Рецензија: Oval Office: Command in Chief [TRASH]

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
«Oval Office: Command in Chief«

Вовед

Ултимативната симулациска моќ за РС, конечно стигна. О, само колко ја чекавме! Прочитајте како е да се биде виртуелен претседател на САД, во лошиот виртуелен свет.



Претседателите смрдат!
Дали некогаш сте се запрашале како е да се биде најмоќниот човек на светот? Дали некогаш сте посакале да бидете на таа позиција? Ниту јас. Секако, станува збор за претседател на Соединетите Американски Држави или САД, како сакате. Е. сега можете да станете, иако само виртуелно, но немојте да си го расипите вашата восхитеност. Сите знаеме дека претседателите, а и сите во политиката генерално и без изостаноци, се лоши корумпирани луѓе кои си немаат појма во што вие би биле подобри од нив. Барем така звучи кога некој ќе почне да зборува за политиката и ќе почне до пцуе по... скоро сите. Секако, тоа можете да го слушнете од секого. Секогаш. Значи, сега и службено можете да докажете дека сте добар политичар и подобар од било кој друг.

Почетоците
Одма на почетокот, би било паметно да кликнете на “How to play?“ и да ги научите основите на играта, но реално, и без тоа не пропуштате многу, бидејќи сето тоа можете да го научите на база “пробај и заеби“.
Во ред, Fast Forward низ правилата и останатите срања и еве не на главното мени. Значи, одма на почетокот треба да пополнете неколку работи како што е изборот на која странка да припаѓате, па да ја дефинирате вашата личност како претседател т.е колку сте религиозни, дали сте патриот, сакате повеќе сообраќаен промет или природа, итн...
Дрн дрн јариња, ајде да се решиме од работите од работите кои ни одат на нерви во цела нација и да седнеме во канцеларијата.



Командување од канцеларијата
Одма после стартувањето на играта, на око ми падна една бизарност. Имено, вашата популарност на почетокот е никаква, спрема анкетите, 0% од народот би гласал за вас. Тогаш како ги добивме изборите? О, да бе: Ги наместивме, но нема везе, одиме понатаму. Пред вас на екранот ќе има многу икони. Повеќе отколку најлошиот десктоп на светот, сигурно. Таму ќе бидат извештаите од народот од поединечни држави, коментари од луѓето т.е индикатори колку народот е задоволен од вашата работа. Па има икони преку кои ќе може да ги менувате законите доколку имате доволна политича моќ. Како што се гледа од сликата во позадината одредени делови претставуват одредени општини. Исто така имате и за училиштата, здраството, технологија, сообраќај, национална безбедност итн. Во горниот десен агол, се уште неколку глупости како вашиот процент на популарноста, вашите министри (можете да ги отпуштите во секој момент, на тоа не одолеав многу), па организациите кои ви дишат во врат и сакат да ве соборат од претседателската функција, како и од животот. На крајот е едно копче со кој ја завршувате вашата работа и добивате глупи извештаи од незадоволните луѓе, предлози за нови закони кои можете да ги прифатите или одбиете, анкети за вашата популарност и известувања како некои хипици сакате да ве убијат.

Полошо здравје...
Бидејќи ситуацијата во светот, па и во САД(криза, рецесија, на Мадона не и дават да посвои дете :icon_lol:), нема да добиете се готово сервирано. Да, да. Почнавте со голем губиток во државната каса и не им се допаѓате на народот, па време е за промени. Ќе мора да менувате закони и кај секој ве чека индикатор како народот го прифаќа, или работите само стануват се лоши и од полошото. Фората е во тоа што можете многу работи да промените. Како на пример, проклетите хипици кои сакате да ве нападнат ќе се радуват доколку ги легализирате сите видови на дрога, може да ја намалите таксата со што народот ќе се радува, но вашата благајна не. Може да донесете забрана за алкохолот што ќе ги израдува родителтите, а алкохоличарите не. Сега многумина од вас ќе бидат разочарани, но не, не можете да им ги ускратите правата на црнците и жените... жал ми е. Исто така и не можете да прислушкувате некого и да изазивате скандали во светски пропорции... пу штета за тоа.



Да се вратам назад околу се**њето(упс) околу играта: Ако добро ме држи меморијата, прв пат се обидоа да ме убијат припадници на некоја бригада, а моите заштитници и шпиони беа „доста добри“ т.е неспособни,а успееа да ми го одземат животот. Трт. Кому му е гајле - New Game. Втор пат дојдов до плус во државниот прорачун, променив неколку закони, им се допаѓат на повеќето луѓе, добив некои договори за авио компании или нешто слично, ги поправив државните односи, поддшка од јавните личности, но анкетата на популарност сеуште беше 0%, и на крај кога дојде време за ново гласање каде што ќе дојде до израз мојата напорна работа, добив баш толку гласови. Нула проценти. Интересно. Освен тоа, играв на најлесна тежина. Добро осмислено, палецот горе за екипата која ја изработила играта. Од друга страна, што очекувате од developer кој на главното мени на играта напише само „The Ultimate power simulation!“, иако од readme фајлот се чини доста симпатична игра, чудно.

Играта е досадна и еднолична. Секогаш ќе ви предлагат исти закони, секогаш исти проблеми, секогаш сите ве мразат, секогаш исти багабонти сакат да ве убијат, во што и успеваат. Немојте да го играте ова, освен евентуално да добиете 1% гласови и да ми се смеете дека би биле подобар претседател од мене.

!TRASH GAME!



 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Би ја симнал.Вака викаш лоша дека е ама сакам такви игри.Ако е до 700 мб би ја симнал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom