Рецензија : Bioshock 2

Член од
14 декември 2008
Мислења
1.709
Поени од реакции
126
И после 2 години чекање и многу одложувања на 9 Февруари (кракната на 8ми) излезе Bioshock 2. Продолжението на можеби и најдобрата игра на сите времиња – Bioshock. Уште веднаш се знаеше дека играта мора да донесе нешто подобро од својот претходник за да не биде сметана за утка. Дали успеа? Прочитајте во оваа рецензија.



За разлика од Bioshock, Bioshock 2 е развиена од ново студио на 2K Games наречено 2K Marin и сосем друг тим имаше работа да ја осмисли приказната, додека Ken Levine, креаторот на првиот дел, само се излежаваше и гледаше како им оди работата.

Приказна
Bioshock 2 е FPS авантура,со многу повеќе хорор елементи од првиот дел, како на пример пострашните Splicers кои веќе не личат на детски играчки, туку на браќа на зомбињата од Left 4 dead.
Се започнува со вашата “наводна” смрт во 1958 година, при извршување на самоубиство под наредба на Sofia Lamb, бидејќи сте постапиле лошо спрема вашата ќерка.
Дејствието во играта се случува 10 години по првиот дел. Подводниот град Rapture е распаднат, и сега наместо под водство на Andrew Ryan, со градот шефува жена со име Sofia Lamb. Вие сте во улогата на првиот прототип на Big Daddy наречен Делта. Тоа е типот од корицата на играта кој можете да го видите подоле.



Како и секој друг Big Daddy и вие сте поврзани со една Little Sister со име Eleonora Lamb, ќерката на Sofia Lamb. Всушност приказната се базира на вашата потрага по Eleonora Lamb. Низ играта таа ќе ви испраќа помош, преку најразлични подароци, во форма на АДАМ,Плазмиди или некој Долар.
За сите што го немаат играно првиот дел, накратко објаснување на зборот АДАМ. Адам е всушност генетички материјал за кој се водат тепачки секој ден во подводниот град Rapture. Со адам се купуваат т.н. плазмиди со кои можете да правите што сакате. Дали да му дадете на некој струен удар, да запалите некој или едноставно да го замрзнете, вие бирате.
За разлика од Big Daddy-њата во првиот дел, сега ќе им се приклучи и така наречена Big Sister, некогаш Little Sister која киднапира девојчиња и ги претвара во монструми. Со неа ќе имате средби при собирање на Адам.


Графика
Графиката е базирана на истиот графички енџин (Unreal 3) како и првиот дел, и нема видни подобрувања во графиката, но сепак играта е одлично отпимизирана и изгледа прекрасно. За разлика од самата графика, Bioshock 2 е исполнет со уште повеќе украсувања на градот, како големите дела, речениците на Andrew Ryan, постери да се подигне моралот во градот како и договори меѓу жителите за бунт. Урнатините на градот се на највисоко ниво. Како и внатрешноста, така и океанот изгледа одлично. Корали, ајкули и што ти уште не.



AI
За разлика од првиот дел AI-то е значително подобрено, splicer-ите сега мислат, и прават свои тактики како да ве поразат. Може да организираат и заседа, па да немате излез освен користење на вашиот Drill до крајни граници.

Звук
Она што ја прави Bioshock 2 најморничавата игра досега. Доколку се решите да играте сами, на headphones, во неколку ситуации ќе се штрекнете од ненадејното излетување на некој Splicer. Музиката која врви при секој Level е одлична, а звуците при земање плазмиди или посетување на градината на адамот, останаа исти од првиот дел.

Гејмплеј
Иако сите очекуваа слобода на движење и правење неред и глупости односно глупирање во градот, тоа нема да го добијат... Играта е повторно базирана на скрипта, и иако беше најавувано дека не е предвидливо кога ќе ти дојдат нови непријатели, со повторување на истото ниво неколку пати веќе ќе знаете што ве чека. Но сепак 2К Марин останаа на ветувањето дека ќе можете да го видите градот однадвор, односно да го истражувате океанот.



Во првиот дел, откако ќе убиете Big Daddy имавте опција Rescue или Harvest, но сега опцијата Rescue е поделена на 2 дела, и најпрвин е Adopt, односно мора да ја посвоите малата сестричка и да ја чувате дур таа вади Adam од 2 тела (нешто како една мисиите од Првиот дел, кога ја следите сестричката). Од како ќе заврши бирате дали ќе ја повредите или ќе ја спасите и во зависност од тоа добивате големо или мало количество на АДАМ. Адамот беше и остана она што го движи Rapture и ќе ви треба во големи количини ако сакате да преживеете. Како и во првиот дел, на крајот ќе имате завршеток во зависност од вашите одлуки низ целата игра.

Заклучок
Играта е + - тука некаде со првиот дел, во некои работи подобра, во некои полоша.Сепак според мене, мора да биде изиграна од секој Гејмер, бидејќи нуди неверојатна забава и ве држи до крајот на играта. Еве јас на пример се убив од играње и морав да прекинам од страв дека ќе ја свртам одма, па ќе нема што да правам после J Но за таквите како мене, постои и преигрување J
А сите вие, брзо на некој торент сајт и почнувајте да симињате:smir:
 
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.286
Поени од реакции
314
1 збор за играва - ЗАКОН!

Вреди да се проба, а ова го заклучив со само 2 поминати мисии. :smir:
 
Член од
25 мај 2009
Мислења
56
Поени од реакции
1
играва е толку ненормална шо јас ја свртев во 1 ден сакав да го видам крајот бидејки на Bioshock 1 приказната и беше најсилниот дел!!! овдека има промена најсилниот дел на играва е акцијата(кој нејке да тепа сплајсери со бушалката на Big daddy). јас ја свртев еднаш сеа пак ке ја свртам зашто сакам да го видам лошиот крај!!! Моја препорака играта многу вреди да се игра!!!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Значи една од оние игри што кога ги играм ми се гади по одвратно нешто немам видено, не дека е лоша али опкружувањето у неа прави да ми се превртуват цревата не знам зашто но истото ми се случуваше и на првиот дел.

Go figure..:toe:
 

GreeN_3p

One does not simply pause an online game!
Член од
29 март 2012
Мислења
49
Поени од реакции
15
играва ја иам играно баш кога излезе, морам да кажам дека сторијата не ја разбрав, графиката беше добра и ме тераше да рипам од стол на секој ненадеен "поп-оут"на некој лик од играва. иначе за сите кој сакаат да ја пробаат морам да им соопштам дека е многу гадна и језива. Никако не им давајте на вашите деца да ја играат, 12 ++ :S :S :S
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Двојкава не е лоша игра, напротив, АМА е (пре)многу слична со кецот. Не се осеќав како да играм друг дел него како експанзија на кецот. На истото место си, таманиш исти створења (добро има и некои нови), АМА ја нема мистеријата од кецот, сега знаеш за што се работи и како. Плус, на крајот нема главен да тепаш него најобична тепачка со тие створењата и толку. Една работа што ми се свиѓаше повише од кецот - моралните дилеми, за некои стварно сум се замислувал подолго време, толку добро беа направени.
Добро што нема да ја направат истата грешка со Бајошок Инфинит, па го сменија времето, местото, ликовите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom