Рецепт за сладолед

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.620
Ај некој да препорача рецепт за сладолед од ванила ама да биде ептен добар :) Мислам пред се, мек, за вкусот претпоставувам со арома од ванила се решава тоа ама сакам кога ќе го извадам од фрижидер да биде мек како душа, а не тврд како камен :D, да ги има тие слоеви..you know what i mean...

 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Може домашен може и од оние што се купуваат, како и да е го матиш сладоледот според рецептот при крај го ставаш садот во друг поголем сад во кој има ставено мраз и сол температурата се снижува приближно до -20 степени и продолжуваш да матиш со миксер, ладната средина предизвикува до формирање на ситни кристали од вода во сладоледот и тоа е тоа што го прави да биде фин и кремаст.
Садот во кој се прави сладоледот треба целосно да биде потопен во смесата од сол и мраз. Смесата се прави на тој начин што на 1 килограм мраз се ставаат 200 грами готварска сол (оладена во фрижидер).
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.620
Може домашен може и од оние што се купуваат, како и да е го матиш сладоледот според рецептот при крај го ставаш садот во друг поголем сад во кој има ставено мраз и сол температурата се снижува приближно до -20 степени и продолжуваш да матиш со миксер, ладната средина предизвикува до формирање на ситни кристали од вода во сладоледот и тоа е тоа што го прави да биде фин и кремаст.
Садот во кој се прави сладоледот треба целосно да биде потопен во смесата од сол и мраз. Смесата се прави на тој начин што на 1 килограм мраз се ставаат 200 грами готварска сол (оладена во фрижидер).
Чекај не те разбирам. Сладоледов изматен го ставам во друг сад во кој има мраз и сол? Како може тоа чудо да го миксам? Сладолед и коцки мраз? :eek: Ти го имаш пробано ова? Колку мраз треба на која количина сладолед? Мислев дека баш треба да се избегнат кристалите вода во сладоледот сега ти викаш обратно?
Јас мислев некоја финта од овој тип.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Чекај не те разбирам. Сладоледов изматен го ставам во друг сад во кој има мраз и сол? Како може тоа чудо да го миксам? Сладолед и коцки мраз? :eek: Ти го имаш пробано ова? Колку мраз треба на која количина сладолед? Мислев дека баш треба да се избегнат кристалите вода во сладоледот сега ти викаш обратно?
Јас мислев некоја финта од овој тип.
Хахахаха друже, садот во кој што го матиш сладоледот го ставаш во друг сад со мраз и сол, еден сад потопуваш во друг.

За да се разбереме еве ти слика.

Ова ти е импровизирана верзија од она што го прават во индустријата за сладолед, лично испробано од мене.
Да треба да се избегне замрзнување на сладоледот, но на овој начин со силно мешање на смесата се добиваат ситни кристали од вода кои не се слепуваат и сладоледот не е тврд. Користи обично млеко од тетрапак и смеса за сладолед, или пак домашен, исто ти е.
Колку мраз ќе ставиш зависи од тоа колку сладолед правиш, никогаш немам мерено. :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.620
Ааааа сега сфаќам :) Друго си е визуелен приказ. Ај ќе пробам по твоево, а и со она со павлака па да видам кое е подобро :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Уфф татко ми прави еден сладолед многу добар!
Две крем пени од ванила или незнам како се викаат аа не шлаг туку крем,се миксираат додека да се подигне смесата(секако се миксира со 300 мл млеко).Додаваш шеќер во прав и арома на ванила.Земаш 10 бананки чоколадки ги сецкаш и ги додаваш миксираш и ставаш да се втрдне.
Место бананки може и блок чоколада се се сренда!
А има и друг рецепт т.е истото само со додавање шумски јагоди(ама не од слатко туку живи) или пената од шумските јагоди што избива при варењето размиксана со таа смеса!
Може и со банана и бисквиди! ууфф
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715


Домашен сладолед

Земете голем сад кој е погоден за матење и замрзнување.

Земете ги сите состојки според редоследот наведен во рецептот и постепено ставете ги во садот и изматете, потоа нека се замрзнува околу 2 часа. По еден час проверете- можеби ќе биде потребно подолго време особено ако некои додатоци сами сте ги додале во составот, затоа чекајте убаво да се зацврсти смесата.
Извадете го садот од фрижидерот за замрзнување и половина час нека стои во фрижидер. Идеално замрзната смеса е кога е замрзната и цврста по краевите, но не целосно до средината.
Извадете го садот и измешајте ја смесата за сладолед се додека не стане како крем (ако се формирале кристали или грутки, подобро изматете).
Повторно ставете во фрижидер уште половина час, потоа повторно мешајте. Неколку пати повторувајте го ова помеѓу секое повторно замрзнување.
Во зависност од типот и квалитетот на сладоледот, како и од тоа дали сакате сладоледот да биде помек, цврст, растопен... сами определете го времето на замрзнување!

Сладолед & овошје

Овошјето се користи многу, како додаток или пак природниот сок. Постојат неколку начини за комбинација на сладолед и овошје:

Овошјето како главна состојка

Примери:
- сладолед од јагоди
- банана сладолед
- сладолед со овошен шербет
- сладолед со прелив од портокал

Овошјето како додаток

Примери:
- Јагоди, црно грозје и парчиња од диња со шлаг и послужено во висока чаша.
- Диња, портокал и цреша со сладолед и прелив од лимон (слика).
- Парчиња овошје на врвот од сладоледот- паче киви, цели јагоди, цреши, малини и парчиња јабојка.

Рецепт за домашен сладолед од јагоди

Потребни состојки:
- 3 жолчки од јајце (изматени)
- 1/2 доза млеко (250 мл)
- 1/2 доза (250 мл) дупло/густ крем
- 100 г шеќер
- 2 шољи со јагоди
- 1 мала лажица со есенција од ванила

Земете ги јагодите и измешајте ги со шеќер (2 лажици или 50 г) во погоден сад.
Ставете ги во ладилник додека го подготвувате остатокот од рецептот.

Во друг сад ставете ги жолчките со млекото и мешајте, ставете малку сол и остатокот од шеќерот. Подгревајте на минимум, само до точка на вриење (мешајте цело време), НО НИКАКО НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ЗОВРИЕ. Пренесете ја целата смеса во ладен сад за да се олади. Потоа, треба да се лади во фрижидерот околу 3 часа, без да заборавите одвреме-навреме да ја проверувате и мешате смесата. Кога сладоледот е готов помешајте го со подготвената смеса од крем и екстракт од ванила и изматете со миксер заедно со смесата од јагоди/шеќер.

Рецепт за домашен банана сладолед
Ова е еден многу познат и омилен рецепт!

Потребни состојки:

- (375 мл) млеко или крем
(може и мешавина од двете по сопствена желба)
- 100 гр. шеќер
- 3 спремни банани и подготвени во форма на пире

Во соодветен сад бананите може да ги гмечите за да станат како течно пире. Потоа истурете во сад со подготвените млеко/крем и шеќер. Потоа измешајте добро. Ставете ја целата смеса во сад за сладолед и замрзнете ја во ладилник за замрзнување.
Екстра идеи: Додадете неколку парчиња егзотично овошје 5 минути пред да го извадите сладоледот од замрзнување.

Сладолед со додатоци во висока чаша

Кога некој сака сладолед, тогаш сите приказни поврзани за сладоледот мора да ги знае, како и сите „варијации на темата“. Еве една позната приказна: СЛАДОЛЕД ВО ВИСОКА ЧАША! Не постои посебен рецепт, важно е како сами ќе го замислите сладоледот. Ова е познат англиски десерт, кој станал многу популарен во 1930 –тите години.
Сладоледот се служи во високи чаши - тоа е всушност мешавина од свежо овошје кое се става на дното на чашата, прелиено со ликер по избор (за возрасни), 3 топки сладолед (вообичаено од ванила и јагода), сос од праска, потоа шлаг-крем и една цреша на врвот. Различни варијации можат да вклучат и желе, разни овошја, ореви и мед, бисквит...
Во Англија традицијата продолжува, сеуште може лесно да најдете ваков десерт!

Потребни состојки:

Парчиња од свежи јагоди, црно грозје, парчиња диња најдолу во чашата, 2 ванила топчиња сладолед и топка сладолед од јагоди. Прелијте одозгора со сос од јагоди, а на врвот ставете интересен бисквит и една црешка.

Домашен сладолед од авокадо

Потребни состојки:

- 250 мл. густ крем
- 1 голема лажица свеж сок од лимон
- 1/2 шеќер во прав
- 375 мл. млеко
- 3 парчиња авокадо

Подгответе го авокадото, исчистете ги семките и со миксер измешајте заедно со млеко се додека не стане смесата како пире. Потоа во ссодветен сад ставете шеќер, сокот од лимон и крем. Потоа мешајте за да стане хомогена - крем маса. Потоа замрзнете го сладоледот според упатствата.

Домашен ментол сладолед

Потребни состојки:

- Свежо нане (7-8 ливчиња)
- 5 големи лажици шеќер
- 3 белки од јајце
- 375 мл крем фрапе

Земете ги листовите од нане и ситно исецкајте ги. Користете миксер или блендер, а може и традиционален толчник и аван. Кога заедно со шеќерот се е подготвено и изматено, целата смеса помешајте ја со крем-фрапе. Изматете 3 белки од јајце и додадете ги во смесата за сладолед. Потоа замрзнете го сладоледот и уживајте во свежиот ментол вкус!

ИЗВОР
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Избришани неколку офтопик мислења у стил: Поарно ќе идам у продавница да купам, ставање слики од интернет без рецепт.....
Темата е рецепт за сладолед, а не за од кај да се купи или да се ставаат слики.
Тенкју :pipi:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Еве уште еден рецепт за со јагоди



Состојки

  • 1 чаша/200мл/ јогурт
  • 1 чаша/200мл/ шеќер
  • 2 чаши/200мл/ јаготки-исчистени и преполовени
  • малу околу 1/2 чаша млеко
Подготовка

Исчистените јаготки прекријте ги со шеќер и оставете ги да преноќат.
Другиот ден исцедете го сокот што го пуштиле јагодите и измиксајте ги.
Измиксаните јаготки додајте ги во јогуртот и уште малку миксајте со миксерот да се изедначи смесата,турете го сладоледот во садот во кој ќе се замрзнива и оставете го околу 3-4 часа во замрзнивачот.
Извадете го. Смесата ќе биде полузамрзната. Со миксерот измиксајте ја како би се разбиле кристалите мраз и пак вратете ја во замрзнувач.
Ова повторете го уште еднаш до 2-пати на секои 2-3 часа.
Пред служење извадете го сладоледот од фрижидер и исечете го на коцки бидејки со лажицата за сладолед нема да можете да оформите топче-замрзнат е.
Коцките издробете ги со вилушка и додадете малку млеко и повторно измиксајте го сладоледот. Вака подготвениот сладолед можете да го сервирате со прелив од јагоди или чоколадо, а може и со нарендано чоколадо. Исто така и со друг вкус на сладолед.
Бидејки ова е многу вкусен и освежителен десерт многу често јас на овој начин на подготовка си правам овошен јогурт со тоа што само малку го разладувам во обичниот фрижидер, а со додавање на малку повеќе млеко може да се служи и како милк-шејк…



Од овде..​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom