Рецензија на последна игра

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Да, има подфорум со рецензии, меѓутоа таму се рецензира секоја игра посебно.
Идејата ми е овде слично како на подфорумот Филм да се направи кратка рецензија на последната игра изиграна.

Како за почеток би ја земала Kingdom Come Deliverance

1621145370287.png

Игра која ги надмина сите мои очекувања.
KCD е RPG игра и дејството се случува во Бохемија (денешна Чешка), Свето Римско Царство во 1463, по конфликтот меѓу Сигизмунд и Венцеслав.
Без да досаѓам да објаснувам за конфликтот, играчот влегува во улогата на Хенри, син на ковач чија цела фамилија е убиена од Куманските банди на Сигизмунд.
Од тука Хенри од обичен селанец почнува да работи за лордови и станува витез.

За разлика од други RPG игри како Вичер и Елдер Скролс, во оваа игра нема магија.
За да го победиш противникот треба да го научиш комбат системот и да ги памтиш комбоата на мечувалски техники.
Има доста креативен стелт, со соодветна облека можеш да се прикрадеш во противнички камп, а доколку сакаш да се прикрадеш во ноќта, треба да одбереш облека која е црна и не прави звуци, за разлика од стандарднте оклопи.
Најблиску до магии се напивките, за кои има доста креативен крафтинг систем. Треба да следиш рецепт по книга, да ги собереш тревките, па да ги гмечиш тревките, да ги вариш на толку време за да ја направиш напивката.

На почетокот играта е доста спора и тешка и тоа не е за секој, меѓутоа дијалозите и приказната се доста интересни.
Оваа игра ги има можеби најкреативните мисии и квестови во RPG досега.
На пример имаш добар дел од играта каде играш како монах и водиш истрага. Играта бара да обрнеш внимание на дијалогот.
Во друг квест пак, треба да научиш да го имитираш лаењето на едно демонско куче.
Освен тоа, некои мисии се итни, играта не ти го кажува тоа, но ако ептен се забавиш, може цело село да умре од болест на пример.
Чести се рандом настани, некој ќе те запре на патот, ќе ти постави гатанка, некој друг витез што бара слава ќе те предизвика на дуел, трет ќе те замара додека неговата банда ти спрема заседа и така натаму.
Селаните и жителите си имаат свој распоред, стануваат рано наутро во одредено време, прават пауза, па пак работат, па си одат да спијат во одредено време. Не може да се спореди со РДР2, меѓутоа има доста детали ако се обрне внимание.

Бонус активности има пронаоѓање на мапи кои водат до богатство, седалки на птици, споменици, коцкање, турнири во мечување, стрелаштво, лов.

Единствените поплаки ми се тоа што системот за зачувување се базира на напивка во инвентар, и тоа што оптимизацијата може да е подобра. И рака на срце, има неколку кринџ (секс)сцени што се too much.
Се друго е одлично, и се очекува и продолжение.
 
Последно уредено:
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Дали сеуште има многу багови и гличови?

Се сеќавам кога излезе беше доста несредена па може да се проба во иднина.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Не сретнав во моето играње некои сериозни багови/гличови.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Дали сеуште има многу багови и гличови?

Се сеќавам кога излезе беше доста несредена па може да се проба во иднина.
Тотално е средена, со пачови ја средија и повеќе не ја апдејтираат пошто е скроз на бараното ниво. Топ игра.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Star Wars Jedi: Fallen Order

1621265886135.png


Произведена од Respawn Entertainment и објавена од EA, Fallen Order е играта што ми врати надеж во сингл плеер кампањите од mainstream жанрот, и ретка игра што сум решил всушност да ја купам пошто вреди да си ја имам и да ја играм повремено.

Често се случува денешните компании да сакаат да поентираат со тоа што ќе произведат игра која ќе биде примамлива за постарите, традиционални гејмери што се израснати со офлајн игрици, и новите генерации кои не се до толку навикнати на нешто што не е онлајн, нема трансакции и бара барем малце посветеност, и најчесто тие компании потфрлуваат и во двата аспекта. Ова не е случај со Fallen Order, и сметам дека е првата игра која ги задоволува овие две групации со интересен и предизвикувачки гејмплеј, combat system, решавање загатки, како и истражување кое не е премногу ударно и форсирано за оние кои не ги интересира истото, но е супер бонус содржина за оние на кои тоа им прави мерак.

1621267941460.png Во поглед на наративот, добиваме приказна низ периодот кој во последно време се повеќе и повеќе се пополнува. Го следиме Кал Кестис, Џедај Падаван со нецелосно завршен тренинг поради транзицијата на републиката во империја и Order 66. Кал е навистина симпатичен лик кој претставува одличен протагонист. За разлика од повеќето игри денес, приказната на Cal нема некој decision making и адаптирање на карактерот, едноставно ја следиме неговата приказна, и приказната на неговите сопатници кои исто така се одлично дизајнирани и извонредно се вклопуваат во светот.

Преку приказната расте и нашиот протагонист со неговите вештини (нешто што би си го поврзале оние кои ги играле Jedi Outcast и Academy како мали), додавајќи поени на skill trees, со фокус на тоа дали играчот сака да развива вештина со меч, force powers, или endurance и utility. Како што играчот напредува, Кал отвора нови спомени низ тренингот од минатото со цел да се отворат и нови моќи. Се разбира, не би било SW ако не можеш да го прилагодувач и светлосниот меч.

Се посетуваат неколку планети, дел нови, дел стари, но и едните и другите се одлично дизајнирани, исполнети и со различни предизвици. Постојат сложувалки кои потсетуваат на старите времиња каде што се мачевме да сфатиме што да правиме кога немавме интернет, но и непријатели кои застануваат на патот, и интересно е што секој од нив има специфичен начин на напаѓање и борба, при што мора да го адаптираш combat стилот, бидејќи не можеш со секој противник едноставно да мелеш со мечот све пред себе. Истите кулминираат со неколку ретки, но навистина вредни за чекање boss fights.

Играта дава наградувачко чувство, не само во поглед на развојот на карактерот преку приказната, туку и преку вештините. Почнува навистина бавно и тешко, но растот по дијагоналата е навистина добро замислен и остварен, па така гејмплејот и приказната се надополнуваат на совршен начин, сето тоа преку навистина турбулентна приказна која ќе ги натера играчите да се соживеат со Кал и останатите ликови (кои нема да ги напишам тука бидејќи поинтересно е преку играње да се дознаат и играчот да ги доживее). Океј, ќе го кажам дроидот само BD-1, преслаткиот дроид сопатник !!


1621267426482.png

Ситни замерки кои може да се сретнат е тоа дека нема џедајска униформа и напреден стил на облекување како во некои други игри, што според мене е разбирливо бидејќи Кал и џедаите се во криење, па наместо џедајски униформи, носи пончо кое може да се менува со пронаоѓање на нови материјали. Прилагодувањето на мечот исто така доби некои критики, но според мене дури и тоа има смисла во поглед на каде е сместена приказната временски. Замерка се наоѓа и во тоа што некако се чини како овој период да почнува да се пренатрупува во поглед на содржината и премногу случувања за прекратко време, меѓутоа останува да видиме каква замисла има Дизни за универзумот.

Се на се, ова е игра во која што вреди да се инвестира време и внимание, особено за постарите љубители на SW, но и за оние кои не се до толку запознаени, бидејќи приказната е доволно балансирана да ги задоволи постоечките фанови, но и оние кои не знаат многу за целиот lore околу случувањата. Мене лично ми остави преубав впечаток, дека денешниот гејминг свет сепак не е толку безнадежен, и со оптимизам дека почесто ќе излегуваат вакви игри кои ќе ме вратат во времето на кампањско истражување, но со модерен шмек.

Се надевам тие што ќе ја играте ќе имате слично чувство како мене :)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
1633782270713.png
Какво искуство...

Ја пушташ играта, нема почетно мени. Ти си Селин, астронаут на некаква мисија во вселената. Ти се руши бродот на некоја чудна, непозната планета. Почнуваш да истражуваш. Брзо доаѓаш до мртво тело на астронаут и наоѓаш оружје до него. Мртвото тело е твое. Како што истражуваш повеќе налетуваш на разни суштества кои те напаѓаат. Неизбежно е да умреш после некое време и повторно го доживуваш рушењето на бродот и започнуваш на истата локација.
Тоа е се што би пишал околу приказната на Ретурнал. Со секоја смрт започнуваш нов циклус од почеток и ги губиш скоро сите ресурси кои си ги собрал. Има само еден ресурс кој е перманентен и се пренесува, како и одредени надградби на оделото.

Графички е на високо ниво, достојно за новата генерација на конзоли. Светот околу тебе е прекрасно направен, боите се добро погодени, посебно отскокнуваат сите проектили од оружјата и противниците, а посебно кај босовите. Моделите на Селин и на сите противници се добро изработени до последен детал и придонесуваат за целокупното искуство.

Гејмплејот според мене е феноменален. Едноставно убаво е чувството да играш и тоа е клучно за да те натера цело време да се враќаш и да го повторуваш циклусот одново и одново. Имаш едно главно оружје, меч кој се отклучува после некое време со кој можеш од блиску да тепаш противници и да им го кршиш штитот како и деш механика за брзо избегнување напади. Има добар избор на оружја, околу десетина кои се отклучуваат низ играта. Секое оружје е прилично различно и има по два различни напади, основен и алтернативен. Алтернативниот е временски и после секое користење мора да помине некое време пред повторно да може да се искористи. Има повеќе алтернативни напади кои може да ги имаат оружјата што го прави секое уникатно, дури и да е од ист тип. Дополнително има и по три бонуси за секое оружје кои се отклучуваат со користење на оружјето. Сето ова го поттикнува играчот да испробува различни стилови на играње и мислам дека е одлично имплементирано. Има и многу други детали како собирање зелени материјали за хелт кои доколку ги собираш доколку ти е на максимум го зголемува хелт барот, паразити кои можеш да ги додадеш на оделото кои ти даваат некој бенефит, но во исто време имаат и некој негативен ефект. Потоа има ресурски кои се инфицирани и со собирање може да дојде до некој дефект за кој треба да се исполни некој услов за да се тргне, и слично.
Целта е константно движење. Противниците се секогаш во голем број, проектили летаат на сите страни и доколку не си подвижен те чека неизбежна смрт. Многу добро ги користат сите можности на контролерот. Од дождот па се до посебно стискање на тригерот и отпор за различни напади.

Музиката ми беше ептен погодена и многу помага во градење на мистеријата и целата таа атмосфера. Посебен впечаток ми остави патот до еден од босовите. Не знам колку добро ќе се пренесе во кратко видео без контекст, но не би навлагал подетално во тоа.


Малце за моето лично искуство. Од првото играње целосно ме навлече поради мистеријата и интересниот гејмплеј. Гледав доста за играта претходно и знаев што да очекувам, ама чувството ми ги надмина очекувањата. Ми беше доста потешка од тоа што очекував, можеби ова е игра која ми беше најтешко да ја изиграм. Може не најтешка игра, ама најтешко искуство. Ја почнав првата недела од август, а конечно ја завршив првата недела од октомври. Мачно е што можеш да потрошиш неколку саати на добар циклус, да имаш одлично оружје и добри бонуси и за момент да умреш и да изгубиш се што те остава без никаков прогрес. Најголем проблем мислам дека ми беше тоа што не сум навикнат на тоа константно движење, посебно во шутери, па ми требаше долго време за да го совладам гејмплејот. Премногу долго заглавив во третата област и не можев да направам прогрес два месеци. Откако конечно ми успеа, втората половина на играта ми беше полесна и ја завршив во една недела. Босовите се доста добро направени и си имаат одредена тежина, ама не заглавив посебно на некој. Потребно е само да се научи патернот и успешно да се избегнуваат нападите.

Знам дека имаше луѓе кои ги бива од старт за вакви игри, па ја поминуваа целата игра со околу десетина умирања и ресетирање на циклусот. Затоа должината на играта не може точно да се одреди. Имам видено многу во опсегот од 15 до 25 часа. Мене ми беа потребни 49, заедно со дополнителниот крај кој се отклучува после завршување на главната приказна и завршив со ваква статистика:

1633791223157.png

За мене апсолутно најдобра игра оваа година и маст плеј за секој со РЅ5.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Elden Ring
Прегледај го приврзокот 326708
Би сакала да ги искажам моите мисли општо за целата игра, веќе кога и вие имате горе доле идеја што како е и без откривање некакви си тајни.
Елден Ринг е одлична игра, игра во која имам потрошено 240 часа, игра која има илјада различни начини да се игра, со интересни карактери и прекрасен свет со восхитувачки сцени. Дефинитивно е моја омилена игра од оваа година, игра која стварно заслужува да се купи и тоа колекторс едишн, доколку е возможно.

Има многу да се пофали, но сепак, играта има некои негативни страни за кои би сакала и за нив да зборувам.

Отворен Свет
Прво би започнала со генерален заклучок дека Елден Ринг не е ремек дело. Елден Ринг воопшто не иновира ништо во отворен свет за да би се сметала како ремек дело. Но, успешно си ја завршува задачата да ти долови дека си извалкан непосакуван - tarnished - фрлен во Lands Between каде се и сешто пробува да те убие.
Во секој реон има неколку активности кои се повторуваат, но сепак наградуваат со достојни награди за истражување: Руини, вечни затвори, катакомби, аватар на дрва.
Првиот реон кој е Лимгрејв и полуостровот се одлични како интро. Има остатоци насекаде од некакви ѕидини, руини, вечни дрва, подземни лифтови кои те носат во комплетно нов свет под земјата. Овој момент навистинаме импресионираше и од креативен аспект и од дизајнерски. Доаѓа Лиурниа со џиновски желки-мавзолеи, потопен град и академијата Раја Лукариа и Кариан Замокот.
Кејлид првична импресија ми беше - не сум спремна за ова место со џиновски кучиња и чавки, но доста битен реон, визуелно раскажана преку него војната по кршењето на прстенот и најголемата битка во историјата на играта. Фарум Азула, мистериозен град кој е константно под торнада.
Прегледај го приврзокот 326715
Мојот омилен реон Алтус и главниот град на златото Лејендел, и според мене најслабиот реон во целата игра, и онаму каде играта разочарува во отворен свет - 3 реона кои ќе ги опишам како снежните делови. Овие делови од мапата доста потсеќаа на Profaned Capital од ДС3, некако празни, и покрај толкав резервиран простор за нив. Полош за мене е десниот дел, кој се пристапува преку медаљон, многу тежок за навигација со тоа што е маглив насекаде... Целта на овој реон е да го претрчаш за да стасаш до најдобриот дел од овој реон - Miquella's Haligtree, кој е визуелно импресивен регион, многу потсеќа на Rivendell од лотр.
Секако во овие реони освен Mountaintops of Giants има legacy dungeons кои се најдобриот дел за навигација во нив. Како најдобри би ги издвоила почетниот Stormveil Castle, со повеќе начини на влез, скриени врати, таен подрум што крие голема тајна, и 2 вистински први босови - филтер на кежуалци :D
Но тоа не е се! Доколку добро истражите и следите квестови на одредени НПЦ, ќе откриете 5 подземни региони!

Противници
Пред да продолжам еден дисклејмер: Сите trophy-shardbearer босови ги победив без summons, имав правило само доколку имам 2 боса да ги користам или мимик или Tiche.
За мене ова е делот каде што Елден Ринг паѓа на ниво под ДС3. Доста тешко е да се поделат на главни босови и на опционални, со оглед на тоа што е карма каша, и некои босови се повторуваат како главни. Така што би ги поделила на shardbearers, trophy, и оние главни за прогресија заедно со последниот бос.
Како што спомнав во секој регион има пештери, катакомби, дрва и во секое од овие на крајот те чека бос. И многу, многу често, решението на поголем предизвик е копирање на истиот бос 2 пати, или, 2 боса.
Така што на крај имаш во цела игра неверојатни 10 erdtree avatar босови, со комплетно исти потези, со 2 или 3 што на едниот потег кога треска на газ да прди scarlet rot.
Тоа мислам дека е најлош пример, следен со Godskin Apostoles кој првично импресивен бос, се срекава дури 6 пати и тоа во еден момент 2 наеднаш. Нешто слично се случува и со Crucible Knights.
За малку ќе заборавев и на змаевите.
И најлудо е што еден од главните босови можеш да го сретнеш дури 3 пати да го тепаш во светот!

Кога ќе го разгледам lineup на босовите, дефинитивно, без никакво двоумење морам да кажам дека Маленија е најдобар бос. Да, знам дека пред некој ден пишав негативност на гејмплеј, но, морам да ја сменам оценката по завршување на играта со финалниот бос.
Едноставно не постои повпечатлив бос од Маленија.
Прегледај го приврзокот 326719
Финалниот бос на Елден Ринг толку ме разочара, што мислам дека е најлош последен бос од сите фромсофт игри. Можеби подобар само од Нашандра.
Маленија, како poster girl на играта е и најтежок бос, кој ти го привлекува сето внимание и на некој начин те тера да се усовршиш no hit run да играш.
Булшит комбо? Дај ми го булшит комбото за замена на алдрич стрели + топка која те следи и е на никој начин не се избегнува и ти пушта помали топки што ти зимаат хп + магла зад која не го гледаш босот + босот ти фрла АОЕ со меч + држи копче за трчање цело време од еден крај на арената до друг.
Прегледај го приврзокот 326717
Втор омилен бос од играта би бил Маликет, кој е еден од неколку гимик босови во Елден Ринг. Подобрување значително прави Елден Ринг во сите гимик босови, со тоа што гимикот само во еден случај ти е очигледен, во другите секогаш е награда за истражувањето на играчот на светот. Тоа е нешто што ми се допаѓа. Гимикот на Маликет ми се допадна бидејќи има прецизен тајминг на успех, и те наградува со скоро 5 секунди stun, на инаку glass cannon boss.

Од обични небос противници морам да прашам, кое зло го измисли чудово, што ти згрешивме.
Прегледај го приврзокот 326714


Приказна
Прегледај го приврзокот 326716

Со толкав отворен свет и со толку многу места кај што може да се оди, многу од оние NPC квестови се губат или се упропастуваат со тоа што без знаење може да го зафркнеш квестот со убивање на специфичен бос. Некако и самите НПЦ имаат чудно движење низ светот, така што во овој случај стварно би препорачала следење гајдови.

Нема да зборувам за главната приказна, Вати и онака ќе направи долгометражен филм од читање опис на оклопи и талисмани, само ќе дадам критика за крајот.
Во реалност, има само 3 уникатни краја. Еден од овие се повторува 4 пати и е зависен од квестови на НПЦ, и е Мас Ефект ниво на ист крај со малку различна боја.

Крајна оценка и заклучок
Играта има риплеј вредност, има широк избор на магии и чуда, ash of war со кои се кастомизираат некои оружја. Има доста работи за правење, може да се изгубат часови на споредни активности што на моменти мене лично ми правеше burnout, бидејќи ми стануваше мачно од отворениот свет и едноставно, сакав само некаков прогрес.

Summons се хит и мис за мене. Мислам дека се воведени за да се привлече поширока маса за оние кои Елден Ринг им е прва соулс игра. И мислам дека е за полесно справување со одредени булшит моменти. Иако ги користев за мобс и за копи пејст босови, одбивав да се потпирам на нив во потешките легендарни босови и мислам дека тоа ми го направи искуството со играта интересно. Би им препорачала на сите да се воздржуваат од нив за главните босови.

Крафтингот е океј, особено оние анти рот топчињата, но и парфемите кои се наоѓаат малку подоцна. Немав сепак некоја преголема мотивација за крафтање и потпирање на такви ајтеми.

Заслужена 9/10 финална оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom