Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Дискусија во форумот 'Свет' започната од Ne_sum_ja, 29 февруари 2016.

  1. Bateman

    Bateman

    Член од:
    23 ноември 2011
    Мислења:
    9.348
    Допаѓања:
    18.067
    По изборот на Трамп се сменија работите, да не го избереа прашање ќе беше дали ќе одеа на „тврд брексит“ или дали воопшто ќе го активираат чл.50.

    Сега се осилени со надеж дека со САД и државите од комонвелтот ќе имаат некаков специјален англосаксонски економски договор како замена на повластиците од заедничкиот пазар на ЕУ.
     
  2. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.067
    Допаѓања:
    6.479
    Ти не сметаш дека треба вакво нешто институциски филтри да помине?

    Референдумот не беше репрезент на апсолутна волја, сепак постои поделеност и огромна бројка има гласано remain.

    Сега мислам дека е клучниот момент најдесните патриоти UKIP со Фараж и компанија преку паролите на референдумот на нови избори да обезбедат повеќе седишта и да ги направат потребните промени, сигурно ќе добијат многу повеќе од 12% што ги имаат во моментот.
     
  3. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.222
    По мене ако е исполнет условот за % излезеност, без разлика дали одлуката била ЗА излез или НЕ, треба да се прифати и владата да тера.
    Нема што пак пратениците да одобруваат. И нивните не се поарни од нашите, и тие имаат уста и стомак па лесно може да ја игнорираат одлуката од населението.

    Фараж не е патриот, тој доаѓа од ПРИВАТНИОТ СЕКТОР и пак се врати назад, разбира од каде доаѓа најголемата опасност за секоја Империја / Држава (самите себе се јадат)
     
  4. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.067
    Допаѓања:
    6.479
    Друг муабет е дали парламентарната демократија е добар концепт.
    Ако не е како што ти цениш, треба одредена партија да освои доволен број на седишта за да ја измени материјалната рамка на некој поразличен начин т.е да имплементира друг начин на уредување.

    Во параламентарна демократија референдумот е секогаш последна инстанца кога се промовираат и ценат политики, насоки, одлуки, а не почетна. Па во ваков случај директно да имплементираш референдумски резултат и мислење без било каква консултација и институцонални насоки, и да занемариш мислење на 13 мил. народ (46%) е апсурдно.

    Не е тоа маќедоња па вољата на мнозинството (колкава и да е) да биде апсолутна и да уништува се спротивно на неа.
     
  5. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.222
  6. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.222
    :kruna:
    Британската кралица Елизабета Втора го потпиша денеска законот за Брегзит, со што овој правен акт и формално стапува во сила.

    Утакмицата започнува, да видиме резултатот каков ќе е EU vs UK
     
  7. Dallas Mavericks

    Dallas Mavericks

    Член од:
    5 јуни 2015
    Мислења:
    682
    Допаѓања:
    445

    Британија секогаш си гледа на свој интерес, и секогаш се во плус.
    Не прават тие лесно грешки како што многумина од овие простори што прават ефтини грешки.

    Контролираат Британците Гибралтар, многу острови низ светот...

    Епилогот ќе биде таков со кој Британија после излез од ЕУ ќе има повеќе привилегии и права спрема ЕУ отколку што имаат Норвешка, Швајцарија и Исланд кои исто не се членки на ЕУ.
    Британските државјани и после излез од ЕУ пак ќе можат без проблем да одат да работат со Британски пасош во ЕУ, а ние ќе си продолжиме да чекаме Бугарски пасоши.
    За споредба Србија и ако некогаш влезе во ЕУ, ќе чекаат 5-6 години нивните државјани да можат без пречки да одат во ЕУ да работат. Такво нешто беше случај со државите кои претходно влегоа во ЕУ.

    Тоа е кога има двојни стандарди.
     
  8. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.678
    Допаѓања:
    515
    imase referendum vo holandija nigde rezultat nema
     
  9. Spiegel

    Spiegel

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    10.720
    Допаѓања:
    8.338
  10. Moon Child

    Moon Child Гостин

    Мислам дека си грешка?
    Хрватите влегоа пред 3 години мислам, без проблем работат и престојуваат во ЕУ со Хрватски пасош.
     
  11. Dallas Mavericks

    Dallas Mavericks

    Член од:
    5 јуни 2015
    Мислења:
    682
    Допаѓања:
    445
    Не знам дали можеле веднаш после 1 Јули 2013 Хрватите во сите членки на ЕУ да работат и престојуваат без проблем.
    Работат без проблем во Германија, Австрија, но не сум сигурен дека можеле после 1 Јули 2013 да работат без проблем во Британија, Ирска, Финска...
    Бугарите и Романците не можеа веднаш после 1 Јануари 2007 во сите членки на ЕУ да работат и престојуваат.

    Во Британија и Ирска сигурно дека не можеле веднаш по влезот во Унијата, да работат и престојуваат.

    Треба одредено време од некоја година, за да можат да работат баш во сите членки на ЕУ.
     
  12. zmej gorjanin

    zmej gorjanin

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    6.668
    Допаѓања:
    7.078
     
    На Classic Rock Fan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.351
    Допаѓања:
    5.326
  14. VOLK2234

    VOLK2234 еврофоб и хомоскептик

    Член од:
    16 септември 2008
    Мислења:
    4.519
    Допаѓања:
    3.353
  15. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    5.300
    Допаѓања:
    11.368
    Малкумина беа свесни дека Британија ги држи двете најважни ЕУ агенции (фармација и банкарство), и сега останатите европски држави се тепаат да ги доведат кај себе.

    https://www.theguardian.com/politics/2017/apr/15/britain-set-to-lose-eu-crown-jewels

    Britain set to lose EU ‘crown jewels’ of banking and medicine agencies

    The EU is set to inflict a double humiliation on Theresa May, stripping Britain of its European agencies within weeks, while formally rejecting the prime minister’s calls for early trade talks.

    The European Banking Authority and the European Medicines Agency employ about 1,000 people, many of them British, and provide a hub for businesses in the UK. It is understood that the EU’s chief negotiator hopes the agencies will know their new locations by June, although the process may take longer. Cities such as Frankfurt, Milan, Amsterdam and Paris are competing to take the agencies, which are regarded as among the EU’s crown jewels.

    Маваат Еуропејците таму кај што боли највеќе.
     
    На Ashburton Grove и Zarniwoop им се допаѓа ова.

Сподели преку: