Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Кога грците сакаат да излезат од Унијата, тоа е толкувано како храброст да им се спротивстават на бирократите, Меркел и други банкарски злотвори од Брисел. Кога британците сакаат надвор тоа е обид за уништување на убавиот дух на солидарноста на унијата.

@Ne_sum_ja
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Еврофилите дури си жртвуваа една од своите, тоа кажува колку се пореметени.
Ако успее референдумот, тоа ќе биде плус за нас, ЕУ ќе почне да пука по сите шавови,
а кога ќе имплодира, ќе се создаде вакуум, кој ние ќе треба да го пополниме.
Нема попореметено нешто од русофили и амерофили и нивните сулуди теории и обиди да се врати Европа десет чекори назад.

Како може да сте против еврозаедништво и да се палите на распад на ЕУ бе? Што пичке материне ви помага мајка Русија или САД? Не барам одговор на ова, реторичко прашање е знам со какви тези би ми одговорил.

Кога грците сакаат да излезат од Унијата, тоа е толкувано како храброст да им се спротивстават на бирократите, Меркел и други банкарски злотвори од Брисел. Кога британците сакаат надвор тоа е обид за уништување на убавиот дух на солидарноста на унијата.

@Ne_sum_ja
Британците кои сакаат да излезат од ЕУ се најблаго кажано - морони.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Нема попореметено нешто од русофили и амерофили и нивните сулуди теории и обиди да се врати Европа десет чекори назад.

Како може да сте против еврозаедништво и да се палите на распад на ЕУ бе? Што пичке материне ви помага мајка Русија или САД? Не барам одговор на ова, реторичко прашање е знам со какви тези би ми одговорил.

Британците кои сакаат да излезат од ЕУ се најблаго кажано - морони.
И грците исто така? Оти ако не се лажам, лани имаше силно анти - ЕУ расположение. Сега истите коие правеа бу кон ЕУ се сега да ја спасат истата ЕУ.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И грците исто така?
Грците се секако морони, што ги вртиш. :D

Не можеш да ги споредиш условите во кои беше Грција со тие во кои е сега Британија, то ест условите во двете држави во моментот кога сакаат да искочат од ЕУ.

Кај Британците ова е од чист популизам и занесеност, јакото лоби и доларите кои доаѓаат од преку океанот си ја исфураа пропагандата дека ЕУ и носи лошо на Британија и беше онаа класична пропаганда, prons without cons, набројуваќи им ги само поволностите што ќе ги имаат како „самостојни“ но не и милионите последици кои ќе ги има и ЕУ и Британија.

Ако Грците беа во тотален хаос, Британија нема една нормална причина заради која треба да искочи од ЕУ. Они и така се убедливо најспецифичните во ЕУ моментално, не се во шенген, не се во еврозона, немаат многу легислатива прифатено. Буквално немаат ризик од крахирање ради тоа дека се во ЕУ.

Инаку, мојот типе е дека нема да биде успешен референдумот. Ќе биде оној налик Шкотска. Минимална победа за еврофилите, со 4-5% разлика.
 
Друго, малку ти беше смешно тоа еврозаедништво. Каде го гледаш? Во кредитирањето и ставањето на Шпанија, Ирска, Португалија, Романија и Бугарија во поголема задолженост и контрола? Во заканите кон Полска, Унгарија, Чешка и Словачка што не примаат мигранти од Блискиот Исток? Во се поочигледно разјадување во Германија и Шведска околу мигрантската криза додека другите не ги фермаат ни еден посто па им велат - вие си ги сакавте, сега сами справете се?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.283
Поени од реакции
36.166
Кога грците сакаат да излезат од Унијата, тоа е толкувано како храброст да им се спротивстават на бирократите, Меркел и други банкарски злотвори од Брисел. Кога британците сакаат надвор тоа е обид за уништување на убавиот дух на солидарноста на унијата.

@Ne_sum_ja
И Грција и Британија би згрешиле доколку ја напуштиле Унијата, до тоа што грчкото напуштање би било катастрофално за земјата.

Да се задржам на Британското можно напуштање. Моментално Британците се најпривелигираната држава во ЕУ. Доколку се привилегирани што основните постулати на ЕУ се погазени само нив да им се удоволи.

Отприлика они го имаат следното како посебен договор со ЕУ. Унијата им враќа дел од вложените средства на Британија по разни основи, имаат ограничувања во обврските да исплаќаат социјални надоместоци кон други еу државјани и семеен надоместок, исклучена им е обврската да се приклучат кон еврото, исклучена им е обврската да станат дел од Шенген зоната, имаат opt-out за слободно движење на работна сила и капитал, и многу многу други повластици.

Напуштање на ЕУ ќе значи гасење на сите ЕУ договори со Британија. Тоа значи дека Британија нема по автоматизам да има статус како Норвешка и Швајцарија туку ќе треба да седнат на маса и да се договараат за новите правила на игра. Првиот и најголем удар е што Британија ќе го изгуби тоа што се вели EU Single Market. Тоа значи дека потенцијално може да има царини, акцизи, извозни ограничувања, лимити на земјоделски производи и слично. Моментално преку три милиони работни места во Британија се директно поврзани со придобивките од ЕУ а којзнае колку индиректно.
На многу трговци пристаништата во Ирска ќе им станат далеку по примамливи отколку британските и на многу бизниси не им одговара да бидат во non-EU земја.

Што е најтрагично, цело време зборуваат како тоа ЕУ премногу ги регулирала а утре и да излезат од ЕУ за да продаваат на европските пазари пак ќе мора да ги исполнат истите регулативи.

Да не зборам за политичкиот фактор што Британија ќе се деградира од клучен фактор во политиките на ЕУ во трета земја во таквите односи и ќе го изгуби влијанието во Европа што го има преку тие институции. Само за пример моментално Британија држи најмногу директорски и менаџерски позиции во ЕУ институциите каде што најизразено е во делот надворешни односи.

Јас лично и би сакал Британија конечно да ја напушти Унијата. Целото нивно однесување од типот "сум дел ама и не сум" е иритирачко за голем дел од другите земји. Они се најголемиот блокатор или познати како "No State" и најголем дел од блокадите на регулативи и директиви доаѓаат од нив. Свесно и упорно го попречуваат напредокот на Унијата додека од истата ги добиваат најголемите погодности. Може на почетокот напуштањето ќе биде и удар за ЕУ ама за кратко време унијата многу повеќе ќе зајакне и ќе ги збие своите редови.
 
W

wicked_1

Гостин
Друго, малку ти беше смешно тоа еврозаедништво. Каде го гледаш? Во кредитирањето и ставањето на Шпанија, Ирска, Португалија, Романија и Бугарија во поголема задолженост и контрола? Во заканите кон Полска, Унгарија, Чешка и Словачка што не примаат мигранти од Блискиот Исток? Во се поочигледно разјадување во Германија и Шведска околу мигрантската криза додека другите не ги фермаат ни еден посто па им велат - вие си ги сакавте, сега сами справете се?
Пример, во процесот на интеграција на една држава во Унијата истата држава подлежи на исполнување чекори и услови кои формално унифицираат начин на владеење, пазар, почитување на основни начела и принципи кои се поддржани на претходни конвенции.
Ваквата унификација до некаде е прокламатор на заедничко функционирање со цел да спречи самоволиe на лудаци какви што имаше претходно низ историјата.

Распад на таква унија (со сите недостатоци) би отворило простор да испливаат такви лудаци кои на свој начин ќе толкуваат право и правда... ја не би сакал на таквите да им се отвори простор.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Пример, во процесот на интеграција на една држава во Унијата истата држава подлежи на исполнување чекори и услови кои формално унифицираат начин на владеење, пазар, почитување на основни начела и принципи кои се поддржани на претходни конвенции.
Ваквата унификација до некаде е прокламатор на заедничко функционирање со цел да спречи самоволиe на лудаци какви што имаше претходно низ историјата.

Распад на таква унија (со сите недостатоци) би отворило простор да испливаат такви лудаци кои на свој начин ќе толкуваат право и правда... ја не би сакал на таквите да им се отвори простор.
За лудаци не знам. Меркел е сеуште на позиција премиер на Германија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Коефициентот на останување на Британија во ЕУ падна на 1.17 во моментов. Изгледа ништо од Брегзит.
 
W

wicked_1

Гостин
Не враќаш со Орбан, а еве, сега и новиот неранимајко, Полска?
Кој сакаш ќе го напишам, не е проблем таман работа.

Еве и нашите политичари им сметаат, малициозно сакаат да ни влезат и срушат суверенитет, а внатре сите знаеме дека актуелнава влада е чесна и патриоцка, снимките се монтажа на жути комбиња и никогаш подобро не било во државава. Така?
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Кој сакаш ќе го напишам, не е проблем таман работа.

Еве и нашите политичари им сметаат, малициозно сакаат да ни влезат и срушат суверенитет, а внатре сите знаеме дека актуелнава влада е чесна и патриоцка, снимките се монтажа на жути комбиња и никогаш подобро не било во државава. Така?
Да сакаа да не рушат, можеа лесно да не средат. Сега сме им од корист да ги затвораме рутите за мигрантски транзит преку Балканот. Да сакаа да го скинат Груевски, можеа. Ама во моментов, со сите срања кои се случуваат им треба колку толку стабилна Македонија за да ја врши работата на вратар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom