Рецензија: The Transformers: Revenge of the Fallen

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Приказната е позната - во зависност од тоа на која страна се наоѓате, дали ќе бидете добри или лоши. Ова е една од тие епските приказни во кои се спротиставуваат лошото и доброто, но овој пат на “роботски“ начин. Во Трансформери, на страната на доброто се Автоботовите, додека на лошата Децептикоите. Добрите ги бранат луѓето, додека лошите сакаат да ги заробат, или полошо - да ги убијат.

Одлучив да бидам добар:)icon_lol:), па ги избрав Автоботовите. Но, доста пишував околу доброто и злото, да одам на главното...
Прво влегувате во Autobot War Room каде што ве очекуваат останатите Автоботови со Optimuson Prime како водач (лошиот е Megatron). Тоа е место каде што ќе одбирате мисии, но пред тоа ќе морате да го поминете туторијалот. Без него не може да почнете да ги вршите мисиите.


Четири основни форми морате да ги совладате за квалитетно да го управувате својот Автобот. Можат да трчат, да возат по цестите или да летаат. Секој од нив има свои команди кои ќе морате да ги научите. Исто така, ќе научите како да пукате со различни оружја и да ги користите специјалните потези на секој робот. По default, се употребуват преку тастерот “F“.

Кога ќе го поминете туторијалот, почнувате со првата мисија. На глобусот ќе го видите кризното подрачје, односно каде се наоѓаат мисиите. Можете да пристапите на тиа кои ви се отклучени, додека за другите ќе треба да вршите и така ќе добивате нови мисии. Главен дел на мисиите е да го исчистите теренот од противничките роботи. Самата борба е направена прилично добра, имате доста оружја и потези на располагање и се надевам дека ги запамтивте сите од туторијалот. :)))

Да не заборавам и да напоменам дека после секое уништување на некој робот тој испушта “енергон“, елемент кој го собирате(некаков вид на кредит, иако не е) и го користите за надоградба на својот робот. Можете да им ја појачите издржливоста, оружјето, брзината и сл.




Графиката држи вода, искрено.Иако во темните сцени прилично тешко може да се види противникот но сепак можеме да се ориентираме според индикаторот на енергија над главата. Во целост, не сум премногу задоволен од графиката, можеле многу подобро. Сепак, тие недостатоци се пополнуваат со добрите борбени потези, поготово специјалните.


Авторите на играта нагласуваа дека ќе можеме да ги командиме сите Автоботови и да ги менуваме, тоа се покажа како супер идеа и успешно е реализирана. Секој од нив има посебни потези и оружја со кои можете да ги изненадите противниците. Само да ве опоменам дека два оштетени роботи се појаки од еден целосен, поготово доколку ве опколат. Затоа, кога ќе се најдете во таква ситуација скокајте, рипајте по згради и сл со што ќе го збуните непријателот. Верувајте, вашата тактика ќе успее.



И на крај, што друго да кажам после саатови и саатови беспрекорно пукање? Дефинитивно е подобра од првиот дел, но сепак можеле да ја направат многу подобро. Вака изгледа уште една игра во низа која многу брзо ќе помине низ нашите мисли и нема да ја задржиме, или така ми се чини?


[+] Позитивно

  • Висок степен на интеракција
  • Атрактивни напади, движења и удари
[-] Минус

  • Преголем број на команди
  • Слаба прегледност на теренот

ОЦЕНА 7,5 / 10

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Јас ја играм играва. Не е лоша, али некако е досадна. Цело време пуцаш, пуцаш, пуцаш. И во минус ке ставам управувањето на колите. Во плус, графиката, и гејмплејот.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
ја имав првата игра, и не е интересна- ако се претвориш во робот сите бегаат трчаат, а луѓево важно неможеш да ги отепаш(за разлика од прототајп каде ги сецкаш). само мора со некои роботи да се тепаш и да се собираат некои коцки. така беше првата а мислам оти и ваа нема да е драстично променета.
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Лоша како кецот ... новите додатоци пак не ја поправаат играва
 

Kajgana Shop

На врв Bottom