Рецензија : Tales of Monkey Island (chapters 1 & 2)

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Напомена : рецензијата која ќе ја прочитате е базирана на игра од која се издава по едно поглавје (chapter) на месечна база. Авторот на истата ќе ги изнесе своите пофалби, критики и впечатоци по одигрувањето на првите две поглавја (секоја трае по 3-4 часа), додека од играта преостануваат уште три кои ќе бидат издадени во септември, октомври и ноември, со што ќе се комплетира и целосната замислена приказна од страна на компанијата која стои зад ова дело, Telltale Games. So, let us begin, shall we? :)



Приказна :

Еден од најомилените пирати (за некои се' уште pirate wannabe :) ) од компјтуерските игри, Guybrush Threpwood, се враќа на нашите монитори, и тоа во целосно нова, возбудлива авантура. Приказната е неповрзана и започнува некое време по случувањата од последниот, четврти дел (и наводно петтиот дел, кој досега и не е направен). Но, тоа не значи дека играва е наменета само за оние кои се запознаени со MI серијалот. Да, факт е дека низ играњето ликовите, и некои од загатките кои ќе ги решите силно алудираат, потсеќаат или асоцираат на детали од изминатите делови, но тоа се секогаш работи кои не се важни за самиот прогрес во играта, и се само додадени да не' насмеат и потсетат на богатата историја која овој серијал ја носи со себе. Првата сцена (од многуте на кои ќе налетате во текот на играта, а притоа одлично изработени, го имаат оној филмски feeling) со која ќе се затекнете, ќе ви биде доволно позната доколку имате изиграно било кој од минатите 4 делови : Guybrush Threеpwood, ликот кој подоцна е препуштен на ваша контрола, по иксти пат се соочува со неговиот вечен непријател, зомби пиратот Le Chuck, притоа обидувајќи се да ја ослободи љубовта на неговиот живот (а од завршетокот на третиот дел и негова жена), Elaine. Но, во текот на борбата помеѓу овие два ривали, доаѓа до извесни "компликации" (која авантура ги нема?), резултирајќи со ослободување на т.н. пиратска сипаница, која се заканува да ги зарази сите пирати кои пловат и живеат на Карибите, притоа претворајќи ги во грди, зелени, уште побезмилосни суштества. Што е уште почудно, Le Chuck, пиратот кој во себе ја имаше конзумирано таа епидемија, одеднаш е ослободен од неа, и станува позитивен лик, нешто што Guybrush никако не може и не сака да го прифати. Нормално, Guybrush има голема улога во предизвикувањето на оваа нова епидемија, па токму затоа товарот паѓа на неговите плеќи да го пронајде La Esponja Grande, џиновскиот сунѓер (да, сунѓер) кој може да ја впие и уништи епидемијата која со секој момент зема се' поголем замав. Ви делува можеби малку просто како за главна приказна? Верувајте, низ првите 2 поглавја истата се задлабочува многу повеќе, а притоа се јавуваат и толку многу препреки/пресврти/средби со нови, но и познати ликови од минатите делови, што ќе предизвикаат безброј сериозни, но и комични ситуации (ДА, стариот Monkey Island хумор е се' уште тука, заразен како и секогаш). Тука само ќе напоменам бегства од острови од кои никој никогаш не избегал, ослободување на лидер(к)и на древни цивилизации, потрага по богатства... Останатото го препуштам на вас да откриете ;). Мала забелешка од моја страна би одела на самите краеви на двете поглавја; имено, и двете завршуваат во момент кога во играта се случува нешто неочекувано и нешто што има големо влијание во понатамошниот тек на играта, за веќе во следниот момент да следи она стандардното: To be Continued in the Next Chapter. Иритирачки, нели? Но ајде, барем да има за што да се дискутира на многубројните форуми посветени на оваа игра :).

Приказна: 8.5/10



Графика и звук :

Дел во кој најголемиот број од олд-скул авантуристите (па и оние, поновите) ќе се почувствуваат како дома. Ќе започнам од звукот, зашто тука речиси и да нема што да се забележи. Се' на што сте се навикнале да очекувате од една одлична авантура е тука : одличниот soundtrack кој ве прати додека играте, и кој само го дополнува пиратскиот амбиент во самата игра, гласовите на главните протагонисти и сите други ликови низ играта се одлично сработени, a што е најважно, одговараат на самите карактери во играта (и да, гласот на Guybrush е повторно позајмен од незаменливиот Dominic Armato). Тука само ќе ги додадам и сите оние амбиентални звуци кои ги слушате додека ја играте самата игра (пеењето на галебите, ветрот, птиците, и секако, МАЈМУНИТЕ како заштитен знак на оваа игра ;)), и навистина ќе се чувствувате како да сте дел од оној свет кој го претставува самата игра. Следи графиката, и веднаш напомена дека истата е во 3D (тренд започнат со четвртиот дел), на несреќа на оние hard-core Monkey Island фанови. Но и тука, дечките од Telltale Games се потрудиле да го задржат оној стар, шарен, cartoon-like стил кој со часови не' држеше залепени до мониторите, и внесувајќи се во веселата атмосфера која цртаната 2D графика успеваше да ни ја долови. И во поголемиот процент, мора да се пофалат дека успеале. Но сепак, не е се' така сјајно. Тука пред се' мислам на оние детали кои (не) ќе ги забележите кога некој лик или предмет ви е претставен од блиска перспектива. Едноставно, на моменти тие делуваат сиромашно, оставајќи не' со впечаток дека можеле да минат низ уште многу козметички зафати за да делуваат поубаво и попривлечно, особено за игра во која самата атмосфера која таа се обидува да ја создаде е многу важна. Ова пред се' го мислам за карактерите во играта, чии лица и фацијални изрази се навистина сиромашно изработени, и врескаат за додатна шминка. Исто така, на моменти и камерата знае да претставува проблем, зашто додека се движите низ играта, понекогаш знае да го заборави правецот накај што одите, приморувајќи ве да се вратите неколку чекори наназад, па пак да тргнете кон посакуваниот правец, за истата да почне да ве следи. Ова знае особено да биде проблематично кога Guybrush се движи во правец "накај" камерата, па многупати блискиот зум заборава да се оддалечи навремено за да ви овозможи да ја забележите целата околина меѓу вас. Недобредојдено во игра во која пред се' од вас се бара да истражувате и да се движите низ неколку локации во мал период. Но повторно да го завршам и овој аспект од играта во позитивна нота, старата, MI атмосфера е доволно добро доловена и овде, и трудот да се стори тоа е очигледен.

Звук : 9/10
Графика: 7/10




Гејмплеј :

Доаѓаме до најважниот дел од една игра: нејзиниот гејмплеј. За среќа, и тука ToMI игра на веќе познати карти (или барем се обидува :)). Да, ToMI е класична point 'n' click авантура, во која од вас се бара да ги истражувате локациите, да зборувате со карактерите во играта, и да користите разни предмети кои ќе ги најдете во самата игра за решавање на разни проблеми или ситуации. Понекогаш тоа може да бидат основни use/give Х item with/to... загатки, но некогаш се бара и комбинирање на земен предмет со некој друг од вашата "колекција" (или inventory), за потоа добиеното да се употреби со предмет во некоја локација, или со некој лик. Самите загатки и логички проблеми (пример : треба да се снајдете низ џунгла на еден од островите на кои ќе одите, преку користење на мапи со специфични упатства) не се многу тешки, а и секогаш кога ќе заглавите, тука е и имплементираниот hint систем, преку кој Guybrush привремено индиректно кажува што е следното што треба да го направи за да напредува во играта. Овде само би упатил мала критика на линеарноста на самата игра, која бара од вас да ги решавате проблемите на стриктно дефиниран начин, за да предизвикате реакција и прогрес во самата приказна. Од друга страна, начинот на кој го движите Guybrush со вашето глувче е чудно решен. Од вас се бара да го држите левото копче кликнато, и притоа да го мрдате глувчето во онаа насока во која сакате и Guybrush да се движи. Како алтернатива на ова постои и тастатурата, каде преку стрелките или wasd копчињата можете да го движите вашиот лик, држејќи го shift доколку сакате истиот да трча. Или наједноставно, доколку кликнете на некој предмет или лик во играта, Guybrush ќе оди до истиот, без да треба вие да го движите, притоа давајќи објаснување (многупати со доза на добредојден хумор) за него или земајќи го, доколку е предмет, или започнувајќи конверзација (повторно попратена со солидна доза на хумор), доколку е лик. Вашата колекција на предмети кои ги собирате во играта се покажува со клик на стрелка која се наоѓа на десниот дел од екранот, или со притискање на копчето I на тастатурата. Се' на се' солидно, но не и најсреќно решение за контролите во играта, кои малку влијаат и на самиот гејмплеј.

Гејмплеј : 8/10



Заклучок : Да се каже дека Tales of Monkey Island (судејќи според првите 2 поглавја) е на исто ниво како легендарните Monkey Island 1, 2 и 3, би било погрешно. Но ToMI не се ни обидува да биде тоа. Иако користи добар дел од триковите кои ги направија гореспоменатите игри култни меѓу гејмерите, сепак таа се стреми како едно ново, назависно искуство да предизвика силно-позитивна реакција меѓу старите и новите гејмери, подеднакво. Судејќи од работата завршена досега, момците од Telltale Games се на добар пат да успеат во тоа.

Оцена : 8.1/10

 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ееј, некој конечно да пиши за игра од Telltale Games. Го имам првиот дел (излезе пред месец дена), а вториов го немам (излезе пред два три дена).
Од целиов серијал, го имам играно само најпрвиот дел, тој од 1990 (пред еден месец Lucas Arts издаде римејк на правата, истата приказна и гејмплеј само графиката и звукот е многу подобрен). Ги имам и 2ката и 3ката (од Lucas) ама не ми се изиграни.

Инаку јас повеќе сум фан на Sam and Max. Од нив имам сѐ, играта од 92 од Lucas Arts, двете сезони од Telltale, стрипот, цртаниот итн. Па си велем ќе напишам рецензија кога ќе направат Сезона 3.
Во меѓувреме, ќе ја изиграм серијава.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Ееј, некој конечно да пиши за игра од Telltale Games. Го имам првиот дел (излезе пред месец дена), а вториов го немам (излезе пред два три дена).
Од целиов серијал, го имам играно само најпрвиот дел, тој од 1990 (пред еден месец Lucas Arts издаде римејк на правата, истата приказна и гејмплеј само графиката и звукот е многу подобрен). Ги имам и 2ката и 3ката (од Lucas) ама не ми се изиграни.

Инаку јас повеќе сум фан на Sam and Max. Од нив имам сѐ, играта од 92 од Lucas Arts, двете сезони од Telltale, стрипот, цртаниот итн. Па си велем ќе напишам рецензија кога ќе направат Сезона 3.
Во меѓувреме, ќе ја изиграм серијава.
Sam and Max? Уште еден серијал кој за среќа беше вратен во живите од страна на Telltale Games. А за римејкот на MI единицата, иако ја имам изиграно, пак морав да ја изиграм со звук, гласови и останатите шминки =). И изиграј ја двојката колку можеш побрзо, не знаеш што пропушташ, според мене најдобрата MI од сите. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom