Рецензија : Flatout Ultimate Carnage

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Драги гејмери,ќе се обидам да не го трошам вашето време,и да ја направам најкратката рецензија досега.
Да почнеме



Имав навистина големи надежи за играва,посебно гледајќи го нивото на графиката и деталите на колите.
Спремен за нови авантура,како голем фан на Flatout франчизата.

Но,за жал,не беше долг мојот ентузијазам по инсталацијата.

Како прво,да го видиме насловот.
Flatout Ultimate Carnage.
Нема бројка во него,како на пример Flatout 3,хронолошки гледано.

Можеби чудно,но по стартување на играта,ќе видите дека всушност,90% од оваа игра е копи пејст на Flatout 2 само во нов енџин.

Истите коли,со две три додадени,истите стази (ПОТПОЛНО!),истите објекти по пат,како и старите мини игри во нов сјај.

Ви делува познато сликава?


Се е исто,буквално,единствено ако веќе бараме минијатури :

1.Физичкиот енџин и движењето на колите е пореално
2.Бројот на натпреварувачи е зголемен од 8 на 12
3.Бројот на објекти на стаза е зголемен од 5000 на 8000.

Вторите две измени,бараат минимум дуалкор за оваа игра.


Значи,играва е Flatout 2,само со подобра графика.

Кој ја играл Flatout 2,нека не троши време и гигабајти на овој PS3 производ,очигледно правен за новите конзоли без некоја намера.

Кој не ја играл Flatout 2,нека ја симне,ќе ужива.

Оценка,за тие што ја играле FL2 : 10 % (колку што има нови работи)

Оценка,за тие што не ја играле FL2 : 91 %




Да се надеваме дека нема да има веќе вакви реновации на игри,од било кој производител.
Бидејќи,навистина,срамно е што некој ќе даде 40 евра за истата игра...
Рециклажа во најголемо издание :(
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Мац, тоа е така бидејки Flatout UC беше еден вид на порт од PC на Flatout 2 со некои додатоци на 360/PS3. Па поради популарноста, ја издадоа и за писи. Играта вреди да се проба, според мене најдобрата рејсинг игра + има доста модови за мултиплеер.

Не сметајки ја Flatout 2, играта дефинитивно е 9,5/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom