Рецензија: Need for Speed: Shift

Член од
24 септември 2009
Мислења
27
Поени од реакции
1
Конечно пристигна Need For Speed Shift. Влезете во некој од најновите тркачки коли, направете свој автомобил и станете крал на тркачките патеки. Не, нема улично тркање, ова е тркачка симулација на стази која ја имаат развиено тркачи за тркачите! Претходните три наслов и(Carbon, ProStreet и Undercover) не ме воодушевија, така што од Shift очекувам многу, тоа нема да го кријам. Одиме полека со рецензијата.
На прв поглед од самиот почеток се изгледа совршено. Немате време за размислување, веднаш започнувате со трката и тргнувате по патот кон ѕвездите. Да станете најдобар, најбрз, крал на тркачките патеки, вашата единствена цел е NFS World Тour.



Знаете како оди тоа кај NFS – со самото вклучување на играта веднаш почнувате да се тркате. Повторно BMW е во игра, зошто? – Незнам :). Од самиот почеток ве очекува нешто доста интересно и иновативно. Имено, како ќе го извозите првиот „пробниот круг“ така ќе ви се подесат сетинзите за возење. Зависно од тоа колку сте добар возач играта ќе ви ги прилагоди контролита за најдоброто искуство. Секако, можете да ги промените тие сетинзи. Многу интересно и за пофалби, баш се изненадив.


Веднаш се активирате во делот кој се вика Carrer(кариера). Почнувате, практично од нула, поточно од 23,000$ со кои пари не можете да купите ништо добро. На располагање имате 15 автомобили од различни произведувачи. Да не ги набројувам, само ќе речам дека се лиценцирани сите познати тркачки коли, така што порано или покасно ќе имате можност сите да ги имате во својата визуелна гаража. Како фан на Ford го избрав Ford Escort со легендарната Cosworth машина во надеж дека повторно ќе докажам дека американските автомобили се подобро од јапонските. Honda, Toyota, Nissan... пазете се.


Од почетокот не беше лесно, почнувате со основниот пакет, автомобилот клизи при фаќањето на кривините, бавно забрзува, конкуренцијата е јака. За разлика од претходните Need For Speed, Shift бара многу повеќе внимание при возење, поголема контрола врз автомобилот и поголемо внимание на кривините. Секако, се зависи од подесената тежина на контрола на автомобилот.
Иако потешко, сепак, малку по малку доаѓав до толку посакуваната победа.



Пограј парите како награда во Shift се бодува се. Престигнување без судир, добро фатена кривина, најбрзо време...можете да возите агресивно спрема противниците и да ги ударате или да бидете „технички презицен“ ... целата трка се бодува по што добивате ѕвездички.


Самото натпреварување е поделено во неколку лиги (Tier), ќе можете да возите на посебни трки за кои ќе треба да бидете повикани доколку сте добар возач. Што се однесува до трките, во секоја лига ќе ве пречекуват секакви различни трки – класични, дрифт, еден-на-еден, против време... вообичаените трки кои ги има во NFS.




Најголемата новост е да научите правилно да возите. Тоа што ќе ве едуцира е обична стрелка на стазата што ви го означува најдобриот пат за возење за да ја фатите кривината. Бојата е зелена се додека имате добра брзина и добро го фаќате завојот, доколку има проблеми и морате малку да го смените правецот или намалите брзината, стрелката ќе биде жолта, а ако сте во критична состојба тогаш стрелката ќе биде црвена и ќе мора да успорите и да го промените правецот.


Многу е важно каков погон има автомобилот – преден, страничен или AWD (на сите четири тркала, Quattro). Предниот е малку стабилен, страничниот подобро влегува во кривините, а AWD е комбинација. Се треба да го прилагодите спрема стазата.
И уште една ситница. Обидете се да не се судирате во оградите и другите автомобили. При јак удар екранот ќе се замати, при малку послаб ќе се губат боите, што делува доста реалистично, па ќе ви биде тешко да одржите контрола врз автомобилот.





Графиката е неверојатна, звукот е одличен, можеби блурот е проблем но немам дилема. NFS Shift е една од најдобрите возачки симулации од NFS серијалот, да имаше уште улично возење ќе имаше чиста десетка и ќе беше најдобра. Доколку ја споредиме со насловите на Codemaster(Fuel, DiRT, Grid, SBK09), станува збор за една врвна возачка симулација, не дека тие на Codemaster не ги бива, напротив се доста идентични со Grid. Прашањето е едноставно, што сакате повеќе – тркање низ стази, улични трки или off-road по некои шумски терени? Дали сакате повеќе трки по асфалтирани патишта со автомобили со по 1,000 коњи или повеќе сакате да кревате прашина по неверојатните и необичните патеки?
Најважна е игривоста, односно возењето да биде добро и интересно. Во NFS Shift ова е одлично направено и овде ќе завршам. Секако, не треба да споменувам како воланот е подобар од тастатурата. :)
Оцена: 9/10


Платформи: PC, PS3, Xbox 360, PSP


Минимални хардверски побарувања:
• Windows XP (SP3) / Vista (SP2) / Windows 7
• DirectX: 9.0c
• Intel Core 2 Duo 1,6 GHz / AMD X2 3800+
• 1GB RAM за XP, 1,5 GB RAM за Vista
• nVidia GeForce 7800 GT или ATI Radeon X1800 XT 512MB, со поддршка за Pixel Shader 3,0
• 6GB HDD


Извор: it.com.mk
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Минимални хардверски побарувања:
• Windows XP (SP3) / Vista (SP2) / Windows 7
• DirectX: 9.0c
• Intel Core 2 Duo 1,6 GHz / AMD X2 3800+
• 1GB RAM за XP, 1,5 GB RAM за Vista
• nVidia GeForce 7800 GT или ATI Radeon X1800 XT 512MB, со поддршка за Pixel Shader 3,0
• 6GB HDD


Извор: it.com.mk
Грешка.Овие се препорачливите.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
27
Поени од реакции
1
Незнам ја тоа, не е од мене рецензијата, така пишаше така пренесувам.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
Многу е важно каков погон има автомобилот – преден, страничен или AWD (на сите четири тркала, Quattro). Предниот е малку стабилен, страничниот подобро влегува во кривините, а AWD е комбинација.
лол нема страничен погон.. има преден, заден и погон на сите 4 тркала...
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
@Retro^
Само да ти кажам кога веќе ставаш рецензија од друго место, барем наведи го изворот и авторот бидејки ако не си знаел и ова подлежи под авторски права, кои очигледно во македонија не ги почитува никој, ова важи и за рецензијата за G-Force која е од истиот автор.
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
59
Поени од реакции
1
Абе игрицава е ТОП ја имам само едно не ми се свиѓа кога почнам да го надуградувам автомобилот на PACK 2 тогаш ја губи сета контроле клизи низ стазата едвај го стабилизирам :S
 

Kajgana Shop

На врв Bottom