Рецензија: Mafia II

Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90
Денешната рецензија е напишана за играта која ја чекавме цели 8 години.
Играта чиј претходник сеуште е синоним за една од најдобрите мафијашки приказни и воопшто, игра која имаше големо влијание врз гејмерскиот свет.
Веќе погодувате, денешната рецензија е за Mafia 2. Јас како ваш денешен рецензент ќе се потрудам најобјективно да ви ја опишам до најситни детаљи и заедно да откриеме дали играта ги оправда нашите големи очекувања. Да не должам многу со воведот, време е да преминеме на главното.



Mafia 2 е акционо-историска аватнура во трето лице, продолжение на популарната Mafia: The city of lost heaven. Заслужни за нејзината изработка се дечките од 2K Czech, а честа да бидат издавачи ја имаат 2K Games. Играта е достапна за компјутер, PS 3 и XBOX 360 а официјално беше пуштена во продажба на 24 август за Северна Америка, додека европјаните мораа да почекаат 3 дена за да уживаат во се она што го нуди играта.
Приказната е првото нешто што ни паѓа на памет кога ќе се спомне фразата "Mafia". Не плашете се, Mafia 2 воопшто не разочарува на тој план.
Вито Скалета е италјански емигрант кој доаѓа во Америка (областа Empire Bay) уште како дете со своите родители. Неговиот живот е тежок и уште како мал се соочува со сиромаштијата и бедниот живот. Неговиот другар Џо е човек кој оди на работ од законот а во тоа го вовлекува и Вито. При една кражба на продавница Вито е уапсен и испратен во затвор. Бидејќи дејството се одвива во текот на втората светска војна и тој е испратен на војното поле. Поради повреда, во 1945 година Вито се враќа дома...
Неговата желба за пари, автомобили и жени е лесно остварлива доколку работи заедно со неговиот другар Џо. И Вито знае колку е тежок мафијашкиот живот, но е подготвен на се за да го оствари "Американскиот сон". Дали ќе успее во тоа?



Графичкиот дел е важен сегмент при играњето. Не грижете се, Mafia 2 не разочарува ни во тој поглед. Empire Bay е детаљно изработен и го губите чувството за реалност додека играте. Иако има некои помали графички багови, ќе излажам ако кажам дека тоа е голем недостаток во играта.



Звукот можеби е најдобро изработен. Различниот звук на оружјата, возењето по снегот, старите песни кои ги слушате додека возите, како и voice acting-от на ликовите... едноставно совршено. Немам апсолутно никаква замерка во тој поглед.
А сега да преминеме на она што најмногу ве интересира кога играте игра. Погодивте нели? Тој е гејмплејот.
Со оглед на тоа дека Mafia 2 претежно е фокусирана на приказната, тешко беше да претпоставиме дали гејмплејот ќе ги оправда нашите очекувања. Играта е солидна и на тоа поле но... По враќањето во Empire Bay, Вито затекнува силна зима и снег по улиците. Тоа го отежнува возењето и го зголемува чувството на реалност додека играте. Познатиот cover систем ќе го користите многу често во мисиите со престрелки. Енергијата е направена така што сама се надополнува по неколку секунди. Дијзалозите воопшто не се монотони и сигурен сум дека со нетрпение ќе очекувате да дознаете што наредно ќе се случи. Еве неколку моменти кои ми оставија силен впечаток: бегањето од полицијата, опијанувањето, престрелките со другите мафии, возењето со максимална брзина...
Како што претпоставувате, живеете во апартман и секоја ноќ се враќате дома за спиење. Ова само го надополнува чувството на реалност кое ќе ве одржи пред мониторот се додека не ја завршите играта.



За крај остануваат некои недостатоци кои ги забележав при играњето. Една од нив е монотоноста на Empire Bay. Покрај неколкуте бензиски пумпи, ресторани и продавници за облека, нема ништо друго во прекрасниот град. Друг недостаток е скриптираноста на одредени сцени и предвидливото однесување на вашите противници.
Релативно кратката кампања од 10-11 часа ќе ве разочара по малце, но сигурен сум дека тоа е со цел играта да не стане досадна и монотона по одреден период играње.
Mafia 2 е игра која ќе му се допадне на секој фан на првиот дел, но ќе привлече и вљубеници на мафијашките приказни и животот во половината на 20тиот век.
Ако ги оставиме настрана недостатоците, Mafia 2 е игра која долго ќе се памети.

Оцена: 9/10
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
До пред некој време е имаф The godfather слична е на мафиа 2,ама нешто ми се зафркна.Може ли да ми кажете од каде мошат да ја спуштам мафиа 2?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom