Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Каков социјален канибализам?
Можеби малку претерано, но колку што ја следам кризата со примањето на 1,5 милиони лица од Блиски Исток/Северна Африка и следствено порастот на криминал, растење на етнички/верски тензии и цензурата од државни медиуми за се што е поврзано со тоа - додуша не е само државата вмешана во тоа, порастот на АФД, конфликтите и фракционерството во партијата на Меркел, се позачестените изјави за проруско пријателство после санкциите кон Русија, плус нов бран на мигранти кои ќе се упатат кон Германија (да не бидеме наивни, Турција нема да одигра чесно со новиот договор, другите ЕУ членки кои се на трасата нема ни да помислат да примаат или да почитуваат наредби од повисоки инстанци за примање мигранти). Разјадувањето само ќе расте, од една страна јавно изразен револт, од друга страна негов обид за прикривање и потиснување од страв да нема жигосување со наци етикета поради принципите на алтруизам кај денешните германци. А криење на работите под тепих не вродуваат со плод.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Сме се распишале на темава мислиш во ВБ или ЕУ живееме, па многу не загрижуваат случувањата со референдумот.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
420
Поени од реакции
978
Си ја замисливувам иднината.. 2020 и некоја година, ЕУ пред колапс, 90 % од членките излезени и Меркелица го отвара срцето: ,, Вие македонците долго чекавте, но како што се рекло кој чека ќе дочека. :ROFLMAO: Дојде вашето време да влезете во ЕУ ". На македонските вести Груевски/Заев(кој и да биде на власт) : ,, Koнечно Европа го препозна нашиот квалитет. И тоа се се разбира на нашите напори како партија. Да живее Македонија.". A на Фб, патриотски воздишки: ,, Браво господине Заев/Груевски, вие сте најблескавиот син на мајка Македонија, рамо до рамо со Александар, Самуил и Аминта. За вас има резервирана ѕвезда на сјаjното македонско небо. Треба сите да се гордееме со вашата големина. Нека пукнат душманите."
:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.761
Поени од реакции
14.018

https://www.facebook.com/MauriceGuerrilla/videos/vb.1466467045/10206652171890748/?type=2&theater

Пак ли под Турско ќе идеме, мме :ROFLMAO:
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Озбилно сега земјите ќе имаат поголема доверба во УК? Земја што излезе од Унијата и утре незнае каков пристап ќе има до европскиот пазар од кој целосно зависи и какви договори ќе потпише. Денес пратеници од конзервативците и лабуристите даваат изјави дека треба да се отфрли оваа лудост во парламентот, Шкотска бара посебни преговори со ЕУ и мнозинство шкотланѓани се за напуштање на УК, Лондон и фирмите пискаат врискаат по референдумот.

Пред референдумот сите релевантни светски и британски финансиски институции дадоа анализи дека ова лошо ќе се одрази до Британија. САД, Индија и Кина ја повикаа британија да остане во Унијата. Човек да си помисли дека Америка ја напуштила Унијата а не Британија. Стварно мислите дека гласот на некој 60 годишен чобан од некое англиско село подобро економски резонирал и затоа така гласал? Лондон, Ливерпул и Манчестер сите гласаа за останување.

Унијата и пред референдумот кажа дека е спремна за Брегзит а вчера објави дека веќе има подготвен тим за преговорите со имиња и презимиња.

Таму од Ла Манш нагоре сега ќе гледаме турлитава која што ќе почне од утре со парламентарната седница и обраќањето на Камерон.

Не е чобанот крив туку Камерун.Па тој цело време се заканвеше со излез од ЕУ.Типот цело време блефирал,ама на крајот се заеба,референдумот успеа!И сега пази богати чобанот бил крив!?:cautious:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.171
Поени од реакции
35.714
Не е чобанот крив туку Камерун.Па тој цело време се заканвеше со излез од ЕУ.Типот цело време блефирал,ама на крајот се заеба,референдумот успеа!И сега пази богати чобанот бил крив!?:cautious:
Не напротив. Не велам дека чобанот бил крив. Камерон е ултимативно крив што дозволи тој чобан кој лесно може да се прелаже и манипулира со лаги да одлучува за таква работа.

Камерон ја заеба најмногу работата. Активно го хранеше евроскептицизмот и го распиша референдумот. Кога излезе се од контрола се переше со тоа дека не подржува излез ама го изгуби коцкањето.

Инаку во меѓувреме. Шкотската премиерка се заканува дека преку шкотскиот парламент ќе го блокира брегзит. Исто така ги повика своите преставници во британскиот парламент да не го подржат брегзит. Неколку пратеници од лабуристите исто така најавија дека нема да гласаат за брегзит.

Моментално големо мнозинство во House of Commons се имаат изјазнето против Брегзит. Како ќе гласаат спротивно на своето убедување и дали сите ќе го сменат своето мислење ќе видиме.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Стварно мислите дека гласот на некој 60 годишен чобан од некое англиско село подобро економски резонирал и затоа така гласал? Лондон, Ливерпул и Манчестер сите гласаа за останување.
Интересен начин на резонирање на проевропјаните. Kолку за информација, УК има само 18% население во руралните средини, така да тие приказни за неписмените чобани палат кај деца попут тебе кои не мрднале од маало и евентуално албанија/бугарија/грција/црна гора на одмор или по некоја прошетка на матурска или апсолвентска низ Европа. И сега наеднаш Британија од земја пример кој треба да се следи, за вас стана земја која и дојде редот да пропадне, ѓоа потпишала пакт лично со ѓаолот. Додека пропадне Британија, Европа уште 6 пати ќе пропадне и ќе се лигави и пенави ќе војува меѓусебно и така натака све по ред. Башка за подценувањето на сточарите.... се гледа по тоа со кој тон и во каков контекст го користиш тоа, дека за тој поим имаш типично Југословенско-комуњарско размислување, ако се земе во предвид дека чобаните во УК и воопшто во западните земји можат да им предеваат економија на нашите професори по универзитетите.

Британија гласаше за излез од ЕУ, дали тоа го направиле чобани, навијачи, граѓани, земјоделци, орки, гноми, дварфои или елфои што се тиче резултатот е исти кур, повеќе сакаат да си одат од ЕУ. И следствено на тоа ќе излезат од ЕУ. Ако напраиме паралела со СФРЈ, и Југославија остана да живее под Милошевиќ уште 10тина години одкако си замина Словенија....

Од ЕУ си заминува една од земјите основачи на Унијата, не е ова Малта, Бугарија или Романија. ЕУ е раздрмана и тоа сериозно.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.171
Поени од реакции
35.714
Интересен начин на резонирање, на проевропјаните, колку за информација, УК има само 18% население во руралните средини, така да тие приказни за неписмените чобани палат кај деца попут тебе кои не мрднале од маало и евентуално албанија/бугарија/грција/црна гора на одмор или по некоја прошетка на матурска или апсолвентска низ Европа. И сега наеднаш Британија од земја пример кој треба да се следи, за вас стана земја која и дојде редот да пропадне, ѓоа потпишала пакт лично со ѓаолот. Додека пропадне Британија, Европа уште 6 пати ќе пропадне и ќе се лигави и пенави ќе војува меѓусебно и така натака све по ред. Башка за подценувањето на сточарите.... се гледа по тоа со кој тон и во каков контекст го користиш тоа, дека за тој поим имаш типично Југословенско-комуњарско размислување, ако се земе во предвид дека чобаните во УК и воопшто во западните земји можат да им предеваат економија на нашите професори по универзитетите.

Британија гласаше за излез од ЕУ, дали тоа го направиле чобани, навијачи, граѓани, земјоделци, орки, гноми, дварфои или елфои што се тиче резултатот е исти кур, повеќе сакаат да си одат од ЕУ. И следствено на тоа ќе излезат од ЕУ. Ако напраиме паралела со СФРЈ, и Југославија остана да живее под Милошевиќ уште 10тина години одкако си замина Словенија....

Од ЕУ си заминува една од земјите основачи на Унијата, не е ова Малта, Бугарија или Романија. ЕУ е раздрмана и тоа сериозно.
Твоето мислење за кој ќе пропаднел незнам на што го базираш, сите релевантни финансиски институции си го кажаа своето за тоа што и следува на Британија. Тука имаше и коментари од луѓе кои што живеат и работат во Британија со години и истите дадоа добар опис за тоа кој гласал за брегзит. Така да повеќе делува дека ти Британија си ја видел само на google images.

Незнам од каде Британија и на кого му била земја пример да се следи или пак дека јас сум се повикувал на тоа. Пак изгледа си имаш некоја слика створено во глава па некој што е про-еу морало да ја сака Британија па сега да ја мрази. Ок...

Така, гласаа за напуштање на ЕУ и баш ќе биде забавно да се види што ќе се случува со Британија сега наредните месеци. Ни претстои големо британско шоу.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Твоето мислење за кој ќе пропаднел незнам на што го базираш, сите релевантни финансиски институции си го кажаа своето за тоа што и следува на Британија. Тука имаше и коментари од луѓе кои што живеат и работат во Британија со години и истите дадоа добар опис за тоа кој гласал за брегзит. Така да повеќе делува дека ти Британија си ја видел само на google images.
Нормално е да нашите иселеници во Британија имаат негативно мислење за излезот на земјата од ЕУ, пошто они се имигранти, а првенствено е референдумот успешен затоа што е против имигрантите и нормално е да за нив тие што гласале се прости и неписмени чобани.

Политичкиот став на луѓето е субјективен, не е апсолутно точен како што сакаш ти да го представиш. Тоа и кај нас на големо се прави, се исмејуваат и омаловажуваат гласачи. Ароганцијата на проЕУ партиите во самата унија, ја доведоа политичката состојба на Унијата во иста ситуација како Југославија кон крајот на 80тите години.

Незнам од каде Британија и на кого му била земја пример да се следи или пак дека јас сум се повикувал на тоа. Пак изгледа си имаш некоја слика створено во глава па некој што е про-еу морало да ја сака Британија па сега да ја мрази. Ок...

Така, гласаа за напуштање на ЕУ и баш ќе биде забавно да се види што ќе се случува со Британија сега наредните месеци. Ни претстои големо британско шоу.
Мене обично историјата ми е учител, Британија е меѓудругото земја лидер на комонвелтот, кралицата се поштуе како кралица во уште неколку земји меѓу кои се Австралија и Канада. Земјата не пропаднала со многу посериозни проблеми, па не верувам дека и сега ќе пропадне, најмалку не поради фактот дека ја напуштила ЕУ. Ќе има заебанции али ништо сериозно.

А што се однесува до „другата страна“ или ако сакаш кај остатокот на унијата, веќе како што слушнав се најавуваат иницијативи за референдуми за излез од унијата во повеќе земји..... така да Британија во наредниот период нема да биде тема на муабет, освен што ќе се спомнува како иницијатор.....
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.171
Поени од реакции
35.714
А што се однесува до „другата страна“ или ако сакаш кај остатокот на унијата, веќе како што слушнав се најавуваат иницијативи за референдуми за излез од унијата во повеќе земји..... така да Британија во наредниот период нема да биде тема на муабет, освен што ќе се спомнува како иницијатор.....
Иницијативата за референдум во Британија беше покрената од премиерот. За излез од ЕУ поддржаа пет министри од неговиот кабинет, пратеници на конзервативците и лабуристите, поранешниот градоначалник на Лондон и други.

Иницијативите во другите европски држави ги покренуваат политичари предводници на крајно десничарски партии кои ниту виделе власт ниту пак се клучен политички фактор.

За тоа што каде се случува и ќе биде тема на муабет можеш слободно да прочиташ по британските медиуми што се случува моментално во Британија.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Brexit според мене претставува победа на индивидуализмот врз колективизмот.

Пазете, не зборам за оној типичен индивидуализам во смислост себичност,
туку во смисол дека вистинската моќ лежи во самата единка, и дека луѓето се освестија од хипнозата
и почнуваат да се борат за она што всушност е нивен интерес.

Од другата страна се Еврофилите, кои се срамат што се Британци, но се горди Европејци?
Тоа ми звучи познато. Имено, тие веруваат дека индивидуалната моќ треба да ја предадеш на некаква си
бирократска институција - колективот ЕУ, кој всушност ќе делува како продолжена рака на Господ,
и со тоа правдата физички и морално ќе биде задоволена.
Има кај нив некоја доза на лажно саможртвување за некаков лажен "глобален добробит".
Ако ја жртвуваш личната слобода и сопствениот интерес, на некое друго место ќе направиш добро,
што во пракса се сведе големите корпорации и банки да прават пари, на сметка на одземање на нашата слобода.

Има тука некој елитизам којшто ако знаеш,
лесно можеш да го приметиш, затоа што е скриен позади фасада слична на онаа од Скопје 2014.

Тотален контраст е индивидуализмот, кај кој прво поаѓаш од себе и сопствениот интерес, интересот на твојата заедница,
твојот град, твојот народ, па потоа ако има простор, интересите на останатите.
Ова може да го видиме и кај Доналд Трамп, кај кој едно од мотоата му е America First, тотален контраст на Israel First
(поради делувањето на Еврејските лоби групи кои го ставаат Израел пред интересите на Америка),
и ова ги прави многу луѓе попиздени со хроничен Butthurt.

Значи, колективно делување е природно и неопходно за секоја заедница, но за да имаш силен колектив, треба да имаш
силна индивидуа, со изграден карактер, самопочит и свест за тоа што го прави, дека го прави првенствено за свое добро.

Ако имаш индивидуи кои се шупливи, со слаб карактер, кои се однесуваат како дронови на две нозе, кои не знаат кој е нивниот интерес,
и кои се водени од некакви лажни морални вредности,
колективот кој ќе го направат ќе биде слаб, шуплив, тоталитарен, и нема да знае за што постои.
Исто како ЕУ...

https://www.youtube.com/watch?v=nKMVJVZi8M8
https://www.youtube.com/watch?v=kqW-pWzLFfs
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.742
Поени од реакции
21.048
Ако еден ден добиеме покана за членство во ЕУ треба да има референдум или може само со потпис од некој од владата или од штабот?
Посебно ги прашувам овие што сметаат дека воопшто не ни требало да има референдум во Британија или да му се даде такво право на обичните смртници пошто ете не испаднал резултатот како што треба.
 
Се е исто кај нас. Како ќе ја нареди Груевски така ќе биде. Дали на референдум дали само формално, зборот на пастирот посекако ќе се исполни.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.472
Поени од реакции
11.513
Нормално е да нашите иселеници во Британија имаат негативно мислење за излезот на земјата од ЕУ, пошто они се имигранти, а првенствено е референдумот успешен затоа што е против имигрантите и нормално е да за нив тие што гласале се прости и неписмени чобани.

Политичкиот став на луѓето е субјективен, не е апсолутно точен како што сакаш ти да го представиш. Тоа и кај нас на големо се прави, се исмејуваат и омаловажуваат гласачи. Ароганцијата на проЕУ партиите во самата унија, ја доведоа политичката состојба на Унијата во иста ситуација како Југославија кон крајот на 80тите години.
Референдумот беше против неконтролираната и нелегалната имиграција во Велика Британија, а не општо против било каква имиграција во Велика Британија, чисто колку за да се разбереме.

Нашинците, или подобро кажано, поранешните нашинци - бидејќи со татарски пасош повеќе не се нашинци, туку се татари, со исклучок на нашинците кои со македонски пасош престојуваат во Велика Британија - нема потреба да се грижат за својот престој во Велика Британија, бидејќи сите страни кои учествуваа во референдумската кампања ЗА и ПРОТИВ излегување на Велика Британија од ЕУ, едногласно потврдија дека без разлика на исходот од референдумот кој се одржа на 23 јуни 2016, тие кои легално престојуваат во Велика Британија како граѓани на други држави членки на ЕУ, ќе можат да го продолжат својот легален престој без никакви дополнителни условувања.

Бесмислено е исходот од ваков референдум да има ретроактивни последици врз имигрантите кои дошле од други држави на заеднички сојуз кој граѓаните на Велика Британија на референдум одлучиле да го напуштат. Тоа би било исто како Македонците кои живееле пред 8 септември 1991 во некоја од останатите 5 југословенски републики, да бидат депортирани бидејќи повеќе не живеат во заедничка држава со граѓаните на југословенската република во која живееле пред 8 септември 1991.

Иницијативата за референдум во Британија беше покрената од премиерот. За излез од ЕУ поддржаа пет министри од неговиот кабинет, пратеници на конзервативците и лабуристите, поранешниот градоначалник на Лондон и други.

Иницијативите во другите европски држави ги покренуваат политичари предводници на крајно десничарски партии кои ниту виделе власт ниту пак се клучен политички фактор.

За тоа што каде се случува и ќе биде тема на муабет можеш слободно да прочиташ по британските медиуми што се случува моментално во Британија.
Па според британските закони, премиерот е единствениот кој може да распише било каков референдум на национално ниво во Велика Британија, поради што тука не станува збор за иницијатива на Дејвид Камерон, туку за барање на британските гласачи кое само Камерон можел да го реализира и го реализираше на 23 јуни 2016.

Овој референдум не беше производ на интересот, желбата и волјата на Дејвид Камерон, туку беше производ на неговото неисполнување на ветувањето кое Камерон го даде за време на изборната кампања пред одржувањето на редовните парламентарни избори 2010 во Велика Британија, кога вети дека ако тој и неговата партија победат на изборите, тогаш тој ќе распише референдум на кој Британците ќе можат да гласаат за прифаќање или отфрлување на Лисабонскиот договор.

Како резултат на неисполнувањето на ваквото изборно ветување, референдумското прашање стана една од главните цели на Најџел Фараж и неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство.

Првично Камерон ги игнорираше Фараж и неговата партија, нарекувајќи ги ментално болни, штетници и паразити, овошни колачиња и слични прекари, но одеднаш престана со ваквата реторика после мај 2014 година откако Фараж и неговата партија победија на Европраламентарните избори 2014 во Велика Британија на кои беа избрани новите и старо-новите британски пратеници за Европскиот Парламент, додека Конзервативната Партија на Камерон го освои 3-то место губејќи 7 европратенички места во корист на Лабуристичката Партија која го освои 2-то место.

Земајќи го ова во предвид и земајќи го во предвид фактот дека за време на изборната кампања пред одржувањето на редовните парламентарни избори 2015 во Велика Британија, Фараж и неговата партија ветуваа дека ако освојат па макар и само 1 (ЕДНО) пратеничко место во британскиот Парламент, ќе бараат дискусија во Парламентот за распишување на референдум за продолжување или прекинување на членството на Велика Британија во ЕУ, на Камерон не му остана друг избор освен да го следи примерот на Фараж и неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство, и да го даде истото ветување.

Едно е политичар како Дејвид Камерон да го прекрши даденото ветување, но сосема друго е неговата Конзервативна Партија да ги изгуби ако не овие парламентарни избори, тогаш наредните избори, само поради традиционално прекршување на ветувањата за распишување на референдум, поради што Дејвид Камерон го распиша овој референдум повеќе поради притисоците кои тој и неговата партија ги почувствуваа од британските гласачи, отколку поради неговата наводна иницијатива за распишување на референдум.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Ne znam shto mi tekna ama sakam da go odbelezham Brexit so ovaa klasika vo pop, rock ili kako sakate narechete go mjuzikal

When the moon is in the Seventh House
And Jupiter aligns with Mars
Then peace will guide the planets
And love will steer the stars

This is the dawning of the Age of Aquarius
Age of Aquarius
Aquarius
Aquarius

Harmony and understanding
Sympathy and trust abounding
No more falsehoods or derisions
Golden living dreams of visions
(Mystic crystal revelation)
And the mind's true liberation, Aquarius
Aquarius

When the moon (when the moon) is in the Seventh House
And Jupiter (Jupiter) aligns with Mars
Then peace will guide the planets
And love will steer the stars

This is the dawning of the Age of Aquarius
Age of Aquarius
Aquarius
Aquarius
Aquarius
Aquarius

Let the sunshine, let the sun shine in
The sun shine in
Let the sunshine, let the sun shine in
The sun shine in
Let the sunshine, let the sun shine in (oh, let it shine)
The sun shine in (come on, everybody just sing along)
Let the sunshine, let the sun shine in (oh, let the sun shine on in)
The sun shine in (open up your heart and let it shine on you)
Let the sunshine, let the sun shine in (and when you lonely, let it shine)
The sun shine in (you gotta open up your heart and let it shine on in)
Let the sunshine, let the sun shine in (and when you feel like you been mistreated)
Let the sun shine in (and your friends turn their backs upon ya)
The sun shine in (just open up your heart, let it shine on in)
Let the sunshine, let the sun shine in (you got to feel it, you got to feel it)
The sun shine in (oh, open up your heart and let it shine on in)
Let the sunshine, let the sun shine in (I want you to sing along with the 5th dimension)
The sun shine in (hey, open up your heart, oh c'mon)
Let the sunshine, let the sun shine in (and let it shine)
The sun shine in (glory day)
Let the sunshine, let the sun shine in (hey, you got to feel it)
The sun shine in (when you open up your heart)
Let the sunshine, let the sun shine in... (in the morning, late in the evening)
Vreme koga hormonite vo mojot sistem pochnaa da si ja vrshat "valkanata" rabota....da go pravam "stramotnoto" so to speak.

Read more: 5th Dimension - Aquarius/let The Sunshine In Lyrics | MetroLyrics
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom