Рецензија: Call of Juarez Bound in Blood

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Кога последен пат сте играле игра чии настани се случуваат на Дивиот Запад? Пред нас е вистинска игра чии настани се случуваат на западот во времето од 1864. па наваму, а ги прати авантурите на двајцата браќа Реј и Томас МекКол, во една од највозбудливите и најопасните делови на нивниот живот . Поточно, тројца се, едниот е свештеникот Вилијам кој игра споредна улога.
Токму овде ќе ја започнеме приказната за двајцата храбри воини, одметници, борачи за слободата.
Нема да ви недостасуваат ниту револвери, развојници... и индијанци. Во двобоите ќе се борите и со главните негативци, шерифи, а некои сцени ќе ве воодушеват како да гледате некој вестерн филм.

Почеток
Настаните почнуваат две години подоцна, поточно во 1866. година, кога браќата тргнуваат во потрага по тајното богаство за кое сите зборуваат и за кое се смета дека не постои, дека тоа е легенда. Сепак, авторите на играта се одлучиле да се вратат на почетокот на времето кога сето тоа започнало.

Фамилијата МекКол живееше мирно во благосостојба во својот дом во Џорџија. Само што пораснаа, браќата Реј и Томас ги зафати граѓанската војна во Америка, во која тие беа на страната на Јужњаците. Играта одма ве става во улога на Реј и се наоѓате на сред борба против Јенките. Вашата задача е едноставна - да им помогнете на соборците да го одбијат нападот од Северњаците (и во меѓувреме да научите да ракувате со оружјето), и да го спасите братот кој е заробен длабоко во противничките редови. Кога ќе го ослободите ќе треба да ја одбиете и силната противничка снага која се обидува да ве спречи. При тоа уживав во пукањето од секој можен вид. Наиме, на располагање ви е различно оружје аутентично за тоа време - пиштоли, пушки, митролези?, топови, динамити и јаже. Сето тоа ќе можете да го искористите и мора одма да ви кажеме како ние уживавме. Веќе уште од тука заклучивме дека во играта има нешто посебно...

Првото поглавје завршува со приказната за војната. Наиме, ова е важен дел како би ставиле како некогаш толку мирните фармери, наеднаш станаа врви пукачи со револвери и одметници. Вашиот генерал ве праќа на бојното поле, но браќата одбиваат и се прогласени за бегалци. Враќајќи се дома ќе наидете на уште една група од Северот кои повлекувајќи се палат и убиваат се што ќе им дојде под рака, а одејќи спрема вашиот ранч ќе средите прилично голем број на противници. Вашата мајка умрела од војничкиот стрес, жив останал единствено вашиот брат Вилијам кој покасно ќе се придружи. Војната и одмаздата го променија животот на браќата МекКол кои станаа арогантни одметници и нема да бираат начин за да дојдат до тоа што го бараат...


Реј и Томас се доста вешти борци. Реј повеќе ја сака борбата од близина, одличен е со револвери и динамити, додека Томас е попрецизен од далечина, повеќе ги сака пушките и пиштолите, а добар е и со лак и стрела и јаже. Се на се, идеален пар кој може да се снајде во секаква ситуација.
На располагање ви се повеќе видови на оружја во зависност од околината во која се наоѓате. Воглавно секогаш имате пиштол или два (кога сте со два пиштоли се пука од левиот и десниот клик на маусот), пушка, ножеви, динамит и јаже. Останатото е по потреба. И еден совет, штом испукате неколку куршуми и нема противник во близина од менувајте ја муницијата бидејќи ќе ви биде и повеќе од потреба. Исто така додека менувате, засолнете се за да не бидете погодени.

Колку добро ви оди и колку добро да се спремени браќате, не заборавајте да ја зачувате играта("F5", а се учитува од "F8"). На каде треба да се движите ќе ви покажува жолтата петокрака.

Посебно интересен за пукањето е Concentrate Mode, во кој на посебен начин нишаните на вашите противници и ги средувате како вистински револвераш. Изгледа супер, само треба да останете доволно сконцентрирани и брзи. Друг интересен мод е и Cover Mode. Вашето “здравје“ може да издржи само неколку погодоци, но доколку почнете брзо да дишете и вашиот екран се мати и црвенее, одма бегајте да се сокриете. Малку одмерете и одма сте како нов! Овде го осеќаме нагласувањето на аркадниот дел, но добро е, делува сосема во ред. Па, кој би бегал стално и оживувал... :)


Понекогаш и на екранот ќе ви се појави црвен индикатор на динамит. Бегајте што подалеку можете, бидејќи доколку сте доволно блиску може да ве разнесе. Со текот на играта, ќе сватите како со некои оружја подобро се пука, а со некои полошо. Воглавно, доколку добро нишаните не би требало да имате проблем. За да нишаните од поблиску, со десниот клик можете да зумирате, а доколку го држете ќе оди се поблиску и поблиску. Запомнете, ова важи само доколку имате еден пиштол.

Освен со препукувањето надвор, на поединични делови од мапата (куќи, амбари, околу мртвите противници) ќе наоѓате вреќи со пари, собирајт ги, бидејќи ќе ви бидат потребни за да купите некое подобро оружје. Исто така, понекогаш ќе најдете и "Secret", тајни предмети кои отвараат тајни делови на мапата.


Графика и звук
Добро направени. Пофалби. Графиката е добро направена што на моменти добивавме чувство како да сме во тие времиња и како навистина се наоѓаме на тие места. Звукот не е богат, но филмската музика не прати целосно. Звуковите на пушките и пиштолите се доста добро направени, можеби авторите додале малку бас за да звучи подлабоко, но сепак добро е. Честитки за полската екипа од Teachland, прави мајстори се.

За крај...
Веќе долго, долго време немав играно игра од ваков карактер. Приказната е доста интересна, не води од американската граѓанска војна па се до борби во домовите, борби за срцето на преубави жени (но туѓи?!?), и сето тоа што тогашното време го чинеле препознатливо. После тоа што ја напишав рецензијата и ја оценив играта, видов на другите сајтови дека имат дадено пониска оценка од мојата Но, сепак нема да ја менувам бидејќи ми се допаѓаше играта, доста е интересно што и мислев дека ја заслужува таа оцена. За останатите не ме занима...
Call of Juarez Bound in Blood, на секого му ја препорачувам.


[+] Пофалби

  • Може да ја пофалима графиката и звукот
  • Живописна околина
  • Еј, Индијанци! :)
[-] Минус

  • Не премногу паметни, но жилави противници
  • Некои сцени се непрегледни, некои малку повеќе


ОЦЕНА 9,0/10
 
M

marko 1996

Гостин
Незнам дали убаво видов на клипчето има и золја и митролез мислам дека тоа не е реално за времето на случување на играта:)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Да, затоа во рецензијата имам ставено “?“ после митролез... Незнам од кај го извлекле тој митролез тогаш.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А золја има?
Има и такво нешто и ја го забележав, само неможе убаво да се види на видеото од IGN, а во играта немам забележано, барем у тој дел што го играв јас.
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
Зоља...Не сретнав такво нешто.
А за митролез да, има, и не е ко на сериус сем него е оној старовремски со тоа што се врти од страна x)
Сега јас да кажам збор два за играва:
Гледам по нетов викаат дека е лоша.Јас би го рекол спротивното, дека играва е мноогу добра, барем за мене. Ми го направи меракот и не зажалив ни за еден download-иран мегабајт :pos:. Приказната ми беше многу интересна, така да не ја оставив играва и во рок од еден ден ја свртев, чисто од љубопитност што ќе се случи.
Графиката ме воодушеви, бидејќи заборавив да ја наместам на Best Quality уште од почетокот, па после кога сменив ми беше чудно. Се на се, солидна игра.
И да не заборавам, се игра и на хамачи(не треба никакво чепкање по фајлови) па кој сака нека повели да се испуцаме.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Одлична игра одлична.Графика супер,гејмплеј супер,приказна супер.Се на се супер.Малку глупички се противниците но играта е супер.9.5/10 оцена од мене поради глупичките противници.Ако сака некој да се испукаме на хамачи нека повели.
 

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
308
Па и кратка е, се на се има едно 6-7 саати играње :S
 

Kajgana Shop

На врв Bottom