Нега на кожата на лицето и телото и рецензии на козметички производи

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Факт е дека сме преплавени од многубројни козметички продукти на пазарот кои се наменети за нега на кожата на лицето и телото, но се наметнува прашањето кои од нив се навистина делотворни? Истражувајќи малку на таа тема, пред некоја година наидов на податок дека еден од најделотворните и најпотентни продукти против стареењето на кожата се ретиноидите т.е. третиноинот или ретиноична киселина, најмоќниот за таа намена дериват на витаминот А, а кои освен за таа намена, дерматолозите ги препишуваат и за третирање на акни и тешки кожни воспаленија. За превенција на стареењето на кожата, препорачливо е да се започне со нивно користење во доцните 20ти години, но ако се почне со нивна употреба и подоцна во животот, резултатите нема да изостанат. Доколку некоја од дамите на форумов има искуство со користењето на овој или друг делотворен препарат за нега на кожата, би можела да го сподели тука.

1. Што се тоа ретиноиди?

Едноставно кажано, ретиноидите се деривати на витаминот А кои помагаат при проблеми со акните, го намалуваат лачењето на себумот на кожата, го намалуваат црвенилото, го стимулираат производството на колагенот и ја намалуваат пигментацијата и порите на кожата, истовремено подобрувајќи ја целокупната текстура и тонот на кожата. Тие се навистина совршена состојка за нега на кожата и поубаво стареење.

2. Разликата помеѓу ретиноидите и ретинолите?

Двете состојки се видови на витамин А, но ретиноидите се многу посилни и се достапни само со рецепт. Ретинолите, од друга страна, можат да се најдат многу лесно и се наоѓаат во скоро сите производи против стареење и брчки.

3. Како да знаете кој да го користите?

Најдобро е да започнете со употреба на ретинол, а потоа полека да се префрлите на ретиноиди. По ретинолот, ретиноидите ќе имаат многу подобар ефект врз кожата.

4. Дали постои начин на кој тие правилно се користат?

Ретиноидите е најдобро е да се користат пред спиење. Се нанесуваат на носот, на челото, и на образите и на брадата, а потоа се вмасируваат во кожата. Големината на зрно грашок од кремата е доволна за една употреба, бидејќи поголема количина не го зајакнува нивното дејство. Отпрвин, користете ги еднаш или двапати неделно, а потоа зачестете со употребата на секоја вечер. Паралелната употреба на крем со висок заштитен фактор (SPF 30 или повисок) преку ден е задолжителна затоа што ретиноидите ја прават кожата почувствителна на сонцето.

5. Дали оваа состојка предизвикува негативни ефекти?

Ретиноидите можат да ја исушат кожата и да предизвикаат иритација кај некои луѓе - затоа е препорачливо да се користат претпазливо и на почетокот дозирано. Ретиноидите и витаминот Ц би требало да се избегне да се користат во исто време т.е. ден, бидејќи витаминот Ц има многу кисел фактор на pH вредност, па затоа кога се комбинира со ретиноидите, може да биде многу нестабилен. Бидејќи овие две се силни состојки, нивното истовремено користење може да ја исуши и изиритира кожата. Доколку немате претерано чувствителна кожа, сепак можете да ги користите заедно, но тие се одделно поефикасни. Се препорачува да се користи витаминот Ц наутро и ретиноидите во вечерните часови.

6. Колку време е потребно за да се добијат првите резултати?

Обично, потребни се од 4 до 6 недели за да се навикнете на новата состојка. Потоа, резултатите се појавуваат многу брзо.

Ретиноидите кај нас сепак можат да се најдат и без рецепта, со over-the-counter купување во некои од нашите аптеки. Станува збор за кремата „Аирол“ која е од грчко производство, правена по француска лиценца и која може да се набави и директно од Грција, од некоја од тамошните поснабдени аптеки, по цена од околу 5 евра за 20 грама. Ја има во концeнтрации на третиноинот од 0.025, 0.05 и 0.01%.

Јас ја користам онаа со концентрација на 0.05% третиноин, кожата ми е многу толерантна на неа (ја користам дури и на околуочната регија, што го сметаат за опасно, но мене лично не ми се појавил никаков проблем од тоа), досега не се изиритирала или вцрвенела и бргу-бргу по првобитното користење на секои неколку дена, започнав да ја користам еднаш дневно, во вечерните часови. Наутро секако нанесувам крем со висок заштитен фактор, бидејќи третиноинот ја прави кожата пофотосензитивна.

airol-3-1.jpg
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Јас таман се решив да користам ретинол, прочитав дека не е препорачливо за бремени. Дефинитивно го имам на листа за користење кога ќе помине ова. Имам гледано на јутуб луѓе кои споделуваат искуства, сите беа задоволни. Само што треба внимание при користење во домашни услови.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Друга моќна состојка т.е. препарат за нега на кожата со ефекти против нејзино стареење и воспаленија е и ниацинамидот (или никотинамид), дериват на витаминот Б.

Ниацинамидот, исто така наречен никотинамид, е форма на витамин Б3, еден од основните нутриенти есенцијални за правилно функционирање на човечкиот организам. Недостатокот на Б3 може да доведе до нарушувања на кожата, бубрезите и мозокот. Оралното суплементирање на ниацинамидод може да помогне во спречување на недостатокот на витаминот Б3 во телото. Нанесен топично, односно на површината на кожата, ниацинамидот може да помогне во лекување на одредени состојби на кожата, вклучително и акни и егзема.

1. Дали е ниацинамидот е ист со нијацинот?

И покрај сличностите во имињата, ниацинамид не е ист со нијацинот. Тие се два различни типа на витаминот Б3. Сепак, вашето тело може да создаде ниацинамид од суплементите на нијацинот кои орално сте ги земале. Секогаш треба да разговарате со лекар пред да земете витамин Б3 или други додатоци од овој тип во исхраната.

2. Кои придобивки ги нуди ниацинамидот?

Севкупно, ниацинамидот може да помогне во градењето на протеини во кожата и да помогне во „заклучување“ на влагата внатре во кожата, за да се спречи нејзиното оштетување од негативните атмосферски влијанија.

3. Индивидуалните придобивки од користење на препарати за нега на кожата со ниацинамид вклучуваат:

- Имунитет. Ниацинамидот помага во градењето на кератинот, еден вид протеин кој ја одржува вашата кожа цврста и здрава.

- Липидна бариера. Ниацинамидот може да ѝ помогне на вашата кожа да изгради бариера од церамиди (липиди), која, пак, може да помогне во задржувањето на влагата внатре во кожата. Ова е корисно за сите типови кожа, особено ако имате егзема или зрела кожа.

- Го минимизира црвенилото и непосакуваните дамки на кожата. Ниацинамидот го намалува воспалението на кожата, што може да помогне во намалувањето на црвенилото предизвикано од егзема, акни и други воспалителни состојби на кожата.

- Ја минимизира големината на порите. Одржувањето на кожата мазна и навлажнета може да има и секундарна придобивка - природно намалување на големината на порите со текот на времето.

- Го регулира лачењето на кожниот себум т.е. маслото од порите. Придобивките од задржување на влагата не се само за оние со суви типови кожа. Ниацинимидот исто така може да помогне во регулирање на количината на масло што го продуцирааат лојните жлезди и да ги спречи да претераат со неговото прекумерно излачување.

- Заштитува од оштетување предизвикани како резултат од штетните фотовлијанија од сонцето. Ниацинамидот може да ги обнови здравите клетки на кожата, истовремено заштитувајќи ги и од нивно оштетување предизвикано од ултравиолетовите зраци.

- Третира хиперпигментација. Според некои истражувања, 5 процентни концентрации на ниацинамидот може да бидат корисни при осветлување на темните дамки. Придобивките биле физички забележливи по третманите со него по четири недели, но не повеќе од два месеци. Оваа придобивка може да се должи на зголемено производство на колаген во кожата како резултат од неговата редовна употреба.

- Ги минимизира фините линии и брчките. Истражувањата исто така откриле дека истата концентрација била корисна и за намалувањето на некои знаци на стареење на кожата предизвикани од сончевото оштетување, кои вклучуваат и видливо намалување на фините линии и подлабоките брчки.

- Заштитува од оксидативен стрес. Ниацинамидот помага во градењето на нови и здрави клетки во кожата, додека истовремено ги штити од физичкиот оксидативен стрес предизвикан од животната средина, како што се сончевата светлина, загадувањето од воздухот и токсините.

- Третира акни. Ниацинамидот може да биде корисен и за третман на сериозни акни, особено воспалителни форми како папули и пустули. Со текот на времето, може да забележите помалку лезии (површински ранички) и подобрена целокупна текстура на кожата.

4. Дали типот на производ со ниацинамид за нега на кожата е важен и кога треба да се користи во вашата рутина за нега на кожата?

Многу производи кои содржат ниацинамид се во форма на серуми. Вашиот серум со ниацинамид треба да се примени после тонирањето, но пред навлажнувањето на кожата. И некои средства за чистење и креми содржат ниацинамид. Оваа состојка се наоѓа и во некои маски за лице, кои се исплакнуваат по секоја употреба.

5. Што треба да барам при избор на производ кој ја содржи оваа состојка?

Концентрацијата на ниацинамид може да варира од производ до производ, иако повеќето формулации се со 5% или помалку. Некои анализи сугерираат дека формулите од 5 проценти се ефикасни во лекувањето на хиперпигментацијата и штетите поврзани со изложување на сонце. Ако имате чувствителна кожа, можеби сепак ќе сакате да започнете со помала концентрација. Формулите со 2% нијацинамид може да помогнат во олеснување на симптомите на егзема и слични кожни состојби. Ниацинамидот може да биде наведен како „ниацин“ и „никотинамид“ на етикетите на производите.

6. Може ли ниацинамидот да се комбинира со други состојки за нега на кожата за максимален ефект?

Ниацинамидот може да се користи заедно со други активни состојки за оптимални резултати. На пример, некои анализи сугерираат дека тој може добро да содејсвува во комбинација со бакарот, фолната киселина и цинкот за лекување на акни. Исто така, можете да извлечете повеќе од вашиот серум со ниацинамид користејќи го заедно со хијалуронска киселина. За хијалуронската киселина се вели дека ја зголемува апсорпцијата на производот.

7. Дали постои ризик од несакани ефекти на овој производ?

Ниацинамидот генерално се смета за безбеден за употреба. Луѓето кои имаат постоечки алергии може да имаат поголема веројатност да доживеат алергиска реакција на него. Ова е затоа што ниацинамидот може да предизвика вашето тело да ослободи хистамин.

8. Какви резултати може да очекувате од неговата употреба?

Како и со секој нов производ за нега на кожата кој се имплементира во рутината на нејзината нега, веројатно нема да забележите значителни позитивни резултати во првите неколку недели од неговото користење. Иако повеќето од истражувањата опишуваат забележителни подобрувања по четири недели на употреба, нема точно определен временски распоред за ова. Можеби ќе забележите најзначајни промени на вашата кожа после осум недели употреба. Ова вклучува помазна, тонирана и хидрирана кожа. Ако сепак не видите какви било бенефити од него во рок од неколку месеци, можеби сепак треба да се консултирате со дерматолог.

Јас конкретно го имам продуктот на The Ordinary, со формулација од 10% ниацинамид и 1% цинк, кој гарантира дека активно работи на минимизирањето на големината на порите и регулирањето на прекумерното излачување на себумот на кожата. Продуктот е со количина од 30 милилитри и чини некои 5 евра, без вклучена поштарина и слични трошоци при неговата испорака од странство. Кај мене не предизвикал никакви иритации, напротив, многу е благ, единствено што кај него не ми се допаѓа е неговата пивтиеста текстура и сјајниот, леплив финиш кој го остава на површината на кожата.

ord002_theordinary_niacinamide10_zinc1_1560x1960-41z06.jpg
Автоматски споено мислење:

Јас таман се решив да користам ретинол, прочитав дека не е препорачливо за бремени. Дефинитивно го имам на листа за користење кога ќе помине ова. Имам гледано на јутуб луѓе кои споделуваат искуства, сите беа задоволни. Само што треба внимание при користење во домашни услови.
Да, оваа форма на витаминот А т.е. ретиноидите можат да бидат потенцијално штетни за плодот. За ретинолот не знам, тој е далеку поблага форма.

Одложи ја употребата и кога ќе почнеш со негово користење, сепак не е лошо прво да направиш мини-тест за неговата толеранција на твојата кожа (она - нанесување на мало количество од него зад увце и сл., чисто да видиш како ќе изреагира). :)
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Не сум размислувала досега за продукти кои помагаат против стареење на кожата, иако гледам дека и помлади од мене користат. Можеби за година, две би почнала да се интересирам за тоа.
Моментално во мојата нега за кожа гледам да ја одржувам чиста кожата, без многу да ја гњавам со секакви препарати и да внесувам суплементи кои мислам дека ми се потребни.
Го чистам лицето еднаш дневно, мицерална или со пена (моментално и двете на Балеа, али кога ќе ми завршат за брзо најверојатно ќе ги сменам), па мачкам исклучиво крема со фактор 50, најмногу досега ми се погодени оние на Еуцерин. Еднаш неделно ставам маска на Freemen, порано се зафркавав со оние за една употреба од Дм, немаат некој ефект, па сега само оваа ја користам и сум задоволна ептен. И тоа е тоа, се што е поедноставно полесно ми е да го правам ко рутина.
Пијам активен б комплекс, пред се зашто содржи и фолна, имам слабо железо. Магнезиум скоро секој ден зашто вежбам и помага за опоравување. И поретко цинк, 2 пати неделно да речеме.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Каде/кога/како и колку чини таа будалаштина да се изведе?

Збориме за сооднос на евро по метар квадратен/кубен аплициран на површина на кожа. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.362
Поени од реакции
38.336
Каде/кога/како и колку чини таа будалаштина да се изведе?

Збориме за сооднос на евро по метар квадратен/кубен аплициран на површина на кожа. :)
ваљда не е скапо пошто само тоа на инстаграм ми излегува, исто ставаат некој ботокс во усните да им изгледаат напумпани. И од ова што имам приметено тоа е најдобриот начин за подмладување. Само да не се претерува.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
ваљда не е скапо пошто само тоа на инстаграм ми излегува, исто ставаат некој ботокс во усните да им изгледаат напумпани. И од ова што имам приметено тоа е најдобриот начин за подмладување. Само да не се претерува.
Неуротоксин што умртвува мускулатура...бар така сум прочитал еднаш сестра ми пред да стави.....може сум грешка.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
ваљда не е скапо пошто само тоа на инстаграм ми излегува, исто ставаат некој ботокс во усните да им изгледаат напумпани. И од ова што имам приметено тоа е најдобриот начин за подмладување. Само да не се претерува.
Ботулинот е невротоксин, кој се добива од змиски отров и кој го парализира привремено грчењето на мускулите, се аплицира само на одредени регии на лицето, како челото и ваљда назолабијалната регија, а за пополнување на брчки и поткревање на виснати образи се употребуваат дермални филери, а и усните се пополнуваат на тој начин, затоа оние жените кои тоа го прават делуваат издеформирано и натечено.

Тука повеќе зборувавме со девојките за превенирање на проблемите, ботоксот е веќе некое крајно решение за проблемите кога сè ќе отиде низбрдо на лицето. :)
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Ниацинамидот јас го користам еден месец и забележувам мала промена. Јас привчно го земав пошо имам црвенило на образите и заради некои ситни пигментации од акни ( сега сакам и со вит.ц да почнам ). Јас на почеток го користев скроз погрешно, го мачкав на лицето како крем, па почна да ми се перути. Одпосле ми кажаа дека се користи на влажна кожна, и тоа прво се става производот на рацете, се размачкува па се тапка.
Ретиноиди не сум пробала, искрено сметам дека лицето не треба да се оптоварува со нив до 30 години.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.046
Поени од реакции
13.539
мислам дека многу каснам, ама дека е време да почнам да се интересирам за некаква нега на кожава. Не користам апсолутно ништо, го мијам лицето само со вода
пред да почне срањево ми подарија дневна и ноќна крема за да пробам, ама неам навика и еден ден ќе ставам, недела паузирам :oops: така да не можам да зборам за ефекти
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.362
Поени од реакции
38.336
Ботулинот е невротоксин, кој се добива од змиски отров и кој го парализира привремено грчењето на мускулите, се аплицира само на одредени регии на лицето, како челото и ваљда назолабијалната регија, а за пополнување на брчки и поткревање на виснати образи се употребуваат дермални филери, а и усните се пополнуваат на тој начин, затоа оние жените кои тоа го прават делуваат издеформирано и натечено.

Тука повеќе зборувавме со девојките за превенирање на проблемите, ботоксот е веќе некое крајно решение за проблемите кога сè ќе отиде низбрдо на лицето. :)
Имам приметено усните многу убаво им ги праат, идеални линии. Али јебига кога пушат сигурно ништо не осеќаат, све има предности и слабости.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Маја погоре спомна суплементи, па да прашам... Колаген пробала некоја? Ефекти?
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Да се надоврзам на постот за ретинолот, иако повеќето е опфатено во самиот пост да споделам свое искуство со нив.

Кремата од првиот пост не ја знам, но моментално користам и сум задоволна сум од Retinol 1% in Squalane од Канадската форма The Ordinary. Според составот серумот содржи 1% чист ретинол.

Се почнува со 0,2% Retinol (се користи 1 до 2 шишенца првин), па се преминува на 0,5% Retinol (истата количина) и потоа може да се користи 1%. Retinol - мора да се користат така постепено додека лицето ти изгради толеранција на производите.
Доколку 0,2% Retinol ти ја иритира кожата, може да се проба да се разредува со малку вода, и ако и после ова ипак се јавуваат иритации и црвенило, препорачливо е да не се продолжува со понатамошна употреба.

На почеток може да се јави пецкање на лицето особено во подрачјето околу очите и усните, црвенило, осетливост, како и благо лупење на кожата.
Се користи само навечер и обавезно користење преку ден крема со заштитен фактор 50.

И како што пиша креаторката на темата не треба да се користи заедно со серуми, креми, лосиони на база на витамин Ц, јас би препорачала воопшто да не се користат наизменично, како и да се избегнува употреба на други киселини.
Во спротивно може да дојде до голема иритација на кожата проследена со чешање и лупење. На мене ми е навикната кожата сега, немам никаква иритација и го користам секоја вечер.

Не се препорачува користење на ретиноли на бремени жени, доилки и со осетлива кожа.

Дополнително имаат и ретиноиди, за кои велат дека не предизвикуваат никаква иритација на кожата, не можам да потврдам ги немам користено.

Имам користено голем дел од нивните производи, ќе пишан накратко за нив и знам дека сум како реклама за Ординари, ама тоа се должи на ефикасноста на нивните производи како и пристапната цена (цената им се движи од некаде 4 евра до 15).

Ниациамидот го користив кратко, не ми одговараше на кожата, ми го пресушуваше лицето. Најверојатно поради тоа што се препорачува за мрсна или комбинирана кожа.
Матраксилот им е добар за испукани усни.

Добра им е кремата Natural Moisturizing Factors + HA за наутро, дава добра хидратација плус сега имаат и големо пакување од 100мл од истата. Неа ја користам моментално и ретинолот 1% навечер.
Buffet i EUK134, супер се за хидратација, но ништо повеќе.
Хијалуронската киселина исто, со мала разлика што мора да се нанесува на влажно лице.
Гликолната киселина е добра, особено ако имаш лузни од акни или за намалување на ситни недостатоци на кожата. Моментално не ја користам бидејќи користам ретинол.

Имаат голем избор на производи, и за секој по нешто може да се најде, секако со претходно истражување и читање на искуства на корисниците, за да утврдиш што би бил најдобриот третман за твојот тип на кожа.

Ги нарачувам директно од страната на Deciem бидејќи најбргу стигаат и ми ги носат до дома (сега колку што знам не може да се порачува, поради ова со Корона вирусот).
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Маја погоре спомна суплементи, па да прашам... Колаген пробала некоја? Ефекти?
Пред 1-2 години, од рибно потекло, проблемот е што колагенот внесен орално дур помине низ цревата ќе се свари и постојат сомневања околу тоа колку од него може реално целно да се искористи за бенефит на самата кожа. За зајакнување на колагенските врски во погорните слоеви на кожата и продукција на нови клетки добри се ретиноидите, но ти во моментов можеш да користиш и препарати на база на повисока концентрација на ретинол.

Доколку прочитам нешто повеќе за тоа во меѓувреме, ќе апдејтирам тука. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom