговата завршна година како студент формира поп дуо „Сеона Денсинг“ со кој вади 2 сингла кои не успеале да завршат ни во топ 40. Разочаран од музичкиот фејл, Рики си ја пробува среќата во радио.
Овој потег ќе се покажи клучен во неговиот живот и кариера, бидејќи работејќи како водител во Xfm радио ќе го запознае својот иден колега и најдобар пријател со кого заедно ќе ги направи едни од најдобрите хумористични серии на сите времиња. Од купот на CV-а кои ги примил за работната позиција помошник, лотаријата му паднала на Стивен Мерчант. Во 1998 Рики е отпуштен од радиото поради реструктуирање. Доживува и дебакл на своето ток-шоу со наслов Meet Ricky Gervais, кое и сам си го исмева денес.

Тhe Office:
Рики и Стивен освен како познавачи на музиката, биле познати уште тогаш по желбата да снимаат, најчесто на работното место. Оттука му доаѓа идеа за хумористична серија која ќе биде сместена во најобична канцеларија, со најобични луѓе и најобични ситуации. И бидна пилотот на The Office, нивното прво, но и најпознато чедо, со светска популарност и безброј интернационални римејкови (од кои најголем успех најнормално доживува американската на чело со Стив Карел, каде Рики и Стивен добиваат кредит на извршни продуценти). Серијата брилира со оригиналноста и стилот (mockumentary) но и успешноста да се изнајде хумор во најобични ситуации, без laugh track-ови и goofy jokes. Со само 2 сезони и 12 епизоди серијата станува масовен хит во Британија и ги добива сите major награди. Bring it on.



Еxtras:
Продолжувајќи ја својата соработка, во 2005 Рики и Стивен ја креираат Extras, серија со исто толку епизоди како и Офис, одлично прифатена од критичарите но се разбира не на нивото на Офис (впрочем тоа е невозможно). Станува збор за Енди Милман, стажист во филмови кој има сон да стани познат глумец но наидува на раскрсница помеѓу филмски и уметнички интегритет од една страна и пари и слава од друга страна. Интересно е што во секоја епизода гостува позната личност од филмската или музичката индустрија. Како и во Офис, Рики ја презема главната улога во серијата, но и Стивен има recurring улога глумејќи го неговиот агент, кој рака на срце го украде шоуто во серијата и имаат сцени кои прават мешобол.



Назад во радио и средбата со Карл:
Малку нелинеарно се враќаме во 2001 година, кога Рики и Стивен ја завршуваат својата прва серија, со што во голем стил се враќаат во Xfm, радио станицата од каде беа отпуштени. Двајцата водат ток шоу со огромна слушаност со одредени прекини од 2001 до 2004 година. На сетот го запознаваат еден од најголемите легенди кои мајката планета го има родено - Карл - head like a fucking orange - Пилкингтон!



Карл е човек кој е на раб меѓу генијалност и ретардираност, најчесто второто, но е невозможно да не го сакаш. Карл за време на ток шоуто на Рики и Стивен работел како продуцент во шоуто и само што се запознале со Рики, овај се решил да го посвети својот професионален живот во иднина да го промовира ликот и делото на Карл, дури и на сметка на својата лична кариера. Го покануваат да учествува заедно со нив во шоуто, и прават подкаст кој влегува во гинисовата книга на рекорди за најсимнуван подкаст ever, со просек од 260 000 симнувања per episode. Се зборува на најразлични можни теми, од состав на гумените бонбони па се до тоа дали астронаутите го тресат после мочање. Карл на моменти ќе ве остави подзинат со своите ставови а најчесто ќе ве треска од земја од смеа. Рано е, 2013 сме, но дефинитивно е најголемото откритие во 21 век засега. Рики се вљубува во него и му ѕвони на телефон секој ден, пробува да го интегрира што е можно повеќе и животна цел како што кажав е светот да го запознае него и неговите размислувања, со што го докажува веднаш кога го внесува во Extras како стажист. Еве ви еден клип за тие што не го знаете кој е доволен да ве убеди, а за останатите работи треба сами да си видите:


Филмови:
Рики се пробува и во филмските води, релативно успешно во 2009та година со The invention of lying како продуцент, режисер и главен актер, а заедно со Стивен Cemetery Junction следната година со не баш голем успех. Гостува во уште неколку филмови и серии (во Louie како најјакиот доктор после Хаус), додека Стивен има успешно гостување во неколку холивудски филмови, како во Hall Pass.

2010 - 2013:
Во овој мал период Рики е хиперактивен и креира еден документарец, анимирана серија базирана на подкастот со Стивен и Карл, ги хостува Golden Globes 3 пати по ред, креира уште 2 серии, и е мошне активен на youtube со одредени мини-серијали.

Најпрво документарецот - An Idiot Abroad. Погодивте, идиотот е Карл. Држејќи се до ветувањето да го направи глобална сензација, Рики ја прави најскапата practical joke на сите времиња, прајќајки го Карл низ светот да ги види седумте светски чуда кои за него и не се баш нешто посебно, вадејќи го од својата комфорна зона на лежење и јадење чипс. Документарецот е ultra awesome во најмала рака.


Ако ова е малку, да го додаме факинг HBO. Заинтересирани да го претворат гинисовиот подкаст во анимирана серија, HBO ги вади автентичните разговори (за кои многу луѓе мислат дека се фејк, како и дека Карл не постои, туку е само лик креиран од Карл. Ова Рики го има демантирано на многу наврати) и ги претвора во ultra lovable Hanna Barbera look alikes, во 3 сезони по 13 епизоди под наслов The Ricky Gervais Show. Aко ви е потешко да ги слушате аудио, дефинитивно гледајте ја серијата со превод итн.)



Во овој период Холивуд мошне добро го запознава суровиот и за некого невкусен хумор на Рики на Golden Globes, каде не остана филмски актер кој не кркаше ремет од него. Наиде и на неколку критики, но го цитирам него "Why the hell are they asking me to host them again"?

Рики и Стивен повторно се навраќаат на добро познатата mockumentary сцена и заедно со Ворвик Дејвис ја креираат Life's too short која во споредба со нивните први две серии добива послаб успех и кај критичарите и на гледаноста, но земаме во предвид дека не е возможно да се надминеш после таков masterpiece каков што е The Office.

Последна серија која што ја креира Рики и во која глуми (за прв пат без неговиот BFF Стивен, кој последните години е ангажиран повеќе со stand-up и свои лични проекти и гостувања во филмови, со што Life's too short е нивната последна колаборација) е Derek, серија за дом за стари лица и Дерек, lovable guy кој сака youtube и мачки. Yep, тоа е дефиницијата. Во оваа серија се осеќа наклонувањето кон драма одошто во комедија и според мене е најслабото парче на Рики досега. Можеби до Стивен е сепак магијата? :D

Oстанати проекти:
Дуо триото е познато по своите најави, трејлери, промоа каде најчесто се ситуирани на кауч и слично, и наместо промо завршуваат со меѓусебни кавги и дебати кои немаат врска со работата за која се снимаат. :D Мошне голем хит се на интернет, со што Карл и Рики започнаа youtube серија (засега само пилотот) каде предаваат англиски јазик (преку 10 пати гледана, преку 10 пати ме болеше стомакот)


Дејвид Брент (ликот од The Office) направи камбек како менаџер на рап ѕвезда но и како добар реге пејач. :D


А од неодамна почна да држи и лекции по гитара:


Eпа ајде чеда следбеници на ликот и делото на Рики, Стивен и Карл, конечно тема каде нема да биди оф топик нити главата на Карл, нити „онаа сцена“ од Extras, нити било што поврзано со овие три легенди. :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Префрлено во серии, мислам дека повеќе одговара. Plus, I've always wanted to kick a duck up the arse. Не ми се верува не си го вметнал!!!??!!

Што се проективе тиче, конечно! Јас малку закаснев со подкастите/анимираната и немам оправдување, ама вие требало досега да го продадете низ форумов Карл како никој досега! После Idiot Abroad го засакав човеков ептен, па со радио емисиите.. Рики од друга страна - класика. Иако Office US ми е свежа и има цели 9 сезони и е такоџе ултра смешна, сепак не би ја ставил над Office UK, која пак ми е гледана пред премногу години и едвај се сеќавам, затоа се потсеќам на врв моментите по Јутуб. Заслужува повеќе внимание, се надевам фокусот на темава ќе биде воглавно за неа најмногу, дека никаде не ја дискутираме, тук там во Општи дискусии..

Освен за Карл и за Еxtras сум отворил тема, прилично потценета серија а нуди премногу забава. Толку е потценета што тешко се наоѓа по торенти што имаат сидери.
Топла препорака.

Learn English со двајцава сум прснал, и прскам секој пат како одново да ја гледам, кога ја гледам.
Derek ги изгледав сите епизоди, ја има атмосферата од Офис, бавна драма со ептен awkward ситуации.
Таму светлото го краде перверзњакот, алал да му е на Рики, од кај ги наоѓа ликовите само... за почит.

Eве го Рики во Inside the Actors Studio, зборува за него, за офис, за карл.. уз премногу смеење, ако некој го мрзи да го чита Божино.

 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Конечно на некој му текна да склопит една ваква тема. Браво бе Божин. :D

Огромен фан, на сите проекти, особено на Карл (види фотос). Генијалец, најдобриот случаен, непретенциозен и наивен комичар на сите времиња. Секоја му чест на Рики шо го согледал неговиот потенцијал и го склопил во некаков формат за да уживаме и ние со него.

Според мене најсмешен проект е The Ricky Gervais Show. Можам да извлечам безброј цитати шо ме паднале на земја од смеење.

А и Learn English од ко излезе го гледав едно 20тина пати секогаш ко ќе се соберевме со двајца другари, исто големи фаној на Карл. Во секое случајно откриваш по нешо шо би те насмеало одново и одново. Планирам и да му го поклонам на еден од другариве следниов постер сега за роденденов:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Замислете стварно Рики и Стив да испаднат најголемите тролови онака, поголеми и од Џорџ РР, Карл навистина да е лик креиран од нив. :D Но мислам дека онаква легендарна појава не се глуми, иако можеби на моменти последно време е малку исфорсиран реметот со него, пример со смеењето на Рики за најобична работа која ја кажува Карл која не е глупава.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Замислете стварно Рики и Стив да испаднат најголемите тролови онака, поголеми и од Џорџ РР, Карл навистина да е лик креиран од нив. :D Но мислам дека онаква легендарна појава не се глуми, иако можеби на моменти последно време е малку исфорсиран реметот со него, пример со смеењето на Рики за најобична работа која ја кажува Карл која не е глупава.

Уф, да. Треба време за да се свари смеењето на Рики у последно. Сигурен бев дека е измислен лик.. ам не бе, you cant have a facial expressions like a monkey and head like a fucking orange тукутака!

 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Замислете стварно Рики и Стив да испаднат најголемите тролови онака, поголеми и од Џорџ РР, Карл навистина да е лик креиран од нив. :D Но мислам дека онаква легендарна појава не се глуми, иако можеби на моменти последно време е малку исфорсиран реметот со него, пример со смеењето на Рики за најобична работа која ја кажува Карл која не е глупава.

Немат шанса. Плус и очигледен е напредокот на Карл во последно време. И Рики имаше кажано негде дека многу е "попаметен" него пред да речиме 10 години. Имам слушано стари емисии на радио.. просто да си речиш дека не е можно такви мисли да постоет во нечив мозок. :D

На пример овие исечоци од радио емисиите. Жива зараза.

Плус, еден бонус на друга тема:

Boshing the bishop :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.838
Поени од реакции
5.117
"They're 97% water. Just give em another 3% and make em water" - Karl on Jellyfish :D
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
брзо кажувајте со што да почнувам, имам гледано онака casual нешто на hbo по 5-10 минути што сум фатил. Што треба прво да се симиња, wot? да ставам idiot abroad ?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
брзо кажувајте со што да почнувам, имам гледано онака casual нешто на hbo по 5-10 минути што сум фатил. Што треба прво да се симиња, wot? да ставам idiot abroad ?

Па... нема редослед. Прво би ти препорачал Office UK, почетокот на се, од жанрот мокјументари, се до развојот на Рики. 3 сезони е.
После продолжув со Extras. Премногу се имам смеено на серијава, со Вини Џонс, Кејт Винслет епизодите.. солзи! 2 сезони.
Со Карл се запознав преку Idiot Abroad, после кога тотално ме освои, сакав подкастите да ги слушам, а уште позабавни беа анимирани. Така да исто му доаѓа, подобра варијанта е анимираната серија на подкастите Ricky Gervais Show. Тројцата од насловот водат муабети како да се напушени, т.е околу Карл се врти се, негови мисли околу разноразни нешта, and the man fucking delivers. 3 сезони.

После може да го ѕирнеш Derek, ако не се лажам е 6 епизоди.

А пред да почнеш со се, изгледај јутуб пилотот Learn English with Ricky. 20 минути.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom