Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Најпосле го прочитав оригиналното интервју со Хенри Кисинџер, што @Бачето го линкуваше до некој безвен српски сајт.

И ми стана јасно како една мала земја остров со мал број на жители беше најголемата империја во историјата на човештвото.

Хенри Кисинџер вика, парафразирам:
"Викторијанска Британија секогаш имаше на ум да го држи светот поделен ... "
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.576
Поени од реакции
26.098
Најпосле го прочитав оригиналното интервју со Хенри Кисинџер, што @Бачето го линкуваше до некој безвен српски сајт.

И ми стана јасно како една мала земја остров со мал број на жители беше најголемата империја во историјата на човештвото.

Хенри Кисинџер вика, парафразирам:
"Викторијанска Британија секогаш имаше на ум да го држи светот поделен ... "
СДСМ-ДПМНЕ а?
Тоа не го измислиле Британците divide et impera ... Еве дури како што кажува википедија поговоркава му се препишува на Филип 2 северномакедонецот .... Еве овој факт не сум го знаел, пошто е на латински поговоркава си мислев дека е на Римските цареви, а они уствари ја превземале од северономакедонците....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
СДСМ-ДПМНЕ а?
Тоа не го измислиле Британците divide et impera ... Еве дури како што кажува википедија поговоркава му се препишува на Филип 2 северномакедонецот .... Еве овој факт не сум го знаел, пошто е на латински поговоркава си мислев дека е на Римските цареви, а они уствари ја превземале од северономакедонците....
Да

Но, сега сфаќам колку јако му го закачи Путин, на Британциве со Брекзитот :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ако не, нека бара Лондон да се оддели од ВБ и нека се врати во ЕУ. Таман прва држава во ЕУ ќе бидат со муслиман прецедник.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Втор референдум за Брегзит е полош за Британија и политичкиот систем и отколку самиот Брегзит.

И повторно социјал демократите ја прават истата стратешка грешка да застанат зад елитистички и недемократски став. Застануваат на ставот со "демократи" кои имаат нула демократски капацитет и плачат кога работите не им одат во нивна полза.

Ова беше одлука на граѓаните и они одлучија да излезат од ЕУ. Обврска на владата е да имплементира волјата на граѓаните и да ја изнесе Британија од ЕУ а не да организира повторни референдуми само оти на некои политички елити не им се свиѓал резлутатот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
https://www.mkd.mk/svet/analizi/koga-gledate-kako-edna-zemja-pravi-budala-od-sebe

Кога гледате како една земја прави будала од себе
Ниту една земја во светот не ја негуваше ароганцијата така како Британија. Но тажната вистина е: поранешната светска сила сега не може ни да стигне до вратата без да се сопне од сопствените нозе.

Во својата книга „Ние Германците“, новинарот Матијас Матушек пишува за една вечер помината во германската амбасада во Лондон. Амбасадорот ѝ бил домаќин на писателката Антонија С. Бајат, како почесен гостин, а на Матушек му паднало да ѝ наздрави на авторката. Како одговор, таа го изненадила со прашањето што мисли за идејата за европски устав. Матушек одговорил дека тоа веројатно не е толку лоша идеја ако европската заедница на нации се согласи за неколку основни принципи, вели уредникот на Шпигл Иан Флајшхауер.

Леди Бајат потоа рекла: „Знаете, на нас Британците не ни треба устав. Ние сме најстарата демократија во светот“. Таа накратко паузирала пред да продолжи: „За младите земји како вас Германците, уставите може многу да бидат корисни“. Би било речиси невозможно, пишува Матушек, да се преувеличат горделивоста и презривоста со кои бликаше нејзиниот глас. „Во суштина, таа велеше“, пишува тој, „вие сте варвари, пред само кратко време ги оставивте стаповите. Вам ви треба поводник“.

Такви се Британците, и ние ги сакаме поради тоа. Тие никогаш не останале без одговор и постојано се подготвени да искараат некого. Проблемот, сепак, е дека ако се однесувате како да сте центар на светот, вие всушност треба да бидете центар, или нешто слично на тоа. Какви што се условите во моментов, Британците наскоро нема да бидат ни на растојание за довикување од центарот на Европа.

Обединетото Кралство во моментов покажува како една земја може да направи будала од себе пред очите на целиот свет. Она што некогаш беше најмоќната империја на Земјината топка, сега е држава што дури не може ни да го најде патот до вратата без да се сопне од сопствените нозе.
 
B

Bafra

Гостин

Да го напишеле Кинески новинари па речеш Ок држи вода муабетот за будали. Ама Германци, кои додека профитираат од еврото, од друга страна ги молзат како крава и со имигрантите ги спремаат за немири, смешно е.

Кога ќе запее дебелата дама, баш ќе се види кој бил будала, а кој дал рибче за да фати крапче. :icon_mrgr:
Денеска се на чај кај Тереза, па ќе зборат за предлозите од ЕУ. :bance:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Да го напишеле Кинески новинари па речеш Ок држи вода муабетот за будали. Ама Германци, кои додека профитираат од еврото, од друга страна ги молзат како крава и со имигрантите ги спремаат за немири, смешно е.

Кога ќе запее дебелата дама, баш ќе се види кој бил будала, а кој дал рибче за да фати крапче. :icon_mrgr:
Денеска се на чај кај Тереза, па ќе зборат за предлозите од ЕУ. :bance:
Имигрантите биле проблем :pos:

Абе нема работници во Германија, уште толку да има уште толку ќе примат. Но, проблемот е политички и треба тука Германија да си се спреми за специјална војна, и на надворешен и на внатрешен план.

Иди време за Германија да одлучи што ќе прави, и ќе биде или ич, или брич.
 
Реков ги спремаат со имигрантите. Значи ќе ги злоупотребат, како повод да го радикализираат населението. Ко Хитлер што рекол банкарите евреи се криви, па после сите евреи биле криви.

Голем дел од имигрантите стварно им се проблем. Не работат, не учат германски, криминал, присилуваат другите на ислам, тераат нивни обичаи без оглед дали смета на другите, трошат социјална помош итн итн.

Германија нема веќе време, т.е. ЕУ.

Муабетот беше дека сметаш УК се будали па ќе видиме на крај кој последен се смее. (некогаш и будалиот пошто касно сфаќа,ама некогаш :D )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom